Неможам повеќе вака,
се трудев да те запознаам
се трудев да влезам во твојот свет
но ти,
но ти не го дозволи тоа,
во кого е грешката,
кој е крив за тоа,
дали мојата желба за убавина,
или желбата за поубав ден,
желбата за утро покрај тебе.
Барав премногу,
или премалце,
дали знаеш дека секој збор го мислев,
можевме да бидеме заедно,
како гугутките,
неоделиви,
потребни на самите себе,
секој ден заедно,
сакав да те барам како
врапченцата кои си ја бараат својата мајка,
кога ќе се тресам да си тука,
кога ќе си сама да сум туму до тебе.
Допир со раката,нежен,
емотивен,
да тргне се,
да ми веруваш да ти верувам,
како некој херој што ќе те чува,
како маж кој ќе те сака,
како жена да ме чекаш.
Сакав да ти подарам се,
мојата душа,моето срце,
мојата слобода,
мојата солза.
Да бев забранет на светот,
во твојата мала ќелиа,
да те галам во паркот,да те чекам покрај старата куќа.
Да живееме во својата мала бајка,
како писателите да си ја пишуваме
и преправаме.
Да ме покриеш како сонцето што месечината ја покрива,
да ми го осветлуваш денот,
да те следам навечер низ темнината.
Фатени за рака,
синџир немавме да не држи заедно,
мислевме не е потребно,
никој немаше да не раздели.
Бела свила околу вратот твој,
иста е како гулабицата што ја сонувам,
секоја ноќ,секој ден.
Дали е вистина или лага
сето тоа што се случи,
или мојата фантазија го отслика пред моиве очи.
Биди тука додека моите очи сеуште имаат живот
да те гледаат само тебе
во овој шарен свет.
Потребна си ми,
како вистина,
како бакнеж,
како светлина,
како лага која се кажува на мало дете,
да те разберам,
да сфатам дека тоа сме ние.
Можеме ли нешто да смениме?