Верувам во...

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Твојот проблем се догмите во монотеистичките религии и се фаќаш за нив како слеп за стап. Ја правиш истата грешка на верниците ..ги толкуваш буквално...и резултат на тоа е: нема езотерија таму...ШТО НЕ Е ТОЧНО!!!
Значи се разбравме..истото и ти го кажуваш....се слагам дека езотеријата не е за сите.
Јас не толкувам, читам како што пишува, верниците тврдат дека треба толкување. Кога ќе прашам зошто баш нивното толкување е точно а на сите други погрешно, одговор нема. Ако веќе некој користи света книга или религија како репер да суди што е морално, што не, што е прифатливо, што не, тогаш треба да може да образложи зошто неговото толкување е апсолутна вистина а на сите други ерес или богохулие. Неможе да зборуваме за езотерија таму каде религијата се користи како модел како треба сите да живеат, тоа е догма.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
Ипси психоанализата ти е 50% точна, сеирџија и глуп ДА, а да сакав интересен и фраер ќе се понашав како Џонтра. .
Преведи Џонтра...потоа можеш да ме цитираш... :P

Со љубофф
Автоматски споено мислење:

Јас не толкувам, читам како што пишува, верниците тврдат дека треба толкување. Кога ќе прашам зошто баш нивното толкување е точно а на сите други погрешно, одговор нема. Ако веќе некој користи света книга или религија како репер да суди што е морално, што не, што е прифатливо, што не, тогаш треба да може да образложи зошто неговото толкување е апсолутна вистина а на сите други ерес или богохулие. Неможе да зборуваме за езотерија таму каде религијата се користи како модел како треба сите да живеат, тоа е догма.
Еве ќе ти укажам на грешките.....според болдираново

1. Истата грешка ја правиш на верниците...требе правилно да толкуваш!!!

2. Затоа што во тоа се пронашол таму себе си. Сите други толкувања според него се ерес, затоа што неговиот пат за него е правилен,... исто како што за тебе твојот пат е правилен а сфе друго е ерес. Тој образложува ама Ти не го сматраш за точно неговото, како што Тој не го сматра твоето за точно..

3. На крај,... твојата последна реченица...се слагаме...дека има шеријат нема езотерија..
мада во муслиманската религија знаеш добро дека постојат суфите, и дервиши како мене. кои ја знаат Вистината...
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Преведи Џонтра...потоа можеш да ме цитираш... :P

Со љубофф
Автоматски споено мислење:



Еве ќе ти укажам на грешките.....според болдираново

1. Истата грешка ја правиш на верниците...требе правилно да толкуваш!!!

2. Затоа што во тоа се пронашол таму себе си. Сите други толкувања според него се ерес, затоа што неговиот пат за него е правилен,... исто како што за тебе твојот пат е правилен а сфе друго е ерес. Тој образложува ама Ти не го сматраш за точно неговото, како што Тој не го сматра твоето за точно..

3. На крај,... твојата последна реченица...се слагаме...дека има шеријат нема езотерија..
мада во муслиманската религија знаеш добро дека постојат суфите, и дервиши како мене. кои ја знаат Вистината...
1. Како се толкува правилно? Објасни.
2. Како може да се пронајдеш себе си со тоа што ќе прогласуваш нечиј начин на живот за одвратен, неморален и слично? Може да се пронајдеш себе си за нешта кои се однесуваат на себе, кога духовноста ја асоцираш со осуда на морал, етика и слично што се разликуваат од твоите, тогаш тоа нема врска со пронаоѓање на себе си.
3. Суфизмот е дел од езотериските пракси, присутен е и практикуван и кај Телемата.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
1. Како се толкува правилно? Објасни.
2. Како може да се пронајдеш себе си со тоа што ќе прогласуваш нечиј начин на живот за одвратен, неморален и слично? Може да се пронајдеш себе си за нешта кои се однесуваат на себе, кога духовноста ја асоцираш со осуда на морал, етика и слично што се разликуваат од твоите, тогаш тоа нема врска со пронаоѓање на себе си.
3. Суфизмот е дел од езотериските пракси, присутен е и практикуван и кај Телемата.
1. Е јеби га...требе да ги знаеш тајните...

