- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 3.718
- Поени од реакции
- 772
Мирослава Симоновска
„Шпиц“ 12 јуни 2010
„Шпиц“ 12 јуни 2010
Вонредни вести!
Почитувани жени, ве известувам дека започна Светското првенство во фудбал. Знам дека „ве усреќив“, мислам особено вие кои не сте по спортот... Спремете се добро за деновите што доаѓаат, односно за фудбалскиот дрес – код и вашите задолженија кои како непишани правила постојат во „Манифестот на гледањето фудбал“.
Додека трае натпреварот, преправајте се дека не дишете. Секој ваш шум, може да предизвика пропуштање на дел од натпреварот, а тоа да донесе сериозни последици кај вашите мажи. Ќе ве праќаат на фризер, во продавница по пиво и весници, ќе лупите кикиритки и секако – дури и еден збор против тимот за кој навива вашиот љубен, е дело казниво со закон. Температурата на пивото нека не го надминува бројот на џуџињата, значи точно седум степени!
Немојте ни под разно, да се обидувате да му докажете дека Франција не го победи Бразил во светскиот куп туку дека Адидас го победи Најк. Тоа може да биде смртоносна изјава за која навивачите на Бразил, инаку ваши сопрузи, би ви ја блокирале кредитната за шопинг на неопределен рок. Пожелно би било да земете еден лист онаков фараонски, да застанете до мажот ви и да почнете да го ладите додека неговиот тим губи, за редуцирање на стресот.
Бонтонот за жени, за време на Мундијалот ( о Боже, го напишав со голема буква овој светски настан), вклучува навикнување на увото на пцовки и собиранки со другарите, расчистување недобитни ливчиња спортска и конечно, комплетно игнорирање на гласот на коментаторот на телевизија. Тој па кутриот, цел ден ќе мора да „вергла“ фактографија за сите фудбалски репрезентации, нивните пошироки семејства до трето колено ( и второ рамо) и статистиките за пола век наназад. Ко да ви е вас гајле како жена, кој победил пред десет години и колку пара копачки годишно троши еден професионален фудбалер и колку круга околу зграда трча дневно и зошто се одлучил за фудбал а не за бадминтон и зошто омилена боја на тапети му е небесно порток ... Нема крај.
За прв пат ќе можете комплетно да ја сфатите тежината на изреката „цела куќа е на мој грб“. Скоро ко што полжавите ја имаат сфатено. Се` ќе може да си спакувате на грб без мажот дури и да запримети, освен телевизорот. Него ќе мора да го оставите, ако треба и како единствен апарат во куќата.
Ситуацијата е сосема поинаква ако и децата ви се по фудбалот. Е тогаш без сомнение ќе се претопите во масата, па до финалето ќе се шетате со маичка I love football и ќе засадите јачмен за да пробате да си правите сами пиво пред утакмица. Додека јас си ја опишувам блиската иднина, сигурно веќе машкиот дел од куќата, задоволно вегетира пред телевизорот и прави комбинации кец кец, нула... Во фудбалот броевите од бинарниот систем совршено се вклопуваат во атмосферата. Светот се врти околу кец и нула. Во новово време, обложувалниците ми личат на места од кај што се купува леб и млеко, ама разликата е што тука тоа не се случува само наутро, туку во текот на целото деноноќие.
За доручек – Роналдо омлет ќе ве молам! Сериозно, во локалнава сендвичара, од вчера се продава сендвич со име „Роналдо“. Зарем не е тоа прекрасно? Мора таа жената што ги прави сендвичите да попримила малку од герила – маркетингот на нашата влада.
Неделава прочитав некаде, дека до нашата осумнаесетта година, сме изложени во просек на 350 000 реклами. Уште малку и баркодови на дланките ќе ни истетовираат. Епа македонските деца, се просветлени со дополнение од минимум 200 реклами годишно, онакви преродбенички. 24/7 Остваруваме!
Очекувам и дома кај мене, да почнат да остваруваат, а најголемо месечно остварување се погодувате – сметките. Убаво си праша еден мој колега, па има ли поголема иронија отколку да одиш да платиш сметка за парно, на плус триесет степени, летно време? Затоа, најубаво, ќе си седиме дома и ќе си одмараме покрај фудбалот. А кога ќе заврши и последниот натпревар, ќе се вратиме сите во нормалниот живот, слабокрвни ко споменикот на Ченто, безработни, опиени од мирисот на градежништво и ренесанса, со празни џебови. Добро е, барем фудбалот не` оттргнува од болното секојдневие. Ќе го следам Светското!