Да бидеме реални, 2014-та е нешто многу пострашно што му се случува на ск отколку што му се има случено 63-та, дечките сакаат да кажат дека актуелната власт се би дала за да се повтори 63-та ( шанса за “ ТИЕ“ да го изградат скопје) а и гледаат да уништат и разнебитат се што било пред нив.
Верувај и јас сакам да се случи контролирана 63, т.е да се сруши се во Скопје а сите граѓани да бидат евакуирани т.е да нема жртви и скопје да се направи по планот на Кензо Танге, тогаш Скопје би личел на некој научно-фантастичен град од иднината.
Работата е што пријатели на нивните родители, го заебале Скопје кога требало да се прави според планот на Кензо Танге, нешто се направило, нешто до пола и така го имаме тоа што го имаме денес, а најмногу ме нервира што не го оставиле човекот да си го реализира планот туку украле на бетон и арматура и нормално Кензо кога видел со каква стока има работа си заминал. И да не заборавиме таа стока е во некаква врска со нивните родители и сега овие се нашле да пеат дека скопје е шугав град и слични глупости, незнаејќи дека македонската стока од комунисти таков го направиле.
Исти пример е и топилницата во Велес, некој од врвот на комунистите инсистирал да се град сред град иако разни учени луѓе предупредувале за опасностите, ама тоа ти е комунизам.
Не дај Боже да се случи 63, не за друго го немаме Тито да ги повика светските сили да го изградат Скопје.