Продолжува убивањето на христијаните
Салафистите и „Муслиманското братство“ во Египет со вперени пиштоли во глава ги спречуваа христијаните да гласаат на изборите. Саудиска Арабија официјално ги забрани сите религии освен исламот. Само во јуни во Нигерија се запалени повеќе од 40 христијански села и егзекутирани се повеќе од 800 христијани. Во Иран повеќе десетици христијани сеуште се во затвор само поради нивната вера. Gatestone Institute води детална месечна евиденција за насилствата врз христијаните.
Во Сирија досега повеќе од 100.000 христијани се протерани од нивните огништа во најновиот христијански егзодус на Блискиот Исток. Земјите каде што чекорел Исус Христос и апостолите забрзано се празни од христијаните. Денес христијаните се убиваат и протеруваат од Сирија, а претходите децении тоа се случи во Либан, Ирак, Јордан, Турција, Ерменија и на други места.
Крвавиот џихад е постојано со христијаните од Нигерија, а таму стотици христијани беа убиени само оваа година. Тие сега планираат да ја трујат храната на христијаните како дел од целта на Боко Харам да се исчисти Нигерија од христијани.
За време на претседателските избори во Египет, Ал Ахрам извести дека „Муслиманското Братство блокирало цели улици, спречувајќи ги коптските христијани да гласаат, држејќи ги на нишан и заканувајќи им се на христијанските семејства да не ги пуштаат своите деца на гласање“ во корист на секуларниот кандидат.
А во меѓувреме, под водство на претседателот Обама, Стејт департментот во САД ги избриша деловите од Извештајот за човекови права каде што се зборува за религиозните прогонства. Администрацијата на Обама инсистира дека кризата во Нигерија нема врска со религијата иако Обама го поддржа претседателот на Муслиманското Братство од Египет среде обвиненијата за измами во изборите.
Категоризирани се според тематиката, ова се дел од прогонствата на христијаните низ целиот свет коишто се случиле во јуни, подредени под азбучен ред, не според сериозноста на нападот.
Напади на цркви
Египет: Во една преполна коптска црква, муслиманите за време на литургијата „барале коптите да заминат од црквата пред да завршат молитвите, заканувајќи им се дека ќе ја запалат црквата доколку не им ги исполнат барањата“. Свештеникот контактирал со полицијата и побарал помош, но му рекле да ги исполни барањата на муслиманите „и да не дозволува автобусите да носат христијани во црквата“. Посетителите заминале среде молитва, а надвор биле пречекани со гласни извици. Додека заминувале, муслиманите фрлале камења по нивните автобуси. Исто така, не било дозволено реновирање на коптската црква којашто била оштетена од бунтовничките муслимани претходната година, па христијаните ќе мора сами да се снајдат во поправките.
Индонезија: Група од 300 муслимани уништиле продавница којашто се користела за неделни молитви, под оправдување дека немаат „дозвола за одржување миса“. Толпата го уништила првиот кат на продавницата, кршејќи ги прозорите и оштетувајќи го мебелот. Полицијата ја сопрела толпата пред да стигне до третиот кат, каде што имало околу 60 христијани. Дванаесет од нив биле приведени на испрашување, а ниеден муслиман не бил уапсен.
Во еден друг инцидент, властите по наредбата од исламските клерици наредила да се срушат 20 цркви, откако претходниот месец 16 помали црквички биле затворени во истата област. Конгрегацијата продолжила да одржува состаноци во затворени објекти, а неколку нивни членови чувале стража надвор.
Иран: Властите наредиле да се затвори уште една црква во главниот град Техеран „среде владината кампања да се затворат црквите во коишто се зборува на јазикот фарси“, вели една група за борба за човековите права. Во црквата доаѓале христијани од асириско потекло. Но „поради зголемениот број на верници коишто го зборуваат јазикот фарси, повеќето од кои се следбеници на Муслиманското Братство, црквата станала проблематично прашање за власта и решиле таа да се затвори“.
Кашмир: Една црква стара 119 години била запалена од страна на муслиманите. Локалниот бискуп „вели дека муслиманските фундаменталисти сакаат христијаните да заминат од државата. Тој вели дека црквата поднела барање во полицијата, но биле замолени да не прават ’такви игри’“. Христијанските малцинства „се под постојана закана од муслиманското мнозинство во Кашмир. Една христијанска група за човекови права од Индија вели дека тоа резултирало со преселба на 400 христијани“.
Казахстан: Се преиспитуваат правата за градба „за да се спречат религиозните малцинства и нивните членови да ја искористат слободата за избор на религија и вера“. Властите неодамна „присилиле една методистичка црква да се затвори ’доброволно’, а ја казниле жената на христијанскиот пастор, којшто објавил оглас во локалниот весник. Таму се велело дека црквата „самата одлучи да се затвори“ затоа што „не сакаме повеќе казни од власта“.
Нигерија: Исламистичките милитанти напаѓале неколку цркви со бомби и пушки секоја недела, убивале десетици христијански следбеници, а критично раниле стотици, вклучувајќи и многу деца. Расте бројот на христијани коишто „не се осмелуваат“ да одат во црква, а извештајот вели дека полицијата намерно не е на свое место пред да се случат нападите.
Судан: Властите срушиле две цркви до темел, а конфискувале три католички училишта како одговор на повлекувањето на Јужен Судан во јули 2011 година. Властите рекле дека таквите згради поврзани со христијаните од Јужен Судан не се добредојдени во една исламистичка земја. Друга црква била уништена во истата област два месеци претходно, со тврдење дека истата припаѓа на Јужен Судан.
Туркменистан: Една евангелистичка црква во оваа земја со муслиманско мнозинство била нападната од властите. „Сите возрасни верници на состанокот биле испрашувани во врска со нивната вера, а целата христијанска литература била конфискувана“. Истата им била вратена по две недели.
Одметништво, богохулство, прозелитизам
Египет: Еден студент христијанин којшто делел христијанска литература во универзитетот во Асуит „ги вознемирил муслиманските студенти“. Ова резултирало со судири на универзитетот, а имало и многу повредени „за време на извикувањата“. Еден салафистички водич на египетската телевизија рекол дека муслиманите немаат право „да се преобратат во христијанство“.
Иран: Пет месеци откако пет муслимани што се преобратиле во христијанство била уапсени, нивната состојба и судбина не се познати. Обвинети се за „присуствување на молитви во приватен дом, промовирање на христијанството, протестирајќи против режимот и дестабилизирање на националната безбедност“. Тие се затворени 130 дена и не се знае ништо за нив „а тоа е очигледен пример за физичка и ментална злоупотреба на затворениците. Еден од затворските чувари отворено му рекол на еден затвореник дека притисокот и несигурноста се со цел да ги натераат да избегаат од земјата откако ќе бидат ослободени“. Освен тоа, една млада жена од Иран, којашто неодамна се преобратила во христијанство и работела како активист против исламскиот режим, била пронајдена мртва врз воланот на нејзината кола со една прострелна рана во главата.
Пакистан: Една забранета исламистичка група поднела обвинение за богохулство против 25-годишен христијанин, којшто подоцна бил прогласен за ментално ретардиран. Муслиманите го преобратиле во ислам две години подоцна, за да го натераат и неговото село да го направи истото. Еден сведок вели: „Муслиманите не ни даваат да живееме. Сиромашни сме, но многу работиме за да преживееме. Ноќта на инцидентот група муслимански клерици се собраа околу нашата колонија за да не запалат поради богохулството што го направил Рамазан. Сите бевме исплашени. Имаме мали деца, не знаевме што да правиме. Толпата ја опколи нашата колонија и викаа дека ќе ги запалат куќите. Носеа факели во рацете и бензин во канти. Викнавме полиција. Фала Му на Господ што стигнаа на време“.
Саудиска Арабија: 35 христијани од Етиопија коишто биле уапсени минатиот декември затоа што се молеле во приватен дом остануваат во затвор, дури и откако официјалните лица нудат контрадикторни оправдувања за нивното апсење. Христијаните од Етиопија се тепани, испрашувани и претресувани до гола кожа. Во Саудиска Арабија со закон е забранета секоја друга религија освен исламот. Во 2006 година властите им рекле на Соединетите Американски Држави дека „ќе ги заштитуваат правата на луѓето да се молат, вклучувајќи и немуслиманите, доколку се молат во своите домови“.
Судан: Една муслиманка се развела од сопругот којшто се преобратил во христијанство. Судот веднаш и го доделил старателството на нивните два сина. Кога таткото сакал да си ги посети децата, жена му се заканувала дека ќе го пријави. „Случајот може да отиде на суд, што може да доведе до смртна казна според исламскиот закон. Но подготвен сум на тоа. Сакам светот да дознае за ова. Каков криминал сум направил? Тоа што станав христијанин? Знам дека доколку светот дознае за ова, властите ќе се плашат да ми направат нешто“, вели човекот.
САД: Двајца христијани од Сент Луис, Мисури, добиле смртни закани од Револуционерната исламистичка стража на Иран затоа што се преобратиле во христијанство и вршеле проповеди. Еден од нив служел во стражата, а дури и требало да оди на самоубиствена мисија против Израел. Потоа се преобратил во христијанство и се преселил во САД. „Тие двајца веруваат дека исламот е религија којашто може да го направи секој муслиман терорист“. А во Мичиген, христијаните коишто протестирале во корист на правата за слободно изразување биле каменувани од муслимани коишто извикувале „Алаху екбер“, односно „Алах е голем“.
Дискриминација
(Општа злоупотреба, понижување и угнетување на немуслиманите како „толерирани“ граѓани)
Индонезија: „Бројот на прекршување на правата на христијаните во Индонезија достигна 40 во првите пет месеци од оваа година, а тоа е речиси две третини од вкупните прекршоци од минатат година“, вели Христијанскиот форум од Џакарта. Христијанското малцинство во Индонезија се соочило со 64 случаи на насилство поради религиозната слобода минатата година, а во 2010 година бројот на насилствата бил 47. Зголемен е и бројот на насилство над христијаните.
Мали: „Исламистите коишто имаат контрола над северен Мали ги применуваат строгите правила на Шеријатот, чијашто жртва се христијаните, жените и други ранливи групи“. Радикалистите презеле контрола над северен Мали во април оваа година откако ги избркале вооружените сили на владата. „Сите христијани заминаа од Тимбукту (главниот град на северен Мали) поради Шеријатот и присуството на луѓе поврзани со Ал-каеда“, вели еден христијански водич којшто пребегал од северен Мали.
Пакистан: Полицијата е на страна на муслиманите обвинети за претепување на бремена христијанка, што довело до абортус на нејзините близнаци, па потоа ја силувале нејзината 13-годишна внука. „Муслиманските криминалци веруваат дека полицијата и судот ќе им ги прости делата поради кои се жалат христијаните во земјава, којашто е 96 % муслиманска земја“, се вели во извештајот. Христијанското семејство „плаќа огромна цена затоа што биле сиромашни, а згора на тоа и христијани“, вели вујкото. „Што може да очекуваме од полицијата кога не ги почитуваат ни судските наредби? Ги извртуваат фактите, па дури и го обвинија 13-годишното силувано девојче дека извршила прељуба со тројца мажи“. Еден христијански политичар го помешале со муслиман поради картичката за идентификација, „па клекнат на колена морал да докажува дека е роден како христијанин, молејќи ги да не направат пропаганда од тоа за муслиманските екстремисти да не го убијат“.
Турција: Илјадници посветени муслимани се молеле пред Аја Софија, којашто порано била христијанска катедрала, а сега е музеј, извикувајќи „Алаху екбер“ и барајќи таа да се отвори како џамија во чест на џихадистичкиот султан којшто го освоил Константинопол во 15. век.
Јужна Африка: Повеќе од 70 студенти биле избркани од студентскиот дом на КЗН Ас-Салам и моментално тие се бездомници затоа што претставниците на домот сакале да ги натераат да се приклучат кон исламот, сакале да ги забранат библиите, на што студентите се противеле. „Само сакаме да имаме слобода да ја практикуваме својата религија и да не бидеме присилувани да го следиме исламот, но сега не казнуваат со тоа што ни го одземаат сместувањето“, вели еден студент.
За оваа серија
Прогонствата на христијаните од исламскиот свет достигнува максимум, ја направивме оваа листа за да се истакнат неколку, но не сите, напади коишто се случуваат секој месец. Тоа има две цели:
Да се документираат настаните на начин на којшто медиумите не можат да го направат тоа: прогонствата се по хроничен редослед.
За да се покаже дека овие прогонства не се „случајни“, туку систематски и поврзани, инспирирани од Шеријатот.
Според тоа, каква и да е целта на нападите, обично одговара на конкретна тематика којашто се темели на омраза спрема црквите и други христијански симболи; сексуална злоупотреба на христијанските жени; присилно преобратување во ислам; кражби и грабежи како финансиски придонес од немуслиманите; очекувања од христијаните да се однесуваат како граѓани од втора класа, односно како „толерирани“ граѓани; како и насилство и убиства. Некогаш се работи за комбинација од наведените работи.
Овие прогонства опфаќаат различни етнички групи, јазици и локалитети – од Мароко до Запад, од Индија до Исток, па и преку Западот каде што живеат муслимани – треба да разјасниме дека една работа ги поврзува сите прогонства: исламот. Без разлика дали станува збор за исламскиот закон Шеријат или за расистичката нација којашто се раѓа од него.
Автор: Рејмонд Ибрахим, член на Центарот за слободи Дејвид Хоровиц и член на Форумот на Средниот Исток.
http://www.raymondibrahim.com/
http://denesen.mk/web/2012/07/27/prodolzu-va-ubivanjeto-na-hristijanite/
--- надополнето: 27 јули 2012 во 14:26 ---
Велевте дека Исламот бил религија на мирот?