Обожавам кинеска храна - буда мени (ориз и noodles во соја сос со зеленчуци), пржениците со љут сос со кикиритки итн.
Од италјанската кујна омилено ми е скоро се - пица, лазања, шпагети, макарони...со сосови и зеленчук
Од нашава кујна сакам гравче, сарма и полнети пиперки со ориз и соја, секое можно јадење со компири (манџа, пире, мусака со соја), леќа, шопска салата (со секое јадење задолжително).
Бидејќи сум вегетаријанец имам и омилени вегетаријански продукти како соја шницла со топено сирење внатре (не се како оние од Виталија
), vegetarian nuggets (на протеинска база). Има една продавница за вегетаријански производи, ги има сите можни видови месо со тотално ист вкус како месото, само што се изгор цени. Не ми недостасува месо па не ми се исплаќа да давам 5 евра за едно паковање вегетаријански виршли. Веге-бургерот од Бургер Кинг е добар, оние лутите со топено сирење внатре - халапењос се уште подобри. И да не заборавам, плескавици од пченка и зеленчук.
За појадок мусли или овес со млеко, за освежување обична или минерална вода.