Интересно како во четири минутно видео, веќе немале што да покажат од Велес, па во последната минута гледаме гранки од некое дрво и јак зум у сонце.
И почетокот на видеото многу ми се допадна. Така обично почнуваат оние нискобуџетните реклами по локалните телевизии. Прво гледаш панорама од градот, потоа од некоја знаменитост, па од улицата каде се наоѓа продавницата која е главен протагонист во рекламата и на крај дејствието се префрла ВО продавницата, каде локалниот пијаница-наратор преку ефтини рими ги фали продуктите.
Последниве две недели чувствувам некоја new-found love за Велес.
О граду мој најгрозен, колку и да бегам од тебе со нозе пак се враќам кај тебе со срце за заеднички прогресивно да се уназадуваме со најголем мазохистички ќејф.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.