Виктор Орбан и објави војна на ЕУ

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.908
Пак, инфериорен комуникативен облик е користењето сарказам и вакви компарации, Крим до 2014та де факто и де јуре беше во границите на Украина, после тоа беше отцепен и споен како субјект кон Руската федерација, дејствува и функционира денес како дел од федерацијата.

Со тоа што влечеш компарации со Косово, оддаваш легитимитет на постапките на Русија, а кога оддаваш легитимитет на такви модерни преседани, како ќе гледаш на евентуална "сецесија" на албанците во западна македонија? Компаративно?

Сарказамот е вообичаен за тебе. Но во случајов ќе дебатираме според твои перференци.

Во ред е да се биде арогантен, но не и игноратен.
Крим се отцепи на демократски референдум од Украина, треба да се почитува волјата на народот. Нели?
Сецесија е различнен поим од анексија.
На слични морални правила се повикуваа западните

Во првиот пост напиша за анексија воена агресија од страна на Русија се со цел завземање на туѓа територија.
Сецесија подоцна се поправи во вториот пост.



И пак доаѓаме до ситуацијата значи на западот му е дозволено да прави преседани како Косово, но на Русија не е? Тоа е тоа лицемерие за кое говорам.
Иако конкретно во случајов за Крим се работи за 90% руско население.

Кога Чеченија прогласи независност западот говореше дека Чеченија има право на сецесија, иако тоа се косеше со уставот на Русија, исто како во слчајов со Украина.
И фаст форвард следуваше Украина само со изместени улоги.

Знам лошо е да се биде необјективен, но штом така преферира да игра некој.

Патем јас само ја гледам ситуација низ западна призма. Исто како они што гледаа на Косово, а како би гледале и околу сецесија на албанците во западна македонија.
 
W

wicked_1

Гостин
На слични морални правила се повикуваа западните

И пак доаѓаме до ситуацијата значи на западот му е дозволено да прави преседани како Косово, но на Русија не е? Тоа е тоа лицемерие за кое говорам.

Кога Чеченија прогласи независност западот говореше ....

Патем јас само ја гледам ситуација низ западна призма. Исто како они што гледаа на Косово, а како би гледале и околу сецесија на албанците во западна македонија.
Може да напишеш коментар за тоа што ти мислиш околу ова што збориме, а не западот?
Пошто испаѓа се претходно што имаш напишано е за гледиштата на западот
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.908
Може да напишеш коментар за тоа што ти мислиш околу ова што збориме, а не западот?
Пошто испаѓа се претходно што имаш напишано е за гледиштата на западот
Се што имам пишувано на темава е за гледиштата на западот.

Бидејќи конкретно говориме за Крим, САД, Русија и Украина. Го знаеш мојот одговор.
 
W

wicked_1

Гостин
Се што имам пишувано на темава е за гледиштата на западот.

Бидејќи конкретно говориме за Крим, САД, Русија и Украина. Го знаеш мојот одговор.
Ама тоа не е твој одговор, ти само ги пренесуваш стојалиштата на западот и тоа дека се лицемерни. Океј.

Имаш твој личен став за ова што го збориме? :icon_lol:
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Како и да е, мислам секоја дискусија за нашите Западни "партнери" ќе замре после оваа изјава:

“Она што можам да го потврдам и мислам дека е најважно е дека за активностите на нашата група беа информирани и службите на САД, бидејќи Американците ни биле и ќе ни бидат најдобри пријатели секогаш. Американците само го замолиле Мирсад Ндрецај во нашата група да нема елементи и борци на ИСИС за да не се инволвираат религиски елементи” – Командант Малишева

Така да не се карајте за џабе.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.908
Ама тоа не е твој одговор, ти само ги пренесуваш стојалиштата на западот и тоа дека се лицемерни. Океј.

Имаш твој личен став за ова што го збориме? :icon_lol:
За Русија и Крим? :D
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Си ја утнал дефиницијата за диктатура скроз на скроз. Баш напротив, сите диктатори низ историјата доаѓале на власт со поддршка на мнозинството. Кај некои таа поддршка се изгубила после некое време, а кај некои не. Јас под диктатура подразбирам скоро неограничено владеење на еден човек и неговите соработници, нивна контрола на сите сегменти од општеството, и цензурирање и демонизирање на неистомислениците. Имав еден пост погоре во кој пишував за модерните автократски општества и дека тие многу се разликуваат од затворените диктатури како онаа во С. Кореја.

Демократијата не е единствениот начин на владеење. Можеби има и подобри и утопистички системи. Се разбира, секоја држава си има свои карактеристики и според тоа различен систем одговара за различна земја. Меѓутоа, автократијата никогаш и никаде нема да биде добар систем, пошто во целост оди на штета на граѓанските права и слободи. Во секој диктаторски систем можеш да најдеш по нешто позитивно, ако гледаме секторски. Но во глобала ваквиот систем е секогаш негативен.
Поимот за апсолутна и неограничена слобода е апстрактен, не е можно да се оствари ни сега, ни во минатото ни во иднина.
Кршење на човековите права има во секоја една земја. Како ти го коментираш Патриот Акт или пак носењето во логори на 160.000 Американци со јапонско потекло за време на Втората Светска војна? Дали тоа е кршење на човековите права? Апсолутно. Но, тоа се повеќе од оправдани потези, зашто преотворено општество е исто нездраво како презатворено.
Поентата ми е ако гледаме на тој поим толку широко во секоја држава имаме диктатура. Да, Русија е можда поголема ,,диктатура'' (или автократско општество) од САД но, тоа не го исклучува фактот дека според оваа дефиниција и САД влегува во автократските општества.

Диктатурата треба да се сфати и дефинира како екстремно и тоталитарно владеење, во кое на поедидинецот му се одземаат најосновните човекови права. Поим за диктатура е денешнава С. Кореја, СССР на Сталин, Албанија на Хоџа, Романија на Чаушеску, Германија на Хитлер.
Ова се/биле држави во кои има/ло масовни стрелања заради политички реваншизам, забрана за иселување од државата, забрана за штрајк итн.

Денешните Русија и Унгарија се во премногу нешта различни од горенаведените примери и смешно е да се тврди дека се диктатури.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Meне ми е поентата дека дискусијава стана класично трачарење, се и сешто се пишува еве дури и со наши политичари се прават споредби, ама никој, баш никој не коментира за тоа на што всушност не предупредува Орбан: дефакто создавање Соединети Европски Држави, и тоа во вазалски подреден однос кон империјата ’мурика.

Ве има вас неколкумина што ви е јасно што се случува, ама мнозинството овде (и секаде) се изгубени во заглупувачки муабети за тоа кој бил „најјак“ и „диктатор“, и слични такви ретардации... :cautious:
Кога сме кај споредби со наши политичари, знам дека го сакаат Грујо како диктатор, убава слика дава, и го споредуваат со сегашни или поранешни лидери во светов, а некако одбиваат споредби со Бранко или еве, Тито нека е :D, поблиску до дома. Грујо требаше да биде економист послушко. Кога измина мандатот кој му го дадоа, или, да речеме, му го планираа, во меѓувреме почна да работи на повеќе полиња и стана too big to tumble. Градењето на имиџ на диктатор им служи како алтернатива да го кутне народот (ако им успее), затоа што сами не успеале да го тргнат. Бидејќи повеќе реагираме на локални проблеми од светски, до негде разбирам зошто се се врти на домашна ситуација, но во право си, останува изолиран потенциијалот за други дискусии, можеби далеку поважни.

Не гледаат на колектив, се уште се фокусирани на индивидуи. Уште не стигнале до таа лекција кога станува теории на заговор. Гледаш дека заглавиле со Сорос, и немаат мрднато од таму веќе години. Го преповторуваат наученото. Во меѓувреме Сорос (заедно со стотици други како него) си лансира добро стокмена медиумска кампања за легализација на дрогата. Да не бидам сфатен погрешно, и јас сум за, ама од сосем други причини, и на сосем други начини како реализирано решение, а не она што он и компанија го готват. Али и тоа тука нема да пројде подалеку од постов. Исто како и тоа дека Брисел скоро за сите овие терористички напади бил предупреден и имале барем за повеќето терористи изграден профил ис порачан од странски анти-терор служби а истите биле игнорирани. Гледаш и тоа негде да се разговара овде? Не. Во мода се носење очила со јак филтер. Не сите зраци светлина пробиваат и маваат у око. За жал.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Поимот за апсолутна и неограничена слобода е апстрактен, не е можно да се оствари ни сега, ни во минатото ни во иднина.
Кршење на човековите права има во секоја една земја. Како ти го коментираш Патриот Акт или пак носењето во логори на 160.000 Американци со јапонско потекло за време на Втората Светска војна? Дали тоа е кршење на човековите права? Апсолутно. Но, тоа се повеќе од оправдани потези, зашто преотворено општество е исто нездраво како презатворено.
Поентата ми е ако гледаме на тој поим толку широко во секоја држава имаме диктатура. Да, Русија е можда поголема ,,диктатура'' (или автократско општество) од САД но, тоа не го исклучува фактот дека според оваа дефиниција и САД влегува во автократските општества.

Диктатурата треба да се сфати и дефинира како екстремно и тоталитарно владеење, во кое на поедидинецот му се одземаат најосновните човекови права. Поим за диктатура е денешнава С. Кореја, СССР на Сталин, Албанија на Хоџа, Романија на Чаушеску, Германија на Хитлер.
Ова се/биле држави во кои има/ло масовни стрелања заради политички реваншизам, забрана за иселување од државата, забрана за штрајк итн.

Денешните Русија и Унгарија се во премногу нешта различни од горенаведените примери и смешно е да се тврди дека се диктатури.
Точно е дека Русија и Унгарија се различни од овие диктатури. Мојот прв пост на оваа тема беше токму за тоа. Во денешно време скоро е невозможно да воведеш диктатура како онаа на Сталин или Чаушеску. Но, затоа постојат „контролирани демократии“ како во Русија, Турција, Унгарија итн.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.908
Точно е дека Русија и Унгарија се различни од овие диктатури. Мојот прв пост на оваа тема беше токму за тоа. Во денешно време скоро е невозможно да воведеш диктатура како онаа на Сталин или Чаушеску. Но, затоа постојат „контролирани демократии“ како во Русија, Турција, Унгарија итн.
Првиот твој пост на темава.

Путин е диктатор и мене ми е чудно зошто некои упорно го негираат тоа. Значи не е работата во тоа што долги години е на власт, туку во начинот на спроведување на таа власт. Путинова Русија е пример за т.н. суверена демократија, еден вид на модерна диктатура. Кобајаги во државата владее демократија, има редовни (а и вонредни) избори, има критички настроени медиуми итн. А всушност се’ е под контрола на владетелот (во случајов Путин) и наговите најблиски соработници. Целосно контролирана демократија.

Денешните услови се и такви што скоро е невозможно во едно отворено општество да се креира диктатура од типот на Сталин или Чаушеску. Тоа опстојува само во Северна Кореја и во некои утепани африкански држави. Затоа се спроведува оваа модерна форма на автократски систем што ја споменав погоре.

Ердоган е исто пример, дури и поекстремен од Путин. Орбан не би го ставил во овој кош, иако да си признаам, одамна немам прочитано нешто за моменталното негово владеење во Унгарија. Знам дека важи за веројатно најавторитарен лидер во земјите на ЕУ, но со самото тоа што води членка на ЕУ е ограничен во спроведувањето на ваква „контролирана демократија“, пошто за некои сегменти одлучува Унијата.

На Балканот ние сме пример за ваква „демократија“, а тука се и Ѓукановиќ во Црна Гора и Додик во Република Српска.


Сега е Путин е диктатор или не е? Орбан исто така е диктатор или не?
Контролирана демократија е или не?

Ги менуваш ставовите многу брзо или не?

Бидејќи тука ја опиша во последниот пост Русија како контролирана демократија но подоцна го смени ставот дека е диктатура во темата за надворешната политика на Русија.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Првиот твој пост на темава.

Сега е Путин е диктатор или не е? Орбан исто така е диктатор или не?
Контролирана демократија е или не?

Ги менуваш ставовите многу брзо или не?

Бидејќи тука ја опиша во последниот пост Русија како контролирана демократија но подоцна го смени ставот дека е диктатура во темата за надворешната политика на Русија.

Затоа се спроведува оваа модерна форма на автократски систем што ја споменав погоре.
- од мојот прв пост.

Контролирана демократија = модерна диктатура. Јасно? Нема менување на став.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.908
Затоа се спроведува оваа модерна форма на автократски систем што ја споменав погоре. - од мојот прв пост.

Контролирана демократија = модерна диктатура. Јасно? Нема менување на став.
Контролирана демократија не е еднаква на модерна диктатура, велиш за субјективизација на дебатава, епа ти за да си ја докажеш тезата отиде до таа мера што почна ми даваш равенства на два различни поими.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
МЖ Транспорт: Пругата Скопје-Солун затворена за сообраќај
Ништо од брзата пруга Пешта - Белград -Атина, сега нема никаква пруга !! Јасно е дека еленските гејови ја избраа другата опција, да цицаат пари од баба минаретовска и да го блокираат Орбан...најголема колатерална штета сме ние, а Србија се пренасочи на БАР и Бургас, а и реновира пруги што се на таа траса, па сега НЕМАМЕ воз ни до Белград !!
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Се сеќавате како (скоро) цела Европа го правеше најголема будала и расист кога градеше огради на граница...? Помеѓу овие земји беше и Австрија, која сега упорно ни гради ограда на Винојуг :)
Видете го сега само колку бил во право човеков, башка што овој говор му е од пред неколку денови, а сите знаеме што се деси вчера во Брисел.

Секоја чест за човеков, муда до колена :kruna:
Па сите што апелираат на тоа, прават такви дела за да го заштитат својот народ и држава, го исмејуваат, му упаѓаат на прескоференции, прават демонстрации против него, а кога ќе го наречат "фашист", веќе е се јасно, кој протестира против него.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.525
Поени од реакции
26.014
Затоа се спроведува оваа модерна форма на автократски систем што ја споменав погоре. - од мојот прв пост.

Контролирана демократија = модерна диктатура. Јасно? Нема менување на став.
Под диктатура во денешните западни „демократски“ општества се подразбираат сите режими кои се спротиставуваат на западните гледишта. Па така излегува дека и власти со огромни рејтинзи кај народот, да бидат интерпретирани како диктатури и све тоа со терминолошка манипулација, на која очигледно паѓаат многу луѓе попут тебе. Све со цел да се прикажат во лошо светло луѓето кои имаат поинакво гледиште на работите од западните „демократи“.

Прво и основно како тоа Унгарија е контролирана демократија? Кои параметри се показатели дека една држава е контролирана демократија? Што уствари значи контролирана демократија? Кој и како ја контролира? Па Орбан има огромна подршка од народот во Унгарија, каква што нема ниедна „демократска“ власт која е склона да го критикува владеењето на Орбан.

По се изгледа, западниот свет ги дели владите на демократски и борци за светската демократија попут Саудиска Арабија, Турција, Германија, САД, ИСИС и др. и диктатури попут Русија, Белорусија, Унгарија, Сирија..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom