Веб дизајн (прашања од неискусен)

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Не ја утнав друже, ај вака види оглас некој за вработување на веб дизајнер и ке се зачудиш, што се нема да ти побараат. Така што убаво кажав ја, не мрчи :).



Незнам зошто овде кажувате за HTML5 и CSS3, оти типот праша за html и css па другарчиња нема таму ништо комплицирано де, сега со дивови едноставно е ко сапун, добро де некој 3 месеци и ворд го учи...

А за html5 и css3, како прво технологијата се уште во развој е и не сите пребарувачи ја подржуваат, се сложувам дека html-от станува се покомплициран и html5 e напредна технологија, и да можеби за неа повеке време ке треба. Јас овде не викам дека за недела дена ке стане гуру за html и css. За почетник тотално доволно ке му биде да прочита нешто за html и css, оти како што гледам сака на курсеви да иде па да му кажам дека ке се зае**е, оти во принцип нема што да се учи.

За девојката клучен збор ти е JavaScript. И мислам дека највеке ја бараат баш поради Јаваскрипт а не html ))
Aко е за основите, хтмл5 и цсс3 се учат за 3 дена.
Али страната ќе му изглеа на го*но.
Коа ќе го мастеросе цсс-от, со се маргини со се падинзи со се позадини, FLOAT, бои на позадини, hover-и, слоеви, и коа ќе научи да прави скриени дивови кои изгираваат попапи, thumbnail-галерии, хоризонтални мениа, и милион други КОРИСНИ работи со css-от, е ТОГАШ го научил.

Не се летајте дека ако знаете да составите основен html template од главен хтмл таг, хед/тајтл/мета, и боди со 2-3 дивчиња и табели дека сте ѕверови.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Не ја утнав друже, ај вака види оглас некој за вработување на веб дизајнер и ке се зачудиш, што се нема да ти побараат. Така што убаво кажав ја, не мрчи :).
Не мрчам, си дискутирам како што наликува. И остај ти огласите што ги има КАЈ НАС. И Blizoo бараа(т) човек за оператор во контактен центар за техничка поддршка, а во барања имаа наведено САМО дека треба да се има познавање од факинг Мајкрософт Офис.Е сеа ти кажи ми дали е доволно тоа знаење...

Можело да се бара дизајнер и да го среди HTML и CSS, али функционалности и да се барало... тешко се наоѓа човек што ги владее сите овие работи. Ако мене ме прашуваш, секој веб дизајнер пожелно е да знае малку од малку HTML/CSS за кога ќе го исецка дизајнот да знае и да го состави за веб прегледувач.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Муабетов е во стил на кој му е поголем :)

Јас ги владеам сите ... онолку колку ми е потребно. И што со тоа? Ништо, посебно зошто примарно сум програмер, а не дизајнер. Море не сум ни програмер, туку компјутерџија, односно модерен хаус-мајстор.
Во секоја технологија навлегувам онолку колку е потребно. Нема зошто да учам нешто што не ми треба. Да, основите од сите треба (убаво е) да се совладаат, но не да се забегува со учење од А до Ш, посебно ако тоа не се бара во некој комерцијален проект, односно ако за истото не се добива кеш. Ова посебно важи за нови технологии каде од зборот компатибилност нема ниту њ :)
 

ONE

Член од
21 декември 2008
Мислења
895
Поени од реакции
64
Се сложувам со @statusQuO во врска со потребното време за изработка на квалитетна страна. Но @alekso.mk вика дека чист html и css (она буквално основите, вклучувајки ја замената на табели со дивови) се учи за недела дена, ај да речеме дека е ок и дека таа страна нема да иде во продажба него останува само за тебе.
Муабетов е во стил на кој му е поголем :)

Јас ги владеам сите ... онолку колку ми е потребно. И што со тоа? Ништо, посебно зошто примарно сум програмер, а не дизајнер. Море не сум ни програмер, туку компјутерџија, односно модерен хаус-мајстор.
Во секоја технологија навлегувам онолку колку е потребно. Нема зошто да учам нешто што не ми треба. Да, основите од сите треба (убаво е) да се совладаат, но не да се забегува со учење од А до Ш, посебно ако тоа не се бара во некој комерцијален проект, односно ако за истото не се добива кеш. Ова посебно важи за нови технологии каде од зборот компатибилност нема ниту њ :)
Баш муабетов не е на кој му е поголем, него се дебатира на темата што може да се нучи за кратко време, и се разбира колку може да се научи. Да владееш нешто значи дека си мастер во тој дел, а не си, ти ЗНАЕШ оноклу колку што ти треба. Paul Irish го владее HTMLот и CSSот и JavaScript-от, сепак работи во Google, и во Dev тимот на jQuery. А сите тука ние сме јуниори во споредба со него.

Во врска со она колку навлегуваш во технологијата. Ти навлегуваш онолку колку што ти сакаш а не колку што е потребно. А ако сакаш да бидеш во тек со конкуренцијата, тогаш ќе навлезеш доста добро во работата, и може нема да научиш се од А до Ш, него 2-3 букви понапред. А за компатибилноста во новите технологии, секогаш има решение, ама баш секогаш. Не мораш ти додаваш fade ефект преку CSS кога знаеш дека IE9 не работи, затоа ќе користиш JavaScript.

И да се навратам кај @alekso.mk во врска со девојката, клучниот збор не и е JavaScript него и е CSS3. Она со JavaScript прави мали хелпери за да бидат подржани сите CSS елементи во сите прелистувачи. Земи 2-3 конференции погледај ќе ти стане јасно за што зборам
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
ONЕ незнам што те импресира толку девојката, и го погледнав вебсајтот, ама тоа што го работи ја ко дете праев со Javascript, а и проектите на нејзин гитхаб не се нешто посебно(а и цицки мали има:) ). Повеке е добар PR, ми се чини оти на вебсајтот нема ни една нејзина работа, само пишува каде зборува, блогира и др. Како и да е, браво за неа чим прави пари.
Отидовме во офтопик, како и да е јас си стојам на свое - недела дена html&сss доволни се за да научи да прави не комплицирани вебстрани, а со тек на работата ке научи многу повеке.

to StatusQuo
пак даваш јаваскрипт во линкови, ало? јас веке во 2003 предавав веб дизајн на курсеви, така што знам што зборам. Тоа е знаеш како некој ке те праша за ворд или ексел, дали тој долгу се учи - ке му кажеш - абе ти луд си ке „учиш„ ворд, епа да знаеш и ворд има макроси и можеш VB во него да кодираш, само кој к*р ке го правиш тоа ако ворд ти треба само текст да куцаш, така?
Тоа е поентата и со вебдизајнер и html&css - ако е насочен кон кодот во вебдизајн - нека учи веке html&css&javascript и php, a ако кон цртање нека црта фотошоп појке и не се замара многу со css&html.
Оти сега има мноогу „вебдизајнери„ кој знаат од се помалце и си прават гомносајтови, кај што немат ни дизајн убав и кодот им е цел катастрофа.
ете така nuffsaid
 
T

TheThinker

Гостин
Дали некој од вас искусниве чува некои вежби дома, за веќе креиран хтмл да се напише цсс, такво нешто? Фала :)))))
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Најважно од се е да се има голема желба за да се научи и да се поседува креативност.
Јас учев чекор по чекор вака:
Прво почнав со html односно dreamweaver, симмнав готови html темплејти и ги проучував елементите, сватив дека ке ми треба нешто повеќе да прочитам за html па читав по интернет, симнав туроријал Lynda tutorials (одлични се, профи) кои многу ми помогнаа. Паралелно сватив дека ќе ми треба и css и photoshop, исто си симнав туторијали за css и photoshop од Lynda. И така околу една година си вежбав, растурав готови темплејти ги склопував, правев шугави хмтл темплејтчиња и од ден на ден се подобро и подобро беше, кога осетив дека доста сум напреднал сватив дека ке ми треба нешто повеќе па се сретван во Џумла и Вордпрес и почнав да ги учам, осетив дека ке ми треба пхп и познавање од бази читва, вежбав правев ииии доста научив. Да сумирам, без html,css и photoshop некој да знае неможе да каже дека е вебдизајнер мислам дека тие се основата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom