Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Први во месецот
Утрово се разбудив
сонувајќи
Од сите можни бои
на спектарот
од сите моќни појави
на светот
Те видов тебе
Исправен, ко војник
спремен да ме браниш
мене од себеси
Себеси од мене.
И овој месец почна
(да се распаѓа)
и сите наши сеќавања
се преродуваат
Како во чинија мувлосани мушмули
една која заблеснува
и чекам
А што не чекаш, се прашуваш
секој ден чекаш нешто
плата, време, краен рок
некој да се роди, некој да згине
чекаш да созрее, да се смени
некој колаж
чекаш да станеш Жена
чекаш да станеш Маж
Далеку си
а те гледам
и кога е недела
и ништо не работи
те сонувам
и во вторници и саботи
и го читам поетот на светот
како змија да ми вади отров
од срце
и си велам
Кои отрови мораме да ги проголтаме
За да се филтрира
чиста есенција на Љубовта?
Утрово се разбудив
сонувајќи
Од сите можни бои
на спектарот
од сите моќни појави
на светот
Те видов тебе
Исправен, ко војник
спремен да ме браниш
мене од себеси
Себеси од мене.
И овој месец почна
(да се распаѓа)
и сите наши сеќавања
се преродуваат
Како во чинија мувлосани мушмули
една која заблеснува
и чекам
А што не чекаш, се прашуваш
секој ден чекаш нешто
плата, време, краен рок
некој да се роди, некој да згине
чекаш да созрее, да се смени
некој колаж
чекаш да станеш Жена
чекаш да станеш Маж
Далеку си
а те гледам
и кога е недела
и ништо не работи
те сонувам
и во вторници и саботи
и го читам поетот на светот
како змија да ми вади отров
од срце
и си велам
Кои отрови мораме да ги проголтаме
За да се филтрира
чиста есенција на Љубовта?
