Имам маче старно околу 8 години и повеке (можеби и 10 ), досега никогаш, ама буквално никогаш не се измочкало дома, секогаш стои на врата чека да му отворат, оди во двор и потоа се враќа и повторно чека на врата да го пуштиме, но ете веке скоро една недела почна по дома да мочка, си бара место во ќоше или сл. и си мочка ( прво бараше на пархет, сега и на тепихот почна), а забележав еднаш и дека крена на кај вратата и пред врата се измоча. Не ми е јасно можно е да не може да издржи (како кај старите луѓе), да не настинало нешто, или пак можеби сев
работи за нешто посериозно... ? Ве молам за некој совет, лек било што, бидејки ако продолжи вака мајками повеќе нема да го пушти дома, а не сака да ставиме песок дома исто, ќе смрзне на ладното надвор