Ваша поезија!

Контраст

Реалност ранлива,
имагинација магична.
Мисли несредени
чувства неоткриени.
Луѓе невидливи
сеништа насмеани.

Хаос во редот
ред во безредието.
Лудило во денот
спокој во ноќта.

Очај во радоста
ведрина во тагата.
Верба во лагата
сомнеж во вистината.

Солза во среќата
насмевка во тагата.
Љубов во мислата
омраза во чувствата.

Моќ во слабоста,
немоќ во силата.
Демон во рајот,
ангел во пеколот.

Перфекција на падот
самодеструктивност на
летот.
 
Ти пишувам...

Можеби само сакам
да делиме перница ноќе
да седиме на шаторското крило
додека се топли пивото
на пладневното сонце
и август уште држи златни конци
по облаците.

Не, не е можеби.
Навистина сакам
да си ги препознаваме расположенијата
кога си гладен, а јас лута
кога си лут, а јас гладна
кога сме уморни а возиме точак до небеса
делиме лубеница грч ладна.

Можеби сево ова што е сега
ќе ни донесе викенд во Париз,
тобоган радост во Барселона
пешачење полуголи на тосканско небо
водење љубов на плоштади што се ронат.

Сакам
"можеби" да се претвори во сигурно
Во големо Да.
Зошто така знам
дека сме Ние, Вистина.
 
Отсекогаш сум го обожувал пишувањето. Истото ме тера да се фокусирам и полесно да си ги средам мислите. Пред се сакам поезија, која ми дозволува да бидам покреативен но и поконцизен. Следнава строфа е за сите оние ситуации кога ми се допаѓала некоја девојка но не сум имал храброст да и пријдам, или пак околностите ме спречувале во тоа:

Би ти кажал се но срамот ме занемува
Воден сум од стравот дека надвор се разденува
А јас сеуште спијам и те сонувам
Сликата е една насмевка што стално ме исполнува
Понекогаш делува до толку реално
Да кога ќе се разбудам – гледам тажно лице во огледало
Би сакал да сме заедно но може само да сме еднина
Блиску сме а делеку ко минато и иднина
Не дели само момент, оној тука и сега
И можеби затоа велам дека небитни се утре и вчера
Гледаш, ние сме на истиот пат но насоката е спротивна
Ме потсеќа на првиот пат кога те видов отспротива
Улица и група луѓе, таму стоеше ко филтер за сето ѓубре
Ме израдува фактот дека дознав,
Во светов постои и нешто обратно од догма
Бев пријатно изненаден, и ако знаев дека си само желба
Успеав да и се восхитам на таа кратка делба
Од ова досадно секојдневие, каде секој ден ни е
Една голема навика од која сите сме зависни
А твојот поглед некако создава завеси
Кои за нечија среќа се закачени на туѓи очи
Но ако тоа те прави среќна, верувај срцево засекогаш ќе молчи
И ќе продолжи добро да ти мисли
Затоа за мене не се грижи, и фала ти за сите разубавени мисли
 
Наутро

Наутро
продавачот на весници
ги издолжува рацете кон небото
а можеби и кон некој од возачите
што нервозно тресе пепел на семафори,
бара вести од светот
а не излегол подалеку од своите чевли.
Има надеж таму горе
кога крановите носат бетонска џунгла
што ќе се заглави ко облак
а не е облакодер
децата плачат - "Не сакам во градинка"
животот е пуштен во лер.
Во трговските центри ги отклучуваат вратите
и ексалаторите ем касите
а ги заклучуваат душите и срцата
оти се краде на големо.
Се шмрка кафе со галони
се трошат соништа на тони
и никој за тоа не знае.

телефоните праќаат мејлови
службите ги бараат странките
трчаат пензионери кон последниот грам сонце
редици пред банките

Автобусите влечат прикаски
внатре уште мириса на вчерашниот умор
аглите на улиците плачат за боја
градот нема смисла за хумор


Па си мислиш
До каде стигнавме
секое утро
наместо да се будиме
ние спиеме
и итаме, скитаме, набрзина читаме
набрзина јадеме
од себеси крадеме
и сето тоа
почнува наутро.
 
Рамнотежа

Можеби сиот космос
лежи врз смислата
на сите наши изгубени лабела,
клучеви од дома
пенкала под тркалцата на канцелариските столчиња
изедени чорапи од машината за перење
штипки што паѓаат на настрешницата
па кај комшијата на балкон
сите погрешни отварања на пакувањата
кај што пишува
Оpen here
а ти никогаш не отвараш таму
а често и не бива.

Можеби сиот космос
тежи врз мислата
дека сите кутии во кои чуваме стари фотографии
се со натпис fragile
а не знаеме дека таму сме чувале
и ранета ластовичка
изгубено маче
и повредено кутре
се надеж за нашата душа и ѓоамити мир на оној свет
или почисто утре.

