Значи: има еден кафич одспротива на мојот факултет (мислам дека не смеам да пишувам имиња), кај што се служи едно од најквалитетните кафиња - Corsini Espresso. Е сега, the ultimate taste: продолжено еспресо во стаклена шоља, со две ќесички кафеав шеќер, ставени во шољата пред да се пушти еспресото, како би се топеле полека и рамномерно. И го пиеш онака малку подоладено (откако ќе ти го донесат, пушиш две цигари - ако си пушач).