Ич без гајле, на вистинско место го постави прашањето
Ова е ветеринарно катче за сите домашни миленици, а не само за кучињата.
Секој што има ветеринарен проблем може да си праша во оваа тема, без разлика дали чува куче, маче, папагал, хрчак, морско прасе, зајче ...
Како прво да ти кажам дека ми е жал што ти умрело Хрчачето.
Е сега да си знаеш за наредното Хрчаче што ќе го земеш дека Хрчаците смеат да пијат вода.
Погрешно ти кажале другарите дека не треба да му даваш вода.
Незнам кој ја измислил оваа глупост дека Хрчаците несмееле да пијат вода.
Точно е тоа дека Хрчакот преку овошјето и зеленчукот си внесува одредена количина на вода, но тоа не е доволно, Хрчакот има потреба да пие свежа вода.
Следното Хрчаче кога ќе го земеш, обавезно од Пет шопот купи му поилка за Хрчаци.