Сета рамнотежа лежи
во погледот на двајца кои знаат кои се
еден на друг
и еден со друг
во нивните мозочни вијуги
и срцеви комори
таму, се’ е точно наведено и наредено
во концепт за да бидеш раат
и да можеш
да си правиш перформанси
за кој космосот
те наградува со аплауз.
 
Надеж и Судбина


Неизвесност
Лажна надеж
И ај не биди тажен
ако имаш срце.
И ај имај волја
за напред?!
Среќа душманите
ми даваат појак мотив!
За живот.
Иако и јас не сум исклучок
од судбината
и нејзината иронија,
наспрам мојата најдобра надеж....
--- надополнето: 10 септември 2013 во 11:01 ---
Pessimist

It is strange for me
That I haven’t been here
For 1970 years only in new era.
Skopje is a dead city
But wherever you go
There are graves in every town
So, it is just because of the
Onthological alienation.
For every generation
Death is near,
Death is our destiny -
Death is everywhere.
I am sometimes really sad…
My biggest enemy
Is inside me
And my jihad is weak…
I have a time -
This is an illusion
A dug hole waits
For all of us.
--- надополнето: 10 септември 2013 во 11:02 ---
Black Cat

I am so sad
Without my cat
Really
I cry in the nights -
I hate people
But, I like pets
And, now what…
I didn’t promote
My books
I am not a seller
I am just a sad poet
Like my sorrow.
Cause that is not my ambition
I want a change
And revenge
And humanity
And eternal life
For all of us -
We who are
Not like others
But still
Under principle
Of individuality.
 
Меко на допир

Доаѓа време кога
ќе се гушнам со перницата
и ќе замислам дека си Ти
а меѓу нас има возови, авионски летови,
перони, скитници, патници
карти од светот, од градот
има скриени солзи солени
крокодилски
како да не сум плачела ниеднаш.
Доаѓа време кога
ќе се гушнеш со перницата
и ќе замислиш дека сум Јас,
а меѓу мене и тебе
има само еден обичен час
60 минути развиен филм
со фотографии што се движат
"don't grow to soon"
Приказни залепени на бротчето од хартија
-визенрежимстресиронија-
Ќе ја прескокнам и оваа пречка
ќе паднам во перницата
меко е на допир кога знам
знам
доаѓа време
за Нас, Засекогаш.
 
Ако не го доживеам крајот со откажување
Откажете ме вие, проклетници!
Да немам име кога веќе не сум тука!
Да не ме споменувате мртва
Оти
Додека постоев, бев сенка на подот.
Само ... молчете сега.
Затворете ги тие проклети
Погани усти.

Ох бедна!
Од зачнувањето
До миговите пред смртта.
Кога ми беше потребен воздухот
Сите го грабаа.
Кога ми беа потребни сите,
На нив му беа потребни други форми
Други постоења.
Сега е веќе доцна...
Книгата се затвори.
Мојата книга.
 
Во преполна 22 ка

Недела навечер
замира Скопје
облекува некоја луда ноќница
и си ги скрива соништата
Во чекањето автобус
има нешто неодредено,
незадоволство што доцнат
радост што ќе може да се испуши барем една цигара
Еве ја доаѓа.
(а јас се враќам од работа
и што ако е недела
Бог не ти дава дневница)
Влегувам, како сардина
сплескувам нечии лакти
задници и грбови
се движам како да ме нема
и набљудувам.
Студенти, уморни и морни
а во очите, надежи и дијалекти
торби преку глава
преполни јазици и мечти
кутии со "да се најде"
ќесиња со ајвар и спакувани сништа.
Гледам, некој си ја понел и гитарата
да може и во овој град да сонува.
Лап топ со навезена торба
ранци со животна чорба.
Се гмечиме, сите
оти недела е оној миг на збиранка
кога Македонија се збива
во една површина
Во преполн автобус.
22ка

Колку возраста можеби
на сите тие студенти
иднината
на оваа зезната држава.
 
Камера

...

и зошто има мигови
кога си облеан во тага
како најтопла прегратка
и со очи полни свест
се загледуваш
ова зарем, е свет?
се заведуваш
себеси во книгата на разбудените
оние што гледаат
во маката на студентот кој чека автобус
(а тој никогаш нема да дојде)
во очите на грбавото бабе што лупи јаболко
(лани го испрати син и, а годинава маж и)
во исечокот умор
што лежи врз дланките
на еден обичен работник
кој одмара читајќи весник на скелето
(и едвај чека да го гушне детето
не го видел неколку дена работејќи)
во паднатиот морал
на розовиот кармин на една жена крај МКЦ
изгореното чело
на циганчето што брои парички
бришејќи стакла на раскрсници.
Во тажниот поглед на неслучајна жена
што го носи детето во градинка
(што ли ми требаше да се искараме со Него, си мисли)
во уплашениот од’ на загрижениот татко и дедо
(ќе има ли зимава за ајвар, или барем да...?)
каде да се свртам
да ми биде поудобно
да не гледам, да не мислам, да не дознавам.
Камера.
Без намера.

Можеш
до утре да плачеш
без солзи
да ти текнува на првиот загриз небо
и слобода што прска низ грло.
Па пееш, беседиш, пишуваш, умираш, одново се раѓаш
зошто тагата
може е само изговор
дека денес
Видов се’
а немав сила за ништо.
 
Т'га за југ

Ангелски криља как да си метнех
и на Стевчо грб ја да си прелетнех!
На наши места ја да си идам
да видам свинско, масти да видам,
Да видам дали депилација и таму
мачно болит како и ваму.

Ако как овде депилација болит,
и Купидон на влечки ме молит,
На пат далечни ја ќе се стегнам
и в други билдери ќе си пребегнам
Каде влакна светло угревјат,
каде небото ѕвезди посејват.

Овде је мрачно и мрак м' обвиват
јамболија топла грпка покриват,
нит мразој снегој, и пепелници,
нит силни ветришта и вијулици.

Околу магли и мразој земни,
а вгради аминокиселини и урди бедни,
Не, ја неможам овде да седам!
Не, ја неможам грбој да гледам!

Дајте ми криља ја да си метнам
и на наши ст'рни да си прелетнам
на наши места ја да си идам
да видам гради, нозе да видам.

Тамо зората греит душата,
и слнце светло зајдвит в гората.
Тамо дарбите природна сила
нит урда и треба тег да дига.

Бистро езеро гледаш белеит
или од влакна синотемнеит,
фаца погледниш или планина
-сегде Божева је хубавина.

Таму по грб в кавал да свирам,
слнце да зајдвит, ја да умирам.

сас голема љубов Леандра Миладинова
 
O.O


Си се бараме
и во очите на другите
(сите погледи лутаат)
можеби лути
можеби благи
како пиперките за есенскиот ајвар
па се топат
се мешаат
од нив може да се роди
цела зимница
сеќавања
или заборавања.

Кога ќе се видиш
со некој што одамна не си се видел
го имаш оној восклик, ширум затворен
и прашање - Кај си, до кај стигна со животот
има ли нешто ново
жив ли си, свириш ли уште
во влада си или на улица
тропаш ли уште шеги
се видовме,
(или) се потсетуваме дека се заборавивме?

.

А од точка на набљудувач
обичен воајер што си бира нацртан лик
(низ клучалка, како демек да е лесно)
Јас, си се барам
низ патиштата
што имаат насоки и лево и десно
па не знам што да изберам
одам право
право
право
до твоето срце.
 
Есен во Париз

Шетам наутро на Шанс Елизе,
Калдрма гледам и во неа како растопено сребро,
Одблесоци од синоќешниот дожд.

Мирис на јавори и љубов,
младост, лудост и еуфорија.
Чекориме по неа јас и ти.
Ти втрчуваш по калдрмата,
и ме чекаш да ти паднам во прегратка.


Убавина која што само човек може да ја приреди,
Се топам во твоите прегратки како топол бакет.
Гледам тука е Шекспир и Компанија,
Стари книги и млади занесеници.
Како нас, само во поинакво светло.

Сакам ова да потрае вечно,
Ама се плашам дали ќе издржам.
 
Барај ме
Под гранки на цреша
Врз надгробна плоча
Во темни агли
на тесни улички
Под есенски лист

Барај ме
Низ хаосот на градот
Во пулсот на тротоарот
Во здивот на асфалтот
Зад абажур од смог

Барај ме
Помеѓу редовите на една книга
Помеѓу прсти на бела рака
Во длабочините на твоите сеќавања

Најди ме
Силувај ме
Убиј ме
Полиј ме со носталгија
Со слатки сказни
во минато свршено време
 
Парамур О Параспур

(поетско парастоси ки Шабан и Шемса, у вечни успомен
ки паданти жртво од катиљ модераторско администрациа)

Нај жилаво мултијузер
збок ептен досадно,
јок челенџо форумеске
вуче ретроградно.

Хипертроли Парамуро
о хиперактивно,
али џабе копиљана
ич неконструктивно.

Секундарно Парамури
повампиринела,
серт админо све јузери
пермабанинела.

О парамурошабаншемса,
о нининамиранда,
о змејкоенвероезекил,
о џиновско панда.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom