- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.363
- Поени од реакции
- 84.590
Сабота, 20 Октомври 2012 09:14
Непознати сторители повторно ја ограбија црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар.
Кражбата ја забележал Никола Андоновски, член на Црковниот одбор, кој живее во близина, кога дошол да ја отвори црквата и да го запали кандилото.
Истата црква беше ограбена пред четириесеттина дена, кога крадците земаа 15 големи и осум помали, сите, вредни икони, плаштеница стара 200-300 години, девет илјади денари пари, кои верниците ги оставиле за здравје и од купени свеќи, како и други предмети. Ова кривично дело сеуште не е расветлено. Во тек е увид од страна на екипа на Полициската станица од Дебар.