Вести: Македонски Музеи - збирки и изложби

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
Темава ќе има за цел да придонесува за подобро информирање за постојаните и привремени изложби на културно-историското наследство на Македонија од праисторијата до денес, обединувајќи збирки од областа на археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста.

Ве замолувам и за ваш личен придонес со информации и ваши впечатоци, вклучувајќи слики доколку сте во можност, а би сакал од време на време да организираме групна посета на одреден музеј.

Сега малку и за историјата на “МУЗЕЈОТ“:

Музејот како поим потекнува од деветте музи

Со Александриската библиотека е поврзан и прочуениот “Музеј”, кој бил во нејзин склоп, но тој името го добил буквално од 9-те Музи – штитенички и славенички на разни науки и културни сфери.

Музите се славенички по потекло од Македонија, па кон нивниот култ Македонците-владетели со Египет и Александрија, имале посебна почит.

Тие се штитенички на епот и херојството,историјата,музиката и лирското творештво, образованието, филозофијата, астрономијата и астрологијата, тетарот и сл. Иако за овие “нивни” сфери на интерес,во пишана форма имало многу и во самата библиотека, во Музејот имало и своевидни експонати од се што опфаќало заштитното поле на Музите. И токму заради тоа и во нивна чест и слава така е и наречен овој посебен оддел од Библиотеката
- МУЗИ (И=ЕЈ) а од неговото именување и своевидна функција и сите од подоцна со слична намена формирани институции ќе се наречат – МУЗЕЈ т.е МУЗЕИ (множ.)


------------------------------------------------------------------------------




Музеј на Македонија (Лоциран во Старата скопска чаршија)

Страната на Музеј на град Скопје
е во фаза на изработка, меѓутоа ги имате контакт телефоните за информации.​

 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
Постојани изложби






Музејот на Македонија на својот изложбен простор кој опфаќа над 6000 м² презентира 4 постојани поставки:
АРХЕОЛОШКА
ЕТНОЛОШКА
ИСТОРИСКА
ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ со ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ
ЛАПИДАРИУМ







Археолошка поставка - Постојаната изложба на Музејот на Македонија содржи археолошки предмети собрани главно од ископувањата низ целата држава кои датираат од палеолитот, 50.000 год. п.н.е до XIV век

Овие артефакти хронолошки се презентирани низ следниве збирки:







Етнолошка поставка - Постојаната поставка на Етнолошкиот оддел ги опфаќа сите сегменти од македонското традиционално творештво и наследство.
Збирката народни носии во овој оддел се смета за најбогата на Балканот.


Постојаната етнолошка поставка ги презентира збирките:


Историја на уметност - Материјалите за овој оддел се собирани во Музејот од дваесеттите години на XX век. Најголем дел е собран во заштитните акции по напуштените цркви и манастири, а помал дел е добиен по пат на откуп.



Во постојаната поставка на овој оддел претставени се збирките:


Галерија на икони - Галеријата на икони во Музејот на Македонија во Скопје е најбогатата од тој вид во Република Македонија. Содржи над 400 икони кои потекнуваат од почетокот на XIV до средината на XX век.
Во постојаната изложбена Галерија на икони, со стотина примероци се презентира само дел од колекцијата на Музејот на Македонија, што го претставува нејзиното јадро од најстари, најтипични и најрепрезентативни примероци на своето време.
Според хронолошката застапеност на иконите, колекцијата може да се нарече поствизантиска и доцносредновековна...





Историска поставка - Постојаната поставка во историскиот оддел ја опфаќа историјата на македонскиот народ од XIV до XX век.
Најнова во овој оддел е хералдичката збирка, отворена на почетокот на март 2009.


Во поставката се презентирани следниве збирки:
Лапидариум - Лапидариумот, збирка камени споменици, е сместен во ќелиите на приземјето на главната зграда на еден од најубавите споменици на културата во Скопје - Куршумли ан.


Секоја ќелија содржи споменици кои потекнуваат од иста област и од ист период, почнувајќи од I век пр.н.е. до времето на доцната антика (IV век), време во кое Македонија била римска провинција.

Во лапидариумот влегуваат над 130 споменици, различни според својата типологија.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.810
Поени од реакции
5.474
Утре во Музејот на град Скопје во 20:00 часот ќе се одржи промоција на книгата "Хронологијата на Неолитските заедници во Македонија"
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
INSTITUT ZA NACIONALNA ISTORIJA
ZDRUZENIE NA DECATA BEGALCI OD EGEJSKIOT DEL NA MAKEDONIJA



Makedonska akademija na naukite i umetnostite
17-18 dekemvri 2009, Skopje

17.12.2009

10 00 - 10 45 - Sveceno otvoranje
10 45 - 11 30 - Koktel

Prva sesija: 11 30 - 13 00
Moderatori:
d-r Violeta Ackoska
d-r Darko Dukovski

11.30 - 11.45 casot
d-r Liljana Panovska, d-r Todor Cepreganov - Grckata gragjanska vojna (1946 -1949): Eden istoriski nastan- lekcija za idninata
11.45 - 12.00 casot
d-r Darko Dukovski (Hrvatska) - Rezolucija na IB i decata begalci od egejskiot del na Makedonija vo Narodna Republika Hrvatska
12.00 - 12.15 casot
d-r Violeta Ackoska - Nezavrsena vojna
12.15 - 12.30 casot
m-r Metodija Tosevski - Kontroverzite vo pismata na Renos Mihaleas isprateni do GS na NOV za Makedonija, do Dobrivoe Milosavlevic i do rakovodstvoto na Grupata divizii na ELAS od Makedonija vo vrska so makedonskoto prasanje
12.30 - 12.45 casot
d-r Vera Goseva, d-r Ljubica Janceva - Britanski sogleduvanja za polozbata na Makedoncite vo egejskiot del na Makedonija vo Vtorata svetska vojna
12.45 - 13.00 casot
d-r Stojan Kiselinovski - Makedonskiot etnonim kaj grckata levica (1918-1949)

13.00 - 13.30
Diskusija

13.30 - 14.00
Kafe - pauza


Vtora sesija: 14:00 - 15:30

Moderatori:
d-r Katerina Mircevska
Metodija Koloski

14.00 - 14.15 casot
Metodija Koloski (SAD) - The Foundation and Impact of the United Macedonian Diaspora and Visions for the Future
14.15 - 14.30 casot
d-r Georgi Daskalov (Bugarija) - Grckata polit- emigracija vo Bugarija (1946 -1989)
14.30 - 14.45 casot
d-r Katerina Mircevska - Makedonkata vo Gragjanskata vojna vo Grcija
14.45 - 15.00 casot
m-r Vedran Obucina (Hrvatska) - Greek party system - between reconciliation and revenge
15.00 - 15.15 casot
m-r Strasko Stojanovski - Modeli na oformuvanje na identitetot vo delot na Makedonija pod Grcija vo vtorata polovina na XX i pocetokot na XXI
15.15 - 15.30 casot
m-r Dimitar Ljorovski - Imenuvanjeto na Makedoncite od egejskiot del na Makedonija od strana na grckata drzava (1946 -1949): opcii i dilemi

15:30 - 16:00
Diskusija



18.12.2009
Treta sesija: 10 00 - 12 30

Moderatori:
d-r Ljubica Janceva
m-r Mehmet Yilmazata

10.00 - 10.15 casot
m-r Mehmet Yilmazata (Turcija) - The Greek Civil War and International Relations-Aegean Macedonians between the frontlines
10.15 - 10.30 casot
m-r Teon Dzingo - „Makedonskoto prasanje” vo direktivite na grckata drzava za edukacija na ucesnicite vo obrazovniot proces
10.30 - 10.45 casot
Irena Borisovska - Prespa vo tekot na Gragjanskata vojna vo Grcija i posledicite za makedonskoto naselenie
10.45 - 11.00 casot
Blagoja Dimulkov - Cegan i Ceganci vo Gragjanskata vojna vo Grcija
11.00 - 11.15 casot
Igor Jurukov - Neguvanjeto na jazikot i tradiciite na Makedoncite vo zemjite na narodna demokratija
11.15 - 11.30 casot
Miso Kitanoski - Odnosot i stavovite na makedonskiot pecat i na glasilata od povoena Jugoslavija za Gragjanskata vojna vo Grcija- 1946-1949
11.30 - 11.45 casot
Slave Nikolovski – Katin - Makedoncite od Egejska Makedonija vo poranesnite istocno-evropski zemji i nivnite informativni glasila
11.45 - 12.00 casot
Tasko Mamurovski - Makedonskite borci (1941 - 1949)

12:00 - 12:30
Diskusija


Сакам да испратиме неколку наши членови на форумов на овие дискусии, дали некој е заинтересиран?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
Од вчера, 27.12, во Музеј на Македонија отворена е изложбата на предмети од локалитетот Исар Марвинци.

Кој не знае како да го искористи слободно време во текот на празниците, може да ја посети изложбата, локалитетот е еден од најбогатите наоѓалишта и досега се пронајдени многу значајни предмети како плочата која го украсува влезот во зградата на Владата, златни дијадеми со симболот од Кутлеш, антички шлемови на Македонците, редок накит, Пејонската свештеничка и мн. други непроценливо значајни предмети.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
8.03.2010. - Проекти од областа на Археолошките Истражувања одобрени од Мин. за култура на Р. Македонија за 2010 година

НУ Музеј на Македонија

Голем Град, Преспанско езеро
Акропола и субурбиум на градот Моробисдон, с. Мородвис, Кочани
Градиште, с. Бразда, Скопје
Голмо градиште, Неготино
Градиште, с. Опила
Кременица, с. Долна бела црква
Градиште, с. Бучинци, Скопје
Голема Пешт, с. Здуње, М. Брод
Големо градиште, с. Конјух, Кратово

НУ Музеј Гевгелија

Градишор, с. Мрамор
Башот - Горна Капија, с. Негорци

НУ Музеј на тетовски крај - Тетово

Епископски базиликален комплекс Градиште, с. Стенче
Градиште, с. Теарце

НУ Музеј Куманово

Градиште, с. Пелинце

НУ Музеј "д-р Никола Незлобински" Струга

Св. Архангел Михаил, Ташмаруништа

НУЗЗСК Музеј Битола


Јени Џамија, Битола

Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп

Сламите
Трештена Стена
Баба, Прилеп
"Алкомена", с. Бучин, Крушево

Завод за заштита на спомениците на култура и музеј - Струмица


Голема Трпеза, Ново Коњарино, с. Ново село

Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Штип

Горно Поле, Балабаниц-Змијарник, с. Стар Караорман
Беш Тепе - Анче, с. Карбинци

Музеј на град Скопје


Церје, с . Говрлево
Мало градиште, с . Бразда


НУ Музеј Неготино

Болница, Демир Капија
Ормнков Гроб, с. Тремник
Селиште, с. Вешје

Музеј - Велес

Пештерна црква "Пешти"

НУ Музеј Кавадарци

Картозов Рид, с. Дреново

Народен Музеј Св. Николе

Градиште, с . Кнежје

Музеј на теракотата Виница

Гробана, с. Градец

ЈУ Библиотека "Искра" Кочани

Св. Атанас, с. Спанчево
Локубија, Кочани

ЈНУ Интитут за старословенска култура Прилеп

Маркови Кули, Варош

Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид

Самоилова Тврдина - Цитадела

Филозофски Факултет - Скопје, Иститут за Археологија

Старо Бонче, с. Бонче, Прилеп
Градиште, с. Црнобуки

Национален конзерваторски центар


Борче, Општина Ростуше и Маврово

http://www.mand.org.mk/mk/aktivnosti.php?id=1

НЕОЛИТСКАТА НАСЕЛБА ТУМБА МАЏАРИ ВО СКОПЈЕ

http://www.tumbamadzari.org.mk/


“...Некаде во подрачјето на европските Дарданци, кои живееат зад границите на Епидамнијците, во непосредна близина на кастелот наречен Бадеријана (денешното село Бадер), беше село по име Таврисиј (денешен Таор). Тука е роден царот Јустинијан, основачот на светското царство. Опколувајќи го набрзина ова село со ѕид во форма на четириаголник и подигајќи на секој агол по една кула, создаде четирикулен кастел па така и го нарече (Тетрапиргијан). Крај него изгради убав град и го нарече Јустинијана Прима, оддолжувајќи се на тој начин на својата родителка...”


http://www.taurisium.com/


Завод и музеј Битола

http://www.muzejbt.org.mk/
 
E

emission

Гостин
Дали веб страната на Музеј на Македонија е хакната или има поставено погрешни веб админии?? http://www.musmk.org.mk/
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.590
Бидејќи немаме посебна тема само за наши, македонски книжевни и други видови изданија за нашата историја и култура, а и во насловот на оваа тема се содржи зборот "ЗБИРКИ", решив овде да постирам нешто многу важно.

Значи имам чест да ви претставам едно извонредно значајно книжевно издание-збирка на досега најстарите познати ракописи и преписи на Глаголица и Кирилица што потекнуваат од Македонија, претставени во хронолошки редослед.
Книгава беше издадена во 2008 година, што беше прогласена за "Година на МАКЕДОНСКИОТ Јазик", и секако има и МАКЕДОНСКО издание. Би било убаво секој да ја има дома. Јас успеав да се доберам до Англиското издание што е подготвено за афирмација надвор од Македонија, и ви го скенирав целото.
Читајте, симнувајте го, образувајте се и ширете го по нетов.

Интересно е да се види колку многу пишан материјал е изнесен од Македонија и сега се наоѓа во збирките и депоата на Бугарија, Србија, Хрватска, Русија, итн.
За жал можеме само да претпоставиме колку од тоа наше, македонско пишано наследство е уништено и украдено без трага и глас...

MACEDONIAN GLAGOLITIC AND CYRILLIC MANUSCRIPTS
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.831
Поени од реакции
948
Arheoloska godisna izlozba 2010

Време - сабота, 25 декември 13:00 - 16:00
Локација - Muzej na Makedonija
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.413
Ти благодарам Архи,

ги повикувам сите кои се во можност да ја посетат оваа изложба и доколку е возможно да направат некои интересни слики кои ќе ги споделиме овде на темава.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.831
Поени од реакции
948
Од неодамна на филозофскиот факултет се отвори мал музеј, во кој се изложени археолшки предмети, влезот е мислам бесплатен, па кој може нека повели да ја разгледа поставката.






 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.810
Поени од реакции
5.474
Од неодамна на филозофскиот факултет се отвори мал музеј, во кој се изложени археолшки предмети, влезот е мислам бесплатен, па кој може нека повели да ја разгледа поставката.






Лелееее колку сум ги чистел витринитеее :pos:
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.590
Римската монетарница во Стоби



Во Музеј на Македонија утре,на 2 март во 12 часот ќе биде отворена изложбата насловена MUNICIPIVM STOBENSIVM – Римската монетарница во Стоби.

Со оваа изложба пред македонската јавност за прв пат ќе бидат презентирани оригинални монети од времето на единаесет римски императори.

На изложбата ке бидат презентирани 176 монети исковани во периодот од 73 г.н.е., кога монетарницата започнала со своите активности, до 217 г.н.е., кога нејзината активност во потполност замрела. Се работи за бронзени монети за локална употреба.

Автор на концепцијата за изложбата и на текстот за каталогот е м-р Перо Јосифовски, нумизматичар.

Изложбата ќе ја отвори Академик Вера Битракова Грозданова./Л.Ј.Х


01.03.2011, 11:15

ИЗВОР
 
На врв Bottom