Ваша поезија!

С

Сатори

Гостин
~*~

~Безчујна~

Се лулам тивко под твојот прозорец,
навистина не сакам да те разбудам,
безчујна сум,
далеку од светот во кој живеам.

Со волшебни ножици ја кинам тајната нишка,
на сопствениот кревет му се додворувам,
безчујна сум,
додека во туѓите зборови потонувам.

Поранешни љубовници,
макотрпни релации за мирис на минато,
безчујна сум,
кога ме бараат.

Само безчујна ...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Descend
Blend
Into the common filth
Dark Knife of Hellish Abyss
Seal
the very end of bliss
The doom of this world
unpearled
pain unheard
children eyes disunite
absorb the blight
smiting down
all that's right
take pride
in this order you now bring
dark ones plagued sing
wormfilled ruptured foreheads
victims of the Astathoth sling
Man tuned
into obedient slaves
dancing motionless
lovercraved graves
Hell on Earth,unheard prayers
no Angels,no saviors,no Godsend
the days,heavy with all the layers
finally came to an end
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
ТАКВИТЕ КАКО ТИ

Таквите како ти,
секогаш си заминуваат без да речат збогум.
Таквите како јас,
се плашат и од сопствената сенка.
Таквите како ти
знаат да те натераат да ги засакаш.
Таквите како јас,
се плашат од чуствата и од нова болка.
Таквите како ти,
секогаш се себични
и не им е ништо друго битно освен сопствената сатисвакција.
Таквите како јас,
секогаш се вљубуваат во девојка каква што си ти
и сакаат еднаш до крајот на животот.
Таквите како ти
знаат кога да премолчат,
а кога да кажат и плукаат се.
Таквите како јас,
да сакаат
се предодредени уште пред да дојдат на свет.
Таквите како ти
ги пишува во историјата,
за нив зборуваат засекогаш.
Таквите како јас
само се осудувани,
и мравки се пред себе,Бога и луѓето.
Таквите како ти,
кога ги имаш еднаш,
потоа ги сакаш засекогаш.
Таквите како јас
не знаат да го задржат она што им треба,
а не дека не знаат да љубат.
Таквите како ти
се причина за лудостите,
за секоја желба за смрт.
Таквите како јас
само еднаш имаат сјај во очите,
а причината се таквите како ти.
Те сакам будалче мало,
живеам за нашите случајни средби
кога ти си со него
и среќна си.
Те сакам девојко,
знаеш дека ти си ми секој ден,
секој час,
секоја молитва кажана низ плач.
Со тебе ја засакав зимата,
но сега сум сам,
а снеговите затрупуваат се.
Ти си среќна со него,
можеби не го сакаш како што те сакам јас,
но за инат мој продолжуваш.
Таквите како ти
можат да сторат се само затоа што знаат како.
Таквите како јас
се тажни затоа што некогаш имале се,
а сега се сами.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Шепотот на немите

Ти нудам топол престој на асфалтот
во оваа ледена ноќ.
Безгласно ќе се смееме,
и ќе ги критикуваме звуците на гнилежот
од тишината.
Вечерва ѕвездите порано отидоа да спијат,
не оставија да се трудиме да ги пронајдеме
усниве кои имаат обврска.
Земи го крајот
од конецот на ноќва,
да направи јазол
за да не задржи малку подолго.
Шепоти ми...
шепоти ми за било што.
За луѓето кои чудно не гледаат,
За немирот кој го толчи
секое мое лице што го купувам,
за да помислиш дека не живеам повеќе од илузии.
Пишувај ми за тебе...
пишувај на кожава,
на неа имаш право на грешка.
Те чекам на истото место,
ако почувствуваш дека се гушиш
од зашеќерениот воздух,
ако сакаш да избегаш од твоите судии.
Ќе го играме монологот од допири.
Никогаш кажан.
Никогаш подготвен.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Армагедон

Крајот ни се ближи,
астероид ни иди,
кој ќе го види,
кај Свети Петар ќе си биди.

Тој ќе не рокне,
и живот ќе ни сотре,
секој ќе се чуди,
зошто наутро не се буди.

Славеј нема да запее,
жито нема да се сее,
овци нема да заблејат,
планини нема на место да седат.

Небото уште е сино,
но ќе стане ко пенливо вино,
трева нема да има,
ќе дојде огромна плима.

И ете веќе го гледам,
ме покрива сенка голема,
и мисли лоши редам,
ја чувствувам потта солена.

На пат ќе тргнам,
и пред Бога ќе стигнам,
полн сум гревови,
кои од Него ќе бидат простени.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Ода за Бажо

Ооооо Бажо
Ти си пеер
цар
ја стварно
се чудам
на тоа колку си ти
онака
кул
Jа тебе пеер
многу те поштуам
и тоа не од некои
си
педерски
или слични
девијантнопоказателни причини
туку чисто оти
ми кажа
две прашања
на колоквиум
по политички
систем

оооо Бажо.
 

inquisitor

ИДИОТ
Член од
22 март 2007
Мислења
833
Поени од реакции
3
Здраво на сите! :) I'm back!

Јас

Беден
Гол
Стојам пред тебе
Со насмевка на невино дете
И поглед полн со страв
Ладен воздух
Мраз

Зошто дојдов?

Понижен
Ништожен
Гол
Стојам пред тебе
А во раката држам живот
Нов живот...
Држам ѕвезда која блеска
Ѕвезда која сјае...
А твојот поглед е празен и блед...

Се насладуваш на секој мој крик
Бесно задоволна од моето страдање
Кое те храни...

Ме љубиш...
Го љубиш стравот во мене...
Поглед остар како нож...
Мојата крв е твоја крв...
Твојата крв е ничија крв...

Гол
Стојам пред тебе
А во раката држам живот
Држам љубов која одамна згасна...

Зошто сум тука?
Повторно газам на искршено стакло
Газам на мојата скршена гордост
Газам на себе...

Не се вртам назад
Не!
Се враќам од каде што дојдов
Се враќам таму каде што започна се
Се враќам тука...
Пред тебе...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Гол,
потполно сам и ништожен,
згазен и таму оставен,
со рани и гној,
гол,
последниот гнасен примерок на човештвото,
глупак.

Мизерен,
скитник низ улици полни кал,
кожа полна црви
и малку вино
низ прободени артерии,
глупак.

Среќа,
спокој и мир,
малку повеќе пристојност,
не,
само гол, гнасен примерок на човештвото.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Лесна како пердув, се лечам
Лесна како откровение, внатре гледам
Никогаш не бил болен овој живот
Отровните реки биле само во мојата глава
Лесна како лушпа, отстранувам изгребани слоеви
Сите патишта – наоколу и во мене
Нема ништо болно во тоа
Нема никаков метеж
Ова е спасение за мојот занес

Лесна како темнина што се крева
Без желба да се врати назад
Лесна како спомен на окови
Некогаш нови, средовечна р’ѓа
Лесна како растопени камења
Сонлив спој на карпи и вода
Течам весело
Надолу
Нагоре
Северно од Хоризонтот
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Емоциите се тука,
а нас веќе не нема,
некој глув одамна заборавен збор во ноќта
и тишина,
медно мртвило и почва ровка,
за можам да копам по втор пат
и да знам дека нема да пронајдам ништо,
да се оставам себе на патот,
додека да се претворам во некоја од мене многу погрешна.

За кого бијат камбаните?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Barefoot and crippled
Leper silhouettes
Walk to their SkinGod
On rags of broken glass
Pieces of their lives
That still make them bleed
Make way to Silvermoon
Accomplishment of Creed
Figures of prolonged Abortia
Sons and daughters of Goodbye
A steady march of getting lost
A tempest from a saddened sky
A march of washed ideals
A march of blood and steel
A march of those that shined
And are now lost
and defy appeal
Silvermoon awaits
Within the lands of conspiracy
Through turning the back on logic
And defying health
And future
And saneminded gravity
The Lepers march on
And on
To the land of Silvermoon
And the end of skin…










-A,да,заборавив да ставам наслов:


“Сага на поранешните вработени во Велешка Топилница кои сега немаат работа и се прават на Тошо дека Топилницата не загадувала и треба пак да се отвори”

:helou:​
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
4-ти февруари

Се роди на денешен ден,
во него броди македонски ген,
кога дозна што се случува,
за слободна Македонија тој се одлучува.

Во воената школа тој,
научи како да припрема бој,
но, за пушка не се фати,
туку отиде кај народот,
кој од незнаење пати.

На народот му влеа,
знаење само дел,
не можејќи маки да гледа,
го остави листот бел.

Зеде в рака пушка,
планината му е најарна друшка,
Македонија тргна да ја ослободи,
од петвековно ропство да ја куртули.

Но, во едно село,
кога беше таму скриен,
падна неговото тело,
в гради куршум му беше забиен.

Не, не го заборавивме,
сеќавањата наши
му ги даривме,
оттогаш западнавме во многу каши,
но сега сме слободни
и нему сме му благодарни.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Reap what you sow
The never ceasing cackles of gunfire
Consorted by the howling of lost life
Death awaits those who deal it
Kindfolk, the fear is persistant
The horror, a reaper spreading retribution
Mercy, for the souls are still fighting
Soul taken, with a finger on the trigger
Eye clenched, as they peer into security
Smiles carve their lips, they are ready
There is a secret silence in the sanctity of death
The wraith's hand is extended to all of us
Even those ripped and spun into sand
Now flow forever through the embrace of shadows
A final end, a final rest, the final sactuary
Of a final dream, we are now complete.
Here we are again, born as ghosts.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
s o u l c r u s h e r
hollow eye
s o u l c r u s h e r
no tears to cry
s o u l c r u s h e r
dripping blood
s o u l c r u s h e r
crimson mud
s o u l c r u s h e r
falling prone
s o u l c r u s h e r
boots to bone
s o u l c r u s h e r
march to die
s o u l c r u s h e r
worm eats eye

 
S

Sith_Lord

Гостин
Не ги знам овие улици,
Како што ги познаваат тие.

Муза им е ѕидот измочан,
Кантата посивена,
Полна созреани парчиња трулеж,
Исплукани залаци на оној кој живее над тротоарот,
Мајка им е Реката, татко Мостот,
Ѕвекотот на блескавиот бакарен диск е повод,
За радост избистрена од острите бодежи студ
Кои им играат по плеќите
А заматена и нејасна, од жолтите голтки горчлив оган
Кои замислено, речиси невино им се тркалаат низ грлата.

Не ги знам овие улици,
Иако проаѓам, гледам, и оттрпнувам.
Еден ден ќе станат сосем невидливи,
Ќе се повлечат во шахтите и ќе потонат во мракот,
Морлоци за вашите Елои.

Sith
 

Kajgana Shop

На врв Bottom