2. Тука е обратно од тоа што тврдиш Ти....Тој (верникот) прво се пронашол во тоа а потоа го брани своето, откако ќе го нападнеш дека неговото не е точно.Твоето тврдење е резултат на напад на патот по кој оди. Инстиктивен центар кај човекот, мора да се брани од напади.
Морал, етика и други срања зависат од тоа на кој континент си....мада имаш и некои точки кои се заеднички за сите...

3. Талемата што е?...дај договорете се...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1. Е јеби га...требе да ги знаеш тајните...

2. Тука е обратно од тоа што тврдиш Ти....Тој (верникот) прво се пронашол во тоа а потоа го брани своето, откако ќе го нападнеш дека неговото не е точно.Твоето тврдење е резултат на напад на патот по кој оди. Инстиктивен центар кај човекот, мора да се брани од напади.
Морал, етика и други срања зависат од тоа на кој континент си....мада имаш и некои точки кои се заеднички за сите...

3. Талемата што е?...дај договорете се...
1.Епа ете тоа е тоа што го зборам - Не сум толкувал правилно, прашувам како се толкува правилно и добивам одговор - Јеби га...

2. Ама како може да браниш свое со тоа што ќе тврдиш дека хомосексуалците се одвратни, паганите се забегани, окултистите зли....дека девојките што имаат секс вон брак се курви и слично? Како тоа е ,,бранење на своето"?

3. Телемата е езотериски систем што вклучува симболика, теорија и пракса. Дел од таа пракса и теорија се кабалата, суфизмот, дивинацијата, јогата.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
1.Епа ете тоа е тоа што го зборам - Не сум толкувал правилно, прашувам како се толкува правилно и добивам одговор - Јеби га...

2. Ама како може да браниш свое со тоа што ќе тврдиш дека хомосексуалците се одвратни, паганите се забегани, окултистите зли....дека девојките што имаат секс вон брак се курви и слично? Како тоа е ,,бранење на своето"?

3. Телемата е езотериски систем што вклучува симболика, теорија и пракса. Дел од таа пракса се кабалата, суфизмот, дивинацијата, јогата.
1. Го добиваш одговорот кои вие...телемите најчесто го давате..

2. Еве ќе ти одговорам...и порано ти бев одговорил, само си заспан....геовите и лезбосо се контрадикторни на монотеистичките религии затоа што не го задоволуваат законот за 3 ......нема напредок...нема еволуција...сфе умира со нив...не можат да имат деца...тапкање у место...статус скво..ќе изумре човештвото со нив на планетата....а тоа е против Бога..

3.Каша....и со неа и колачиња од тревки...да не се само течности...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.236
Поени од реакции
12.228
Добиваме вакви одговори бидејќи не може да толкуваш за друг света книга, како што се оправдуваат свештениците на твоето христијанство повикувајќи се на „светите отци“. И @alf напна со таа идеја, да ни покаже „колку ги разбира стварите“, колку е „нападнат од светиот дух“ - не оди така.

Ние велиме секој сам за себе да си толкува и со тоа разбирање - повели, дејствувај. Види до кај ти е чергата со сето тоа...
Ако не оди, промени... надмини!

Се започнува со верување... исто како учењето азбука, пристапуваш со верување, доверба, да ја научиш... а за понатаму - од тебе зависи!

Во однос на тоа зошто не расправаме за работите како што прават обичните верници на старите религии:

Ние, Телемитите (што сме на форумов) сме иницирани во
О.Т.О. што е иницијаторски Ред со свои тајни учења. Тоа е различно од тоа да си верник во христијанството или исламот... многу различно! И не може да ги расправаме јавно учењата и праксите што доаѓаат од Редот... тоа треба да е јасно.
И не постои начин да бидат кажани јавно...
Религиите на стариот еон се егзотерија...

За
„Книгата на Законот“ како света книга убаво стои „да не ја толкуваме на други“... тоа е грешката на стариот еон.
Додека има и Телемити кои се препознале во Законот на Телема и не се иницирани. Дури и тие не расправаат и не толкуваат за друг што е и како е со Книгата на Законот. Бидејќи тоа е лудост, а полуд би бил оној што би ги слушал во нивното зборување! :)
И тоа не доаѓа од О.Т.О. како таен иницијаторски Ред... да биде појасно.

Не може да поврзуваш верник од старите религии, со иницијанти во тајните мистерии на човештвото. Има разлика... и во минатото и сега, а и мислам дека ќе има во иднина - бидејќи различен е внатрешниот живот што се живее...

П.С. Под овие за 2. што се заморуваш со геј популацијата: можеби нивната самсара завршува на Земјата, ослободени од Maya! Можени нивниот пат низ бесконечното инкарнирање на Земјата е завршена работа - или она македонското мора да важи: крвта за фалус не ти ја бидува, низ минатото само безделници изродени, ама мора да продолжи раѓањето, семката да опстане!? Од такви семки страда човештвото, проклети да бидат во нивната бездушност и неразбирање!
Има мудрост и има „мудрост“ - оставете ги луѓето да се љубат како сакаат и со кој сакаат, тоа е нивна карма, не ваша судница! :)
 
Последно уредено:

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
Ха ха ха..немој мени молим те..

1. Исто и моите толкувања не се за сите...поготово не за вас..

2. Замисли до кај може да стигне простото сфаќање на езотеријата...дека ако станеш ѓеј постигнуваш нирвана... :pos: :pos: :pos:

3. Хепта дај молим те не ме дркај...мислев дека си по интелигентен...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.236
Поени од реакции
12.228
Ха ха ха..немој мени молим те..

1. Исто и моите толкувања не се за сите...поготово не за вас..

2. Замисли до кај може да стигне простото сфаќање на езотеријата...дека ако станеш ѓеј постигнуваш нирвана... :pos: :pos: :pos:

3. Хепта дај молим те не ме дркај...мислев дека си по интелигентен...
Ова се глупости пишување бидејќи не знаеш што да кажеш.

Па не се де твоите толкувања за другите. Не за сите, за никој не се - тоа е твоја ствар, твое разбирање... тоа не те прави над другите... не ни е битно како ти ги толкуваш ТВОИТЕ свети книги и како во пракса тоа го применуваш. Резултатите се битни во однос на себе си и другите!
Си го читал есејот
„За должноста“?
Дејствувај според сето тоа - и така ќе „толкуваш“ и за другите.

Секој со своите верувања... реков погоре, но нема кој да чита битно е да се ставаат смајлиња како „потврда на тоа колку смешно и мудро нешто си кажал“.

Ние велиме секој сам за себе да си толкува и со тоа разбирање - повели, дејствувај. Види до кај ти е чергата со сето тоа...
Ако не оди, промени... надмини!

Јас мислев дека си научил да разговараш покултурно и подобро, бидејќи доволно наполни години, но по се изгледа простoтилукот не може да се разбие, не пак нешто друго...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1. Го добиваш одговорот кои вие...телемите најчесто го давате..

2. Еве ќе ти одговорам...и порано ти бев одговорил, само си заспан....геовите и лезбосо се контрадикторни на монотеистичките религии затоа што не го задоволуваат законот за 3 ......нема напредок...нема еволуција...сфе умира со нив...не можат да имат деца...тапкање у место...статус скво..ќе изумре човештвото со нив на планетата....а тоа е против Бога..

3.Каша....и со неа и колачиња од тревки...да не се само течности...
1. Никогаш не сме давале такви одговори. Ако нешто сметам дека треба да важи за сите подеднакво, образложувам зошто сметам дека е така.

2. Тогаш и монаштвото според твојата логика не го исполнува тој закон. Како монах или монахиња ќе имаат деца?

3. Еве ја кашата, некој гледа Т, Некој Н.... Но само тој што Знае, свесен е дека и Т и Н и М се всушност едно исто:
FB_IMG_1610981475463.jpg
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
1. Никогаш не сме давале такви одговори. Ако нешто сметам дека треба да важи за сите подеднакво, образложувам зошто сметам дека е така.

2. Тогаш и монаштвото според твојата логика не го исполнува тој закон. Како монах или монахиња ќе имаат деца?

3. Еве ја кашата, некој гледа Т, Некој Н.... Но само тој што Знае, свесен е дека и Т и Н и М се всушност едно исто:
Прегледај го приврзокот 281345
1. Не е точно...не давате одговор под изговор...“не е за сите“...

2. На друг начин ја користат сексуалната енергија...за разлика од геовите...

3. Многу важно..сега погледни обратно....крени од зидот до центарот..... дали ќе кренеш од Н или Т или М..целта е иста...патиштата се различни целта е иста... различни религии имаат различни патишта а целта е иста...доаѓаш на мојто...
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1. Не е точно...не давате одговор под изговор...“не е за сите“...
Па ти самиот се сложи дека не е за сите:
Значи се разбравме..истото и ти го кажуваш....се слагам дека езотеријата не е за сите.
Јас убаво кажав, се што сметам дека треба да важи за сите подеднакво, образложувам зошто. Тоа што сметам дека не е за сите, треба секој сам да го достигне и разбере.

2. Твојот аргумент беше дека не можеле да се репродуцираат и со тоа не го исполнувале ,,законот за 3" а не дали и како ја користеле сексуалната енергија.

3. Тоа што е многу важно е дека човек што верува дека мора да постои еден морал, една симболика, еден начин на живот за сите, не може да се пронајде во ова, не може да го сфати, не може да разбере... ни однапред, ни одназад.
 
Последно уредено:

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
Па ти самиот се сложи дека не е за сите:

Јас убаво кажав, се што сметам дека треба да важи за сите подеднакво, образложувам зошто. Тоа што сметам дека не е за сите, треба секој сам да го достигне и разбере.

2. Твојот аргумент беше дека не можеле да се репродуцираат и со тоа не го исполнувале ,,законот за 3" а не дали и како ја користеле сексуалната енергија.

3. Тоа што е многу важно е дека човек што верува дека мора да постои еден морал, една симболика, еден начин на живот за сите, не може да се пронајде во ова, не може да го сфати, не може да разбере... ни однапред, ни одназад.
!. Ти реков...се слагам...а тоа и јас го практикувам...

2. Тука само да бидам појасен....тие мислат дека на тој начин, со апстиненција побрзо ќе постигнат просветлување, и ќе им заврши циклусот....даваат жртва за послигнување на повисока цел....нема врска со ѓеовите...не дека ги оправдувам..сами си го бираат патот..

3. ок си е....и овде прекинувам....
 
H

Hyperion VI

Гостин
Не, сериозно.

Ти кажуваат аргументи и факти, ти само дробиш. Јас такво искомплексирано и исфрустрирано човече во животот немам видено. Апсолутно си неспособен за било каква дискусија, неписмен си и вулгарен.

Да сум на твое место, би се обесил на првата бандера. Сериозно.
Различни луѓе се, не е Хиперион - Ставрогин, ги знам и двајцата, грешка си.
@Ne-misli Дефинитивно не сум тој,само прифатив дека така ме завика,,„Ставрос" и не ми е проблем како сакаш викај ме :)
Башка,колку и да сум вреѓал луѓе во животот немам,проектирано на никого суицидална наредба или мисла,за разлика од типацот што ти пишал.
,@Ipsissimus ,фала за исправката.
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
дека девојките што имаат секс вон брак се курви и слично?
А кој е вашиот став за бракот? Дали е тоа вештачко партнерство бидејќи човекот не е моногамно суштевство, па е сосема нормално да бараме други сексуални партнери?
Зошто воопшто би бил некој во брак?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom