Вајлд карти? За или против?

Вајлд карти?

  • За

    Гласови: 38 42,2%
  • Против

    Гласови: 47 52,2%
  • Не знам

    Гласови: 5 5,6%

  • Вкупно гласачи
    90
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
на неспособен спортист..му овозможуваат да го види и прошета Лондон
муфте...јадење ,пиење, спиење, шетање и секако настап
Не си фер ,,, Нема спортист, кој со години тренира и кој тоа го прави само за да оди и прошета низ Лондон.
Znam deka sum skroz oftopik,ama sum malce prost,ke mozete li da mi objasnite sto e toa vajld karta?
Бидејќи Andobt е злонамерен, еве јас ќе се обидам да дадам објаснување.
Олимпискиот комитет однапред пропишува одредени резултати кој спортистите кои ќе се натпеваруваат на олимпијадата треба да ги постигнат за да учествуваат на олимписките игри
На пример во дисциплината фрлање копје најмалку да фрла 50 метри. ( карикирано ) и сега ние немаме таков и ни даваат вајлд карта да сепак учествуваме со кандидат кој не може да го постигне тој минимален услов,
Според мене тоа во принцип не е фер. Бидејќи ние треба да одлучиме дали некого и кого ќе пратиме. И ако е тој слаб, тој е наш представник, а што ќе постигне таму ќе се види.
Секогаш има „ изненадувања “....
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Некои што беа со вајлд во Пекинг и Атина сеа во Лондон имаат веќе медали. Џст сејин. И аман, кажав, баталете ја Македонија, општо збориме. Така се мотивираат спортистите, искуство се собира.
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
228
Поени од реакции
150
За. Тоа што не оствариле норма не значи дека не се труделе и вежбале. Замислете да ја немало вајлд би имало сигурно само 100 земји таму. А и духот на олимпијадата се губи. Сепак вајлд е за помалите земји да и тие добијат шанса да бидат дел од Олимпијадата, а истовремено и да се мотивираат. Не гледам причина зошто би било спротивно. А и плус за ти да ја добиеш таа карта пак треба да имаш некој добар резултат во земјата за да ја добиш. Не би ми ја дале мене, за да одам да се прошетам. На сите наши деца им ја дадоа, ама сепак мислам дека ја добија со сите нишани. Атлетичарот си имал најдобро време во Мк, пливачот и дрн дрн. Исто и другите земји. Така да оставете ги сите со вајлд да си го направат тоа за што си биле пратени, а и во исто време и нека осетат како е да си таму.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
300
Поени од реакции
122
После целата таа дебата со нашата атлетичарка која се жали зошто не добила вајлд карта (и покрај тоа беше еднаш претходно), ми дојде на ум да ја отворам темава.

Значи вајлд карти - за или против?

Дали е добро да се има вајлд карти, да се поттикнат играчите од послабо развиените држави да учествуваат или сепак не е фер за останатите кои се мачеле за да ја постигнат и исполнат олимписката норма?

Важно е да се учествува, но што кога спортистот не заслужил (не исполнил норма) да учествува?

Лично јас сум против, не само во овој случај, општо.
Спортот е натпреварување, треба да се стремиш да бидеш најдобар, да се развиваш.
Не е фер некој да се шлепа со вајлд карти, а воедно води нездрав живот, пуши, пие, за разлика од некој кој тренира секој ден, држи посебни режими на исхрана и целиот живот го посветил на спортот и ги исполнува нормите.

Ваши мислења?
Значи олимпијадата прави статистика и дибиениот резултат укажува дали спортистот, репрезентацијата или тимот добиваат вајлд - карта. Дали "нашата атлетичарка" добила одговор ЗАШТО не добила вајлд - карта?
--- надополнето: 30 јули 2012 во 01:45 ---
Значи не се работи за тоа дали те бива или не те бива.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.127
Поени од реакции
8.074
Не си фер ,,, Нема спортист, кој со години тренира и кој тоа го прави само за да оди и прошета низ Лондон.

Бидејќи Andobt е злонамерен, еве јас ќе се обидам да дадам објаснување.
Олимпискиот комитет однапред пропишува одредени резултати кој спортистите кои ќе се натпеваруваат на олимпијадата треба да ги постигнат за да учествуваат на олимписките игри
На пример во дисциплината фрлање копје најмалку да фрла 50 метри. ( карикирано ) и сега ние немаме таков и ни даваат вајлд карта да сепак учествуваме со кандидат кој не може да го постигне тој минимален услов,
Според мене тоа во принцип не е фер. Бидејќи ние треба да одлучиме дали некого и кого ќе пратиме. И ако е тој слаб, тој е наш представник, а што ќе постигне таму ќе се види.
Секогаш има „ изненадувања “....
не сум бе злонамерен...во нашиот сличај таја е вистината
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Вајлд картите се добри и потребни. Допринесуваат за развој на спортот ако се успее и со вајлд карта да се постигне некаков резултат. И многу други ќе посакаат да се најдат во друштво на најдобрите и напорно ќе тренираат.

