Ти дале Етиол. Еден шприц се раствара во мин. 5 литри, макс. 10 литри вода. Е сега, не се прска, туку од како ќе го избањаш кучето, на сеуште мокро крзно, ќе го посипеш со растворот и ќе го оставиш на него, без да го плакнеш, само ќе припазиш да не се лиже ( на цело тело, не само на раните). Малку непријатно ќе ти мириса, али ќе испари за брзо време. Ако има места на кои конкретно се чеша и прави рани, ќе купиш белогент маст и ќе му ставаш трипати дневно. Тоа е антибиотска крема, баш за вакви случаеви. После пола саат од нанесување на оваа крема, на местата, ќе мачкаш и канестен маст. За две до 3 недели, кутрето ќе ти биде ок.
--- надополнето: 28 јули 2013 во 01:55 ---
Не какајте бре луѓе, не е ситуација отруено или изгазено, обичен лишај или паразит е. Не е дека животот му е во опасност. Оваа појава не верувам дека некој што чувал куче не ја доживеал. Секој имал проблеми, што е од муви, што е од алергии... а се третира просто и едноставно.