Прегледај го приврзокот 48812
Веројатно имате слушнато веќе за и дејата на Германскиот европратеник Михаил Кремер за правење на велосипедска патека долга 2800 километри која ќе се протега низ огромен дел од Европа поточно од Руско-Норвешката граница на север па се до Црното море на југ. Во оваа велосипедска патека планирано е и Република Македонија да земе учество и да се поврзе,
а тоа го потврдува и Германскиот европратеник дека Република Македонија и Бугарија веќе покажале интерес.
Планот за велосипедскава патека е поврзување на народите низ 20 земји, промовирање на велосипедизмот со тоа и здравиот живот, развивање на туризмот а се тоа совршено се поклопува зошто ќе минува низ Источниот дел на Македонија кој е неразвиен.. па поголеми се шансите со креирање на ваква патека истиот да живне малце од економски аспект.
Што мислите за патекава ? Треба Македонија да се вклучи или не ?
И дали Македонија би имала економски/финансиски бенефит од сево ова ..