Веб дизајн помош (совети, трикови, алатки итн.)

Член од
14 јануари 2006
Мислења
7
Поени од реакции
0
Вака, значи ЕПТЕН сум почетник во WordPress и општо со веб сајтови, имам XAMPP на комп и готова страна, ме интересира како откако ке си купам простор ќе ја префрлам готовата страна онлајн? Сложена процедура е или?
И уште нешто, вашите мислења за http://www.prohost.com.mk и http://www.pinarthost.com/site/ и зошто толку им се разликуваат понудите околу месечниот сообраќај?
Благодарам однапред :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.532
Поени од реакции
29.080

За услугитен а прохост нема да коментирам бидејќи ги немам користено иначе сајтот на Манчестер Јунајтед македонија јас го имам направено гуглај ке го најдеш да не го рекламирам, користи хост од прохост дечките се супер 3-4 пати ми помогнаа и коа ми се изгубија сите фајлови и кога требаше да се прави трансфер на хостот ми го средија сајтот кој можеше да изгуби над 300 поста така да поддршка 24/7 имаш и се доста стабилни, али ни на крај памет не ги споредувам со услугите на uhost.mk. А за вордпрес не е сложена процедура ти даваат цПанел имаш MySql Database Wizard идеш пополнуваш 2-3 полиња со пасворд и име на базата и целиот фолдер од вордпрес го прикачуваш во public_html со помош на фтп сервер ( Fille Zilla ) и коа ке заврши прикачувањето имаш мала инсталација која е лесна и можеш да ја видиш во темата Вордпрес напишана од Грејвдигер...
Поздрав :)
 
Член од
15 март 2007
Мислења
55
Поени од реакции
0
Zdravo

So koja ekstenzija ili modul moze da optimiziram joomla za da na google moze da go prikaze menito na sajtot, kako sto e prikazano na slikava Untitled-1.jpg
Blagodaram
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Zdravo

So koja ekstenzija ili modul moze da optimiziram joomla za da na google moze da go prikaze menito na sajtot, kako sto e prikazano na slikavaПрегледај го приврзокот 39864
Blagodaram
Тоа не зависи само од тебе туку и од Google кој не ги прикажува менијата на сите сајтови туку само на оние кои се многу популарни. Како и да е, можеш со читање да започнеш од тука.

А конкретно за Joomla барај на Google: „joomla google sitelinks“ и ќе ти даде многу SEO алатки и совети.
 
Pa ne bi se slozil so tebe, mora da postoi nekoja extenzija zosto znam nekolku sajtovi koi nemaat nekoja posetenost a toa goimaat postignato. sepak blagodaram
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Pa ne bi se slozil so tebe, mora da postoi nekoja extenzija zosto znam nekolku sajtovi koi nemaat nekoja posetenost a toa goimaat postignato. sepak blagodaram
Верувај ми дека популарноста на сајтот има улога, релевантноста на сајтот за даденото барање и сл. И секако исправната структура (согласно стандардите на Google). Ова не е кажано на памет туку според патентот кој Google го има објавено за sitelinks системот на прикажување на резултати ... сепак, не е докрај разјаснето како функционира. Еве еден интересен текст на таа тема.

Пример за релевантност на резултатот е ако бараме текст „телевизија скопје а1“ и „телевизија а1“, во првиот случај нема да даде sitelinks, во вториот ќе ги даде.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Zdravo

So koja ekstenzija ili modul moze da optimiziram joomla za da na google moze da go prikaze menito na sajtot, kako sto e prikazano na slikavaПрегледај го приврзокот 39864
Blagodaram
Не постои никаква екстензија. Google автоматски ги зима линковите од страницата според некој си нивни алгоритам. Ќе ти треба добра SEO оптимизација, повратни линкови за што ќе треба да се погрижиш да те линкуваат и да бидеш добро индексиран, PR.

Не мора многу да се грижиш за „sitelinks“, само работи си, пишувај уникатна содржина и погрижи се да добиеш линкувам. За почеток може да почнеш преку споделување на содржината на Facebook, Twitter, Ping.mk, Digg, Reddit...
 
Член од
15 март 2007
Мислења
55
Поени од реакции
0
Da se slozuvam so se pogore sto napisavte, taka e, tuka nema nikakvi dilemi. Sajtovite sto gi imam izraboteno mi gi pojavua menijata no ne toj nacin kako sto e primerot na slikava.
Prasav nekoi sto rapotad drupal i mi kazaa deka toa go pravat so modul, logicno e i da e taka i so joomla.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
51
Поени од реакции
9
Пример имам некој сајт и продавам некакви работи (нема врска што). Плаќањето е овозможено преку банка, преку Western-Union и преку AlertPay. Е сега сакам да се воведе можност за плаќање преку картичка (Visa, Master, Maestro..).
Дали има некаква можност за имплементација на ова ? Ако има некој искуство нека пиши.
 
Член од
30 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
6
Еве и јас да прашам нешто...

Како да направам XAMPP сајтот да можат сите да го видат, не само јас. Да го гледаат сајтот кога ќе ми јас посетат ИП-адресата. Или како да ставам домен.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
За домен не можеш директно да поврзиш со XAMPP сервер, ќе треба да користиш DynDNS или некој друг сличен сервис, читни тука и тука. А за сите да може да ти пристапат треба да имаш паблик ај пи. Еве и до мојот сервер не може никој да пристапи.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156

јас мислам дека он тоа што го бара е однапред направено
кога е пуштен вамп/хамп серверот ти треба само своето ип да им го дадеш и тој ќе може да го види твојот сајт
имам пробано вака може без некакви други подесувања ... /
 
Да, но ете можам да ти го дадам моето ип и да видиш дека нема да може да пристапиш. Работи локално и не може да пристапи.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Да, но ете можам да ти го дадам моето ип и да видиш дека нема да може да пристапиш. Работи локално и не може да пристапи.
Само по IP неможе сигурно, мора твојата локална IP да ја ставиш во DMZ или да направиш порт форвардинг на рутерот, и секако да отвориш порти на firewall и сл. А ако е „стегнат“ и самиот Апачи треба да се реконфигурира. Еве линк до едно квалитетно упатство како да се отвори локалниот сервер за пристап од интернет.
 
Член од
3 јануари 2011
Мислења
27
Поени од реакции
1
pravam web strana so wizart web builder na GDI i mi izlegva java script ajajxa could not be inlcuded.Perhaps url incorected..
sea me zafrkava ova i nemozam poleto "TEXT" od menito da go otvoram i da pisam tekst.
Neznam dali prasanjevo e za tuka ali se nadevam deka ima nekoj da mi pomogne..pozdrav
 
Kajgana Shop

На врв Bottom