Ваша поезија!

mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
мразам римување, римата е ограничување

Соба на осаменост


Крв. Зар само тоа остана?
Толку ослабена од силата на сонцето
Затемнета од пропаста на осаменоста
Ги затворам очите, не гледам!

Нема спас. Заблуда е
Солзите нема да го измијат овој гнев.
Плачам, се смеам, умирам
Живеам, како да сум мртва!

Не чувствувам, не те чувствувам
Срце мое кое бездушно тропа
Запри и ќе те сакам
Ќе се сакам себеси!

Молк, а во него јас
Ги отворам очите и го гледам рајот.
Светлина, ангели, пламени
Колку е болен овој ум!
Тука запирам!
 

mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
од постарите кога применував рими


Кон никаде

Во овој мрачен свет сенките паѓаат несвесно
Се дават во нивниот лик душите на грешниците,
Се погледнав во огледалото на надежта
А таму наместо мојот лик само на смртта лицата.

Се свртев кон сенката на подот крвав
Во неа ужаси најодвратни се борат
А над нив јас како кралица на болот
Како господ на кој верниците се молат.

Но, што има уште освен таа слика на темнина
Мојата душа грешна која не го знае својот пат
Страдање или насмевки, само мртва збунетост
И бескрајна празнина од зора до мрак.
 

mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Грешка

Сплотена до него, умирам.
Знам ова се последните зраци
Од овој мизерен живот.

Омраза е, сакани,
А јас од неа се хранам
Ја возвишувам и се радувам
На моќта што ми ја дава,
На душата што ми ја одзема.

Заслепена сум, знам, но не простувам,
...кога само би знаела нели?
А сепак те проколнувам.
...
Денес направив грев и плаќам,
Раната што ти ја направив е длабока,
Подлабока е од мојата желба.

Денес те закопав
Покрај твоето тело лежи и моето,
Онака безживотно,
Зашто вистината јасно блесна...
...но во последниот миг

Денес, само посакувам да е вчера!


и доволно е да не ве замарам
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Шупелки и кавали,
ги слушам надвор од мојата соба,
лежам така мирна во креветот,
да не ми студи,
не станувам,
плачам тивко,
зошто звукот на солзите ќе одаде дека сум тажна,
дека синилото повеќе нема сјај,
а усните се одамна суви,
стравот од тие проклети кавали.

Ливади, росни и наши,
преполни со светлина и цвеќе,
како кога бевме млади,
се сеќаваш, љубов,
кога здивот од нас се плетеше меѓу душите,
а спокојот за нас беше станица,
така среќни, свои,
барем на вечери,
на моменти,
на месечина.

Ги забивам забите силно во устата,
си пуштам крв,
да ме боли,
да не гледам сивило низ улици,
сенки на лицата на моите најдраги,
со повеќе тага него љубов во срцето,
се ме потсетува на гробови и смрт.

Кукла, само уште една жива марионета,
со жива рана на срцето,
широка, отворена,
нема конци,
нема сила,
нема моќ,
ниту ти!

Се што беше убаво убив,
се што беше стаклено скршив,
се што дишеше угушив,
се што беше чисто го извалкав.

Живеам,
а не дишам,
бакнувам,
а не чувствувам.

Во момент изгубив и добив се,
поглед кон сивиот мрак,
лежам така мирна во креветот,
да не ми студи,
не станувам,
плачам тивко,
да, се проклети,
тие твои прекрасни кавали!
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Лесно е да избришам се,
бела хартија спремна за горење,
жолтила за мојата душа во пепел,
нека гори,
нека изгори се,
навистина овој пат не ми е жал.

* Не можам да си дозволам ништо повеќе од љубов, овој пат ... разбираш, не.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
32
Поени од реакции
0
Заеби бе брат.
Заеби ги дволичните кучкини синови.
Заеби БЕЛО и ШЕМА!
Заеби ги сите срања што се случуваат.
Колку е потребно многу работи да се сменат?
Колку само малку е потребно да се сменат срањава што се случуваат насекаде околу нас?
Колку гомнојадци со погрешни сфаќања се прифатени од нашево генерализирачки настроено општество како нормални појави?
Потребно ли е да се коментира уште за нив?!?
Заеби бе брат. ЗАЕБИ!
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Нежно ја спуштив раката на моите нозе,
се решив да го носам светот во раце,
да пазам да не се скрши,
како што се скршив јас,
полека се наведнав и го бакнав.

Ги носам старите алишта на бато,
мирсаат на нејзиниот парфем,
слатко,
ангелски,
заборавам дека некогаш ги познавав,
додека го држам него во раци.

Те љубам,
почнав да се молам,
да воздивнувам на секој твој чекор,
така мал,
така твој,
чекам.

Стиховите не се повеќе мои,
а воздухот го штедам за твоите бели дробови,
кризи, спокој, грижи,
никогаш нема да си заминам,
а ќе те пуштам да си одиш,
од време на време,
како кога бев млада и кај него ќе наминам.

Те имам на себе.


* За син ми.
 

aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Кога би го видел светот низ моиве очи,
кога би го живеел мојот живот,
кога би застанал да чуеш што ти збори срцево,
веќе никогаш нема да ме прашаш:зошто?
Зошто те љубам,
зошто заспивам со твојот лик,
зошто се будам со страв дека ќе те изгубам....
Кога би го видел светот низ моиве очи,
би ја научил суштината,
би ја прегрнал судбината,
би молчел,место да зборуваш,
би ме бакнувал без крај....
Кога би го живеел мојот живот,
кога би била на твое место,
дали љубовта твоја ќе ме спаси?
Дали ќе те губам повторно?
Застани...
Послушај...
Почувствувај...
Кога би го видел светот низ моиве очи,
веќе никогаш нема да бараш изговори,
веќе никогаш нема да имаш причини за крај....
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Еве Моја поезија дури и во развигорче ме имаше :)

„Есен“

Златна есен
жолти лисја рони,
но и кошници со
зрели плодови полни.

Ластовици и штрковите
своите гнезда ги напуштија,
кон топлиот југ одлетаа.

А во училиште децата
разиграни итаат
со своите другарчиња
повторно да учат и играат.

Инаку сум бил 3одд. :wink:
 

aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Мојот живот е море од илузии....
Како да го поминам,
а да не потонам во длабочините.
Кога секој ден надежта ми тоне,
кога секој ден желбите ми гинат.
Војувам со брановите,
а тие никако да стивнат.
Мојот живот е море од илузии,
од кои не се предавам,
од кои не заминувам.
Кога струите низводно пловат,
јас летам со галебите,
далеку од копното,
далеку од небото....
Мојот живот е море од илузии,
а никој не ме прашува-
колку е осамено овде?
Никој не знае....
зошто не сакам да се разбудам.
Никој не знае....
зошто престанав да верувам.
Зашто тонам во море од илузии....
А се што сакам е....
некому да припаѓам.....
 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
Гитара

Извини љубов моја,
извини моја мила,
но вечерва јас повторно морам да те изневерам!

Тежок сум за сфаќање,
знам,
но обиди се,
таа е мојата прва љубов,
таа е мојата дрога за полесно да заспијам,
таа е родена со мене и во мене.
Јас и таа сме едно,
јас и таа сме неразделни..
Каде и да одам
јас пак ќе се враќам кај нејзе
бидејќи таа е се што имам во овој живот мој.

Ти додека тивко и мирно спиеш,
јас се искрадувам од топла постела
за да бидам покрај неа,
за да можам баремби уште еднаш да ја слушнам,
да и го осетам мирисот нејзин,
мирисот на сите спомени кои стојат во нејзе,
тој стар мирис,
во кој го пишува цел мој живот.
Не ме прашувај зошто го правам тоа,
на тоа прашање немам одговор,
едноставно се родив за да бидам покрај неа.
Не мисли дека не те сакам,
ти си ми најголемата љубов во мојов живот,
но таа ми е првата...

Таа е единственото нешто што остана покрај мене
кога бев сиромав и беден!
Таа ми помогна да се подигнам до овој степен
за да отидам во тој град,
каде што те запознав тебе.
Таа ми помогна да изградам куќа,
за да можам раката да ти ја побарам
за да можат децата, па после и внуците да ни растат во неа.
Не биди лута,
знам дека ова е изневера,
но нејзе и животот и го должам.

Жено моја сакана
моја последна желба е кога ќе умрам
да ја ставиш да лежи до мене,
да ми ја ставиш мојата верна гитара,
во мојот ковчег,
бидејќи за неа се родив,
и со неа ќе умрам.

посветена на мојот најдобар другар​
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Поглед на дете~

Во ресторан опкружен со магла
и танцувачки парови
во свилени фустани,
совршено наместени карвати,
дијамански прстени кои светкаат во ноќта,
те видов тебе,
со твојот поглед на дете.

Со црно вино во рака,
панделка во коса и порцеланска кожа,
додека замислено барав ѕвезди,
уживајќи во магла и пареа,
зачадени простории
и многу цигари,
ме виде мене со мојот поглед на дете.

Чекори,
елегантни, маженствени, долги,
мирис на сончева прашина,
врз музиката на слатка екстаза,
вкус на урми во моите усни,
си давам уште една смртоносна можност за силна доза,
поради тој поглед на дете.

 

Ivajlo

Sexual Harassment Panda
Член од
21 септември 2007
Мислења
127
Поени од реакции
18
Чудо од дете

Во оваа песна, за песна што збори,
во длабочини плитки, во издишани пори
творецот наш со неизмерена тага
пробува да најде вистина ил лага
во песнава за песна, песна за ништо.
 

aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Затвори ги очите ноќва
и погледни ме со душата.
Слушни ги рацеве
како шетаат по телото
и запеј со мојот копнеж....
во ритамот на треперливите емоции.
Никој нема да ја слушне,
никој нема да ја види,
никој нема да ја почувствува
играта на страста,
танцот на немирот
низ сонливите ни души.
Ни самите нема да разбереме јасно,
но ќе уживаме
во таа неразбраност,
во таа нејасност,
сосема свесни за недвосмисленоста на
уживањето.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Среќа~

Додека се пронаоѓам во туѓи стихови,
загушени од магла и смог,
се обидувам трагите од креон да ги избришам,
потајно во себе се прашувам,
го изгубив ли патот кон среќа,
можноста за спокој и мир,
додека соништата ми тонат,
се прашувам,
кој ќе ме спаси кога не можам да му подадам рака?

Можност за се што беше погрешно да го направам за добро,
да ја истурам пепелта врз туѓа песок,
и да молчам,
само тоа добро го правам,
додека купувам бисери полни со срам и болка,
за подароци.

Ја изгубив среќата за месечева свила,
само мирисни ноти на темјанушка,
останаа на патот,
малку сеќавања и синило,
кој ќе ме спаси кога не можам да му подадам рака?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom