Вештерки, Wicca

Член од
4 декември 2005
Мислења
179
Поени од реакции
3
LisaRowe прашанје едно до тебе .
како се развила оваа секта(ако може така да се нарече) во мак. многу ме интересира ?
( ги читав твоите претходни постови и мислам дека не си написала ништо во врска со тоа)
 
Член од
24 април 2005
Мислења
124
Поени од реакции
13
прво, и многу битно, Wicca не е секта.
второ... не сум баш сигурна дека воопшто е развиена во Македонија. така да, ваљда одговорот на твоето прашање би бил... никако?:):):)
 
Член од
4 декември 2005
Мислења
179
Поени од реакции
3
мислам сеа некам да те навредам не знам какво мислење имаш за зборот секта но секта е - релегија ( како што имас потенцирано во еден твој пост дека wicca е религија ако не грешам ) во која имаат свој бог и свои веруванја и е контракултура зошто е спротивна во опшеството во кое живеат .
па не гледам зошто wicca не би се нарекла секта ?!
 
Член од
24 април 2005
Мислења
124
Поени од реакции
13
:)не се секирај, не се вреѓам така лесно:):):)...

Всушност, секта е мала религиозна група која е дел, односно се одделила, на некој начин е гранка од поголема, веќе воостановена група. За разлика од деноминација, или во случајот на Wicca, традиција, која е поголем дел од добро воостановена религиозна група.

Wicca не е мала религиозна група, ниту пак гранка од поголема религиозна група - Wicca е религија самата по себе. Содржи многу деноминации, исто како и христијанството, и јудаизмот, и било која друга религија.

Има смисла?
 
Член од
4 декември 2005
Мислења
179
Поени од реакции
3
не сум запознаен колкав е бројот на Wicca ако имаш информации би било убаво да кажеш дека многу ме заинтересира оваа т.н. религија дека сепак е многу постара од ови денешни секти сто се по 20-300 луге . и може да ми кажеш на која религија си припагала ако не е тајна бред да станеш Wicca и што те натерало да станеш Wicca, на пример јас сум записан христијанин но сепак сум атеист.
 
Член од
24 април 2005
Мислења
124
Поени од реакции
13
:)
ни самата не сум сосема сигурна колку луѓе практикуваат Wicca денеска. мислам дека никој не може да даде точен, па ни приближен, број, бидејќи покрај оние кои се дел од ковени, има и многу луѓе кои самите станале дел од Wicca. Wicca не е религија поради која мора да бидеш дел од некоја црква, некое општество, па тешко е да се следи и развитокот на истата. некаде прочитав дека денес има над 500 000 Wicca практикувачи во светот. сигурна сум дека бројот е и многу поголем.
има многу нешта кои привлекуваат луѓе кон Wicca. самата помисла дека во Wicca никој не е над тебе, туку до тебе. дека имаш толку голема слобода која ја немаш во никоја друга религија, Wicca не ти кажува кого треба да сакаш, како треба да живееш, што треба да правиш, како треба да се молиш... тоа што нема книга за Wicca, нема некој правилник кој некој човек го напишал пред многу години и сеа сите му се поклонуваат, во Wicca нема казна, нема пекол, нема правила во стилот направи го ова или не го прави ова. има едно непишано правило, ако може така да се нарече, дека све што правиш ти се враќа три пати, добро или лошо. но тоа не е само дел од Wicca, ако се осврнете околу себе, тоа е дел од сечиј живот.
има толку многу!... you don't want to get me started on that:):):)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ќе се заљубам во тебе, имај срце!! Оти јас сум член на друг систем на правила и живот, на Jedi!!
 

Kiro Hametovski

Sniffericious
Член од
11 декември 2005
Мислења
1.685
Поени од реакции
43
LisaRowe напиша:
Се надевав дека пред да почнете да пишувате, би прочитале барем малце. Не знам од кај ги извадивте дефинициите за вештерки, али како Wicca осеќам должност да ви објаснам малце поубаво.

Прво, ќе ви кажам нешто за историјата на вештерството, подобро познато како Старата Традиција, кај оние кои всушност го практикуваат истото. Кога Империјата почнала да ја завладува Европа, почнала да го шири Христијанството насекаде низ неа. Христијанството, како и да е, било дел само од богатите и видните фамилии - оние кои имале пари да платат за крштевки, да поканат свештеник во новокупената куќа и слично. За останатите маси, останала онаа стара религија која ја имале пред тоа, нешто слично на грчките верувања.
Полека, ова почнало да се развива. Во она што припадниците на Старата Традиција го нарекуваат, темните времиња, Христијаните, предводени од своите свештеници, кои сфатиле дека таа сеуште постои и тоа многу, почнале да веруваат дека сите кои не практикувале Христијанство се всушност пагани и треба да бидат уништени. Тука почнало палењето на клада и слично, при што многу невини луѓе биле исто така погубени.
Е сега, некаде во 1800тите, Gardner, кој се смета за татко на Старата Традиција, оформил група од истомисленици, coven, со која започнале, не да ја шират нивната религија, туку едноставно, да ја практикуваат сами за себе. Напишале и книга, наречена Book of Shadows, која и други групи како нив почнале да ја користат. Тоа всушност било книга за начините на кои се практикува вештерството, нештата во кои се верува, и слично.
Бидејќи оваа религија била многу поврзана со природата, во хипи-времињата таа почнала на големо да се прифаќа низ целиот свет. Оние кои и припаѓале, започнале за себе и за религијата да го користат терминот Wicca, за да се ослободат од стереотипите кои доаѓаат со зборот вештер и вештерка.

Значи, прво и основно, Wicca е религија!!! Има Бог и Божица во кои се верува, иако некои насоки (има повеќе насоки, односно подрелигии, наречени традиции) ја обожуваат само Божицата. Богот е Сонцето, а Божицата е месечината, таа е онаа која ја заживува природата, и се грижи за истата. Во Wicca, природата е дел од нас и ние сме дел од природата. Тоа е многу многу битен детал! Постојат повеќе насочувања, но нема правила - главното насочување е, дека може да се прави БИЛО ШТО све додека не се повредуваат другите!

Wicca не е само магија. Wicca е верување, односно религија. Wicca има и обичаи, и обреди, исто како и било која религија, но е многу послободна, бидејќи е поотворена - можат да се направат било какви комбинации. Wicca може да се практикува било каде, нема особен храм или место, и Wicca може секој да ја практикува на различен начин. Има осум големи празника, а и Wicca има нова година - на 31 Октомври. Се нарекува Самхаи, и вечерта се прави глува вечера, кога се поставува маса, за живите и за мртвите, и се јаде во тишина, за еден последен пат заедно. За обично практикување на Wicca, потребен е само еден олтар. Олтарот обично се наоѓа во куќата на една/еден Wicca, и може да седи таму цело време, или пак да се мести по потреба. Се состои од две свеќи, за Богот и за Божицата, Wicca нож, чаша со вода, и малку земја - за да има оган, вода, земја и воздух. Олтарот мора да стои на север, и до него се пристапува од северната страна.

Е сега, за магијата. За било која магија, треба едноставно многу верба. Wicca ја користи магијата на поинаков начин од кои замислувате - повеќе како медитација и практикување на религијата. Потребно е многу учење за да почне да се користи магијата - не може само да се постави олтарот како што пишува во некоја книга и да се прочитаат зборовите. Мора да се сфатат истите, па тогаш, може една/еден Wicca и сам/а да си напише магија. Повторно, со магија може да се прави све, све додека не се повредува или не се влијае на некој друг!
За повеќето припадници на Wicca, добар почеток за магијата е медитација и вежбање на поместување на тела само со користење на енергијата во воздухот и со нашата енергија. Учењето на ова е тежок и долг процес, но се стигнува таму.

Не секоја Wicca користи магија. Тоа не е и целата поента на Wicca, иако е голем дел од неа.



Значи, вештерки постојат! И вештери!... Повеќето не личат на маќеата од Снежана и не можат да направат магија со мрдање на носот ко Никол Кидман у филмот, но вештерки постојат! Повеќето од нив не се занимаваат со црна магија, не затоа што не сакаат (има такви што сакаат) туку затоа што тоа е многу многу многу работа, и многу многу многу емоции. Како и да е, битен факт, вештерството не е ни малку поврзано со Сатана или било што слично. Вештерството има Бог и Божица, или само Божица, и дури и оние кои користат црна магија, сеуште ја користат истата палејќи свеќи за нив, а не за Сатана или којзнае што.

Значи, неколку забелешки за она што го напишавте пред ова -

cyberlady - Вештерките не се моќни жени што комуницираат со светец или ѓавол! Вештерките се мажи и жени што комуницираат со природата. Единствено нешто со кое може да искомуницираат, освен природата, се Богот и Божицата, и тоа далеку од тоа дека можат да направат муабет со нив.

darkos85 - Вештерство не се вика вештерство ради вештина. Вештерството го добило своето основно име од латински збор што значи Стара Традиција. Тоа е све. Вештерството не е вештина, туку верување.

Acid - злобни жени и мажи кои се занимаваат со хемија, отрови, жаби, пајаци и змиски отров може постојат, но тие не се вештерки ни нешто блиску до тоа. Прво, вештерките воопшто не користат змиски отров, второ, многу малку од нив се злобни.


А, да... И заборавете на метлите! Никој нема да полета со метла без разлика на све! Вештерките се нормални луѓе кои поминуваат покрај вас секој ден и никад не би ни помислиле дека се вештерки. Не верувајте во она што сте го виделе во Снежана, во Charmed или Bewitched. Ако више барате нешто слично на она што вистински постои во Wicca, или ѕирнете што се дешава во книги (како Maiden Moon), или барем погледнете ја приказната за Willow и Tara во Buffy the Vampire Slayer. Можеби е глупава серијата, али најблизок пристап до она што навистина се нарекува Wicca.

Ако имате прашања, слободно!:)
од каде го извади ова?
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Wicca? Боже на какви се не начини ќе пробат изгубените души да се чуствуваат "моќно".

Wicca e религија? = Wicca e Говна!
Wicca е магија? = Шо биг лале да не е учленет таму?


сТрање.
 
Член од
24 април 2005
Мислења
124
Поени од реакции
13
одговор за kiro hametovski-

не го извадив од никаде... имам многу прочитано на таа тема, и многу научено за таа тема, бидејќи се интересирам. и тоа многу. она што го напишав е дел од она што го знам, или пак од она што го мислам за темата вештерство. тоа е све.



одговор за moTaro-

очигледно не знаеш ништо за Wicca. Wicca не е за моќ, за магија или нешто слично. повторно, многу луѓе кои се дел од Wicca не ни пробале да направат малечка магија. и повторно, магија не е она што повеќето луѓе го сметаат за магија, магија пред све е манипулирање со енергија - нешто што секоја личност може да го направи со малку желба и труд. Wicca е религија, како и било која друга. верувал ти во тоа или не...
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
пер, на сите ни ги затвори устите..

I rest my case. Речта што ја имав, ја кажав. И таа е за мене тотем.
 

Lea

Член од
19 ноември 2005
Мислења
152
Поени од реакции
2
Добро LisaRowe, многу ме интересира дали мислиш дека Jesus Hrist(типот кој живеел пред 20 века, и за кој ништо не се знае, а само се манипулира
дека бил ' цар ' и дека поседувал некоја сила и бла бла)....всушност ме интересира дали бил wicca? (нели според вашите верувања)
 
Член од
24 април 2005
Мислења
124
Поени од реакции
13
одговор за Lea:

прво, ако више се праиме американци, се пишува Jesus Christ... на македонски, Исус Христос.
второ, не се верувало дека бил цар, туку Бог.
трето, и ОСНОВНО, одговорот на твоето прашање зависи од тоа дали воопшто некој (во овој случај јас, оти јас го одговарам прашањето) верува дека Исус постоел... и бил тоа што се претпоставува дека бил.

само ме интересира... и ќе ти одговорам на прашањето, но само ме интересира... од каде го извлече тоа дека според Wicca верувањата, Исус бил Wicca??? оти јас никаде ништо такво не напишав... ниту пак помислив, for that matter.

повторно, главниот дел од Wicca не е магијата, моќта, силата... исто како што една личност може да биде Wicca и никогаш во животот да не проба ни една магија (иако бројот на овие луѓе е мал), исто така и една личност може да манипулира со енергијата (односно да направи она што ние го нарекуваме магија) без воопшто и било кога да слушнал за Wicca.

не сум сигурна што беше поентата на прашањето. али ако сакаш да прашаш дали Исус бил Wicca само поради тоа што имал некои сили/моќи (под услов да веруваме дека постоел и дека ги поседувал тие сили/моќи), тогаш одговорот е НЕ, тоа не го прави Wicca. всушност, ако веќе веруваш во Исус, и во она што го пишува во Библијата, тој лечел луѓе со допир. една Wicca тоа НЕ може да го направи.


одговор на ThA-BiTcH:

The Blair Witch Project е добар филм. мене многу ми се допадна. како и да е, прво, филмот е урбана легенда, второ, филмот нема врска со вештерки. било кој можел да се скрие во куќичка и да убива луѓе - нема никаква врска со било каква вештерка. како и да е, сосема се слагам, филмот треба да се погледне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom