Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ескалираат состојбите во струшкo, запалена црквата во Лабуништа
Нов тежок инцидент се случи вечерва во струшкото село Лабуништа, каде како што информира полицијата запален е православен храм. Кон местото на настанот упатени се противпожарни екипи, како и екипи на полицијата.

Вечерашниот е еден во низата што се сличуваат во струшко по протестите на муслиманските верници во петокот против навредливите маски на вевчанскиот карневал.

Немилиот настан се случува само неколку часа по средбата на градоначалникот на Струга и престатвници на месните заедници од селата со доминантно муслиманско население во струшко, на која, како што беше информирана јавноста се дискутирало за мерките за смирување на тензиите кои нарушуваат меѓуетничките односи.

 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Najprvin go osuduvav losoto navivanje na nasite navivaci kako za vreme na kosarkarskoto taka i za vreme na evropskoto prvenstvo vo rakomet. Smetam deka takviot nacin da izrazuvanje sekogas ke nosi losi posledici po celata drzava. Ne znam sto tocno se slucuvalo vo Vevcani, no na tv zabelezav deka imase nekoi parodii i so Grcija no i so Islamot. Mnogumina politicari i odgovorni lica od strusko velat deka toa bilo tradicija i se pravelo postojano no jas ne go opravduvam toa. Najprvin site politicari treba da se ogradat i od tie losi maski, i od losoto navivanje na huliganite a potoa situacijata da im se prepusti na organite na MVR.
Isto taka zalam sto nekoi takanareceni Muslimani posegnuvaat po verskite objekti na moite ceneti sogragani Hristijanite i se nadevam deka vo islamskata zaednica ima vistinski vernici koi ke gi upatat muslimanite da ne nasednuvaat na vakvi provokacii koi najverojatno se organizirani od nekoi mali marginalizirani grupi.
Jas kako pripadnik na islamskata religija se sramam od onie koi posegnuvaat po verskite objekti na pripadnicite na bilo koja vera a posebno na Hristijanite zatoa sto so niv sum tuka vo Makedonija i so niv sakam da ziveam i da go delam i dobroto i zloto. Sakam ovie raboti ednas zasekogas da prestanat a verata da se trgne nastrana od politikata. Megutoa na site hristijani gi zamoluvam da se potrudat da go svatat nacinot na koj muslimanite si ja pocituvaat verata i da ne dozvolat nekoj od nivna strana da gi navreduva nasite cuvstva kako vernici.
Mozebi za nekoi od vas e smesno sto muslimanite taka reagiraat na ova sto se desi vo Vevcani, no veruvajte deka za muslimanite tie raboti se sveti i sekoj treba da gi pocituva. Jas kako musliman nikogas ne sum napravil nisto za da ismejuvam bilo kogo od hristijanskata religija, zatoa sto i za mene kako i za site vas i Isus i Mojsie i mnogu od bozjite pratenici se sveti i duri mi e nesvatlivo kako nikoj od hristijanite ne reagira koga se ismejuvaat svetci, crkvata pa duri i samiot Isus.
Pisuvam zatoa sto sakam site onie koi se so malku povisoka svest a koi verata si ja cuvaat samo za sebe, da gi osudat ovie nastani vo Strusko nastrana i da soberat sila da prodolzat da ziveat edni pokraj drugi. Uste ednas vo ime na site vistinski muslimanski vernici, vi se izvinuvam za toa sto nekoi luge koi se deklariraat kako pripadnici na mojata religija posegnaa po svetite nesta na Hristijanite vo Strusko i posakuvam gospod da e so site vas.
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 23:21 ---
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 23:24 ---
Komentar na H&R> Da taka e vo vrska so karnevalot ama treba da znaes deka koga pravis nesto za koe znaes deka ke navredi nekogo treba i da ocekuvas reakcija od negova strana. Za zal reakcijata dovede do ova a luge so malku vo glavata ima i kaj muslimanite i kaj hristijanite. Iako se nadevam deka se ke se zavrsi so dobro, sepak znam deka sega ke sleduva palenje na nekoja dzamija vo makedonskite gradovi. Ova e nasata makedonska prikazna a Bog koj e eden i od nas bara samo dobri dela, ke ne kazni site do eden za ovie gluposti. Najdete sili da gi poucite vasite najbliski da ne nasednat na ovie gluposti i ne sudete ako ne sakate da vi bide sudeno. Jas sum uveren deka nitu tie koi go ismevaa Islamot na karnevalot, se na patot koj im go trasirase Isus, niti pak ovie koi palat crkvi se na patot na koj gi uci Islamot. Ova ludilo nema vrska so religijata i zatoa nemojte da gi generalizirate rabotite
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Погрдни графити испишани на Исак џамија во Битола



Погрдни графити кои поттикнуваат верска нетрпеливост денеска осамнаа на Исак џамија во централното градско подрачје на Битола.


Со оглед на тоа што џамијата се наоѓа на мошне фреквентно место, во самиот центар на градот, се претпоставува дека графитите засега непознатите сторители ги испишале за време на ноќните часови со цел да не бидат забележани.
Графитите се испишани со црвен спреј и на ѕидот и на влезната врата од џамијата. Од битолското муфтиство не сакаа да го коментираат случајот.
Битолчани се згрозени од ваквиот чин и велат дека сега сите треба да ја задржат смиреноста и да ја покажат толеранцијата по која Битола е позната со векови наназад. Тука од секогаш имало добар соживот меѓу христијаните и муслиманите и не треба ситни провокации да ја нарушуваат довербата и да шират нетрпеливост
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Навредливи пораки и во Битола

Во речиси исто време кога беше опожарена црквата „Св. Никола“ во Лабуништа, засега непознати сторители испишале графити со навредлива содржина на ѕидовите и на вратата на „Исак-џамијата“ во центарот на Битола



Пароли „Смрт за Албанците“ и крстови се испишани со црвен спреј на ѕидот од „Исак-џамија“ во центарот на Битола. Погрдните графити со видливи граматички грешки се испишани со мешано писмо од печатни и латинични букви.

Битолскиот муфтија Плуми Велиу вели дека не е првпат во Битола да се појават навредливи графити на џамиите.

- И во пријавата до СВР-Битола напишавме дека во 2011 година имаше триесетина вакви случаи, од кои ниту еден не е решен. Ова воопшто не нé чуди. Очекуваме и во иднина да се случуваат вакви работи. Како и сите, така и ИВЗ води своја политика, но нашата никогаш не била со ниски удари под појасот - вели Велиу.

Препирките за тоа кој прв ги почна инцидентите во Струга продолжија и вчера.

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта изјави дека градоначалникот на општината Вевчани, Перо Илиески, не требало да дозволи да се одржи карневал на кој ќе бидат повредени верските и националните чувства на граѓаните.

- Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Турци и други националности. Сите тие имаат различна вероисповед, а мнозинството се христијани и муслимани. Тоа што се случуваше во Струга е нормална реакција. Палењето цркви не е добро - изјави Бејта.

Тој не верува дека пожарот во црквата „Св. Никола“ бил подметнат од верници од исламска вероисповед. Напротив, вели Бејта, тие биле први што помогнале во гаснењето на пожарот.

Партиите од власта вчера излегоа со заедничко соопштение, во кое ги осудија настаните и се оградија од случувањата.

- Последните настани покажуваат дека меѓуетничките односи во земјата се кревки и дека на нив треба да се работи - вели Артан Груби од ДУИ.

Зиадин Села од ДПА е убеден дека власта создава меѓуетнички тензии што се многу опасни за да го покрие неуспехот што ќе го доживее на самитот во Чикаго.|
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
ДАВУТОГЛУ ВО БЕЛГРАД РАЗГОВАРАШЕ СО ПОПОСКИ ВО ВРСКА СО ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУГА
Давутоглу во Белград разговараше со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во врска со инцидентот за време на Вевчанскиот карневал во Струга.



Турција не остана нема по вестите во врска со инцидентот за време на Вевчанскиот карневал во Македонија ,со исмејување и понижување на муслиманите.
Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу во врска со случајот за време на Вевчанскиот карневал во Струга, во Белград разговараше со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
Притоа Давутоглу му рече на својот македонски колега официјалните органи на Македонија веднаш да интервенираат во врска со случајот.
Министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу во рамките на своите билатерални средби во Белград оствари средба и со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски при што го постави на дневен ред инцидентот за време на Вевчанскиот карневал, со исмејување и понижување на муслиманите.
Давутоглу рече: „Ние секогаш ја почитуваме слободата на изразување, меѓутоа независно од тоа во врска со која религија станува збор секогаш треба да се внимава на изразите кои што се користат и на начинот на изразување. Постоењето на муслиманската религија и на сите останати религии во Македонија и придава богатство на оваа земја."
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски истакна дека надлежните органи внимателно го разгледуваат случајот и рече дека владата работи за живот на сите религии во Република Македонија во мир

Posted 01.02.2012 08:38:54 UTChttp://www.trtmacedonian.com/trtworld/mk/newsDetail.aspx?HaberKodu=f3c88ea8-5991-4f36-846c-7e2fae2608ed
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.164
Поени од реакции
83.965
Графит со содржина „Смрт за каури“, полов орган и прешкртан крст утрово биле испишани на фасадата на цркавата во Сингелиќ.
Засега непознати лица навредливите содржини ги испишале на фасадата од помошната просторија за крштевање.
Извршен е полициски увид и се трага по сторителите на ова кривично дело.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
melburn. vlegol vo boznjacka dzamija i go iskinal kuranot.Понеделник, 06 Февруари 2012www.islamski-centar.org
Засега, непознат маж, упаднал завчера во бошњачката џамија во Мелбурн Австралија и го искинал Куранот, фрлајќи ги при тоа искинатите страни во тоалетот, јавуваат авсралиските медиуми.

Станал агресивен
Сигурносните камери снимиле маж кој, откако влегол во џамијата, тргнал кон кујната, каде што храна подготвувала една постара жената, која во тој момент била сама во џамијата.

- Кога дојде до кујнскиот шанк, кој, за среќа, имаше решетки, бараше да го види имамот на џамијата. Откако на неговото барање не беше удоволено, стана агресивен. Беснееше низ џамијата земајќи еден по еден Куран од полицата и ги кинеше. После тоа отиде во тоалетот и фрли неколку страници во тоалетот – раскажува готвачката.
Портпаролот на џамијата во Мелбурн Махир Пашевиќ за австралиската телевизија "9 news" изјави дека сквернавењето на светата книга Куранот се смета за навреда за секој муслиман.
Полициска истрага
Пашевиќ вели дека е убеден дека овој напад е дело на пореметена идивидуа и дека зад него не стои никаква расистичка група.
- Ги повикувам сите припадници на Исламската заедница во Австралија да ја задржат смиреноста и да почекаат полицијата да ја спроведе истрагата – додал Пашевиќ.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.​
“Паралелен парламент во швајцарија“​
Умма парламент ќе треба да се вика парламентот кој го припремаат две покровителни организации на 400те илјади муслимани (претежно сунити) кои живеат во швајцарија. Овој парламент - кој би требал до 2013 да ги добие своите контури - ќе се залага за остварување на политичките права и цели на оваа верска организација.​
п.с. Чудо што во македонија веќе (официјално) нема ваков парламент? o_O
Дали би можело - по мирен пат - во охридскиот договор да се допише вакво барање ?​
Тогаш илегалните трговци со девизи - на пример пред шарена џамија во тетово - не би морале повеќе во ниеден случај да плаќаат данок на државата. Или?​
.​
.​
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
На денешен ден:

1633 Римокатоличката инквизиција во Рим го уапси италијанскиот астроном Галилео Галилеј затоа што ја докажа предноста на Коперниковиот хелиоцентричен систем над птоломејскиот геоцентричен систем. Судот на инквизицијата, со закана за смрт, го принуди тоа учење да го прогласи за заблуда.

Колку да се потсетиме...
 
G

galaxy

Гостин
На денешен ден:

1633 Римокатоличката инквизиција во Рим го уапси италијанскиот астроном Галилео Галилеј затоа што ја докажа предноста на Коперниковиот хелиоцентричен систем над птоломејскиот геоцентричен систем. Судот на инквизицијата, со закана за смрт, го принуди тоа учење да го прогласи за заблуда.

Колку да се потсетиме...
Абе 1633,
Во 2012 Малезија екстрадираше во Саудиска Арабија, Саудиски новинар кој на твитер напишал нешто за Мухамед:
„I have loved things about you and I have hated things about you and there is a lot I don’t understand about you.
I will not pray for you.“
Тој се извинил но сепак го уапсиле, го прогласиле за неверник и бараат да го судат.
http://newsinfo.inquirer.net/144303/malaysia-deports-saudi-journalist-–govt-source
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.​
“Голем циркус околу исламската приредба“​
Одкако неколку швајцарски општини ги повлекоја дозволите за одржување на долго најавуваната приредба на (самонаречениот) исламскиот централен совет, тие пазарија циркуски шатор. Но општините кадешто треба да биде плациран шаторот истотака не сакаат таа приредба да биде одржана на нивно тло, бидејќи исламскиот централен совет важи за екстремно радикален, залагајќисе за праксата на верата баш онака како што ја практицирал нивниот идол.​


“Голем циркус околу исламската приредба“






.


Абе 1633,
Во 2012 Малезија екстрадираше во Саудиска Арабија, Саудиски новинар кој на твитер напишал нешто за Мухамед:
„I have loved things about you and I have hated things about you and there is a lot I don’t understand about you.
I will not pray for you.“
Тој се извинил но сепак го уапсиле, го прогласиле за неверник и бараат да го судат.
http://newsinfo.inquirer.net/144303/malaysia-deports-saudi-journalist-–govt-source
.


Според кураиш-куранското броење на времето 2012 година е 1433!

Но тоа не менува ништо на фактот дека сите “христијани“ коишто прогонувале и убивале, практицирале нешто што Исус Христос, Неговите вистински Апостоли и следбеници никогаш не практицирале, додека следбениците на лажниот пророк (кој што го негира и девалвира Новиот Завет) убивале, пљчкале, лажеле, присилувале, прогонувале ... од самиот почеток!

Ја сваќаш ли очибијната разлика?




.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Јас не гледам разлика. Порано христијаните колеле, убивале, палеле, сега муслиманите колат убиваат, палат. Евреите, нормално, постојано продаваат оружје и се богатат.

Супер журка си праите цело време, вие со истиот бог... штета што чоек не може да си оди. Мене ми е преку такво, жими све.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Ценетата муслима и експертка за ислам, Amira Hafner-Al-Jabaji, пред 5 дена при еден интрвју со швајцарскиот Blick изјави дека (според неа) носењето на шамија не е обавезно!





Амира Хафнер - Ал - Ѓабаји во интервју со Blick во врска со верска дискриминација ...









Јас не гледам разлика. Порано христијаните колеле, убивале, палеле, сега муслиманите колат убиваат, палат. Евреите, нормално, постојано продаваат оружје и се богатат.

Супер журка си праите цело време, вие со истиот бог... штета што чоек не може да си оди. Мене ми е преку такво, жими све.
Совршениот БОГ - во Срцето и Името Исусово - не е Истиот со “богот“ на оние “верници“ коишто учат спротивно од учењето и живеат спротивно од праксата на Евангелието БОЖЈЕ (Исус Христос)!

Сваќаш ли човече или и тебе шејтанот умот ти го помрачил та не можеш да Ја видиш Светлината на Евангелието БОЖЈЕ?


Ако тоа е случај, тогаш каде и да одиш ... џабе :(




.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Сваќаш ли човече или и тебе шејтанот умот ти го помрачил та не можеш да Ја видиш Светлината на Евангелието БОЖЈЕ?
.
Не, бе, Спиро, истиот ви е: Јехова, Јахве/Исус/Гулабот, Алах, тој е. Сеа ваму имало и син, таму имало дух... Истиот е. Истата приказна е. Твојот фаворит има малце поише биографија.

Као Рамбо кец, двојка и тројка. Истиот фраер, горе-доле истата приказна... Негде има поише крв, негде бољи женски. Акција бар има сегде.

Може да ти смета што не ви го признаваат Исус, ама бар Јахве/Алах е очигледно истиот бог, нели?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom