Ваша поезија!

Требаше

Требаше да љубиме
додека ремените не’ стегаа
па се соблекувавме голи
за да трчаме по Месечината
која не е ништо друго
ами обична улица
што одоздолу ни се чини округла,

требаше да се изгубиме
па најдеме
некаде меѓу дрворедите
кај што штиците
што прават мостови
се држат за дланки
обидувајќи се да ни кажат -

Дечки, не смеете
да останете гневни,
предвреме остарени
носталгични и тажни
смеете да се смеете
оти со тоа сте обдарени
овде сте важни.

Требаше да љубиме
за да победиме.
Требаше.

Уште никој не знае
дали месечината е обична улица
или круг кој не’ лаже
дека ноќта е светла.
 
Некогаш ќе беше подобро,
Твојта и мојта сенка
Да не разменат погледи

Туку да ги помешаат својте бои
И створат виножито
 
Небо и зрак
Лепотице где си збрана
Тражио сам те на свих страна
Много волим твоје ... очи,
ал ме моји Перо кочи...

Ни сам знао дал си лепа,
и дал даш свако да те репа,
ал мораш биди џевојка - мрава,
да ти дам брачних права.

Буди моја сваки дан,
и живот биче ти као сан,
Не слушај други шта говоре,
Они само ни љубоморе..

Да бог да, пукну, матер им јебо,
јас сам увек твој, Небо.

Зрак и небо
Драгане мои мили,
доста више смо се крили.
Ја од увјек умирем за теби
ал ти волеш само себи.

Не можем више вако,
сваки дан без тебе ми е пакао,
Буди мој, све чу ти дати,
па мерцедес купичеш ми на рати.

Ја сам џевојка поштена,
ал се дајем само ак сам заручена.
Доџи на мојој врати
све че да ти се исплати.

Не живи више у свој мрак,
Увек твоја, твои Зрак.
 
Дај ми моју камиону

Као мала много сам имала мерака да пишем поезију
и ептен виртуозно сам импровизирала са падежу
и римовала стихову са скриеном пораком за њега.

Још као девојчица шлапкала сам се у каловима
кашкала се, бербатила и цапала у вирови по сокацима
за сада апла да сфатим да сам барала смисла у живота.

Једном приликом у странству, запрашали су ме из дакле сам
ја сам им скромно промрморила да сам из провинцију
али да сам врло модерна иако сада живим у струшену зграду.

Бидејќи нисам знала шта се јаде у ресторанту
тихо сам порачала порцију графа и салату од пиперака
застрамљена јер сам била сефте у странству.

„Дај ми моју камиону!“ запискао је један мрсулави дечачич
коме су му украдили жуту пластичну ѓубреџиску камиону
а моје сузе су се тркалале по моју блузону
а и маицу одоздоле.
 
Дамата со исончано лице

Булевар, испарува
конечно јуни доби слобода
да не’ испржи
ко саботна кајгана
па сега нема што да се буниме
кога летото
си го добивме.
Ја гледам, неа
А можеби само ја здогледав
На час,
се појави како приказна
има 65 или 25
се прашувам
ти си или јас
Има брчки
и малку целулит
но неважно,
удира, во бит
како да е
лебдечка соната
или обичен урбан мит.
На раката носи стар часовник
(од мртвиот сопруг или живиот татко,
сеедно, времето и одамна не постои)
а можеби и во дланка грст солзи
туѓо срце на грб
и бол на плешки и ползи
Ја гледам
можеби е како меркање
дали е со себе или е сама
Ми значи
да видам
како е кога жената гледа жена
и се восхитува
како дама на дама.

Таа е како
најголемата сенка
што го заспива градот
а во очите има сонце
што испарува
низ чадот.
 
Јас и ти заробени во вечноста...
И спомените ме милуваат,
како тивок оган ги чувствувам рацете на судбината врз мене,
една насмевка,една солза,едно проколнување.
Ја гледаш бабана на аголон?
И нејзината бледа насмевка ?
Нека не те залажува,тоа се солзи
испаруваат од сонцево која ја пече оваа ранета кожа.
Го гледаш синоно небо?
И тоа не постои,
постојат темни облаци кои се надвиснуваат над срцево,
вода која плиска во гребените и се слуша бесната смеа,
еден старец кој внимателно го рони каменот пред куќата на сеништата...
Една илузија се шири низ телото како вирус,
капка крв паѓа на жешката земја,
две осамени души се сретнуваат на патот кон вечноста,
една девојка танцува во белиот фустан на снегов...
Сонцево ја топи плодната почва,
едно изморено лице те моли за парче леб,
една девојка се спојува со крвта која одѕвонува во нејзините уши...
Ја гледаш ли сенката која те опколува?
Ја презираш ли сопствената болка,
шкртаниците испишани во тетратката на животот.
Судбината и Кармата ја играат сопствената игра,
еден фраер и една шмизла се тркаат со смртта,
една љубов полека осамнува во печатите,
птицата ги шири своите крилја кон тебе.
А ние каде сме?
Каде е реалноста,
Каде си животу и тие твои сурови правила,
како загубен Дон Кихот те барам тебе на полињата со ветерниците,
како Хамлет се наоѓам збунето помеѓу постоењето и непостоењето,
љубовта, насмевките,ѕвездите...
Една тишина која продира длабоко во ноќта,
зборови кои остануваат замрзнати во вечноста,
ледената принцеза гори во сопствениот пламен,
бајките добиваат неочекуван крај,
игрите стануваат опасни...
Не ме чекај повеќе,
јас не постојам,
не ме барај на полињата со цвеќињата,
ниту во темното небо,
не ме очекувај доцна во ноќта како сениште,
ниту гледај во сирените кои те поивкуваат...
Крајот и почетокот...
Зарем не е тоа едно исто?
И се губам во жарта на твоите образи,
во солзата која полека се слева во потокот на постоењето,
насмевки кои изчезнуваат со битката со сопственото јас...
И јас и ти заробени во вечноста.
Без зборови,без насмевки, без тага...
Само пулсот кој одѕвонува во мене и во тебе.
Само за крајот и почетокот.
И ова е се.
Една бајка која го нема вистинскиот крај...
 
100% Чиста патетика

Ќе и се јавев
ќе ми исклучеше
и добивав порака
,,ќе ти се јавам злато,,
и јас радосен ја чекав
и само чекав
и после плачев
пошто не ми се јавуваше
знаеш колку сум плачел
па ако не сака нека ми каже
што мора да биде така
да ми каже ќе ми се јави
а не се јавува
какви се луѓево
Јас кога ќе дојдам
ќе ти објаснам
ќе сватиш.
Сега и не ти е битно
кога ќе отиде старата
секогаш доаѓа некоја млада.
 
Шеташ пусто во саваната сама
така гордо но дрско
да останеш рамнодушен неможеш
ти си права дама

Би те зграпчил вечерва со острите канџи
и би те убил нежно
тешко ли е да разбереш
дека ти си за мене нешто уникатно
и кога ќе побегнеш
во други раце
јас ќе си се смешкам
за мене тоа е многу интересно
кога нема да има ниеден победник
ќе те заборавам многу лесно

Би те зграпчил вечерва
зашто си моја слабост моја рана
која ти само ја лечиш
но оваа вечер светот го гледам од друга страна
Животот е краток секој момент полн ми е со возбуда
би те скротил во моите прегратки
и кога би помислила дека јас сум твој
тогаш би те оставил
Но не засекогаш
затоа што не сакам да те изгубам
да го дишеш малку воздухот на слободата
и кога се ќе излеззе надвор од контрола
кога ќе нема баланс во тебе
тогаш ти пак ќе бидеш моја

Би те грицкал дел по дел
почнувајќи од усните
па се до влажниот воздух што возбуда ти крева
страста победува
а љубовта е единствено нешто што нема мера
вриосци од твојата возбуда насекаде се слуша во оваа соба
не престанувај твоето тело нека биде мое
не те повредувам кажи само:Те молам
И кога тотално ќе се предадеш
би те однел на друго ниво
и задоволство како никогаш досега
добар љубовник е тоа што тебе ти треба
и секогаш би се вратила назад
од такво убиство никогаш не се бега

Посакувај ме ти како што те посакувам јас
и ќе видиш дека ти грешиш
затоа што јас ќе те убијам со мојата страст
и пасија кон тебе
но реалноста е друга
сега останувам самиот со себе
 
Дама од саваната

Хеј, ти, дамо од саваната
тенка ти е одбраната.
Страста моја со пасија
ќе те всади во саксија.
Екстремно си умерена
а скромно самоуверена.
Да, ова е реалноста
кога останувам сам со себе носејќи те на следното ниво
од кое допираат звуците на твојот молк
топлината на твоето студенило
и возбудата на твојата апатија.

Хеј, ти, дамо од саваната,
за тебе тече фонтаната,
за тебе бие камбаната,
за тебе диши ѕиваната.
 
Подредувач со празнини

Во два бита цела база складираш,
та мудро меморија штедиш,
алал да ти е,
о подредувачу со празнини.

Скор сметаш по фред
и лоши бази ми отфрлаш
ти мене време ми штедиш,
о подредувачу со празнини.

Кој ѓавол те тера
да ги мешаш сплајсинг варијантите,
да ти ебам матер,
о подредувачу со празнини.
 
Заборав


Не заборави,
настани,луѓе,места,моменти.

Не заборави да ги сака
сите околу себе..

Не заборави да дели
насмевки.

Ја заборави неа
во минатото.

Ги заборави нејзините желби
соништа и нејзината сопствена среќа.

Побегна од неа и ја остави,
не сакајќи да биде дел од нејзината
приказна.

И бараше,талкаше
се гушеше во сопствениот кал..
Наоѓаше други лица,со надеж на
исполновање.
Се трудеше,
безуспешно да се
предаде на тој проклет заборав.

Но..не!
Не успеа да заборави.

Се сврти назад,ја побара.
Ја погледна мило со солзи од радост.
И ја понесе со себе во бесконечноста.

Совршена целина на едното..

Заборавот е скршен.
 
eve edna moj pesna posvetena na nasata tatkovina
Татковина
Од изгрева до заода
од север до југ,
ширна е нашата татковина,
нашата дедовина.
Ги распослала своите села и градови,
своите планини и низини,како кадифен килим
ткаен од рацете не вредната ткајачка мајката природа.
Селата се како монистра,како бисерни зрна
во гердан нанижани.
Гердан каков што момите носат на грло,
гердан каков што секоја девојка посакува.
Да ја чуваме нашата татковина нашата родина,
нема човек без родна грутка земја.
А оние кои се далеку од својата татковина,
во срцето нека ја чуваат,
во мислите секогаш да ја спомнуваат.
 
Песна..


Да напишам песна..??
Една песна,која ке ја осветли мојата душа??
Песна која ке ги опише моите чувства??
Која душа??Мојата душа???
Воопшто немам личен контакт со неа..
Моите чувства??
Не ги познавам,неможам да ги опишам..
Не ги осекам...јас сум ладна..
ладна како најладниот дел на светот,
делот во кој не допира сонцето..
Темна како најтемниот дел на планетава,делот каде не допира светлината..

Се прашувам дали сум тоа јас???
Невозможно колку се лажев самата себе..
Невозможно..
Мислев дека знам да сакам,
мислев дека сакам да се смеам..
мислев можам да го прегрнам целот свет,и да му подарам на секое
човечко суштество ЉУБОВ..
Љубов која мислев ја имам во изобилство.

И го прегрнав целиот свет,и ја подарив мојата љубов..
На сите кои беа во моја близина им подарував љубов не плашејки се
од ништо..

И тие???
ја згазија мојата љубов,
ја растргаа на милион парчиња
и ја фрлија
во гнасната депонија на мртвите чувства..
Болката е преголема..
дефицит кој тешко се лечи..
И отупев..
Имуна на чувства..
барам во себе,...барам чувства...
но не ги наоѓам..
Се обидувам да го препознаам и најмалиот знак на чувство
но нема ништо...
Се трудам да ја пронајдам мојата душа велат тука е некаде
но ја нема..
Сокриена некаде во некое темно катче на срцето исплашена
молчи..
Скршена и сама..

Пробав да напишам песна...
 
Нешто убаво...

Убава е ноќта која нечујно си замина.
Убаво е утрото најавено од птиците
песнопојки..
Убав е денот пред кој стоиш..
Убави се луѓето кои ги гледаш околу себе,
така смешни и помалку чудни со начинот
на кој го гледаат животот..
Убави се улиците милувани од твоите чекори..
Убаво е сонцето кое те облива со својата светлина..
Убав е и патот кој го одиш,
патот кој те води до твојата цел.
Убава е насмевката во огледалото,
брчките што раскажуваат приказни за
минатото,
околу насмеаните сјајни очи..
Ова ќе биде убав ден.
За тебе,за мене,
за сите нас..
Ова ќе биде прекрасен магичен ден каде
ќе нема место за страв,омраза и негативност.
Денот е нов.
Заборави на се што било вчера,
заборави на се што ќе биде утре.
Живеј го овој убав ден и биди ти убавината што ја бараш.
 
Слика со четири лика

Ти си висок јарбол -
гордиот господар на бродот
што ти ги гушка нозете.
Ја шириш белата кошула -
го ловиш ветрот
за да го прегнеш кон запад.
Јас сум твоето знаме
оставено горе
како пркос,
како мамец,
како заложник
на кого тој
го истура гневот кон тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom