Абе мавај, што ги жалиш?Јас сум крајно револтирана од проблемот со кучињата скитници низ град. Незнам дали некој ќе се најде да превземе нешто во врска со тоа. Ама стварно е неподносливо да одиш по улица и нозе да ти се тресат од страв. Само слушам лаежи од некаде и во секој момент очекувам да ме нападне некое. Неможе да излезеш сам по улица,до тој степен стасав да ме испраќа тато кога излегувам навечер. Градов ни е преполн од нив и незнаеш од каде можат да излезат.
Мене вчера ми испадна едно куче од двор, онака ми р'жи и трча накај мене...Ја гледам таа старата на врата стои, и ми вика "Нека го, нека го"...Јас имам обичај ако ми се пушти куче да застанам да видам шо ќе направи. Ако случајно ме апне, е тогаш стварно ќе го тратам, ич нема да ми чуе дали било вдомено или скитник. Ќе го отепам, и после тоа право на лекар некое вакциниче да стават, 300 болести носат кучињава, не е за игра работава...