Ваши новинарски дела (колумни и друго)

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
771
Мирослава Симоновска

„Шпиц“ 12 јуни 2010




Вонредни вести!


Почитувани жени, ве известувам дека започна Светското првенство во фудбал. Знам дека „ве усреќив“, мислам особено вие кои не сте по спортот... Спремете се добро за деновите што доаѓаат, односно за фудбалскиот дрес – код и вашите задолженија кои како непишани правила постојат во „Манифестот на гледањето фудбал“.



Додека трае натпреварот, преправајте се дека не дишете. Секој ваш шум, може да предизвика пропуштање на дел од натпреварот, а тоа да донесе сериозни последици кај вашите мажи. Ќе ве праќаат на фризер, во продавница по пиво и весници, ќе лупите кикиритки и секако – дури и еден збор против тимот за кој навива вашиот љубен, е дело казниво со закон. Температурата на пивото нека не го надминува бројот на џуџињата, значи точно седум степени!


Немојте ни под разно, да се обидувате да му докажете дека Франција не го победи Бразил во светскиот куп туку дека Адидас го победи Најк. Тоа може да биде смртоносна изјава за која навивачите на Бразил, инаку ваши сопрузи, би ви ја блокирале кредитната за шопинг на неопределен рок. Пожелно би било да земете еден лист онаков фараонски, да застанете до мажот ви и да почнете да го ладите додека неговиот тим губи, за редуцирање на стресот.



Бонтонот за жени, за време на Мундијалот ( о Боже, го напишав со голема буква овој светски настан), вклучува навикнување на увото на пцовки и собиранки со другарите, расчистување недобитни ливчиња спортска и конечно, комплетно игнорирање на гласот на коментаторот на телевизија. Тој па кутриот, цел ден ќе мора да „вергла“ фактографија за сите фудбалски репрезентации, нивните пошироки семејства до трето колено ( и второ рамо) и статистиките за пола век наназад. Ко да ви е вас гајле како жена, кој победил пред десет години и колку пара копачки годишно троши еден професионален фудбалер и колку круга околу зграда трча дневно и зошто се одлучил за фудбал а не за бадминтон и зошто омилена боја на тапети му е небесно порток ... Нема крај.



За прв пат ќе можете комплетно да ја сфатите тежината на изреката „цела куќа е на мој грб“. Скоро ко што полжавите ја имаат сфатено. Се` ќе може да си спакувате на грб без мажот дури и да запримети, освен телевизорот. Него ќе мора да го оставите, ако треба и како единствен апарат во куќата.



Ситуацијата е сосема поинаква ако и децата ви се по фудбалот. Е тогаш без сомнение ќе се претопите во масата, па до финалето ќе се шетате со маичка I love football и ќе засадите јачмен за да пробате да си правите сами пиво пред утакмица. Додека јас си ја опишувам блиската иднина, сигурно веќе машкиот дел од куќата, задоволно вегетира пред телевизорот и прави комбинации кец кец, нула... Во фудбалот броевите од бинарниот систем совршено се вклопуваат во атмосферата. Светот се врти околу кец и нула. Во новово време, обложувалниците ми личат на места од кај што се купува леб и млеко, ама разликата е што тука тоа не се случува само наутро, туку во текот на целото деноноќие.


За доручек – Роналдо омлет ќе ве молам! Сериозно, во локалнава сендвичара, од вчера се продава сендвич со име „Роналдо“. Зарем не е тоа прекрасно? Мора таа жената што ги прави сендвичите да попримила малку од герила – маркетингот на нашата влада.



Неделава прочитав некаде, дека до нашата осумнаесетта година, сме изложени во просек на 350 000 реклами. Уште малку и баркодови на дланките ќе ни истетовираат. Епа македонските деца, се просветлени со дополнение од минимум 200 реклами годишно, онакви преродбенички. 24/7 Остваруваме!



Очекувам и дома кај мене, да почнат да остваруваат, а најголемо месечно остварување се погодувате – сметките. Убаво си праша еден мој колега, па има ли поголема иронија отколку да одиш да платиш сметка за парно, на плус триесет степени, летно време? Затоа, најубаво, ќе си седиме дома и ќе си одмараме покрај фудбалот. А кога ќе заврши и последниот натпревар, ќе се вратиме сите во нормалниот живот, слабокрвни ко споменикот на Ченто, безработни, опиени од мирисот на градежништво и ренесанса, со празни џебови. Добро е, барем фудбалот не` оттргнува од болното секојдневие. Ќе го следам Светското!

 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
771
Мирослава Симоновска
„Шпиц“ 31. 07. 2010


Роди ме мајко со мобилен и фрли ме на буниште



Едно тмурно утро во XII век бабицата забрзано ги нижеше своите чекори кон трошната колиба скриена во два метри снег. Мораше да стигне најбрзо што може, оти таму, на постелата во својот скромен дом осветлен со само една газиена ламба, лежеше Елена, со тешки породилни болки. Бебето беше на пат. Кога пристигна, бабицата ги подготви своите реквизити – пешкир, леген со топла вода и нож за да ја пресече папочната врвца и почна да го изведува породувањето. Чекај, чекај, си велите во моментов...


Ова многу потсетува на денешните услови во кои се породуваат жените во Македонија. И во право сте. Само што, сега не ни` доаѓа никој по дома да не` пораѓа, туку мора да одиме во болница, да го поминеме процесот на пронаоѓање врски и роднини меѓу вработените во здравството и да се надеваме дека ќе дојде денот кога ќе пржиме мекици. Ако времето е пари, тогаш ми е јасно колку е саат. Помина секое разумно време за реформи во здравството. Во македонскиот породилен хорор, безброј пати јавноста сведочеше трагични ситуации, новороденчињата да не го здогледаат светлото на крајот на тунелот наречен матка, а за тоа беше информирана единствено преку медиумите. Еутаназијата на македонското здравство ја потпишува секој нареден случај на мртва родилка или пак нејзиниот плод, без разлика на горделивиот пристап кој го имаат надлежните, ветуваќи дека ќе се вршат реформи.


Колку детски животи треба да згаснат пред да се разгорат, за да евентуално нашите државни гинеколошки одделенија престанат да личат на колибата на чичо Том? Можеби е веќе пренападна, несолена и обоена со претенциозност изјавата дека со секое секое пристигнување на нов споменик на плоштадот, едно новороденче умира поради дефицит на кадар и современа апаратура на гинеколошките одделенија. Но зарем некој може да го негира примитивниот впечаток кој го оддаваат тие, независно дали во нив жените одат на рутински преглед или пак за една света и библиска функција – да донесат на свет нов живот?


За сметка на животот на новороденчињата и нивните мајки, приоритетите ги заземаат некои според мене споредни, дури и украсни елементи на плоштадот – статуите кои во сиот свет се јавуваат како јаготка на шлагот, откако претходно ќе бидат санирани штетите во клучните сфери од социјалното живеење, меѓу кои на прво место е здравството. Кога сопругите на пратениците, министрите и другите функционери би се пораѓале во државните болници, тогаш нивните сопрузи би ја сфатиле итноста и цврстината на проблемот со кој се соочуваат секојдневните жени. Со еден ултразвук и кардиотокограф, дискутабилно е дали некој е подготвен да дојде до прво, а камоли трето дете.


Простите математички пресметки, ја прават ситуацијата уште помизерна. За да добиете пристоен, хуман третман во професионални услови и да се породите во приватна ординација, мора да ја штедите во текот на една година, вашата цела просечна македонска плата од 250 евра. Ако ја имате, се разбира. Дека нашето здравство се сонча без заштитен фактор, покажува и зголемениот морталитет во болниците. Обично таму требаше да спасуваат животи. Во најмала мерка е иронично да се стимулира наталитетот со парична помош од 5 000 денари, додека болниците каде се врши чинот на породување личат на партизански резерват.


Како и во секоја друга македонска работа, девизата „несреќен доктор – несреќен пациент“ е сумирана заедно со неадекватните законски регулативи според кои матичните гинеколози не мораат да ја водат бременоста на родилките. А ко што не` дал Господ, вака длабоко едуцирани да мислиме дека може да постигнеме контрацепција со сода бикарбона и кока кола (ако се сеќавате една неодамнешна анкета покажа дека младите жени ова го сметаат за вистина), ништо чудно да има идни мајки кои нема да одат на преглед во текот на бременоста, освен ако не бидат казнени. Ех драги мои, дневно во светот се продаваат количини кока кола за да од неа се напијат 30 Македонии, но сепак има трудници. Значи, кока колата не е контрацепција.


Недостигот на персонал во болниците е вистинско фијаско. Колку за споредба, во една трафика работат двајца продавачи, а и во едно одделение за гинекологија исто толку гинеколози. Логично? Животот сведен на продавање. Достојноста на лекарската професија не се гледа само во селективното помагање и лечење „со врски“, туку и во соодветните услови со соодветен кадар и апаратура. Само во Македонија и Занзибар, може да се случи породување на светло од мобилен телефон, како што беше случајот и не толку одамна во една битолска болница.


Потсетник: Откако во болницата снемало струја, приземните доктори биле принудени да го искористат светлото од нивниот мобилен телефон. Почнувам да се сомневам дека гаснењето на мобилните телефони во јавни установи е лош потег. Непосредно по овој Чак Норисовски чин, интернет младината се прашуваше која марка бил мобилниот и се шегуваа дека детенцето треба да се крсти според неа. Соња – ериксон, чинам ја нарекоа... Досетливите веднаш ја преиначија поговорката па сега таа гласи: Роди ме мајко со мобилен, па фрли ме на буниште. Да му е страв на човек да остане труден...


 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Inkajganeption (a сеир within a сеир within a сеир)


Веќе не мразам виртуелни кругови наменети за социјални сеири и сублиминални fuckalot спојки.
Скршив рекорд во раскинувања минатиот месец. Сите се на фејсбук.
Една сирота била и на Кајгана, таа најлошо си помина. Проработи старата шовинистичка финта "леле колку си поубава во темница" која ми собираше прашина у мозок веќе долго време.
But, even individual reason turns into socio-political insanity. One must face the inevitable curse of the TAG.
Во стегите на оргијашката мелодрама, и јас се закачив на фејсбук. Тогаш за првпат ми стана криво за форумското изразување и неговото бавно јавање кон зајдисонцето на сметка на ова левијатанско суперносвско гаргатуанско створење полно разголени сликички и игри за менингитисоидни монглоиди.
Јебига.
Аднав некои фаци, добив некои покани за групи, некои фаци ме аднаа мене, некои ги одбив, сwикички не ставив, сакав да почекам малце да го проучам, да научам да не пишувам постови у коментар за слики, оти на фб улав си ако напишеш пост на коментар за слика. Ебате, се е noob-изирано.
Дојдов до многу разумни заклучоци. Сфатив дека ако го земеме човечкото его во однос на social networking феноменот и му дадеме форма на бебе, тогаш кајгана е пелената. Своевидна превенција за да човек преку заштита на неговиот идентитет и, најчесто, неговите мрачни мали психопатии, може комотно да шири реа без да му ги видат гомната. Ако го бива, посеркото и ќе ебне нешто. Гилти ез чарџ'д.
Фејсбук, од друга страна, е млекото. Она мајчиното. Од цицка. Кога егото е гладно за внимание, вришти со голишави слики и компромитирачки пози, линкови од авангардни срања за кои можеби и појма нема, статуси за тоа како ќе се самоубие со тоа што ќе го лиже штекот у дневна...па, за награда, добива цицка.
Е сега, да не излезам и јас плиток со тоа што како причина за моето зачленување на Фб за првичен пример го земав тоа дека секоја млада дама има профил, над 9000 пријатели и јас морав да се акомодитирам за да со нечиста и предавничка, ама барем мирна свест функционирам во TAG-врските...не сум до толку.
Основната причина за да станам свесен дека егото суптилно ни укажува на потребата од супремизација на ЈАС беше кога неодамна од еден многу болен тип добив CD со некој аматерски документарец за злоделата кои Французите ги вршеле во Алжир. Со цимерот направивме пуканки, си го земав мојот дел и седнав пред стариот ми верен компјутер. Филмот беше кул. Испозабранет во пола од цивилизираниот свет, еден саат сечење јајца, глави, млатење до смрт, распорување утроби....се тоа со многу поучна нарација од еден фин дечко, најверојатно француски анархист, кој за секоја наредна слика или чат-пат снимка знаеше на која локација го обесиле кутрото копиле и имаше точно избројано колку масовни гробници има во Алжир.
Морав да го паузирам филмот негде дваесет минути пред крајот. Ми снема пуканки. Отидов да се изгребам од цимерите. Ми дотурија малку. Се вратив и го догледав. Не беше гаден на крајот, типот досаѓаше со некој монолог за тоа како човештвото мора да се издигне од пеплиштата на минатото и да работи за да се спречи ваквата кататонија на хуманизмот. Се убаво, ама со shock value не се пренесува поента. Излитено е веќе.
После тоа излегов на терасата да земам воздух. Одспротива една теткица исто беше излезена на тераса и тресеше некое ќебе од четврти спрат. Додека го маваше ќебето од оградата, се лизна малку, изгуби рамнотежа и се навали целата надоле. Стрча еден типац од собата и ја повлече. Нозете ми се пресекоа. Се одмочав. Уште од многу мал, имав сигурно некои пет години, дедо ми, кој живееше на седми спрат имаше чудна фасцинација да си игра со мене на тој начин што ме земаше, ме носеше на терасата, ме префрлаше преку оградата и ме фрлаше во воздух, па ме фаќаше. Така неколку пати, додека од вриштење не ми однема глас. Од таа тогашна траума, и денес имам ненормален страв од височини. Кога ја видов теткицава како за малку ќе се претвореше во Икар, пребледев. Почнав да се потам и да се тресам. Отидов да се измијам. Ишлапав лицето. Влегов во кујна и јадев еурокрем...заради шеќерот. Па пиев кокта....заради притисокот.
Ми требаше време да разберам за себичнокопиљачката ситуација во која несвесно се најдов. Океј, гледав филм во кој веродостојно се прикажа геноцид на еден цел народ, а мојата единствена активност беше гнетење пуканки, за да потоа кога се соочив со мој личен страв и проблем, да се однесувам како Мадона кога не видела кур две недели.
И како бе не сум јас за Фејсбук? Печен сум за Фејсбук.

На крај, за да теоријата на апсурдот биде целосна, односно да се комплетира правилото дека "when it rains, it pours" - си фатив либе. Либето нема фејсбук. За кајгана чула, ама смета дека е место за егоманијаци и истрошени лешинари. Не пие. Не гледа турски серии. И за кој кур јас ја правев целава оваа анализа за да си го оправдам моето хулење на идеал со тоа што се зачленив на Фб? Сега имам довчерашен истомисленик за кој сум сонувал цел живот, а во моментов поради цврстината на моето убедување дека сум само дел од сенародното ура, претставува антипод на мојата личност....пак.

 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Магла насекаде, насекаде околу нас

Кога бев дете една од најголемите радости во моето детство беше паѓањето на првиот снег.
Немаше поубаво чувство од тоа претходната вечер да си легнам, покрај ќумбето на дрва, потонет во зимски сон и да се разбудам со поглед преку прозорецот кон дворчето. А дворчето...избелено целото од првиот снег.
Детската радост се зголемуваше, а насмевката не се симнуваше од моето лице.
Со искрена радост трчкав наоколу низ сите соби и викав СНЕКЧЕЕЕ, СНЕКЧЕЕЕ, СНЕКЧЕЕЕ!
Облекување ѕиврите, шалот, капчето и ракавиците и трк во подрум по санката!
Радишани со својот препознатлив ридско-планински изглед овозможуваше на нас децата неколку "скијачки" центри. Првата т.н стаза беше на втори влез. На втори влез брдото веќе се спуштаа големите од моето маало со своите скиички креативно напраени од летви. Кај градинката брдото воглавно беа санкаџиите. А третата стаза беше на крај на Скоевска на брдото према Симче! Таму имаше најголеми тумби румби кадешто покрај санкањето имаше и многу падови на глава пришто се здобивав и со тумби румби на главата.
Едноставно, мојата населба беше измислена за уживање во сите зимски лудории.
Снешко Белиќ имаше во секое дворче. Топки од снег профучуваа над мојата и главите на моите другарчиња.
Се смеевме и радувавме! Бевме искрени кон снегот. А и тој не сакаше нас. Ние го газевме со чизми а тој ни враќаше убав крцкав звук.
На сите овие слики со насмевка се потсетував во автобусот број 57 додека одев накај факултет.
Спомените од детството ми ги прекинаа две-три снежни топки на прозорецот до мојата глава!
Се освестив и видов дека тоа се само неколку средношколци од Чаир.
Си реков...океј...бек ин риалити.
А реалноста е тоа што станавме и лицемерни према снегот.
Додека пред две недели низ цел свет паѓаше обилно снег, кај нас беше топло и тоа со + 18! Коментари насекаде од луѓево од типот на: Ајдее бе, кадее е кај нас снегот? Ова ли е зима? брее никако снег да падне!
Но после една недела падна и кај нас првиот снег!
Погоре прочитавте дека снегот го забележував од прозорец. Прва глетка од утрото.
Овојпат за снегот се информирав тука, на ФБ. Станувам сабајле, и сите статуси содржеа наслов СНЕКЧЕЕЕ, КОНЕЧНО СНЕГ КАЈ НАС, СНЕГ СНЕГ СНЕГ! Сите беа радосни и весели по статуси!
Но лицемерието се покажа после еден ден. Наредни статуси беа: ДА ТИБАМ СНЕГОТ, ЛАДНО Е НЕКА СИ ИБЕ МАЈКАТА, ОД СНЕГОВ ЕБАН НЕ МОЖАМ НА РАБОТА ДА СТИГНАМ, КАЈ СЕГА НАЈДЕ ДА ЗАВРНЕ???
Е особено последниот статус ги погоди надлежните. И овојпат пак на 16 декември (време кога е зима и се очекува снег) дека снегот ги ИЗНЕНАДИЛ! Одсекогаш сум се смеел на ваквите изјави.
Ама не е за смеење, за плачење е! Улици замрзнуваат, сообраќај закочен, луѓе не можат да стигнат на работа.
И сите гневни удираат по снегот, кутриот снег којшто реши да и се насмевне и на македонците, но за жал доби само ругање!
Не драги мои пријатели. За ругање се токму оние надлежните коишто треба да го средат проблемот на патиштата ширум Македонија!
Лицемерие насекаде. На еден снег му лицемериме. Ајде снекчее паднии, па после да тибам снегот!
А да не почнам да пишувам за лицемерието општочовечко.
Е за тоа ќе ми треба навистина повеќе време!
Некако и коа ќе заврне снекче се помалку гледам деца на улица. Сега децава, новиве генерации се по дома и играат ДОТА! Играњето на снег им е за сељаци. Има ретки исклучоци кадешто млад татко го влече синчето на санка. Таткото со замислен поглед си спомнува како прв пат се качил на скии на Шапка, а детето позади игра игрици со скии на својот АЈ ПОД!
Денес има магла. Да, и тоа густа! Шо се вика: Прст пред око не се гледа!
Мислам дека и заслужуваме магла. И тоа што повеќе. Што погуста! На тој начин, би се изгубиле или би се удриле во нешто. А откако ќе се удриме, најверојатно ќе почнеме да го цениме снегот, како и да се цениме меѓусебе!
Ама најверојатно!
Поздрав со следнава песна:
 
M

Moon Child

Гостин
Не е нешто особено, бидејќи ми е прв пат да пишувам и немам искуство во тоа. Инспирација ми беа последните случувања...:oops:

Вжештени глави...


Деновиве, ја следам расправата за Вевчанскиот карневал, и сум напросто запрепастена од злите стрели што се упатуваат едни кон други.
Кога ќе ги евоцирам спомените, на ум ми доаѓа како пред помалку од една година, се случи инцидентот за црквата на Кале. И си размислувам, дали сме свесни дека малку фали за да се потпали и распламти ситуацијата? Овде не завземам конкретна одбрана на нечија страна, туку размислувам со ладна глава, согледувајќи ги двете страни.
Се мислам, што ли им требаше на Вевчанци, да ја запалат ситуацијата која одамна тлее во сите нас, зошто, со која причина? Работава ќе излезе од играчка - плачка. И несакам да настрадам јас, или било кој друг кој не е инволвиран во ова, поради нечии запалени и празни националистички глави. Знам дека има неандрталци од Албанци, исто такви има и Македонци, слободно отворете ги форумите и ќе ви стане јасно, а и доволно е да се сетите на минатогодишната вербална војна преку фејсбук за Црквата на Кале, која не требаше ниту да се помисли да се гради.
Затоа што, без разлика дали нам ни се допаѓа тоа или не, и Албанците се граѓани во оваа држава, и многу е нормално да поседуваат одредени права. Зошто јас да се чувствувам супериорна, затоа што сум Македонка по националност? Во истата држава живеам и јас, живее и некој рандом Албанец. Тој Албанец има куќа и дворно место кое си го купил и фала Богу, поседува документ дека е негов, исто како и мене.
Мислам дека е редно време веќе сите да се помириме со ситуацијата, затоа што таа е, нема кој да се сели, нема кој да се протерува од државава, никој не е гостин овде, сите сме си свои на своето. Дајте, да не ја потпалуваме ситуацијата, зошто невини да страдаат? Зошто моето дете да живее во страв, задоено со омраза? Дали сакате и вашите деца да бидат такви, и дали знаете дека Албанците нема да си одат одовде, овде живеат, и овде ќе живеат и нивните потомци? Кого ќе бркаме ние? Кого ќе праќаме во концентрациони логори? Редно е веќе, да продолжиме да живееме, а не да тлееме во себе и да живееме во страв, кога нареден пат ќе "пукне" работата. Несакам да бидам сведок на уште една 2001ва година, доволно беше еднаш, бидејќи и тогаш некој загина, несакам и други да гинат.
Сфатете, дека оваа војна и оваа омраза е лошо ако остане засекогаш, нема никому добро да донесе. Верувам дека сите сакаме да живееме во мир, исто како што верувам дека нема да му биде сеедно на ниту еден Македонец, ако некој го "праќа во концентрационен логор".
 
B

Black Guard

Гостин
Наместо наслов


Човекот стапна на месечината-големото чудо има сеуште луѓе кои не знаат но и луѓе кои профитираат на тоа тврдејќи го спротивното,има луѓе кои знаат дека наркотиците се штетни,уништуваат млади и расипуваат семејства па...сепак ги продаваат,некои пак со посебна психа како што велеше професорот по дефендологија имаат болна амбиција да се качат на оптшествено скалило па дури и да газат се пред нив за да го остварат тоа,други се вљубени во своите политички пастири па забога ниту кучето не му е толку верно на газдата колку овие индивидуи.

Каква штета,колективната свест е насочена кон парољупство,неморал и извитоперени вредности.

Што ли ни се случи???

Дали не стигна клетвата на филип или пак проклети се раѓаме и умираме како невини девици па сите плачат небаре ќе сменат нешто со тоа??

ОК јасно е дека станува збор за системска деформација но ова не е компјутер па да се форматира така да деформацијата продолжува,ние всушност живееме во лабилно стабилен систем кој ние го креиравме колективно,можеби и ние сме лабилно стабилни ако не е така тогаш работите би биле поинакви.

Сепак морам да признаам-интересно е,интересно е да живееш во ова време на ова место со овие луѓе,маестрално е посебно кога некои пред други се прават девици а потоа пред мене зад грб им посакуваат најлошо-бесконечно лицемерие на кое сме сведоци хмм кутрите копаат гробови но зарем не знаат дека некој друг им копа гроб,наместо градители се претвараме во гробари но ако е процесот реверзибилен тогаш мораме да почнеме да работиме и мораме да почнеме првен од самите себеси бидејќи индивидуалната свест на микро ниво ја има за последица колективната свест на макро ниво.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Матурски маскенбал

Искомплексирани и исфрустрирани девојки со три колограми пудра, шминка инспирирана од Мортиша Адамс и облека од нивните омилени Армани, Гучи, Версаче, Прада... Мачо-менови во стилот на Џејмс Бонд, костумисани, со лимузината на тато и сваровски кристали – подарок за партнерката.
Господе Боже, какви суицидни мисли ме обземаат кога само ќе помислам на тортурата што ја трпам оваа година од моите врсници. Здравјето ми е кревко, а и трпението ми е при крај. Насекаде околу мене само муабети кои ми го вознемируваат сетилото за слух. Фамата околу матурската вечер ме излудува. Не можам да го дочекам тој ден за да им се исмеам во лице на сите принцези таа вечер облечени во сатенски фустан до половиот орган и со истапирана коса ала Бугарија. Која совршена комбинација. Колку екстравагантно. А да ги прашаш што значи тој збор, на прсти ќе ги изброиш оние што ќе знаат да одговорат. Но за денешната младина тоа воопшто не е важно. А пак да ги прашаш што ќе студираат... ауу, тоа е најтешкото прашање на светот. Па да, кој денес не се запишал на факултет и не го завршил кога во нашата државичка процентот на образовани интелектуалци енормно расте од година во година.
И додека јас сум загржена за претстојниот матурски испит и рачунам бодови за да пресметам дали ќе влезам во државна квота или не, а моите родители едвај врзуваат крај со крај и до денар ги бројат парите коишто ќе треба да ги дадат за јас да продолжам со моето образование, единственото прашање што ме следи е: “Што ќе носиш на матурската вечер?
А профитираат и кафеаните. Сезона на свадби доаѓа, не можат да се пожалат. Свадби без невести – како што велиме ние во Штип. И со кои пари ќе се плати потоа сметката, воопшто не е важно. Важно е да се јаде, пие и лумпува до зори. Важно е да се прослави матурската (читај зрелоста) на матурантот кој го завршил средното (задолжително) образование. Вау, колку возвишено чувство...
Овие настани навистина психички ме растројуваат и екстремно провоцираат да зборувам (пишувам) се што во тој момент прво ќе настане во моето мало, паметно мозоче.
Како и да е, не ми преостанува ништо друго освен да го чекам големиот ден кога ќе стапнам на црвениот ќилим пред хотел Оаза и од тој момент ќе бидам дел од приказните за незаборавнатаматурска вечер на мојата генерација.
ПА КОГА ВЕЌЕ Е БАЛ, НЕКА БИДЕ МАСКЕНБАЛ!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Музичката вредност на не(креативните) дела низ призмата на времето


Немам ништо против стиловите и различните правци, имам против изгубената креативност и желба да се промовира нешто повисоко, посилно. Музиката е област во која човекот твори, креира начин со чија помош ги разбудува нашите емоции. Пишува текстови од кои треба нешто да научиме, да извлечеме некаква поука, да го надоградиме нашето размислување во однос на некое прашање, да се пронајдеме самите низ целата таа создадена хармонија.
Ќе се посветам повеќе на онаа стара генерација музичари, ќе напишам збор-два за моите омилени правци и бендови кои не сакам да ги воздигнувам, но сигурен сум дека се неколку класи над сегашнава ,,модерна” музика. Сведоци сме на скапи спотови, со разголени теткици кои играат во позадина, а во текот на целиот спот ја слушаме едноставната мелодија направена за неколку минутки со помош на компјутерчето. Колку и да сакаме да го избегнеме сето ова, невозможно е, телевизијата си го прави своето. Иако во последно ја избегнувам максимално, сепак како што напоменав, при менувањето на програми наидувам на горе споменатово, на крајот од краиштата интересно е донекаде, човек може слатко да се насмее на идиотштилакот кој го промовираат. Околу гласовните способности на ,,пејачите” и ,,пејачките” нема да се задржувам, едноставно ми се премногу глупави за да би посветил повеќе од една придавка (глупави) за да ги доопишам. Денес е времето кога стилот се продава за пари, конкуренцијата на глупирање е толку голема што мора да се изнајде решение, начин да се биде пооригинален во целата оваа состојба на недефинирано будалење. Некои ќе речат парите го прават своето, мора од нешто да се живее, мора да се работи нешто што и ние не го сакаме, ете едноставно МОРАЛО.Оттука почнува пренесувањето на мојата едукација од областа на музиката, ќе направам мала споредба на музиката некогаш и музиката сега. Во почетокот на 80тите години на минатиот век, Македонија беше лулка на културата, зборувам за Балканот и нешто пошироко. Бендовите од тоа време жареа и палеа низ просториите на тогашна Југославија, беа пример за успешна музичка кариера, кариера темелена на музика во вистинска смисла на зборот. Крај со крај спојуваа за да ги купат своите инструменти, денар по денар собираа во заедничката касичка пред секоја проба за да го снимат првото демо. Се прашувам дали тогашната културата била на некое повисоко ниво, била во силен расцут на сопствена катарза од сите валканици кои и се наоѓале на пат, или пак сегашната култура е толку горка што и најголемото разблажување е недоволно за нејзино самонадминување. Сигурно некој од вас слушнал за бендовите Архангел, Мизар, Анастасија, Падот на Византија, Александрија, Last Expedition, Inola X, Badmingstones, Kismet………. Ќе цитирам дел од нивните лирики, иако е ова малку тешка задача да за изведување бидејќи не знам од која точно да почнам, премногу ги има.
Тоа е темница која голта се што е живо во тебе и во мене. често се прашувам, што може човек против лудост, глупост и суета? Таа е одраз, таа е ехо на нечии трауми, војна е девојка која нема милост ниту за еден свој љубовник.
(Архангел-Војна)
Кога сум крај тебе стварноста и не ми е потребна, единствено тогаш знам дека сепак постојам, а јас ќе замолчам, јас и не можам да зборувам, мојот говор е заробен во чувствата. (Архангел-Молк)
Ја загубив моќта одам со темен превез на срцето, ова што го гледам не е вистина, колку е студено во твојот свет без љубов се’ ќе се престори во смрт и се почесто тоа те радува. Нема да можеш никогаш, да бидеш моја потреба и колку да ме мразиш ќе биде залудно, понекогаш љубовта е совршено циничен убиец, толку потребен лажен одговор, само за миг ќе погледнам толпа луѓе обично, овде нема ништо, ништо што ми е потребно. (Архангел-Превез)
Треба ли да стојам на дождот, треба ли да крварам, да те оставам и ноќва, за да сфатиш дека ништо не кријам, дали знаеш во што се претворив, дали знаеш дека не сум само јас, оној од кого сакаш да избегаш....и дали сум сам веќе не е важно ти зедов дел од животот и дали ако утре умрам ќе сакаш тоа да е денес?! (Last Expedition)
Од вашето перо течат,мастила отровни и црни се траги лепат на прстите валкани.
Раширени раце во име на љубовта,,затворени очи во име на правдата.
А изградив дом на брегот со порти отворени,но видовте само слабостна кутар и нејак плен.
О, несвет и беден оче!Се затемни светол ден.Ќе пресечам десна ракашто кон вас се подаде. (Мизар-Амифилохиј)
Целта на овие текстови ми е да ја согледате моќта на мислата, некогаш музичарите ги поделувале своите улоги, некој оддвојувал дел од своето скапоцено време на измислување текст кој длабоко ќе удри во внатрешноста на нашата имагинација, текст кој ќе направи морниците да се подигнат до својата максимална точка на висина. Другиот ја измислувал музиката која ќе биде паралелна поддршка во целата оваа заплетеност, дополнување на моќта на перото. Сето така склопено се апсорбирало од верните фанови кои уживале во слушањето на нешто оригинално, ново и свое. Тие бидел ЅВЕЗДИ во вистинска смисла на зборот, тие биле хероите на тогашното време. Но кои се хероите на нашето време?! Некој ќе рече има бендови и сега, се согласувам со него делумно, но проблемот е тоа што тие сегашни бендови ги собира на прстите од моите раце, или на едната од нив, онака доволно...... Тогаш музиката се правела за лично задоволство, за задоволството на публиката. Не може некој да биде рок ѕвезда кога научил да ги свири песните на своите идоли, се качува на бината и почнува да ја попалува на некреативен начин публиката, времето се троши на учење акорди од нет кои ни се достапни на сите нас. Зошто не се направи нешто кое другите ќе сакаат да го научат, нешто свое, оригинално на кое сите ќе ни завидуваат, или пак толкави се капацитетите, или пак ние премногу очекуваме..... Зошто народот не се откажи од еднонасочно гледање на работите, зарем не ви се смачуваат тие па тие сеисти песнички кои секој ден ни го трујаат мозокот. Има милион бендови кои чекаат на вашето внимание, не ја создавајте потребата е некој од вашите ,,ѕвезди-идоли” да ги постира некаде, за да сфатите дека вредат! Отворете го умот, не правете идоли, слушајте музика, барајте ја истата, соживувајте се со неа, бидете нејзин верен љубовник, за возврат ќе добиете духовно исполнување кое со пари не се купува. Оставете креативнота да ве води, доколку ја имате секако, во спротивно не се обидувајте да го учите народот на погрешното. Можеби целата оваа работа е субјективно поставена, но срањето и од авион се познава, не пак од близина, смрди до бескрај дури да му заврши дејството, а во случајов тоа кратко трае, месец-два и после аш бубата, го нема никаде. Направете нешто кое ќе остане вредно засекогаш, нешто кое нема да ја има вредноста од парите и за парите, емоции, чувства, влог на правилен начин, тоа е тоа. Моментално македонската ,,музичка “ естрада sucks,за блиска иднина не очекувам никаква значителна промена, премногу сме заглавени во тупоглавењето на ефтин начин. Позерите ја превзедоа контролата, што е потрагично, ние им го дозволивме тоа...............Некои како мене останува само да мочаат од страна по целата оваа машинерија, можеби некој ден од урината ќе фати р’ѓа, а со тоа и зариба во неповрат........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom