Вести: Македонски Музеи - збирки и изложби

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Изложба: „Скопје пред 8 милениуми_1: Најстарите градители од Церје – Говрлево“ во МГС

Во вторник, на 29 август во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Скопје пред 8 милениуми_1: Најстарите градители од Церје – Говрлево“...



На 29.08.2017 година, во 20.00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата: „Скопје пред 8 милениуми_1: Најстарите градители од Церје – Говрлево“ и ќе трае до 13.09.2017 година.

На изложбата преку повеќе паноа со илустрации и други музејски експонати ќе биде претставена архитектурата од овој значаен неолитски локалитет.

Меѓу другото, за оваа пригода е изготвен и каталог во кој свое место имаат пет труда поврзани со темата на изложбата.

извор: http://cooltura.mk/arheologija/izlozhba-skopje-pred-8-mileniumi1-najstarite-graditeli-od-cerje-govrlevo-vo-mgs
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725


Европски денови на културно наследство 2017

За да се истакне симбиоза меѓу европските вредности и македонската култура, оваа година манифестацијата ,,Европски денови на културното наследство“ ќе се реализират вмрежени во мотото ,,Водата дар од природата“. Настаните се распоредени во два дена и во нивни рамки ќе настапуваат џез, днб и електро состави со влијанија од скандинавската, германската и британската сцена, ќе се читаат надреалистички поети, ќе има и изложба преку која што ќе се презентираат европската уметност и култура на садови за вода присутни во Македонија од XIX и XX век.

Програма

15.09.2017 - ПЕТОК

20:00 - 21:00 Музеј на Македонија
- Водата дар од природата изложба на садови за вода од од XIX и XX век и обичаи поврзани со вода.
21:00 - 02:00 Музеј на Македонија - плато
- Europe Live(s): концерт на Xho Dalton (Љупа Ангелов mash up with Keskec D Daltons) , DJ Чваре, SUB BASS JAZZ и DJ Game Over

16.09.2017 - САБОТА

12:00 - 16:00 Музеј на Македонија - плато
- Handmade in Macedonia: базар на ракотворби.

20:30 - 02:00 Музеј на Македонија - кино сала
- Астални проекции featuring Свирачиња: читање на надреалистичка поезија и перформанс
- Мама Европа /Mother Europe (2013) Director: Petra Seliskar документарен филм благодарение на нашите пријатели MakeDox
- Дџ сет Игор Калц.и Владодлак.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
„Скопската тврдина - симбол на градот“ во Музеј на Град Скопје

Во Музеј на град Скопје вечерва (15 септември) од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопската тврдина - симбол на градот“. Автори се Снешка Лакалиска, виш кустос, Игор Кузмановски, кустос археолог и Драгица Живкова, советник кустос.



Повод за изложбата се педесет години од заштитните археолошки ископувања на Скопско Кале (1967-2017) кои се реализирани по големите оштетувања на тврдината предизвикани од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Тогаш првпат поцелосно е понудена јасна стратиграфска слика за вековните наталожувања на населбите кои постоеле на овој локалитет, со акцент на средновековниот период и неговата материјална култура.

Ископувањата биле изведени од Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје и во нив учествувала цела една плејада од првата генерација на македонски археолози и историчари на уметност (Н. Никуљска, И. Микулчиќ, Б. Алексова, К. Петров, Ж. Винчиќ, В. Соколовска, Д. Корачевиќ, Л. Богоевиќ, Б. Бабиќ, Т. Јанакиевски, К. Кепевски, Г. Спасовска-Димитровска, Д. Симовска, А. Керамитчиев, В. Иљоски) кои со својот ентузијазам и пионерски влог во областа на теренските истражувања трајно ја задолжиле археолошката наука во Република Македонија.

- Поттикнати од овој јубилеј, Музејот на град Скопје се вклучи во одбележувањето со поставување на изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“. Со изложбата се презентираат материјалните наоди од византискиот и османлискиот период, вредни сведоштва за минатото на Скопје кои претходно биле парцијално изложувани во музејските поставки, а денес собрани првпат во една интегрална целина, соопшти Музејот на Град Скопје за изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ која ќе може да се посети до 30 септември.

галерија + извор: http://cooltura.mk/arheologija/skopskata-tvrdina-simbol-na-gradot-vo-muzej-na-grad-skopje
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ ЖИВЕЕЛО НА ОВИЕ ПРОСТОРИ ПРЕД 8.000 ГОДИНИ

Неолитското село Тумба Маџари освежено за најверните посетители - учениците. Во комплексот има четири неолитски куќарки преку кои е претставено како се живеело на овие простори пред 8.000 години.



Малку поинаква археологија... вели археологот Елена Стојанова-Канзурова додека со работниците го освежува изгледот на неолитското село Тумба Маџари. Ова е последната акција на шест милениуми старата скопска населба која потекнува од времето на неолитот. Реконструираните куќарки подиганти од земја и слама се санирани. Поправени се ѕидовите, покривот, ентериерот. Ова е првата фаза од тековниот проект за одржување и обезбедување на неолитското село во Општина Гази Баба, а го спроведуваат Археолошкиот музеј на Македонија и Министерството за култура.



- Со санација на дел од објектите и нивниот внатрешен инвентар, овој музеј под отворено небо е подготвен за новите едукативни средби од септември со училишната популација и секако за посета на сите добронамерници, љубители на предисторијата, како и за организација на разни културни манифестации... Се надевам дека втората фаза од овој проект ќе продолжи кон крајот на септември. Особено важен сегмент е дневното обезбедување на овој мал археолошки музеј под отворено небо, кој засега е единствен во Македонија од периодот на неолитот, односно од 6-тиот милениум пред новата ера – вели Стојанова-Канзурова.



Во комплексот има четири неолитски куќарки преку кои е претставено како се живеело на овие простори пред 8.000 години. Локалитетот е уреден веќе девет години. За Тумба Маџари порано беше надлежен Музејот на Македонија, а сега е под ингеренции на Археолошкиот музеј на Македонија. Го раководи Стојанова-Канзурова, а преку Археолошкиот музеј се организираат тури за заинтересираните посетители. Има постојано вработен човек, а посетата на локалитетот е бесплатна. Која сака, може да остави донација.



Проектот за реконструкција на неолитското село почна во 2008 година. Во сламените куќарки има копии од садови кои луѓето ги користеле во минатото, амбиенти кои се доловени со човечки фигури, на животни, трла со кози, крава.



Локалитетот Тумба Маџари се истражувал повеќе од 30 години. Ископувањата покажуваат дека населбата е од неолитот (младо камено време). Луѓето што живееле тука својата економска благосостојба и културен просперитет ги достигнале во средниот неолит, 5800-5200 година пр. н.е. Во трите децении истражени се девет куќи. Од овој локалитет потекнува и симболот на Скопје, скулптурата на Големата Мајка.



Тумба Маџари е целосно уреден локалитет за презентација, влезен во светската мапа на неолитски наоѓалишта, се наоѓа веднаш до автопат и има идеална локација за развој на културен туризам. На локалитетот се спроведуваат и археолошки ископувања, а учествуваат студенти по археологија од земјава и од странство.



Иако се наоѓа во градот, има непрегледна пристапност, па локалитетот до денес има проблем со туристи. Најредовни посетители на локалитетот се учениците, во рамките на редовните училишни програми.

извор: http://www.fakulteti.mk/news/17-09-07/poglednete_kako_se_zhiveelo_na_ovie_prostori_pred_8_000_godini.aspx


Европски денови на културното наследство 2017
European Heritage Days 2017

На 19.09.2017, (вторник) во рамки на европската манифестација Европски денови на културното наследсво 2017, НУ Археолошки музеј на Македонија овозможува бесплатен влез за посетителите. Од 10 часот наутро, па се до 17 часот, може да се влезе и да се види постојаната музејска поставка. Музејот затвора во 18 часот.

Одбележувањето на Европските денови на културното наследство датира од 1991 год, на иницијатива на Советот на Европа, и со подршка на Европската унија, a oд 1996 год. се приклучува и Р.М. Oваа манифестација се одбележува со цел подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство.За таа цел, од 2015 година и НУ Археолошки музеј на Македонија поканува ученици за бесплатна посета на музејската поставка и го презентира богатото археолошко наследство.

Оваа година, на 15 септември, музејот организираше едукативни активности за ученици од трето одделение, со бесплатна посета на музејската поставка, како и беплатен престој во детската едукативна работилница при музејот - „Млади археолози“.

Во исто време, а за одбележување на оваа манифестација, и во Неолитското село – на локалитетот Тумба Маџари е овозможена бесплатна посета за училиштата.[DOUBLEPOST=1505751483][/DOUBLEPOST]Локалитетот Долиште открива нови наоди



Екипа на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ - Прилеп деновиве врши археолошки истражувања на локалитетот Долиште кај селото Прилепец. Истражувањата се вршат втора година, откако минатата година беа откриени повеќе гробни конструкции од доцномакедонскиот и од римскиот период.
- Годинава дефинираме нов простор за истражување на кој површински се видливи остатоци од градби. Откриени се делови од две градби датирани во доцномакедонскиот период. Во едната, која со истражувањата е отворена во поголем дел, се откри просторија во која се складирала храна. Пронајдени се два големи керамички сада - питоси во положба во која биле во тоа време, со оглед што камените поклопци беа врз нив. Во овие питоси се чувале житарки чии остатоци се најдени во едниот од нив - вели археологот Душко Темелкоски, виш кустос од „Завод и музеј“.


Откриени се делови од две градби датирани во доцномакедонскиот период, една глинена платформа, а од движни наоди пронајдени се бронзен накит од 4 и од 3 век од старата ера, бронзена монета на последниот македонски крал Персеј, кој владеел во вториот век од старата ера и неколку бронзени римско-царски монети од првиот век од нашата ера.

Во просторијата е откриена и една глинена платформа за која сѐ уште не може да се каже за што била наменета.
- Од движни наоди пронајдени се неколку наоди на бронзен накит датирани во 4 и во 3 век од старата ера, бронзена монета на последниот македонски крал Персеј, кој владеел во вториот век од старата ера и неколку бронзени римско-царски монети од првиот век од нашата ера - додава Темелкоски.
Инаку, од локалитетот Долиште во прилепскиот „Завод и музеј“ од страна на месното население од селата Прилепец и Волково во минатото се донесени голем број наоди пронајдени при земјоделски работи. Секако највредна е оставата од над 200 сребрени тетрадрахми на македонските и пајонските кралеви од 4 и од 3 век од старата ера, нумизматички наоди, кои денес се изложени во Археолошкиот музеј во Скопје.

Истражувањата на локалитетот се поддржани со 300.000 денари од Управата за заштита на културното наследство.
Лани при археолошките ископувања на локалитетот Долиште се истражуваше еден сегмент од просторот за погребување, при што беа откриени пет гроба, од кои три детски и еден на родител погребан со своето дете на мала возраст. Пронајдените движни наоди (керамички садови, накит, монети) укажуваат на користење на некрополата во интервал од околу 800 години во времето на античкото Македонско Кралство и подоцна во времето на Римската Империја. При погребувањето во македонскиот период покојниците се спалувале, додека во римскиот период се практикувало закопување.

Инаку, овој проект се води како капитален проект на на Управата за заштита на културното наследство, бидејќи е утврдено дека некрополата датира од периодот на античкото Македонско Кралство. Првичните резултати ја оправдуваат идејата за вклучување на локалитетот како археолошко наоѓалиште од капитален интерес.
Инаку, во атарите на селата Прилепец и Волково, лежи сѐ уште неоткриен град. Месното население од двете села во прилепскиот музеј има донесено мноштво движни артефакти најдени при земјоделска обработка на земјиштето, преку кои се утврдуваат временските периоди на егзистирање на градот.

извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Локалитетот-Долиште-открива-нови-наоди&id=b005c7b7-a2c2-417a-b978-479654539749
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Девет теракотни релјефи од Виница ќе бидат претставени во Оксфорд

Во Музејот „Ашмолиан“ на универзитетот во Оксфорд, Обединето Кралство, на 18 октомври 2017 година, ќе биде отворена светската изложба под наслов: „Империи на верата - Уметноста и појавата на светските религии“, на која ќе бидат претставени 9 теракотни релјефи од Виница, како избор од една од најрепрезентативните и најкомпактни збирки на археолошки предмети на Археолошкиот музеј на Македонија.



Како уникатен споменичен вид, оваа збирка е од исклучително значење за македонското но и светското културно наследство, и како таква таа била многупати претставувана во многу музеи во светот.

Откриени во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале, Виница, релјефните плочи беа предмет на проучувања и претставување од наши истражувачи, кои до денес успеаја да ги идентификуваат во нивниот полн дијапазон и од сите верски, историски и културни аспекти, со оглед на специфичната формулација на нивниот иконографски и верски концепт. Токму овие аспекти ги прават Виничките релјефи уникатен егземплар од светско значење, за кој повеќе светски музеи изразиле желба да бидат претставени во нивните музејски холови.

„Оттука, нашето учество на оваа светска изложба, според нејзиниот споменичен, уметнички, верски и интелектуален потенцијал, е значаен придонес за афирмацијата на македонското културно наследство, а особено фактот дека тие ќе бидат претставени во најстариот универзитетски музеј на светот, Музејот ’Ашмолиан‘ во Оксфорд“ – велат од Археолошкиот музеј на Македонија.

Соработката со Музејот „Ашмолиан“ ја помогнаа: Министерство за култура на Р. Македонија, Министерство за надворешни работи на Р. Македонија, Амбасадата на Р. Македонија во Англија, Фондација „Кирил Трајковски“, од Лондон.

За дадениот придонес во реализацијата на претставувањето во музејот „Ашмолиан“, НУ Археолошки Музеј на Македонија посебно се заблагодарува на: Весела Честоева, надворешен соработник и поранешен директор на НУ Археолошки музеј на Македонија, г-ѓа Славица Вајт, претседател на Фондацијата „Кирил Трајковски“, Љубинка Џидрова, кустос советник и комесар на изложбата, на вработените во НУ Археолошки музеј на Македонија кои директно или индиректно помогнаа во изборот и подготовката на експонатите за изложбата, како и на НУ Музеј на Македонија и ОУ „Музеј Теракота“ од Виница, кои несебично го отстапија материјалот за изложбата.

Изложбата ќе биде достапна за посета на публиката во периодот од 19 октомври, 2017 до 18 февруари 2018 година, известија од Археолошкиот музеј на Македонија.

извор; https://www.mkd.mk/kultura/devet-terakotni-reljefi-od-vinica-kje-bidat-pretstaveni-vo-oksford
[DOUBLEPOST=1508263713][/DOUBLEPOST]„Archaeology in progress Vol.3“ – изложба на археолошки фотографии



Во просториите на НУ Археолошки Музеј на Македонија на 27 октомври 2017 во 19 часот ќе биде отворена третата изложба на работни археолошки фотографии, во организација на Институтот за археолошки истражувања – Скопје.

Целта на „Archaeology in progress Vol.3“ е да се промовира археологијата и да се претстават најдобрите фотографии изработени на археолошките локалитети низ Македонија и Европа.

„Право на учество имаа сите фотографи кои работеле на археолошки терени, дипломирани археолози како и студенти по археологија од земјава и странство и сите љубители на археологијата и фотографијата. Сите оние кои што работеле на истражување на археолошки терен и имаат некоја интересна работна археолошка фотографија можеа да учествуваат на овој конкурс“, велат од Институтот за археолошки истражувања.

Од 90-ината пристигнати на конкурсот, на изложбата ќе бидат претставени 30 најдобри фотографии. Најдобрите ќе бидат одбрани со стручното жири – Кристијан Тодоров (професионален фотограф) и Ѓорѓи Трпевски (фотограф и камерман во МРТВ), како и со гласање на Фејсбук-страницата на Институтот. За трите најдобри фотографии ќе бидат доделени симболични награди.

Инаку, оваа изложба е финансирана од Националната програма за култура за 2017 година на Министерството за култура, а е поддржана од Археолошкиот Музеј на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена за посетители на НУ Археолошки Музеј на Македонија во наредниот месец.

Првото издание на изложбата беше во 2012 година и Институтот цели да стане традиционална.

извор; http://www.radiomof.mk/archaeology-in-progress-vol-3-izlozhba-na-arheoloshki-fotografii/
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Не е во Македонија но сепак;

СИМПОЗИУМ ВО ЧЕСТ НА БИТОЛЧАНКАТА ФАНУЛА ПАПАЗОГЛУ, КОЈА ТВРДЕШЕ ДЕКА ХЕЛЕНИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ДВА ПОСЕБНИ ИДЕНТИТЕТА

Се собравме во спомен на Фанула Папазоглу, која пред еден век пристигна на овој свет, а нѐ напушти пред 16 години. Нејзината судбина беше со гордост и храброст да освојува многу километри на Балканот и да стане голем научник и учител, беше кажано на симпозиумот во Белград што го организира Филозофскиот факултет од тој град во соработка со Српската
академија на науките и уметностите


Неколку десетици научници и истражувачи, археолози, историчари, научници од областа на класичните студии и на стариот век од земјава, Грција, Србија, Романија и од други земји од регионот учествуваа на дводневниот симпозиум, кој се одржа во Белград, со кој се одбележаа сто години од раѓањето на Фанула Папазоглу. Родена е на 3 февруари 1917 во Битола, а почина на 26 јануари 2001 во Белград. Папазоглу е еден од најистакнатите македонски и југословенски класицисти, епиграф и академски работник, експерт по древната историја на Балканот. Симпозиумот го организира Филозофскиот факултет во Белград во соработка со Српската академија на науките и уметностите, а свое излагање имаше и д-р Славица Бабамова од Археолошкиот музеј на Македонија.



Папазоглу се школувала во Битола, каде што матурирала во 1936 година. Студирала класична филологија со историја на стариот век и археологија на Филозофскиот факултет во Белград. За време на окупацијата, како член на студентската организација, учествувала во Народноослободителното движење. Од 1942 до 1943 година била затвореник во концентрациониот логор во Бањица.

Исклучителен научник и човек


Дипломирала веднаш по војната, во 1946 година, на Филозофскиот факултет во Белград, а докторската дисертација на тема „Македонските градови во римско време“ ја одбранила во 1955 година. На Катедрата за историја на стариот век на факултетот во Белград работи од 1947 година. Редовен професор станала во 1965 година. За дописен член на Српската академија на науките и уметностите е избрана во 1974 година, а на крајот на 1983 станала и редовен член на Академијата. Во 1994 година била избрана за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав. Во воведниот збор на симпозиумот беше истакнато:
- Се собравме во спомен на Фанула Папазоглу, која пред еден век пристигна на овој свет, а нѐ напушти пред 16 години. Нејзината судбина беше со гордост и храброст да освојува многу километри на Балканот и да стане голем научник и учител. Денес тука се присутни нејзини биолошки или духовни деца, некои добри колеги и соработници, некои студенти, а некои никогаш не ја запознаа, но добро го знаат нејзиното име и дело. Преку излагањата на конференцијата ќе се обидеме да ја претставиме како исклучителен научник и човек, каква што беше.

Од гимназијата во Битола до почесен доктор на Сорбона

Папазоглу од 1969 година раководела со Центарот за античка епиграфика и нумизматика на Филозофскиот факултет. Била постојан соработник на Центарот за балканолошки испитувања на Академија на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, член на редакцијата на списанието „Жива антика“. Учествувала на многу меѓународни научни собири, а била визитинг-предавач на универзитетите во Јанина, Атина, Берлин и во Минхен. Била дописен член на Германскиот археолошки институт и почесен доктор на Сорбона, почесен член на Филолошкото друштво „Парнасос“ во Атина. Автор е на околу 130 научни труда од областа на историјата на стариот век. Добитник е на многу награди.



- Уште со својата докторска дисертација покажала длабочина во познавањето на темелните прашања на општествената историја. Благодарение на нејзините истражувања на старобалканското „варварство“, денес се знае дека политичките заедници на најјужните претставници на племињата што го населувале Балканот напредувале во својот развој за време на доцнокласичниот и хеленистичкиот период до степен на вистински држави – пишува порталот „Е-наука“ за Папазоглу.

Зад себе остави монументални дела

Во делото со наслов „Политичка и социјална содржина на името Македон, Македонец во претхеленистичка и хеленистичка Македонија“, Папазоглу пишува:



„Како што се гледа од насловот, немам намера да пишувам за јазичката, етничка припадност на Македонците, прашања за кои се дискутира и полемизира веќе еден и пол век, а сè уште не е дојдено до еден општоприфатен одговор. Прашањето за карактерот на македонскиот јазик може да се реши исклучиво со лингвистички истражувања за кои не сум компетентна. Меѓутоа, митолошките и историски извори ни ги покажуваат Хелените и Македонците како два посебни идентитета. Во генеалошкиот еп „Каталог на жените“ од Хесиод (меѓу 750 и 650 г. пр.н.е) тој ги спомнува Македон и Магнет, кои живеат околу Пиерија и Олимп. Тие се синови на Зевс и Тија, сестра на родоначалниците на хеленските племиња Ајолци, Јонци, Дорци и Хелени. Македон и Магнет, спрема тоа, би биле сродници, а не браќа на Хелените. Кај Хеланик (крај на 5 век пр.н.е), Македон е всушност син на Ајол, но додека Магнетите се спомнуваат и во постари извори, на пример во „Илијада“ во легендата за Аргонаутите како најсеверно хеленско племе, тоа не е случај со Македонците. Магнетите биле членови на пилејска Амфиктионија од самиот нејзин почеток (ран 7 век пр.н.е.) додека македонскиот крал Филип Втори успеал да стане нејзин член дури во 346 г. пр.н.е. Македонците не учествувале ниту во општохеленските Олимписки игри. Сево ова покажува дека хеленскиот свет не знаел за Македонците сè до преминот од 8 во 7 век пр.н.е, време кога и со други средства се датира почетокот на македонската монархија“, пишува Папазоглу.

извор; http://www.fakulteti.mk/news/17-10-19/simpozium_vo_chest_na_bitolchankata_fanula_papazoglu_koja_tvrdeshe_deka_helenite_i_makedoncite_se_dva_posebni_identiteta.aspx

 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Македонското културно наследство ќе се претставува во Лувр

Управата за заштита на културното наследство по трет пат ќе го претставува домашното културно наследство на Меѓународниот саем за културно наследство, кој ќе се оддржи од 2-ви до 5-ти ноември во престижниот амбиент на музејот Лувр во Париз.

Темата на годинешното издание на еден од најзначајните саеми од ваков вид, кој се реализира по 23-ти пат, ќе биде „Културното наследство и туризмот“.

Покрај изложбениот дел, ораганизаторите најавуваат работилници и конференции во чии фокус ќе биде искористувањето на потенцијалот на културното наследство во културна промоција на земјите излагачи. На македонскиот штанд ќе бидат изложени публикации од познати археолошки локалитети, цркви и џамии во издание на Управата, а ќе има и кратка видео презентација за домашното културно богатство.

На листата земји учеснички на 23. Меѓународниот саем за културно наследство во француската метропола, ќе се најдат и Геманија, Белгија, Кина, Португалија, Италија, Грција, Швајцарија, Холандија и други земји.

извор; http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Македонското-културно-наследство-ќе-се-претставува-во-Лувр&id=a897f94f-1127-46de-ad51-df0f6bf71984
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Под КОЕ име ќе биде претставено Македонското културно наследство?
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Под КОЕ име ќе биде претставено Македонското културно наследство?
Како на секој претходен саем. Штанд Македонија. Лани таму беше директорот на управата за заштита на културно наследство, Виктор Лилчиќ. На саемот имаше книги што се издадени во последниве неколку години и се однесуваат на културното наследство и туризмот.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
ПРЕДИСТОРИСКИ САДОВИ И ФИГУРИНИ ОД МАКЕДOНИЈА НА ИЗЛОЖБА ВО ИТАЛИЈА


Музејот учествува со комерцијални копии што ќе бидат пристапни и за лицата со посебни потреби (Фото: Музеј на Македонија)

Комерцијални копии на предисториски фигурини, садови и модели од Музејот на Македонија се дел од изложбата „Жени мајки и божици: универзални јазици и предисториска уметност“ во Удине, Италија.

Таа е во организација на Градските музеи на Удине, во соработка со универзитетите во Сиена и Фиренца и ќе биде отворена до февруари 2018 година.

Музејот учествува на изложбата со комерцијални копии, што ќе бидат пристапни и за лицата со посебни потреби.


Музејот на Македонија учествува на изложбата „Жени мајки и божици: универзални јазици и предисториска уметност“ во Удине, Италија (Фото: Музеј на Македонија)

„На тој начин, ќе се овозможи тактилна интеракција помеѓу посетителите и културното наследство, што ретко се применува во музеите. Овој интерактивен отсек е само еден дел од поголема изложба, на којашто се претставени палеолитски, неолитски и енеолитски фигурини од Италија, Германија, Словенија, Србија, Романија, Украина и други земји“, велат од Музејот.

извор; https://smart.sdk.mk/vesti/predistoriski-sadovi-figurini-od-makedonija-na-izlozhba-vo-italija/
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
НАЈГОЛЕМИТЕ КУЛТУРНИ БОГАТСТВА НА МАКЕДОНИЈА: РИМСКАТА ДИЈАТРЕТА, СТАКЛЕНАТА ЧАША КОЈА „ЧОВЕЧКА РАКА НЕ ЈА НАПРАВИЛА“


Дијатрета, 4 век, денес во Археолошкиот музеј на Македонија

Тој ден пред 35 години, селанецот од дебарско Селокуќи ја орал нивата кога ралото му закачило нешто тешко. Се наведнал, ја поттргнал плочата, прочепкал низ грутките и видел голема табака. Jа растргнал земјата и засветкал еден жолт крст. Кренал една поголема, потешка грутка. Како што ја тргал земјата за да види што држи в раце, така се појавиле двете длабоки дупки кај слепоочниците, уште малку и ги забележал забите на горната и на долната вилица... Кога сфатил дека во него се ѕвери соголен череп, подрипнал наназад и го фрлил назад, в земја. Тогаш распукала стаклената убавица, чашата диjатрета, која пред многу векови била ставена крај покојникот за да му се најде на другиот свет.
Во светот се пронајдени само неколку чаши диjатрета. Некои археолози велат дека има вкупно осум, други, пак, велат дека се 21 на број. Во секој случај, ова е еден од ретките антиквитети во светот што се дел од културното наследство на Република Македонија. Денес е дел од постојаната поставка на Археолошкиот музеј на Македонија – стаклена чаша дијатрета од локалитетот Таранеш, Селокуќи, Дебарско.

Пензионираните мајстори од „Стакларница“ се чуделе

Потекнува од 4 век. Кога селанецот во 1982 година сфатил дека разбуричкал гроб, веднаш пријавил кај надлежните. Увид во состојбата направил тим од тогашниот Републички завод за заштита на спомениците на културата, а еден од нив бил и, денес покоен, археологот Милан Ивановски. Тој го документирал гробот на покојникот, ги собрал остатоците од ретката стаклената чаша и заедно со другите придружни наоди ги донел во Скопје.
Ивановски велеше дека во светот се пронајдени вкупно 21 чаша дијатрета, две од нив на територијата на поранешна Југославија - во Дарувар, Хрватска, и во муниципиумот кај Дукља, Црна Гора.

Археологот Милан Ивановски (покоен), кој го истражил гробот каде што е пронајдена Фото: „Фокус“

Целиот текст прочитајте го тука

 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Недела на археологијата 4



НУ Археолошки музеј на Македонија, од 11 до 15 Декември, оваа година по четврти пат ќе биде домаќин на манифестацијата Недела на археологијата. Како и изминатите години и овој пат 5 работни денови ќе бидат исполнети со настани отворени за јавноста.
Во понеделник, 11 Декември, ученици од училиштето „11 Октомври“ од Скопје, ќе бидат вклучени во изработка на плакати за изложбата „Некогаш и сега“, а најдобриот од предлозите ќе биде прогласен за официјален плакат на оваа изложба чие отворање ќе биде на 14 Декември, во 18 часот.

Вторник, 12 Декември, е отворен ден на музејот, со бесплатен влез за посетителите и можност да разговараат директно со кустосите археолози за сите теми поврзани со археологијата и музеологијата, како се пронаоѓаат предметите и што се случува додека тие станат експонати изложени во музејската поставка.

13 Декември, среда, е ден во кој ќе се одржи Меѓународна археолошка конференција „Неолитот во Македонија 3“, во организација на ЗГ„ Центар за истражување на праисторијата“,од Скопје. На конференцијата, домашни и странски археолози ќе ги претстават најновите резултати од истражувањата на неолитот на Балканот.

Заложбите на Археолошкиот музеј да ги доближи своите поставки до сите посетители, во вистинска смисла на зборот, оваа година се вообличени во посебно осмислена програма за деца со оштетен вид, дополнета со тактилна изложба, подготвена за четврток, 14 Декември. Истиот ден, во 18 часот, ќе биде отворена изложбата „Некогаш и сега“ во која одбрани музејските артефакти од минатото се изложени заедно со предметите од ист вид од нашето секојдневие.

Последниот ден, на 15 Декември, преку серија презентации, јавноста ќе има можност да се запознае со истражувачките проекти и изложби на Археолошкиот музеј реализирани оваа година, како и за учеството на кустосите на меѓународните научни конференции на кои ја претставуваат Република Македонија пред светската стручна и научна јавност.
Содржините на „ Недела на археологија 4“ се збогатени со проекции на документарни филмови за археологијата и настап на хорот „Артизан“ со музика од минатите времиња.
Ве покануваме да го посетите музејот во нашата „Недела на археологијата 4 “.




извор; https://amm.org.mk/news/недела-на-археологијата-4/
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Изложба „Масовна гробница“ во Музејот на Град Скпје



видео и повеќе инфо; http://kanal5.mk/vesti_detail.asp?ID=140931


Изложба „Икони XIV-XX век“ во Чифте амам


Изложбата „Икони XIV-XX век“ ќе биде отворена во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 декември 2017 година (петок), во 19 часот.



повеќе инфо; http://www.libertas.mk/izlozhba-ikoni-xiv-xx-vek-vo-chifte-amam/



 

Kajgana Shop

На врв Bottom