Ваша поезија!

Малку треба

Сончево утро по ноќна бура.

Светот мириса на свежо искапено
новороденче.

И животот е убав.
 
Заминувања

Чинам светлини и сенки ми танцуваат
како самовили во магливи праскозорја
и на ѕидовите на моите мечти
упорито ми ги рушат сништата
на моите ѕвездени треперења.

Се обѕирам наоколу, прашално
Дур последните мигови на маглина
како превез врз очи гурелави
заминуваат како солзливи бледи насмевки.

Буден сум ил’ сонувам
Го прашувам џелатот безгласно
Дур кроце, полека се качувам
По скалилата кон губилиштето.
 
БИДИ БЕЗ МЕНЕ

Биди без болка животе мој,
биди без тагата што продира низ моите празни зборој,
биди без солзата која блеснува во душава мала,
биди без рамнодушноста која прави од мене гротескна шала.

Биди без огнот што разгорува при допирот негов,
биди без љубовта што ме полева ко што го полева бранот брегов,
биди без зракот во тие очи пожелни и сјајни,
биди без утеха во часовите бескрајни и очајни.

Биди без пријатното попладне што денот го пои,
биди без тажните ноќи кои осаменоста ги крои,
биди без убавицата лирична на ѕвезденово небо,
биди без ветрецот мил и бавен при ноќниот шепот.

Биди туѓ,
биди на некој друг кој во своите пазуви те очекува тебе,
биди во плачот на некое хистерично бебе,
само те молам, биди без мене.
 
Љубовен извор

Кога од љубовен извор
две срца ќе се напијат
душите од занес ќе им се опијат
тогаш роза в гради ќе расцути
море од среќа ќе разбрани

Но кога едното срце од изворот ќе престане да пие
другото болни солзи ќе лие
во него само трња од рози ќе останат
брановите до морето ќе стивнат

Тогаш овој извор ќе пресуши
долината од рози во магла ќе се задуши
тогаш љубовта ќе згасне
планината од пустош ќе израсне
 
Зошто во мене солзите вријат,
и градат рој од тажни гулаби?


Зошто во гласот зборовите со тага се мијат,
очајот го придобиваат и во мене се вљубуваат?


Зошто сонот ко наредба го сонам,
посакувам да одлетам но во себе тонам?


Зошто мислите возбуди и несреќи ми будат,
на ризик ме стават и мене ме судат?


Зошто надежта од мене бега,
ме тера да плачам, да плачам ме тера?


Зошто ѕвонот во свеста крај ми навестува
и зошто тегобното бреме крај ми принесува?
 
Ѕвезда на љубовта

Сите сонот тивко ги гали
а мене по кој знае кој пат немо ме одминува
и по којзне кој пат месечината најдобар пријател ми е
заедно за ѕвездата на љубовта плачеме

и секоја ноќ иста мисла ме убива
ме убива што знам ти за друг умираш
а јас за тебе дишам
ме убива што по којзне кој пат
преку мене ладно газиш
а јас пак со топло срце кај тебе доаѓам
ме убива што те сакам
и против тоа неможам
ме убива што по којзне кој пат ме повредуваш
а јас наивно ти простувам..
 
Тој гризе усни
јас гризам спомени.
Се спојуваме онаму
кај што нема ни мисли ни разговори.
Чист афект
во сок и бол.
На мојата рана превез
На твојата рана сол.
Во спој
различни жици
осамеништво во толпа
одвратни крици.
Сексуална пот
маченици на ноќта.
Остави ме сама а твоја.
Таму ми лежи моќта.



Проклетство од рими!
 
Болна тага

Само јас знам како ми е
кога со друг стоиш
радосно за нeго ми збориш
само јас знам како е
да си толку блиску до мене
и во исто време толку далеку
само јас знам како е преку тебе да се смеам
а во себе тажна песна пеам
само јас знам како е
да го лажам светот
да те лажам тебе
да те лажам со насмевка на лицето
да те лажам дека добро е се
само јас знам како е кога денот заминува
сонцето со себе мојата насмевка ја вовлекува
само јас знам како е кога тивката ноќ паѓа
и останувам сам со моето вистинско лице
лице без глума,лице на кое се чита вечна
болка,неуморна надеж,копнеж љубов за тебе
и доаѓа ново утро ново сонце
нова лага нова солза...
и покрај се сакам да си среќна
 
Разбуден со насмевка
Леле колку убав ден
Денеска ќе морам да јадам
Подоцна ќе мора да се смеам
Вечер ќе мора да тонам

А утре пак ќе мора да глумам.
 
За тебе...

За тебе би искришил карпа со рака
би го симнал небото без ронка мака
сега ја отварам најтешкатa врата
и гледам друг те држи нежно за рака
над мене бура се движи
во неме минуваат безбројни грижи
но знам среќна си ти
во радост минат твоите дни
а јас сега болно ја затворам таа врата
и заминувам со ноќта
заминувам со вечна љубов за тебе
со 5-те кукви од твоето име
кои неуморно тонат во мене
 
О глупа надеж,
во зорите светлосни што од кревет ме крадеш
да копнеам по телото негово
обоено во мириси трајни
со кои упорно ме лажеш.
Ти го мамиш мојот сон
за да на горчлив очај ме дадеш,
на порои копнежливи,
на мојата безмоќ крута,
за потоа во неповрат да зајдеш.
 
Предигра

Ја превртуваме темата
со палави јазици
како смрзната јаготка
во врел бакнеж.
Ја распоредуваме внимателно
точно одредената количина
арома, вкус, тактилност,
текстура и структура,
на клучни места
и во клучни моменти,
се’ до совршено совпаѓање
на најсуптилни нијанси,
се’ до инстинктивно усогласување
на најсложени древни ритмови,
се’ до опасно изедначување
на вртоглави длабочини и висови.

Се пронаоѓаме,
одново,
на тенок мраз
кој се топи истовремено со нас,
разлевајќи ја сензацијата
од духот низ снагата.

Ќе продолжиме во трпезарија
или ќе прејдеме во спална?
 
Моето тело геогравска карта
сино од твоите желни усни
по него пловат твоите цврсти раце
собираат сочни,зрели плодови.

Вкусни се,не им одолеваш
слатки се,најслатки зрели круши
занесен во триаголникот на сласта
нежно патуваш по белите бедра.

Љубовен, сладок вресок
пот од врели, треперливи тела
страста го исполнува етерот
неповторлив миг забележан во времето.

ЕКСТАЗА ВО ЉУБОВТА

Даница Петровска “09“
 
My Eternal Pain


Everything was so white and bright
There was no darkness, only light
Together we were, in the sky, flying
But then something changed
You started lying, and I crying.

Oh girl, why did you leave me here
Now it has taken over me, the fear
You left with no words, no talk
And now here on this empty road
All I can do is forever, to nowhere walk.

Walk, cry, with my imagination I fly
To some place far away, where I can freely die
With no one else, and no life to drain
And you far away, my deepest hatred, my eternal pain.

By Finity. :back:
(Не е посветена на никој.)
 
Во бел стих, сиви мисли



Трејси Чепмен
знае да ме чепне, додека мислам на тебе и твојот мирис што блефира.
Ме боли, не знам што се случува, но ако
Така и ми треба.
Глупава женска интуиција, крши се што мозокот знае да изгради.

Опсервација на срце...Тивко, тивко, бавен пулс, црвен аларм за помош.
Плачам како збунет тинејџер, ова не е мој фах.
Ова не се моите познати незгоди,
јас немам мотив за женска поезија
А ете ја излегува, и ме носи низ улица
да талкам барајќи си ситнеж во џебовите.
Оштетена од светот, добивка за поетското во моите процепи внатрешни.
Кој си ти, магаре едно?
Кој ти даде дозвола да ме извадиш од себе си?
Не давам ништо од себе ако не знаеш да цениш
крш сум.
Дури не знам ни да се објаснам.
Шшшш. Не ми го смалувај името... Ме смалуваш пред да израснам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom