Вие и форумот!

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Јас го сфаќам како социјално здружение на голем број луѓе што тука доаѓаат и дебатираат,од форумов се изродиле многу врски,пријателства да не зборам за собиранките кои секоја е приказна за себе :vozbud: иако не знам добар дел од луѓето го почитувам нивното мислење,но ме нервираат оние кои се си земаат при срце,малку поопуштено мислам треба да се влезе на работите :smir:
 
R

reactive89

Гостин
Баш пред некој ден зборевме со Точкест и Ред Хот... ме прашаа шо толку ме немало на форум... одговорив оти често посетувам, а за мислења не пишувам многу многу... ме прашаа зошто? Јас едноставно одговорив дека форумот полека полека се изобличува и дека не е таков каков што беше пред 2 години... поголема дружба, повеќе дебатирање, размена на мислење... него сега стана место дружба - се вадат клевети што повеќе меѓу форумџиите, место дебата - расправии, кој од кој повеќе да се покаже и докаже...(класичен пример кажа шмекерот со приватната порака)...
Форумот не му е целта таа... можам да кажам дека кајгана форумот пред две години врвеше пред сите други со голема разлика...
Бевме многу поблиски, подружељубиви, по мирни, разговаравме мирно и спокојно, се надоградувавме преку мислењата едноставно, бевме послободни во мислењата и во речениците...
А сега сите гледаме што помалку да изустиме и да внимаваме на речениците кои ги кажуваме зашто знаеме дека некој ќе почне да клевети по нас и да почне да се расправа, ќе измисли сто други работи и ќе јаде г**ца за нас, колку тој да се извиши и да се направи некој...
Но, еј... за крај... сите сме исти... нема зашто да се газиме и да се вреѓаме, сите сме од исто г**но, никој не е ништо повеќе од тоа што е секој друг... човек, со размислувања и чувства... некој да нема нешто повеќе од тоа? - Чисто се сомневам... така да, подобро е да си оладиме сите и да си го вратиме шмекот на кајгана форум (оригинал) од пред две години попатно и работите кои ги изобличивме со нив...
 
П

Паган-др

Гостин
За мене форумов е место каде што можам да ги искажам своите ставови, да дебатирам за нешто, да научам нешто плус. Стварно и мене ми смета во последно време оговарање на членови, заканување, само гледаат да огорчат некој, а со тоа и самите да се кренат повисоко ама сепак го посетувам форумов, постирам, со надеж дека тоа што поскоро ке го снема.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
ednostavno jet..razmena na mislenja(samo treba da ucime ot tie)...a sekako i druzenje sekakao:smir:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Форумов е фина занимација кога имаш слободно време. Убаво е да се задлабочиш додека читаш разни мислења (зборувам за оние посодржајните, а не тралала-хаихуххахахи постови), да се посмееш и да си го кажеш своето мислење, па и да дискутираш ако некој има спротивно на твоето. Најзабавно е кога некој реагира бурно и скока, тоа ме расположува најмногу. Најмногу го сакам и посетувам форумов затоа што ме тера да размислувам за одредени теми, си ги утврдувам ставовите, ги преиспитувам постапките, си ги откривам сопствените мислења за нешто за кое не сум помислила никогаш.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
на форумов сум како основно затоа што има многу работи кои не ги знам а има постручни луѓе кои ќе можат да ми објаснат исто така кои искусиле некои работи а јас не кои добивам поуки со тоа што во некои ситуации ќе знам како да се снајдам а најмалце сум тука да се докажувам или покажувам со нешто секако имам свои ставови кои немора да се согласуваат со мене другите ...
 
С

Спенсер

Гостин
ја и кајгана:back: :vozbud:

кога ке уклучам пцто,одма на кајгана идам...читам пишувам, па после другото...ако сум на нет,обавезно на кајгана дремам...едноставно занимација, со многу прашања и одговори...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Јас го разбирам форумот единствено како поле за културно натпреварување на форумџиите.

Ајде зеленко.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Форумов за мене е место кај што можам да прочитам многу интересни, но и најразлични ставови, и тоа тргнувајќи од најпрости и најсекојдневни нешта, па се' до комплексни ситуации и проблеми. Потоа мое е да извлечам некој заклучок или поука, доколку тоа што е напишано го рачунам за оправдано. Нормално, некаде во средината се наоѓам и јас со своите мислења кои ги пишувам, со надеж дека мојот став или гледање за различни нешта (за кои сметам дека размислувам рационално и правилно) ќе поттикнат барем за момент размислување кај членовите на форумов. Ако е така, моето присуство овде не е залудно. :pipi:

П.С. Секое пријателство или познанство кое сум го стекнал благодарение на форумов е само причина плус зашто сум член на истиот. :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
На форумов одам за да го тренирам мојот начин на писмено изразување што подоцна ќе ми биде потребно во професијата. Not a day without a line. Го збогатувам вокабуларот и попатно се информирам. Неочекуван и можеби најголем бенефит се познанствата и пријателствата.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Го сфаќам како место каде што доаѓаат луѓето да разменат мислења, малку да се изолираат од надворешниот свет и да влезат во некој нивен виртуален. Исто така го сфаќам и како место за забава и дружење.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Ќе се надоврзам со Реактив, гладиус (во една друга тема што ја имаше отворено) и Форчн. Да почнам... Некои две ипол години сум тука, па ќе кажам дека форумот не е она што беше. Нормално таа трансформација не се има случено преку ноќ туку постепено. Еден од членовите истотака има речено дека квалитетните теми се` повеќе замираат. Истотака се појавуваат таканаречени thread crashers кои полнејќи си го егото немаат попаметна работа од уништување на квалитетот на темите, реметење (до крајност) на членови, отварање на теми со по 10000 прегледи - зошто? затоа што обичниот човек секогаш го интересирало фаќањето на сеир на ситниот малограѓански муабет. Така да ќе речам да форумов се` повеќе го сфаќам за забава отколку стекнување на незнам си какво искуство... Не е секој експерт во психлогија или во историја или што ти ја знам. Може да се прочитаат постови кои држат вода, но сепак форумот си е катче во кое не треба ништо да се сфати здраво за готово. Сепак школото/факултетот е за учење, форумот е за еден вид социјализација, разонодување, пуштање на мозокот на пасење, полнење на егото...
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Форумот е таков каков што ние ке го направиме... т.е. мнозинството на членовите... нормално е дека пред 2 години бил инаков.... сега е инаков.... после 2 години ке биде ист ама различен. Значи ако е забавен... забавни сме.... ако е трачарски.... трачари сме... важното е дека си го имаме и тој не има нас... :helou:

Лично за мене е место каде што никогаш не ми е досадно бидејќи ги имам основните работи што ми требаат да се опуштам, насмеам, научам, да се исконтрам, а понекогаш и малку наљутам :toe:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.678
Поени од реакции
4.793
Баш пред некој ден зборевме со Точкест и Ред Хот... ме прашаа шо толку ме немало на форум... одговорив оти често посетувам, а за мислења не пишувам многу многу... ме прашаа зошто? Јас едноставно одговорив дека форумот полека полека се изобличува и дека не е таков каков што беше пред 2 години... поголема дружба, повеќе дебатирање, размена на мислење... него сега стана место дружба - се вадат клевети што повеќе меѓу форумџиите, место дебата - расправии, кој од кој повеќе да се покаже и докаже...(класичен пример кажа шмекерот со приватната порака)...
Форумот не му е целта таа... можам да кажам дека кајгана форумот пред две години врвеше пред сите други со голема разлика...
Бевме многу поблиски, подружељубиви, по мирни, разговаравме мирно и спокојно, се надоградувавме преку мислењата едноставно, бевме послободни во мислењата и во речениците...
А сега сите гледаме што помалку да изустиме и да внимаваме на речениците кои ги кажуваме зашто знаеме дека некој ќе почне да клевети по нас и да почне да се расправа, ќе измисли сто други работи и ќе јаде г**ца за нас, колку тој да се извиши и да се направи некој...
Но, еј... за крај... сите сме исти... нема зашто да се газиме и да се вреѓаме, сите сме од исто г**но, никој не е ништо повеќе од тоа што е секој друг... човек, со размислувања и чувства... некој да нема нешто повеќе од тоа? - Чисто се сомневам... така да, подобро е да си оладиме сите и да си го вратиме шмекот на кајгана форум (оригинал) од пред две години попатно и работите кои ги изобличивме со нив...


Еден од подобрите постови што сум ги читнал .. 100% се согласувам ..дали дека доста време праев пауза .. се изменија работите од пред 2 години ..али тоа ти е .. многу помалку пишувам отколку порано али привлечноста сеуште постои .. па ке видиме како ке напредуваме или не дај боже назадуваме во иднина ...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Форумот за мене е место за релаксација, но полека почна да преминува во зависност, постојат моменти кога не можам да се одлепам од монитор само заради кајгана. Би се согласила со повеќето членови што кажаа дека порано можеа да се прочитаат многу поквалитетни дискусии за разлика од сега, но што е тука е. Како што доаѓаат помали генерации мислењата се менуваат.

Не сум тука за да се карам со некого, да влегувам во дуел или да наметнувам мислење, тука сум за да споделам искуства, да научам нешто ново. Кога читам некоја тема што навистина многу ме интересира заборавам на реалноста и сите проблеми околу мене, заборавам на сите личности, едноставно не мислам на никој, форумов знае да ме опушти максимално и токму поради тоа не верувам дека некогаш ќе престанам да го посетувам.

Кајгана има некој посебен шарм што останатие форуми го немаат, не знам зошто е тоа така но тука има нешто што те влече да останеш. Не залудно 3 години сум зачленета и во ниту еден момент не сум помислила да се откажам. Нормално, постојат мислења што знаат да ме испровоцираат но се обидувам да не обрнувам посебно внимание на тоа.

Ова е една виртуелна заедница што сите заедно треба да се обидеме да ја одржиме и да ја направиме уште поквалитетна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom