Dback, сега почна да ги објаснуваш личните ставови на други луѓе. Башка погоре самиот Ајнштајн кажал дека не се смета себеси за атеист. Од кај извлече ти дека е атеист човекот, после таква мисла?
Јас не се осудувам било кој човек да го ставам под било која капа. Само цитирав нечија мисла. Нема потреба за панична реакција. И после христијаните биле ограничени. Или пардон, теистите беа вкупно?
На крај краева зошто ме цитираш, што ти забоде во очи? Па болд, големи букви, ау ау.
Абе, важно е да нема забуни, нели.
Темава има прилично наивен наслов: Верувате ли во Господ?
Што е Господ? кој е тој Господ?
Да ме прашаш мене, јас би рекол дека авторот мислел на христијанскиот Бог, пошто тие го викаат
Господ.
од друга страна, некој овде се обиде да го амортизира ставот на Ајнштајн во поглед на јудео-христијанскиот бог - Јахве.
За тој негов став мислам дека нема муабет - ВООПШТО (извини за големите букви)
Е, сега, ако ти под капата на Господ ги ставаш и земјотресите и креативната визуелизација и постоењето на „сила“ која е панрелигиска и слично, јас се осетив повикан да реагирам поради тоа што последниве
не се квалитети екслкузивни на Јахве.
Те цитирав поради тоа што ми пречи кога некој се обидува (посредно или непосредно) да присвои (теизира) лик кој мене лично ми значи (Ајнштајн). Имам доста читано за и од човекот и сметам дека е крајно педерски некој него да го прави религиозен кога е повеќе од јасно дека од својата 15-та година
не бил.
Едно е каква била перцепцијата за религиите пред 50 години, а сосем друго е каква е таа денес. Јас верувам дека на прашањето „Дали веруваш дека постои Бог каков што го опишуваат религиите?“ Ајнштајн би одговорил „НЕ.“
Тоа, Рокенрола, според денешната перцепција за Теизам-Атеизам, Ајнштајн би го ставила во оние вторите.
Се надевам дека ме разбираш.