Ваши новинарски дела (колумни и друго)

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Матура

Узурпиран со англицизми, мојот мозок почна да пребарува корени на зборов во англискиот јазик... Mature(зрел,дозреан). Колку несовршен превод... Поживописно и посно би изгледал поимов кога навистина не би се поминувала оваа вечер на таков ,,мрсен" начин, со пцовки, пот, 10 минутно препознавање пред хотелските хали и покажување ,,на кого му е подолг(а)" чергата. Срамота е да се биде сиромашен на овој ден. Сите се барем-средно ситуирани. Фештата почнува некаде на пладне кога разбудената принцеза/принц, ги испружуваат своите свежо издепилирани нозе од креветот.
Небаре се осакатени и патат од изгореници од трет степен, до крајот на денот ќе доживеат трансформација од невидени мегаломански размери, со надеж дека ќе бидат ,,најпосакувани" на матурската вечер. Шминкање, фризура, пиење, тутунски бомби(замислете, секој оној кој до вчера шлајфувал качак, на оваа вечер процедурално пуши Davidoff црвено и тоа 2 кутии).
Воопшто не е важно тоа што нозете на ,,славеничките" доживуваат внатрешна борба и пукање на капилари во претесните скај-сандали со 16 ипол ремчиња, важно е никој да не забележи дека сакаат да скокнат во бунар со нив! Профитираат сликарски студија, ресторани, кафани, таксисти и козметички студија. Навистина е претешко претпоставувам, да се издржи сиот тој стрес и притисок додека се чека во студиото на Дадар, Дабар, Сретен, Смртен и не знам си кој уште не, додека во главата ви се создаваат речиси бенигни клетки во процесот на двоумење и исчекување дали ќе ја доживеете бараната пластична операција.
Исто така, ако бидете доволно санирани, ќе успеете локално да ја анестезирате сопствената ,,барби-убавина" со самото тоа што нема да се мрднете цела вечер од столчето во кафаната и ќе си ѕенѕате во ритамот на Бајпас. Прекрасна матура! Немојте да се мрднете од место, немојте да ги поздравувате сопствените соученици, немојте да ги ни погледнувате пријателите, а утрото напијанети до даска и ,,отворени" лапајте се со кого ќе стигнете во школскиот хол додека блех трубачот ве зјапа во градниот кош. Прекрасна матура! Совршено завршување на еден толку ,,maturе" период...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Хипохондричка сесија

Минимум еднаш месечно, ги положувам испитите за хипохондрија. Во слободно време членувам во ,,хипохондрик-кру" каде сум главен претставник за сите болки и болести. Зошто ли, кога ќе ме заболи главата, веднаш ги замислувам патиштата од белите дробови преку алвеолите, бронхиите и бронхиолите кои доаѓаа до моето срце(иако не доаѓаат всушност)? И очекувам инфаркт...?
Замислувам дека имам превртени органи, дека се што треба да ми од десна, ми е од лева страна, инсуниозно ми се покачува адреналинот и естрогенот, па потоа правам глупости под изговор на пијанство? Да не сум јас алкохоличар?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Чувај ме Господе од дупнати кондоми, од непријателите се чувам сама


Дека македонската образовна владина експертиза, е резултат на ирегуларна контрацепција(поврзана со кампањата за трето дете), покажаа резултатите од најново спроведената Матура.
Според најновите наоди на Владата, македонската матурантска пациентела, хронично пати од непознавање на својот мајчин јазик, за сметка на англискиот кој го владее екстраординерно.
Поттикната од ова базично сознание, предлагам англосаксонизмот да стане дел од нашата национална култура, па може дури и англискиот да стане официјален јазик, на што би се навлажнил медијаторот Нимиц и проблемите со името би биле минато.
Имено, македонистичката Влада, решила највисоките оценки по македонски јазик, да ги имаат експерименталните глувци кои ќе покажат успех повисок од 96% од сите матуранти. Останатите, ќе мора да се ,,усреќат" со фактот дека достигнуваат европско-контингентни англосаксонски височини, односно највисок успех по англиски јазик. Ако си го навратам помнењето, кампањата ,,монитор за секое дете" е поврзана токму со поголемата употреба на ултра-спориот школски интернет, како и експанзијата на англискиот јазик атачувана за него. Ете од каде повисоки резултати по англиски, отколку по македонски!
Додека трае балот на зрелоста(матура*заб на прев.), круцијално е кој ќе те монитонизира(опсервира). Можноста да се препише на матурата, е еднаква на онаа кога ќе купите лубеница, во неа да има семки.Дискрапантно, или можеби не, интенцијата е да се оформи мислење кај младината дека не го знае својот мајчин јазик. Епа извинете господине Министер во отставка, церебралната маса не ми е контаминирана. Сепак, ако во текстов забележите поголема количина на англицизми и лоши американизми, целта ви е исполнета. Барем за момент, ќе го адаптирам мојот нервен код, на вашата декадентна и девијаннта интенција. Барем во текстов, ќе ви докажам дека сте во право. Да, англискиот ми е попознат од македонскиот. Успеавте! Кој детергент го употребувате додека ги перете средношколските мозоци? Можеби Ленор?

Објавено во неделник Сега (13.08.2009 стр8)
 
С

Сатори

Гостин
Американизација или смрт

Она што вистински секогаш ми сметало кај широките народни маси е кога покрај фактот дека вкусот за облека и музика целосно ќе им се унифицира, дури и цигарите кои што ги пушат им се определени од непосредната близина на телевизорот.Животот во општество кое што само по себе бара класна диференцијација беше совршен се додека не се појави фазата во човештвото наречена американизација.
Кога Гоце или Петров велеле смрт или слобода, си давам на право малку да им ги модифицирам слоганите, денешниот човек, поточно, денешниот наводно модерен Македонец кој што живее од платата на своите родители и се гледа себеси како следниот најдобар адвокат, економист, менаџер и што ти ја знам веќе, во генерацијата, се осудува да живее во согласност со правилата смрт или американизација.

Што во слободен превод би знаело, продади се сам за високи пари за да не те купат бесплатно покасно + менталниот ќотек, либерализацијата и индивидуалниот суд кој што толку силно се форсираат во така нареченото демократско општество на денешницата е заглавено во вкус кој што е лесно да се препознае било каде на глобусот освен во земјите од третиот свет и тоа само затоа што немаат голем процент на телевизори.

Иронијата да биде поголема сите се среќни со тоа што се заглавени во Матрикс Матрица и се смешкаат пред огледалото секогаш кога ќе си купат скапа кутија цигари или нови обетки кои што се мода, да не бидам шовинстички настроена.

Аргументот на глобалистите дека светот е секаде ист и дека треба да се направи една мас култура која што ќе го соедини народот е најдобро спакувана реклама која што сум ја видела во моето дваесет годишно битисување на оваа планета, но сепак, не дека ми сметаат глобалните трендови или исилената анкциозност за да почнат сите да посетуваат психијатри, она што вистински ми смета се проклетите цигари и фактот дека можност за избор ... нема.


 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Сите КОЦКИ на Коце

Како предигра на руската салата за НОВА ГОДИНА и како запршка на компир манџата во петок, се очекуваше некаков „бисер“ од скопскиот ордоначалник во последниов месец. Ордоначалник е, затоа што Скопје е една голема ОРДА, чија особена сложност се манифестира во инстантно конфузните организирања.. Имено, Коце се реши, да ја врати КОЦКАТА на градскиот плоштад. Што тоа значи? Дека кој како дојде, си го зафаќа плоштадот како квадратура од салонот дома, каде без проблем ќе си навезе ако треба и гоблен со ликот на Хајлендер на кој ќе треба сите ние да ги бришеме чевлите, а на крајот се разбира, и двојно да си платиме. За редизајн.

Менувањето на калдрмата ќе се случи откако ќе го бетонираме споменикот на АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ. Чим ќе го копаат плоштадот за да го наместат Ацета, тогаш нека ги наредат и коцките, на еден трошок. Туку не... Има пари. За копање, мора да се најдат. Сетики, така било во Париз, од каде Коце си дојде вдахновен со оваа идеја. И ве молам, немојте да го праќате во Египет, ќе се врати со пирамиди, СФИНГИ и саркофази на плоштад! Замислете го Коце од посета на Венеција... Веднаш, веќе следниот ден ќе имаме гондоли во Вардар.

Инаку, Скопје само по калдрмата се разликува од Париз. И по уникатниот мирис на „нешто што смрди“. Најчесто, тоа „нешто“ е запален КОНТЕЈНЕР и гориво од автомобилите, кај и да вдишеш. Најдобра заштита е да не дишеш. Убаво викаат, ако не ти функционира едно сетило, тогаш другите ти се поразвиени. Така, нам Македонците, како вечни хроничари и емотивни тутунари, ни остана варијантата малку да послушаме и да погледаме, ако веќе не можеме да дишеме. Сигурно патриотскиот слух, застанат некаде во петнаесет за пет во 1963 година, ќе живне со новата Коцева КАМПАЊА за народни песни на секој саат. Се работи за часовникот во старата железничка станица, застанат во истиот момент на Земјотресот од шеесет и трета. Родоначалникот, во својата изборна програма, вети дека ќе го оживее саатот кој сам по себе претставува монумент на едно време и споменик сам по себе. Се обложувам дека инспирација за ова му се, рекламите за распеаните ЧУЧУЛИГИ и венчиња на телешоп.

Да се обидеме да ја замислиме вртоглавата треска која ќе не` понесе во занес, тогаш кога за прв пат ќе го слушнеме саатот како ни кука пригодни народни траки: сите домаќинки ќе запрат со своето мешање во лонците, старите ДЕДОВЦИ во паркот ќе ја игнорираат партијата шах, во автобусите децата ќе им стануваат на возрасните за да седнат, нема да се убиваат кучињата скитници, сите ќе почнат да донираат во домовите за деца без родители, нема да имаме деца со ЛЕУКЕМИЈА за кои државата не дава пари, чуварите на стадион ќе ги пуштаат гледачите внатре без притоа да им ги украдат сите парфеми и работи што им се допаѓаат... Автоматски, Скопје ќе стане центарот на хуманизмот и ренесансата!

Потребно ни е СААТСКОТО ПЕЕЊЕ, за да излеземе од оваа катаклизма на метеж по улиците и МИНИМАЛЕЦ во дневниците. Народните песни ќе ја спасат оваа затруена младина со сепси во вкусот. Нема повеќе да владее трансот по нумери во кои експлицитно и отворено се понижува женскиот пол, и во кои ДЕВОЈКИТЕ се наречени со имиња кои домашното воспитание не ми налага да ги парафразирам. И во кои им порачуваат „да се спуштат доле“. Авторите на овие ИНКВИЗИЦИСКИ мисли, претопени во „рапоина“, на спотови играат покрај девојка што гестикулира срамотни работи, ажурно и во исто време како што оди текстот во кој ја понижуваат. Добро, каде им е умот? Има право еден мој близок пријател кога пред некое време ми рече: „ Знаеш Мими, јас го обожувам СЛАТКАР. Кога девојките што ги понижува во своите текстови го сакаат, тогаш мене не ми останува ништо повеќе одошто да му честитам.“ Имаше право, да ми го поживее Господ.

Отсекогаш сум сакала да зборувам за „спонтаноста“ и сложноста на македонската нација, а еве неделава, имам и повод. Најчесто поводот ми произлегува од студентски, но и од ИЧ – СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ. Ако претседателот на Студентски Парламент организира протести денес, тогаш полни автобуси го чекаат пред ЕУ инфо центарот уште од завчера. Спонтаност на ниво. Секако, да се напомене, дека во нив нема ниту еден студент. Освен можеби од оние „вечните“. На ваквата организација за мирен протест против промената на името, може да и` позавиди и менаџмент тимот на ДОНАЛД ТРАМП.

Процесот оди некако вака: На претседателот на СПУКИМ попознат како Медо, му текнува да прави протест во 15 часот напладне. Ги собира младите и стари АКТИВИСТИ, пардон, статисти, овааај демонстранти де. Тие телепатски веќе го чекаат на местото, се знае тоа дека спонтана нација куќа гради. И пиперки во бавча сади. Остај тоа туку, веќе утредента во 10 часот наутро, сите стеснети и не многу весели, извикуваат заедно дека „Што ќе ми е бе Европа?“. Ете, знам јас дека народов е среќен и задоволен, како не им е срам ви се молам на овие од Европа да им сметаат... Па уште и ТЕЛЕВИЗИСКИ ЕКИПИ ќе ги снимале. Кои се тие бе, да им го нарушуваат приватниот и интимен портокалов препродбенички амбиент?

Атмосфера, стандардно и безлично неподнослива... Па на прилог даваат анонимно затемнет човек, кој тврди дека шефот од работа ќе го избркал ако одбиел да присуствува. Кога организаториве ги молат за коментар, тие се оградуваат. Упорно се оградуваат од политичката позадина на ситуацијата, се оградуваат од автобусите, се оградуваат од изјавите, до толку се оградуваат што мислам дека ЖИВА ОГРАДА ќе израснат од сопствената очајна проѕирност. Организација – перам раце.


Каде беа овие студенти на светската недела на високото образование, кога некои нивни колеги протестираа против високата партиципација, против ужасните услови во студентските домови, против искористувањето на нивните средства во неблагородни и непрагматични цели? Тогаш ги немаше нигде! Како можам да верувам во кредибилитетот на овој протест, кога е организиран од лица што не го поддржаа оној во сферата што најмногу ги засега, а тоа е студентарскиот секојдневен хаос? Како беше онаа старата... Чувај ме мајко од пријателите, од непријателите се чувам сам.


Фрли еден поглед кон скопскана елка и ќе ја сфатиш античноста твоја... Ќе те огрее сонце во портокалова боја. Трчај во завод за сини картони, со нив да голташ аптекарски бонбони... Два месеца некој боледува од леукемија во оваа држава, пари за лекување не даваат - министерската функција е скржава. Да не продолжувам со мојата хаику поезија, ќе се фокусирам на дебатата на која присуствував со налов „Еднакви права за сите“. Фактот што има околу 5 000 Роми кои живеат без документи како духови, без здравствена заштита како бесмртни, без образование како да се родени образовани, говори за потребата да се донесе закон против дискриминација. Се насмеав на изјавата на еден новинар, кој кажа дека процентот на Роми вработени во јавната администрација е под нула и ме потсети на математиката на Амди Бајрам – сто два кома три посто... Но, кога поарно си ја чукнав главата, вистина, тие немаат кој да ги
застапува, а дури и да имаат некоја минорна бројка претставници, тие се неажурни освен пред избори. Она што ги „боли“ надлежните кои го кочат процесот на донесување на законот против дискриминација, мислам дека не е состојбата на Ромите, туку правата на хомосексуалците. Треба сите маргинализирани групи да се обединат и да дејствуваат со поголем притисок во институциите.
 
M

marsovka

Гостин
Култура на цинизам и Дизни идеали

Сите сме свесни за ликовите од типот леле колку те сакам кои редовно се лигават на `во љубовта` иако секој поглед подалеку од таа розева површина која редовно отсјајува се гледа дека или се арогантни самобендисани типови кои не можат да поднесат одбивање па се трудат додека не ја освојат или пак зборат за љубовта демек они се големи души и сакаат кога било кој ќе ги види знае дека смрдат на гомна од километри или пак се мали деца кои очигледно не ја виделе суштинаа на љубовта и не знаат што навистина значи да се сака а не копнее по нечие внимаение и овој дел копнежот редовно го мешаат со љубов. Дури на моменти цврсто го бранат како мали деца веројатно зошто и самите се се свесни дека не сакаат туку се самозалажуваат дека сакаат некој . Веројатно се плашат да сакаат искрено затоа сакаат декларативно. И постои онаа втора струја, онаа нова идеологија која произлезе како резутат од смаченоста од таа досадна како мува деклративна љубов , која саркастично тврди дека љубовта ја измислиле комунистите за да бесплатно добиваат секс. Базирајќи ги своите тврдења дека се се врти оклу секс и пари. Да бидеме искрени вистината не е далеку од тоа . Но она што заборавиле е дека мнозинството се врти на моќните зборчиња секс и пари , фетиши и евра , исполнување на сексуалните фантазиии и бмв (освен ако сексуалната фантазија не тие бмв-то). Тотално негирајќи го или во најмала мера обидувајќи се да всади одбивност кон моќта на љубовта и нејзиното ослободувачко дејство. Ослободување од стравот да бидеш повреден и од стравот да чуствуваш болка и љубов. Без оглед колку и да звучи страшно зборот болка тоа е нешто што ни кажува дека сме живи а не автоматизирани роботи .
Изградивме една цела култура на овие две идеолошки точки притоа и двете се ништо повеќе освен илузија и празнотија во нивната срж. Тие не нудат исполнетост ниту среќа, тие нудат самоизмама и лага . Се лажеме себе си бидејќи не сакаме да ја видиме суровата вистина . Се плашиме да сакаме. Да сакаш значи и да го прифатиш свесно фактот дека утре ќе бидеш повреден, да сакаш значи да имаш да загубиш нешто . А тоа е товар но и благослов кој не секој може да го издржи. Само малкумина го можат тоа .
Знам што ќе речат леле колку те сакам дека па ние да сакаме. Ахам мислиш манијачите типот- типката која не ве ебе два посто и притоа не осврнувајќи се наоколу ниту пак барате некој кој би ја прифатил вашата љубов и кој би ве сакал. Знаете дека треба смелост многу смелост да се сака. Па затоа трубите дека сакате некој . Секој ден како расипани касетофони дрвите за вашите чуства како мали деришта притоа не се осврнувате околу себе да видите дали некој вас би ве сакал или пак се криете позади вашата девственост.
Добро ,за втората клапа Доктор Хаус следбеници и инкарнации на Хаус лично кои мислат дека љубовта се сведува околу тоа колку добри цицки има , децо ве молам знаете и самите се плашите повеќе и од претходните само го браните вашиот став со исмевање на вечно заљубените сусштества и љубовта лично притоа не верувате колку може да биде силна љубовта и колку е потентна .
Во секој од нас постои потреба да сака и да биде сакан.
Кој има гз да го стори тоа ?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Се објавиле овие негде, или спасени се читачите на весници? :smir:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
M

marsovka

Гостин
Добро утро Македонијо
Дали ја осеќате смрдеата која ве гуши?! Дали е тоа леш во фаза на распаѓање?! Мртво куче можеби ?! Не!
Тоа е нешто многу подлабоко. Корне од секоја пора на животот. Вашиот живот. Вашата пријателка превише ве замара, вашиот пријател ви се пушта, на работа некоја добила унапредување со мала помош. Колку пати сте го изоговарале овој проблем на страна пред други а никако пред тие што треба. Нееееееее тоа никако ќе дојде крајот на светот, апокалипсата ќе се случи . Пикањето главата во шупакот е препорачливо, држење предавања за моралот, за тоа колку сте верни на вашиот сопруг додека ја осудувате вашата комшивка бидејќи е фатена на дело, иако вие сте го изневериле сопругот неколку пати. Не се важи додека не ве фатат нели?

Toa e нешто што не гуши сите, позади секоја наша насмевка знаеме дека постои мака. Постои презир , постои нешто што не ни се допаѓа а се вика вистината. Во Mакедонија постои еден мал проблем кој што е корен на многу поголемите проблеми, а се вика лицемерие и премолчување. Сите ние премолчуваме нешто. Молчевме додека лудилото наречено Александар Македонски и патриотизам почнуваше да фаќа корени. Секој кој ќе дигнеше глас го осудувавме . Има една песна `Еvery me, every you` од Placebo која говори за нашите лаги.

Да не се лажеме, секој од нас има грев кој го криеме испод креветот заедно со смрдливите чорапи . Нешто што смрди толку гадно, што почнува да не гуши, тоа е нашето лицемерие . Лажеме за пола наш живот, не сме примиле повеќе од 3 кура, ја сакаме премногу нашата другарка иако ни оди некогаш да ја задавиме, не сме го изневериле својот сопруг, морал џанам на тони го имаме, не се вртиме по дечки со пари, не се вртиме по глупи цицлести плавуши .

Никогаш нема да кажеме што ни пречи макар и некој да седне пред нас и да не загуши со неговиот прдеж и смрдливи чорапчиња. Не е културно да се збори отворено. Секој кој збори отворено е дрзок, неморален, олош, непатриот. Кога лудилото наречено патротизам почна да зема замав секој кој го дигна гласот беше обележан.
Ако речам дека убавината е важна, дека никој нема да те брои ако имаш цицки ќе бидам наречена плитка. Ако речам дека мажите сакаат само цицки ќе се дигне огромна бука дека не е така. Ако речам дека жените се материјалисти што е и научно докажано ќе бидам обвинета дека сум спонзоруша. Ако речам дека го сакам сексот – курва! Не гуши секој ебан ден со секој ебан лажлив збор кажан спрема некого . Дека се е во ред , дека е добра личност. Обожаваме себе си да се гледаме како добрите, безгрешните, патриотите, чедните , моралните, искрените. Колку пати сме премолчеле нешто иако знаеме дека другата страна лаже, или пак греши. Колку пати сме повредиле некој само за да се осетиме супериорни. Колку пати сме нападнале некој кој бил за момент искрен за своите гревови само за да докажеме дека ние сме подобри. Ние сме подобри во глумење лудило, во лицемерие . Ние сме ништо подобри од другата страна , дури и полоши. Колку пати сте свртеле грб на некој за кој се дознало дека е курва, коцкар, џанак, дека има некакви проблеми. Колку пати сме се докажувале на ваков начин. Колку пати сме оговарале позади грб. Колку пати .... колку пати сте го покажале вашето вистинско лице. Колку пати сте се виделе себе си со сите мани и доблести. Не можеме повеќе да се видиме ние самите од смрдеата и маските, не можеме да дишеме слободно од лицемерието . Колку пати сме трпеле срања наместо да ги скратиме со искреност. Колку пати само ... денес седнете и бидете искрени барем со себе за момент. Пробајте да се видите во правото светло. Пробајте да го видете своето грдо лице.

Важно е тоа што другите мислат, важно е да бидете супер - личност, важно е да ве сакаат. Дали ве гуши смрдеата која сите викаат дека не постои ? Вие викате дека не постои... сто пати кажана една иста лага станува вистина и тоа функционира за вас совршено. Полесно е да се гледате себе си во огледало со лажната, сјајна, убава, светликава маска отколку да го видете човечното не толку убаво лице кое е ваше, кое е од крв и месо, кое не е сјајно, не е чисто, кое е истрошено, кое ги покажува знаците на времето. Полесно е со шминка повеќе се вртат по тебе , полесно е со украси, со лаги, со насмевка и ќутенка. Знаете како се вика таа смрдеа која ве гуши ? Се вика лицемерие. Го има насекаде. Знаете дека комшивката ве оговара, знае и таа, а сепак се поздравувате како да сте најдобри пријателки. Знае и вашиот маж дека вие го изневерувате и ја пика главата во шупак и ве нарекува драга. Се додека се е привидно добро, се додека има кој да тапша по рамото е добро. Не е важно.

Корне од секоја пора и шахта на оваа земја на лицемери исплашеност и безнадежност. Знаете дека сте безвредни без лагите, трачевите, глумењето лудило. Знаете дека немате ништо бидејќи сте го загубиле времето на билдање на вашето его и вашиот лик и дело. Безвредни сте без вистината, затоа ја напаѓате секој кој ќе почне да збори искрено. Ве плаши . Ве плаши дека ќе ве соголи од вашите лаги и сите ќе видат колку сте безвредни. Корне од секаде на лицемерие и очај . Сите мислиме дека ќе добиеме нешто повеќе со разни лаги изнакажани . Уствари само губиме , се претворами во мали одврани створови кои смрдат.. Кои го задушуваат својот и нечиј свет со својата смрдеа лаги...

Што ако сте биле само со двајца во вашиот живот, тоа ве прави подобра сопруга, подобар работник, мајка, човечко битие? Што ако подржувате неменување на името , што се деклаиррате јавно како патриот. Кога не знаете што е патриотизам . Кога не мрдате со прстето да се променат работите на подобро за државата. Што ја труете секој пора, секоја дебата,сечие различно мислење го осудувате . Што ако ги плукате курвите и отвореноста на неколкумината за својата сексуалност кога не знаете ништо за сексот. Тоа ве прави повредни? Не, тоа ве прави лицемер. Што ако плукате по `Големиот Брат` и `Шехерезад` кога нашето образование е труло. Што ако викате дека воведување назад редовно служење на војска наводно ќе помогнело на младината да се изгради кога вие ја кршите кичмата на вашето дете уште од мали години со ставот дека наведната глава сабја не ја сече. Што ако викате дека сте добри кога некој кој ви се пушта и ви плаќа пијачки наместо на време да му кажете дека не сте заинтересирани туку го цедите додека можете. Што ако велите дека сте нематеријалист кога за бедна плата во администрацијата се продавате. Што ако викате дека убавината не е важна кога се лигавите на првата со поголеми цицки. Што ако велиме дека во Македнија е најдобро кога не сте отишле надвор од неа за да видиме.Што ако ги обвинуваме СДСМ и `Соросидите` за сиромаштијата, бедата и очајот кој владее кога сите ние молчевме и седевме дома кога се ограбуваше нашата држава и кога се правеа сите малверзации.

Мали исплашени патетични сусштества сте, кои се плашат од својата сопствена сенка, кои ја зголемуваат својата вредност преку лаги, манипулации и лицемерие наместо да поработат на себе си. Го трошат своето време на лажење на себе и на другите дека тие вредат. Ако не го напуштат сопругот, ако не земат друг, ако седнат и не кажат директно во лице на комшивката. Дека не можело да биде поинаку.
Може сега и овде . Да, болно е многумина ќе ви го завртат грбот. Ќе останете сами ќе бидете навредувани и плукани. Ама знате што ... незаменливо е чуството дека знате кои сте и што сте и колку вредите, нема лажни украси за да ве направат повредни. Чуството на тоа дека сте само човек и се гледате така себе си е незаменливо. Цената е голема ама дали имате муда да ја платите. Луѓето кои ќе ви останат ќе биде заради вас а не вашите лаги. Пријателите кои ќе ве сакаат ќе ве сакаат заради вас, само заради вас.
Време е да смениме се . Време да си признаеме дека сме одвратни, време е да се видиме во огледало . Време е да паднат маските. Време е бидејќи немаме многу време останато . Животот е прекраток за да се лажеме дека ни е добро кога знаеме дека ни е мизерно. Време е да излеземе да се бориме за себе наместо тивко да умираме седејќи во некое темно ќоше очекувајќи некоја нова жртва да ни падне во раце . Да ја искористиме, а со тоа да се осетиме подобро за момент...

Време е ... време е да бидеме искрени. Со себе, со другите, со општеството и да се бориме за тоа што сметаме дека е вредно за подобар живот за подобар дом, маало, град, за подобар свет. За подобра Македонија.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Скопје 2014

Наслов како за SF филмче, наслов како за погреб на Скопје.

Коце и Владе решиле да ја преуредат дневната соба на Скопје, небаре ова е само нивна соба во која тие двајца седат сами и ќе уживаат во утринското кафе со поглед кон статуетките и градбите кои ќе никнат. Гостите се пречекувале само во дневната соба и таа треба да биде угледна што е точно, но ако гостинот реши да остане подолго домаќинот треба да му понуди соба за да преспие. Е сега замислете, живеете во некоја населба на 4 км од градот каде немате асфалт на улицата и газите кал до колена, притисокот на водата е толку низок што неможете ни чаша да наполните да се напиете, а камо ли да се избањате, нема канализација туку септичка јама и смрди,.... смрди градот.....
Е сега е момент на вистината од сите тие “убавини” што нашиот гостин ќе се нагледа ќе се нагледа богами и серотини од нашава мала паланка.
Утредента се спремаме да ја посетиме “триумфалната порта” ( за кој триумф се прашувам) и се симнуваме со калавите чевли право по Првомајска во центарот – дневната соба, со насмевка на нашите лица, со глава гордо крената што успеавме да ја исчистиме калта од нашите чевли.

Скопје VS Париз.
Уште калдрмата да ја вратиме и ќе бидеме мал Париз.Зошто Париз? Коце сигурно од малечок мечтаел да живее во Париз или дека Тетово го викале мал Париз, па сега и Скопје да го потсеќа во нешто на Париз. Неписменоста не е страшна сама по себе оти неписмен човек слуша што писмениот ке му каже, лоша е полуписменоста оти тие луѓе знаат се.
Ах, Париз, леле, кога ќе се отвори Moulin rouge во Скопје, кутрите жени ќе ги бараат своите сакани во кабарето.
Ах, Париз, Вардар тоа е нашата Сена која има 30 мостови, па како тргнало со мостовиве може и кај нас толку да се изградат.
Цркви,џамии, коњаници, чуда, чуда..... Весело Скопје, непрепознатливо Скопје, Скопје замоткано во кич.

Скопје 2014 се будиш и незнаеш каде си во Париз, Рим, Лас Вегас, Лос Анџелес, Виена, Лондон, Москва ...... секаде само не во Скопје.

Фотокопирот е супер помагало, но неможе да ни фотокопира нешто што немало, не било...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Која е процедурата да те објават? Само ако им се допадни текстот?
 
M

marsovka

Гостин
the future revisited​

Се сеќавате кога бевте помлади, кога сте имале 10-11-12 години, кога ги гледавте оние научно фантастични филмови полни со гламур, лоши специјални ефекти, удобни станови и возила, патувања на други планети, други видови, прекрасни пејсажи, чиста планета земја, човечката раса еволуирала подалеку од eat-shit-sleep-fuck начинот на живеење и гледање, иднина во која секогаш доброто победува и сите се среќни и весели освен негативецот. Се сеќавате ли како фантазиравте за подобро утре за вас, за тоа како кога ќе стигнете на 30 ќе одите на марс како дел од научно истражувачката мисија, како сте успешен човек со кариера, како утре ќе биде подобро од денес, далеку подобро. Гарант сте мислеле дека посетувањето други земји за викенд нема да биде права тортура исполнета со страв дали ќе имате доволно пари, ниту пак дали ќе имате доволно пари за да го преживеете месецот. Сигурно дека сте мислеле дека животот ќе биде исполнет со авантури и задоволство . Јеа така барем мене ми изгледаше додека гледав Star Trek гламурозно, исполнето со шетање на други светови во најмала мера по други држави и места на планетава земја.

Сеа кога ќе погледнам назад и кога ќе ја активирам онаа останата меморија сваќам дека работите тргнале на далеку полошо . Многу полошо . Не знам дали за мене или државава. Низ мојот прозорец се гледа нешто што требало да биде фонтана кога се градеше јас се радував дека ќе има нешто со што ќе си играм . Сега е само нешто што труне. Иднината дојде а со себе донесе далеку повеќе кал по улиците, скапи пренхранбени продукти, опасни улици, вода со вкус на бигор и разни хемикалии, облека со мизерен квалитет, воздух со мирис на запалена пластика и гума, бензин и чад. Иднина дојде а со тоа донесе страв на лицата на луѓето, очај и беда. Ретко да видам насмевнат човек, уште поретко да осетам весела атмосфера, дури и кога влегувам во кафуле сите како некако да чекаат да дојде Дедо Мраз и да ги извади одовде . Како да очекуваат бог да се симне лично само за нив и да ја помести планината само за нив, да им ги среди домашните обврски само за нив, да работи само за нив. Очекуваат исто така бог наместо нив да протестира, дап да протестира против работите што се случуваат во последно време. Очекуваат бог да го смени размислувањето на политичарите, и тие конечно да почнат да си ја работат својата работа.

Очекуваат бог да ги казни ебаните гниди кои не цицаат и тормозат со години . Очекувања, очекувања... Јас очекував да бидам факинг доктор али ради немаштијата не отидов тоа да студирам. Али не ни очекувам бог да ми понуди други алтернативи на иднината и каде се гледам јас.

Дали се сеќавате кога иднината била јасна, убава и светла . Подобро да почнета ако не се сеќавате бидејќи во спротивно гледање назад и преживување денес не е живот. Туку е тивко пропаѓање и трунење. Ебате почнете да гледате подалеку од утре, погледнете неколку години подалеку и кажете ми како се гледате. И да дедо мраз е мртов јас го убив и неговиот труп скапува во ендекот а, бог е болесник кој се заебава со нас и нема да симне доле на земјата бидејќи му е презабавно да ја набљудува нашата бескрајна глупост.


Ја гледам иднината пак од оваа гледна точка и го осеќам мирисот на дистопијата ако не го мрднете вашиот задник таа дистопија ќе излезе од вашите главчиња и влезе во вашата реалност. Чекај ова е дистопија, само ние не сме забележале бидејќи сме презафатени со гледање „Survivor“ од седиштето во театарот наречен живот. Проклетство луѓе почнете да се борите за себе иначе набрзо ќе гледаме ќе гледаме филм наречен „ Македонски хорор“ .

Знаете зошто, зошто пред некое време се почна еден муабет за тоа како живеат некои постари роднини на баба ми. Како они гнијат сами без помош. Како не можат да се грижат за себе си и се оставени на милост и немилост на луѓето каде они живеат. Како нивните нафатирани деца не ги погледнуваат ни два пати бидејќи повеќе не се во можност да праќаат месо, сирење, пари на нив. Како се прав хорор филм државните пензионерски домови иако никад немав смелост да ги посетам бидејќи знам дека после тоа ќе ги барам нивните деца со секира. Сакате да ви кажам како изгледа иднината ако не си го мрднете задникот, влезете во ебаниот државен пензионерски дом , влезете во народна кујна да видите колку пензионери се прехрануваат таму. Каков ебан народ сме кога устите ни се полни за славното минато а самите претставници на минатото ги третираме како гомно, смрдеж, ебан леш. Веќе се полираат нивните ковчези и чекаат само да умрат, еден помалце уште 300 000 останаа. Да они се товар,да они трошат ресурси али ебате утре ќе бидете баш нив и вие ебате ќе остарете. А погледнете што ве чека. Се сеќавате кога бевте раснети со прикаските дека пензионирањето е добро и дека остатокот од животот ќе го поминете опколени со внуците во мир, спокој и задовлство, се сеќавате на благословите од типот да живееш 101. Е па изгледа дека нема тоа да го дочекате според последните случувања. Има еден цитат што ми се врти во главата од Мишел Уелбек - “Тогаш стана модерна држава, ги третираа старците како прав отпад“. Bооо хоооо станавме модерна држава, честито си ја ебавме иднината. Ако е ова ебаната сјајна иднина јас не ја сакам . Не сакам да живеам 101, у курац ни до 70, ако ова е иднината сакам да се легализира ебаната еутаназија за да на 50 години скинам конци. Не ни сакам да дочекам пензија пошто не ни сакам да бидам во кожата на старците кои ги гледам наоколу . Не сакам ни да бидам третирана ко отпад само затоа што неам цврсти цицки и јако гзе . Fuck you ! Нема да ви го дадам тоа задоволство . Добре дојдовте во ебаната иднина: смрди, никој не ве ебе два посто, ве третираат ко гомно. Почнете да се спремате од сега за да не ви биде претешка адаптацијата , бидејќи повеќе од очигледно вие сакате таква иднина според начинот кој ги третирате вашите баби, дедовци, мајки, татковци. Не заборавајте дека вашите деца гледаат и учат од вас.
 
M

marsovka

Гостин
Има и полошо​

Оваа поговорка ја слушам како постојан одговор кога се збори за реалните проблеми што секого го мачат - ќути има и полошо . Тогаш ми доаѓа мрак пред очи, се вцрвенувам и ми доаѓа да плачам едноставно да плачам. Ми се плаче поради тонот на резигнираност со кој се кажува . Ми се плаче поради тоа што се убедуваат сите дека и ова е добро, ми се плаче поради бедната утеха која си ја даваме меѓу себе со доза на апатија, безживотност и немање војла за за борба да се променат работите на подобро.

Ми оди да си ги изгризам патиките секој пат кога некој тотално лош осмислен проект се брани, проект кој корне на популизам од километри. Се брани со невиден жар и дрскост во која секој кој вели спротивно е глуп и слеп. Наместо тој жар да се пренасочи кон борба за подобро. Што е уште поинтересно и таму се протнува таа апатичност и тешење кое оди со него -важно нешто прават. Што прават?! куп бесмислици кои покасно ќе не чинат скапо? .

Жалосно, толку жалосно што не можам да го опишам горчливиот вкус кој го имам во устата додека пишувам за ова. Додека на вести гледам како се дигаат буни и востанија во други земји за своите права, овде не се мрда со прстето за да се помери ниту еден камен. Секој од нас едноставно се плаши да го дигне гласот, не верува во другиот, не верува во себе и става во позиција на статистика. Обична бројка ... кој сме ние да дигаме глас, зошто да протестираме кога пред нас протестираа многумина, кога политичарите се исти кога од овој има и полошо. Секад се бараат изговори , најлесно е така полесно е да седиш пред телевизорот и да го гледаш целото шоу со пуканки во рацете. Да коментираш од страна, да обвинуваш, да си гледаш сеир за да после на внуците да раскажуваш кад је био тито упс гвујо ех тоа беа тешки времиња. Се разбира ако внуците не ви се наоѓаат во друга држава.

Најомилен изговор ми е : Да бе јас ќе се бунам за да бидам продаден од партиски лешинари. А што велите дека сте се продале себе си? Предале себе другите ... зарем не е на секој должност да се бори за себе и својата фамилија и своите права? Или пак е должност да се оди по линија помал отпор ? Полесно е секогаш, не мора да се плашиш, не мора да се бориш со разно разни партиски пуленчиња, со медиумите, со погледите,од страна, со сензационални обвинувања, тужби, со властите . Едноставно полесно е да се вегетира, полесно е да оставиш другите да се изборат наместо тебе и да ја завршат валкната работа додека ти седиш во удобната фотелја и гледаш вести во 8 часот.

Прашањето е а што ако веќе нема кој да се бори, кога безмилосно не толчат, кога и последниот бунтовен глас ќе замре, што тогаш? Кога последната одбрана ќе падне што тогаш? Кога нема да бидете од оние малкумина кои се заштитени и згрижени од власта, што тогаш?

Што тогаш? Тогаш кога ќе почнете да ја колнете власта погледнете се убаво во огледало и исколнете се и себе , бидејќи вие сте допуштиле тоа да се случува, бидејќи тогаш сте седеле во удобната фотелја и мирно сте гледале вести, наместо да излезете надвор да се побуните, мирно гледавте и сеиревте без тронка грижа на совест и свесност, дека и за вас се работи и дека ова е и за вас важно .

Не е далеку времето кога и последните гласови ќе замрат, не е далеку времето пред последната искра надеж исчезне, а бе надеж е исто како да сме мртви . Има една поговорка додека дишам се надевам кај нас изгледа додека дишам и само дишам уффф и дишам, преживувам и се тртам !
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.465
Марсовка, каде се објавуваат твоите трудови???
 
M

marsovka

Гостин
Марсовка, каде се објавуваат твоите трудови???
На блогче :pipi:
Патем оваа тема си ја користам кога ќе напишам нешто а не знам каде да го сместам :)
И не прашувајте освен ако авторот не ви даде линк до каде е објавено или напише ко новинарка

Или утнав тема ? о,О
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Мирослава Симоновска
објавено во „Шпиц“ во понеделник, 07.06.2010




Ако сакаш да си претседател, мора да спиеш во Брајчино!



Николина е веројатно првото име на кое ќе запре вашата мисла кога ќе пристигнете во село Брајчино, под југозападниот срт на планината Баба, на мирниот, скротен атер до грчката граница. Живиот жубор на Брајчинска река, верно закрепостен во ушите на секој посетител, е највисоката нотка бучава што го украсува тукашното мирно живеење. Селото е во прегратката на националниот парк Галичица, исчистено од сите мириси на урбаниот живот, во совршена хармонија со околното планинско опкружување.

Баба Николина, жената која триесет години ревносно се труди да го претвори ова село во „Мека“ на селскиот, еко – туризам, живее во навидум обична, но сепак пристојна куќа од камен, која почива покрај прашливиот пат и малото селско изворче. Да се најде нејзиниот дом е како да се бара Рим, зашто сите патишта и сите пофални зборови – водат таму. Ако во дворовите на останатите сто жители колку што брои ова село, не се забележува раздвиженост, тогаш во дворот на Николина, дури и малото мирно кученце е симбол за гостопримливост.

Со топли зборови и срдечна покана да влеземе внатре, бевме пречекани во куќата откаде ниеден гостин не си заминува рамнодушен. За само неколку секунди, откако се искачивме по мермерните скалила, однадвор просечната и голема градба, се преиначува во луксузна градина и ентериер опремен со стил, елеганција, чистота и смиреност. Удобно сместени во сламените столчиња и послужени со топло миризливо кафе, ја слушавме баба Николина како со присебен, одлучен и мирољубив нарав, ја раскажува својата идила во селската хармонија:

- Кога се преселивме со сопругот овде, пред 30 години, немаше многу жители. За туризам не стануваше ниту збор. Не сакав да се помирам со околностите и да дозволам вакво необично место, облагородено со сета мирнотија и убавина, да остане невидено и недопрено од туристите. Отворивме кафеана долу, во стариот дел од куќава. Имаше четириесет столчиња и на секое од нив седеа по двајца. Сама ја одржувам цела куќа, пречекувам и испраќам гости. Се радувам кога прикажуваат за убавините на ова село, објаснува таа подавајќи ни портокали со дланките кои иако имаат на себе осумдесетгодишни траги, сепак се стабилни и великодушни.

Покрај беспрекорната човечност и услуга, баба Николина ќе ве вчудоневиди и со својот талент за цртање и осмислување на ентериерот, затоа што сета внатрешност на куќата е нејзина нарачка, изработена според нејзините цртежи. Низ стаклените прозорци затскриени со свилени виолетови завеси, погледнале сите четири македонски претседатели кои престојувале во нејзиниот дом со своите семејства. Несомнено, ова го чини доволен доказот за нејзиниот туристички перфекционизам и посветеност.

- Овде во куќава, нема оброци. Се` што има, се става на маса. Во единаесетте соби што ги имам, престојуваа 27 амбасадори. По нивна препорака и добар збор, Солана ме покани на вечера и ми испрати лимузина да ме земе. Ми направија голема чест, самоуверено но скромно завршува таа.

Откако се разделуваме, на нашата екипа и` е јасно зошто за оваа жена, на долго и на широко расприкажува секој оној што барем еднаш го посетил Брајчино. Селото каде еко туризмот заживува и под чии селски скромни покриви годишно преспиваат околу шестотини странски туристи.

Мирниот предел под манастирот Св. Петка, го раздвижуваат неодоливите мириси на домашна храна, подготвена од вредните раце на петте домаќинки кои спремаат, како што се вели – од продукти од својот двор. Сите туристи што доаѓаат во селото, сакаат да пробаат од македонската трпеза, а тоа може да го сторат и за симболични цени од 380 или 500 денари. Така неретко, во селскиот ресторан може да забележите турист од Холандија, како мези ракија и салата, руча селски зелник, турлитава, тавче – гравче, мусака или селско месо, а на крајот се заблажува со домашни слатки, овошје и кафе.

Сепак, главна преокупација на селаните и понатаму останува земјоделието, односно одгледувањето јаболка. Како што ни кажуваат, еко – туризмот може да биде само дополнение на буџетот, но не и примарен фактор за егзистенција.

Очигледен дар за селото, покрај високите зелени планини зад кои се стрмоглави мајското сонце, е и поволната инфраструктура поврзана со патиштата. Благодарение на тоа, децата од селото одат на училиште во соседното село Љубојне, оддалечено 2 километри. Вредните жители кои не ги штедат насмевките, тапиот звук на цепење дрва во дворовите, добрината и мекиот сјај во погледот ја оформуваат чувството на мир во срцето за секој брајчински посетител. Тука, нема некој што дошол само еднаш. Во четирите маала – Горно, Долно, Каменче и Чароловци, секој стапнува најмалку два пати магнетизиран од
климата, пејзажот и громогласниот аплауз на природните звуци.

Мирослава Симоновска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom