Венко Андоновски

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Ја читав Вештица и не ја разбрав до крај но од тоа што го разбрав гледам дека венко е гениј. Имам само 15 години и човекот буквално ме препороди. Посебно во писателска смисла. Навистина би сакала да имам шанса да го запознаам и да прочита некои од моите текстови. Од сега се фрлам на читање на сите негови книги! :smir:
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Дај разкажете нешто за Вештицава еден примерок е во библиотека и никако да ја начекам а во една книжара навистина лошо издание беше 450 денари....ако не ви тешко дајте некое лично видување и мислење.
Инаку папокот на светот ми се допадна, сакам филозофски романи и она што не е комерцијала..
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Вештица и тоа како е комерцијала, има сто изданија до сега. :) Се распродаваше милион пати. Ама тоа секако не значи дека е неквалитетна литература. Ако ти се допаднал Папокот, потруди се, и земи си ја, нема да се разочараш.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Вештица и тоа како е комерцијала, има сто изданија до сега. :) Се распродаваше милион пати. Ама тоа секако не значи дека е неквалитетна литература. Ако ти се допаднал Папокот, потруди се, и земи си ја, нема да се разочараш.
Blagodaram mislev komercijala zoso nekako so so e posledno vreme takvo i nema bas nekoj kvalitet makar sto ima isklucoci vo sekoj slucaj ke se potrudam da ja najdam steta sto imame malku makedonski avtori da se nadevame deka nekoj talentiran kajgandzija vo idnina ke imame moznost da go citame.:)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Ми се допаѓа човеков,оригинален е,има изградено свој препознатлив но уникатен стил.Ги имам читано Вештица и папокот на светот,не ме оставија рамнодушна.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
„Концепт за умирање/Живот без една боја“ е насловена новата книга на Венко Андоновски, која со поддршка на Министерството за култура треба да се појави годинава во издание на издавачката куќа „Табернакул“. Љубопитството кога е овој македонски писател во прашање секогаш расте со секоја најава за нешто ново од неговото перо, зашто тој е најчитаниот домашен автор. Особено ако тоа е најава за роман, како еден од најатрактивните книжевни жанрови. И уште повеќе ако се поминати речиси четири години од неговиот последен роман „Вештица“.

- Да, станува збор за роман. Тоа е роман што го пишувам подолго време. Не сум сигурен уште за насловот, па затоа во програмата го предложив под два наслови - потврдува Андоновски.

Според него, станува збор за љубовен роман.

- Онаму каде што застана „Вештица“ продолжува приказната во новиот роман. А темата може да се сублимира во прашањето: „Може ли во љубовта да се сретнат луѓе кои живееле во различни времиња?“, а се темели на тоа дека љубовта е вечна, безвремена - вели Андоновски.

Неговиот нов роман веројатно ќе го заскокотка секој љубопитен читател. Романот бара активен, а не пасивен читател, бидејќи е неопходна активна улога на читателот при читањето на делото.

- Романот ќе има доста крими-елементи, а читателот ќе мора сам да ја состави приказната. Значи, тоа е една сложена композиција во која и читателот ќе биде вклучен. Поради тоа мислам дека ќе биде интересен за публиката - вели Андоновски.

И во претходниот роман „Вештица“, чие продолжение е „Концепт за умирање/Живот без една боја“, дејството се случува и во средниот век и во денешно време, но, овде Андоновски создава нов образец, „отворено“ дело, во кое читателот е некој вид коавтор. Меѓутоа, романот најмногу освојува со виртуозниот стил, со перфекцијата во раскажувањето на двете приказни – приказната за спалувањето на жените во средниот век и современата љубовна приказна.

Андоновски сé уште работи на новата книга и најавува дека таа ќе се појави на есен.

- Цело лето ќе работам, а романот би требало да биде објавен некаде во октомври или ноември - најавува Андоновски.

Романот ќе го објави издавачката куќа „Табернакул“, а не „Култура“ чиј ексклузивен автор беше Андоновски.

- Немаше повеќе елементи за соработка со „Култура“. Сега го сменив издавачот и тоа е „Табернакул“ - вели тој.

Издавачката куќа „Табернакул“ кон крајот на минатата година ги реиздаде и неговите два претходни романи „Папокот на светот“ и „Вештица“, отпечатувајќи ги како несекојдневно и пријатно изненадување во пресрет на новогодишните и божиќни празници. Со овој потег, македонскиот читател го доби десеттото издание на романот „Папокот на светот“, кој има повеќе од десет илјади продадени примероци и петтото издание на романот „Вештица“, продаден во повеќе од четири илјади примероци.

Романот „Папокот на светот“ во 2001 година беше овенчан со наградите „Стале Попов“ и стана Роман на годината на „Утрински весник“. „Папокот...“ ја доби и „Балканика“ - награда за најдобра книга на Балканот. Според овој роман е направена и театарска претстава во режија на Златко Славенски, а послужи и како појдовна основа за сценариото на филмот „Превртено“, во режија на Игор Иванов.

За романот „Вештица“, пак, најдобрата препорака дојде од Петре М. Андреевски, маестрото на македонската уметничка проза, кој за ова дело, непосредно пред својата смрт, напиша: „По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот ‘Вештица’, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал“.

Во книжарницата на „Табернакул“, „Папокот на светот“ и „Вештица“ на љубителите на добрата книга, им се достапни со намалена цена од 20 проценти.

 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Едно прашање: каде и по која цена може да се купи книгата „Зеницата на Македонија“ од Венко Андоновски и Глигор Стојковски?

Поубава и понитересна книга за Македонија и за нејзината историја немам прочитано.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
8
Поени од реакции
1
Неговите учебници по македонски јазик за средно се најубави и од нив мислам дека најубаво го научив материјалот, поготово делот каде што самиот дава критички осврт на делата. Ни на претежок, ни на прелесен прост јазик се изразува, нешто што навистина ми се допаѓа многу кај него.
Да, доста добар начин на пристап има преку учебниците.Единствено го користев од 4-та година средно образование учебникот од него.Посебно темата за стилистиката ми беше доста добра.
--- надополнето: Sep 16, 2011 6:46 PM ---
Структурално, најголемата вредност што ја има Венко е полиперспективноста на нарицијата во неговите дела (дека раскажува од повеќе страни, сето тоа го склопува во роман)
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
За делата на Венко Андоновски нема многу да коментирам, потребно е да ги консумирате.
Според мене, тие се состав од 10% искуство+20% иронија+70% добра смисла за хумор.
Венко е пред се професор и добар педагог, многумина од малкумината колеги што му идевме на предавања му завидуваа зашто типот се користеше со зборот толку вешто што успеваше сите колешки едноставно да ги заведе и воодушеви и ги оставаше со подзинати усти.
Се прашувам дали нешто воопшто научија од тој човек или цел живот ќе си останат со подзинати усти?:)
Венко беше шармер и стар лисец на предавањата и се надевам се уште е.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
29
Поени од реакции
11
А дали некој ја гледал претставата Олово на перница по текст на Венко Андоновски? Јас лично се воодушевив. Навистина генијална претстава што тера на размислување.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А дали некој ја гледал претставата Олово на перница по текст на Венко Андоновски? Јас лично се воодушевив. Навистина генијална претстава што тера на размислување.
... за разлика од останатите претстави коишто тераат на неразмислување?! Епа тие претстави ти наброи ми ги... тие ја ги барам!!!
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Човекот изобилува со шарм, не знам како е собрано толкава шармантност и харизматичност во една личност.

Ми беше професор 2 години и предавалната беше преполна со студенти од сите генерации, без разлика со кој држеше предавање.

Човекот е гениј во секоја смисла на зборот. Има огромно знаење, знае како да го пренеси и е страшно добар писател.

Посебно ми е драга Вештица, меѓутоа и Папокот на светот те остава без здив.
 

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Нешто омилено :

“Никој ли до сега, од почетокот на светот не виде дека ѓаволот е во сите нас, подеднакво колку што е и Бог, и дека така треба да биде? Никој ли не виде дека најубавото дрво ќе биде прво пресечено,дека бунарот чија вода е најстудена прв ќе биде исушен,дека оној кој некому дал милостина ќе биде погубен токму од раката на својот спасен питач,дека во секој мед има осила,дека зад мекото месо на сочните плодови се крие тврда семка,дека луѓето , кога закопуваат славен мртовец, го украсуваат мртовечкиот покров само од видливата страна, а никогаш од кај мртвиот кој го слават,и дека навистина добро е така и дека така треба да биде, а не поинаку?.........оти што би правел Бог, што би правеле неговите луѓе, кога би го немало ѓаволот? Како би бил тој видлив, ако нема ѓавол? како би знаеле дека Бог е добар, ако нема зло за споредба? Оти Бог е светлина, а нечестивиот темнина, а темнината не е воопшто лоша и непотребна, туку нужна, и колку е ноќта поцрна, толку посјајни се ѕвездите, колку е болката подлабока, се повидлив е Бог!”
 
Член од
24 август 2011
Мислења
29
Поени од реакции
11
... за разлика од останатите претстави коишто тераат на неразмислување?! Епа тие претстави ти наброи ми ги... тие ја ги барам!!!
Не реков дека другите претстави не тераат на размислување, ако мислиш опшо на сите, јас само кажав дека претставава е извонредна и те тера да размислуваш дури и во моментот додека ја гледаш, опфатени се посложени теми во неа, за животот општо, религијата итн. Ако веќе сакаш да споредуваме земи ги на пример Крвта не е вода и Олово на перница па процени која повеќе тера на размислување.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не реков дека другите претстави не тераат на размислување, ако мислиш опшо на сите, јас само кажав дека претставава е извонредна и те тера да размислуваш дури и во моментот додека ја гледаш, опфатени се посложени теми во неа, за животот општо, религијата итн. Ако веќе сакаш да споредуваме земи ги на пример Крвта не е вода и Олово на перница па процени која повеќе тера на размислување.
Тоа мудрецу, се вика претстава која ти се допаднала повеќе или помалку. И стиховите на Карлеуша тераат на размислување ако сакаш да размислуваш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom