Обично од кога ќе станам треба да поминат барем два - три саати за да можам да доручкувам.
Понекогаш и го прескокнувам доручекот.
Прво пијам кафе, без тоа нема шанси да ми започне денот.
Инаку стандард, пржени јајца или кајгана сеедно и јогурт, палента, или сендвич обичен некој.
А, летоска знам салата да доручкувам.
Во последно време,чаша топла вода и кафе.
Ако се рачуна за појадок она што обично поминуваат три четири саати дур да јадам,тогаш ке треба да го напишам ручекот како доручек.
Легнувајки си скоро секогаш ова време,за доручек може да го напишам и она што го јадам пред спиење.
Омилен би ми било доволно било што,кога би се разбудила во нормално утринско време,а да го донесе Тој.
Овес со мед и млеко , лесни се и даваат многу енергија на почеток ми беше чудно дур да им го навикнам вкусот исто како да јадев картон ама сега не можам да си замислам да излезам од дома без доручек
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.