Вајлд карти се доделуваат дополнитено. Се зголемува бројот на натпреварувачи во одреден спорт, без да му се ускрати на некого правото да настапи ако си исполнил олимписка норма. Тие што заслужиле секако си настапуваат, но секогаш организаторот им дава шанса и на малку послаби спортисти, кои имаат шанса понесени од атмосверата и да направат добар резултат. Ви текнува на филмот Cool Runnings.

Да настапиш на олимпијада и достојно да ја претставиш својата земја мислам дека нема нешто што би направило погорд некој спортист. И без да освоиш медал или некој позначаен резутат, ако ја освоиш публиката со свото залагање и вложен напор е огромен успех. Публиката знае да наргади кога ќе види вистинска желба и вложување на енергијата од секој атом од телото кај спортистот.

Ова во голема мера не важи за нас и нашите спортисти. Добиваш шанса да настапиш на олимпијада со ионака слаб резултат од предходно и да неможеш да истрчаш, испливаш... ни приближно колку својот предходен резултат :facepalm: е за срамота.
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
228
Поени од реакции
150
Не знаеме да цениме што некој си троши од своето време за да ја представи оваа држава надвор. И од сопствени пари. Поради што било кое од овие 4 деца не е инвестирано ни денар. Ама баш ни денар. Пливачите базент немаа долго време, атлетичарите вежбаат на искршена патека. Полесно можеш да се повредиш таму.
Така да вајлд карта. О да, за тоа што во никакви услови успеале да направат какво такво добро време. А ние Македончињата само знаеме да сереме, друго тешко. Не е VoniVaraS тоа срамота, срамота е тоа што го кажав погоре.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Тука некој изгледа не разбираат дека ние и ЛИТЕНШТАЈН сме единствените земји на ПЛАНЕТАВА кои немаме обезбедено норми во ниеден спорт.

Дури и Сан Марино и Луксембург имаат по 2 норми обезбедено за на олимпијада.Значи таа дискусија со како вајлд картите се за мали земји паѓа во вода.

Плус не мислам дека тој што ја почнал темава мислење дали треба да се менуваат правилата на ниво на Олимпијада зошто таква дискусија е сосема непотребна туку се збореше на ниво на Македонија.Сега ако вие мислите дека треба да праќаме неспособни како таа Рожман што се немаат ни доближено до норма цел живот да се шетаа,јадат пијат и ебат по Олимпиското село тогаш не знам што да кажам.

Кога ќе обезбедиме норма тогаш треба да учествуваме до тогаш треба да си седиме дома.
--- надополнето: 3 август 2012 во 11:56 ---
Не знаеме да цениме што некој си троши од своето време за да ја представи оваа држава надвор. И од сопствени пари. Поради што било кое од овие 4 деца не е инвестирано ни денар. Ама баш ни денар. Пливачите базент немаа долго време, атлетичарите вежбаат на искршена патека. Полесно можеш да се повредиш таму.
Така да вајлд карта. О да, за тоа што во никакви услови успеале да направат какво такво добро време. А ние Македончињата само знаеме да сереме, друго тешко. Не е VoniVaraS тоа срамота, срамота е тоа што го кажав погоре.
Па и во Ѓокович не инвестирала државата ни денар.За време на бомбардирањето вежбал тенис во празен базен.Тој еден од Етиопија има тепано на маратон бос.По Африка да не имаат подобри услови од нас ? Кај нас нашава генерација кошаркари да не добиле некој пари од државата ?

Дајте прекинете со тоа само спортистите не зимаат пари,спортисите не зимаат пари.Нека земе еден спортист во индивидуален спорт да освои нешто па после нека бара пари.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Не знаеме да цениме што некој си троши од своето време за да ја представи оваа драва надвор. И од сопствени пари. Поради што било кое од овие 4 деца не е инвестирано ни денар. Ама баш ни денар. Пливачите базент немаа долго време, атлетичарите вежбаат на искшена патека. Полесно можеш да се повредиш таму.
Така да вајлд карта. О да, за тоа што во никакви услови успеале да направат какво такво добро време. А ние Македончињата само знаеме да сереме, друго тешко. Не е VoniVaraS тоа срамота, срамота е тоа што го кажав погоре.
Изгледа не ме разбра добро.
Ок срамота е што државата не обезбедува подобри услови и поголема финансиска подршка за спортистите но сепак стои заклучокот: Колку некои спортисти заслужуваат подобар третман?
Боб тимот од Јамајка (барем во филмот) без ниту денар помош од државата, без никакви услови за тренинг (немаат снег и лед) настапува на зимска олимпијада и добиваат овации од публика за својата пожртвуваност и давање максимум.
Кај нашите спортисти забележителен е дисбалансот во ангажирање и давање максимум кога настапуваат да речеме за тим (каде се платени) и кога настапуваат под државно знаме. Во многу малку ситуации сум бил задоволен од настапот на некој спортист (репрезентација) и покрај поразот или да речеме не доволно добриот резултат. Во колку малку ситуации биле коментарите „Ок изгубивме но браво за дечките дадоа се од себе“??? Колку повеќе има негативни коментари??? Верувај многу е очигледно кога некој не се труди максимум и нормално е да има негативни коментари. Публиката сака да види натпревар во кој секој дава максимум и кога ќе победи подобриот добива аплауз. Во спротивно е многу иртирачки да го гледаш натпреварот и добиваш ууу... мајки шајки...

Пливачката Симона Маринова настапи во првата од петте квалификациски групи на 800 метри слободно со второ најслабо пријавено време од 36-те натпреварувачки.
Таа ја исплива патеката со време 9:28.41 минути и заостана пет секунди од пливачката Ван ден Берг од Аруба која имаше за 10 секунди послабо пријавено време. Првопласираната во оваа група, Аревало од Еквадор исплива со време 8:49.21 минути.“
 
Слично на примерот со Јамајка боб тимот имаше сега од Нигерија каде тип што вежбал само 3 недели веслање се натпреварувал и имало овации додека да успее да стигне до целта.Типот го направил истиот успех како и секо друг наш атлет/атлетичарка на ОИ во Лондон.Стигнал последен.
 
В

Ваздух

Гостин
Против. Ќе си заслужат, впрочем како и сите останати скоро, па ќе си одат. Не е тоа екскурзија, па ај да го посетиме Лондон, и да се сликаме со Фелпс или Болт.
Или одат таму да го поминат сопствениот рекорд, а трчаат/пливаат една минута под него. Срамота. Плус 4-ца со вајлд карта... подобро и да не одевме.
 
koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Против. Ќе си заслужат, впрочем како и сите останати скоро, па ќе си одат. Не е тоа екскурзија, па ај да го посетиме Лондон, и да се сликаме со Фелпс или Болт.
Или одат таму да го поминат сопствениот рекорд, а трчаат/пливаат една минута под него. Срамота. Плус 4-ца со вајлд карта... подобро и да не одевме.
јас пак сум за, ако ништо друго - поради самиот дух на олимписките игри.
се сложувам дека е срамота затоа што секогаш, ама стварно секогаш, спортистите што ќе ги пратиме остваруваат полоши резултати од нивните најдобри или дури средни. тоа јас не разбирам... трема, страв, што ли? наместо да „умрат“ таму на терен - они како да се зезаат. после ќе им викаат: на прошетка у лондон. епа, на прошетка, ебате....
 
Член од
1 мај 2012
Мислења
153
Поени од реакции
74
Сум за вајлд карта, но таа да биде дадена на тие што ја заслужуваат! Оваа година единствено само борачот Дејан Митров заслужи да добие вајлд карта за олимписките игри. Што гледат овие од олимписки комитет јас незнам. На огромна конкуренција на 2 пати за влакно му избега пласман што водеше на игрите... а тие дават вајлд на анонимнуси? За тоа ништо никојпат нема да бидне од нас.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Јас само ќе кажам дека спортот е на најниско ниво во Македонија.Луѓето што тренираат се луди и за глупости го жртвуваат времето.Додека луѓето што се спротивни се журкаат,пушат и дрогираат се на врвот на општеството.Секогаш кога ќе кажам спортувам рекреативно и 2 часа од денот одвојувам за тоа,ме гледаат како да сум лудак.А јас сум само човек што сака да се чувстува убаво и среќно кога го прави тоа.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Еве ја вистинската причина поради која се даваат вајлд карти и поради тоа сум за да се продожи со истата пракса. Се надевам дека Ефремов ќе добие спортска стипендија и добри услови за тренирање. Треба да трча побрзо за 2 секунди за норма. Тоа му доаѓа по пола секунда годишно... Амбициозно.
http://off.net.mk/offside/razno/efremov-vo-rio-so-olimpiska-norma
По завршувањето на Олимписките игри планирам да се натпреварувам на уште 2-3 натпревари со цел да ги подобрам времињата на 200м. и 300м, со надеж дека ќе успеам да го соборам државниот рекорд на 200 метри кој изнесува 21.80. Потоа ќе следи мал одмор, па од октомври почнувам со тренинзи за следната сезона. Од олимписката норма, која изнесува 45.90, ме делат 2 секунди. Со многу подобри услови и напорна работа, убеден сум дека за 4 години ќе го остварам овој резултат и дека во Рио ќе настапам со олимписка норма, но и со надеж дека ќе се вбројам меѓу најдобрите 16 на планетата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom