М
Мартин`
Гостин
Веројатно имате слушнато веќе за идејата на Германскиот европратеник Михаил Кремер за правење на велосипедска патека долга 2800 километри која ќе се протега низ огромен дел од Европа поточно од Руско-Норвешката граница на север па се до Црното море на југ. Во оваа велосипедска патека планирано е и Република Македонија да земе учество и да се поврзе, а тоа го потврдува и Германскиот европратеник дека Република Македонија и Бугарија веќе покажале интерес.
Планот за велосипедскава патека е поврзување на народите низ 20 земји, промовирање на велосипедизмот со тоа и здравиот живот, развивање на туризмот а се тоа совршено се поклопува зошто ќе минува низ Источниот дел на Македонија кој е неразвиен.. па поголеми се шансите со креирање на ваква патека истиот да живне малце од економски аспект.
Што мислите за патекава ? Треба Македонија да се вклучи или не ?
И дали Македонија би имала економски/финансиски бенефит од сево ова ..