Ваша поезија!

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
O ΣUΣARO

мал миљон навреди,
се истуриле врз мене,
овие нецели,
8 години.
Осум, осум години,
осум црни гаврани,
деној мачни, тегобни,
јато маки собрани.

Осум лета битка бие,
битка за вистината,
од жени клети не се крие,
Тој борец за правдината.

И мене ми имаат лепено опомени,
избришани мислења, едитирања и слично.
Ич па да не спомнувам навреди.
Никоме ништо.
Трпи Тој неправди, едитирања и слично,
душмани пакосни ја бришат вистината,
но дождот ќе ги измие и заборав ќе ги изеде,
а ќе остане Тој и проповедта на планината.

Па мајка му стара
со Леандра уште очите што си ги немавме ископано
на темите на Љубов и Секс,
па и она ми бришеше и едитираше мислења,
ни А не сум и кажал
Слава му! Слава на Големата Душа!
Воинот кој го прикажа цел женски грев,
браникот на машката гордост и достоинство,
разбивачот на грешното ребро со јаболко во уста,
маченикот кој го испи сиот змиски отров и сиот гнев
и остана присебен,
единствен
Голем.

Он е пристрасен за Ен Хетваеј
и не дава ништо лошо да се пише за неа
и ми лепи казнени поени

Сега јас ќе отворам тема
со фан клуб на хејтери на Ен Хатавеј
каде што во вовед ќе наведам исто што е он топик
а што не.
Слава му на Воинот за Малиот Човек,
Кој со збор руши кралеви и гради мостови,
нека над лешот на илјада мртви модератори,
Бог му даде сила за уште илјада постови.
 
С

Спасе супата

Гостин
(Во една тема бараа песна за осми март па еве еден опит за некакваси поезија)


О поробени станете

Удрете по тиранинот свој
Та да му текне дека е гној.
Од силата ваша да му се здроби жезолот
И да се смрди на пот во ќералот.

Да мие тенџери гоедото
И да го колни железото.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Пластелин


Види искривен лик во огледалото,
дали си тоа што си
или дали си?!

Раце полни празнина,
која постојано празно
се пополнува.


недоцртан цртеж на масата,
насмевка во гужвата,
ѕвезда во темнината,
куфер со соништа,

И...

Живот како пластелин,
обликувај го било како,
и развлекувај толку
колку на бескрајот
да му ставиш крај
 
Л

Лигеја

Гостин
''Потрошени минути''

Знам.И кога времето ќе глуми совршеност,јас ќе знам.
Низ мислите,низ немоста на оваа социјална олуја,
се подава главата на мистиката а јас ја доживувам
како грда девојка обоена со боите на сета досадна,
закочена алгоритамска старост и студена кинематика.

Заборавеноста ги облекува чевлите на лудилото
и трча по тој гол пат без живи дрвја,
без мртви камења-без умешност.
Гледам во далечината и халуцинирам задоволство
кога хоризонталните пресеци нa сите ридишта со небото
земаат мерка според моите очи.
Вертикалните,се онеспособени,замолкнати од луѓето-ѕверови
кои не се достојни да бидат креативни раце на секојдневието.
Пораснаа и во мене коските на хуманата,
доминантна индетификација-симбол на еднаквоста со нив.
Со тело на човек а во умот нечист полу-бог
без ладокрвна верба плачам
понекогаш за загубената радост.

Јас сум отфрлен пес,скитник гладен
за интелектуална главоболка,
се засолнувам во фантазијата која
ми дава прибежиште и се смее на мојата меланхонија.
За каква цел опстојувам?
И да започнам да ги оживувам сите драги спомени,
тие се врзани за сидрото на мојата младост и
само молчат во длабочината.
Но,јас ќе знам.
И кога времето ќе биде совршен модул на вистината...ќе знам.
 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
178
Поени од реакции
219
Liber 820 - Selected Poetry
Бафомет
Посветено на Хатор, божицата со лик на мачка.
1
Кога се вратив, само ти ме чекаше, не облечена во одори, ами одора чекаше да видиш на мене, дека доволно не ти беше кога доаѓав парталав и гол.
Затоа заминав и се надевав никогаш повеќе да не ме чекаш ваков.
Кога се вратив, само ти ме чекаше, парталава и гола, ама чиста, и виде дека сепак дојдов чист дека доволно не ти беше кога те славев поган.
Затоа заминав по нов олтар никогаш повеќе да не славам идоли.
Кога се вратив, само ти ме чекаше, стара и изнемоштена, ама сакаше да бидам поизнемоштен од тебе дека доволно не беше да ме видиш ваков.
Затоа плачевме со денови и со ноќи, знаејќи дека еден ден кога ќе се вратам никој нема да ме чека.
2
Моја драга, смилувај се над мене.
Ајде да плачеме над белите лисја, бели лисја, мртва девојка, ненапишано и недопишано, кобно, за плачење.
Моја драга, како старци да заредиме жалопојки над белите лисја, мртва девојка, кога ни огнот нема да ги избрише белите лисја, ненапишани, недопишани.
3
Најголемо, најголемо, и помало, знаеше ли дека не сум најдобар, а сепак сум подобар од сите останати.
Најстрашно, најстрашно и кошмарно, знаеше ли дека таму кај што е иднината, не толку далеку, сепак е Смртта.
Љубов, љубов, љубена, чекај ме верно, како што Смртта верно сите ги чека.
Таа секому верна, а можеш ли ти да бидеш поголема и од неа, та да бидеш верна само на еден.
4
Во неразумноста, најголемиот разум скриен, во ноќта најголемата лумина, слава на мистериите на животот.
Небула оплоди планета, сперматозоид постана Исус, цело човештво се набило и живее на работ.
Токио, Л.А.,Помпеја, каде што се слуша срцето на земјава, каде што заносно вдишуваат милионите од здивот на смртта, за да ги слават сите ноќи, ни една зора не останала непрославена.
Слава на мистериите на животот.
Како ти толку голема се најде во моето мало срце, како јас толку мал сум во твоето. Слава на мистеријата на +ивотот.
5
Откако зедов здив, и не отпуштив, од океански понори тајни ми се покажаа пред очите,
Она што беше јасно постана небитно, она што беше нејасно стана небитно, и во таа визија дури и твојот лик го зеде темнината, небитно беше, ама пак вдишав.
Уплашен.
6
Песни на лудоста и на болката, престанете да доаѓате ноќе и да ме опседнувате, престанете да ми ги разболувате очиве, оставете ми ги рацеве да бидат само незначаен сувенир на еволуцијата, и оставете ги кардиоваскуларните заболувања на старците, а мене оставете ми само сеќавања дека сум бил поет во некој минат живот, кога сум бил спремен да ја поднесам љубовта онаква каква што ни останала од дедо ми.... традиционална и бессмислена.
7
За 36 минути Седум песни напишав за деветта животи на малиот ѕвер кој мислиме дека сме го припитомиле.
Погледнете како си игра со пленот, го видовте ли тој блесок, таа месечева зеница.
Три по полноќ Три пред зора. Еден по еден заминаа...
Ниеден живот не е во баланс како овој на Ловецот.
Затоа биваат ловени, и затоа гинат во ловот, Зашто бројот нема живот, зашто бројот е Живот.
И никој не ги изброил деветта животи на малиот ѕвер досега, ама многу стигнале до седмиот, оставајќи два стиха за Ловот и за Ловецот.
Пленот.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Во бестрага
Во бестрага е отиден овој секојдневен живот празен
А со него и старите и безгрижни добри времиња​
Во секојдневието скоро од секого непочитуван и мразен​
Секој гледа да се заштити од посеаните на злобата семиња​

Во бестрага се отидени општеството и неговите создавачи​
Низ секој сокак, улица и дом вее ветрот на злобата​
Таа пак со своите заповедувања како кралица проколната​
Бара секогаш да се згасне и последното што во овој живот зрачи​
Каде се тие ветени времиња на млеко и мед​
Исполнети со безгрижен мир, тишина и безгрижен сон​
Наместо тоа времиња дојдоа исполнети без леб и за со леб​
Со питачи и армија невработени кои бараат работа и топол дом​
Исполнети се истотака и улиците но само со тишина​
Без жагорот и пулсот на среќните и насмеани лица​
Да се ужива во благодетите на животот сеуште има​
Привилегија, која сепак ја имаат малкумина​
И пред да се сетиш наскоро и таа ќе ја нема​

Во бестрага со овој живот на алчноста и интересот свој​
Живот кој создава само луѓе со исцрпена снага и коса седа​
Во бестрага, ќе дојде и судниот ден мој и твој
Оној ден, денот кога сите нас едноставно ќе не снема​
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
На куково лето

Ќе биде.
Намера закажана,
Мисла неискажана.

Ќе помине.
Љубов непокажана.
Вина недокажана.

Вистината виси во воздух.
Се лелее резигнирано
Како градник на жица
Во двор покрај улица.
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
I have no peace and all my dreams are
nightmares;
I wake and I drown, I climb and I fall;
Among the crew I stand alone;
A hundred eyes fixed at a single soul;
I see them all laughing and talking;
Like
a pair of shoes tightened together;
Like paper bags drifting through the wind;
Carelessly lingering around;
Gives me a thousand pains!
It is dark and cold in here;
A hundred thoughts have occupied my mind;
An ocean as deep as the stars lying on the sky;
An endless space filled with the noises of the
crew;
Then I wake again;
I meet their gaze for the thousandth time;
And here I stand again like a lonely soldier;
The same fears overwhelm my soul;
The consumption seems endless…
Then I see a ray of light;
And the Sun fighting its way through the
clouds;
My soulmate seems puzzled and pale;
Overshadowed by the angry passengers;
Lost among the evils frowns;
All its gleam death and gone;
Our lives in a single mirror;
Reflect the puzzle of a thousand thoughts!


Ретко ја покажувам мојата поезија, но баш би сакалa да слушнам нечие мислење:)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ода на Овчеполието

Што ми омилело мале, овчеполието
овчеполието, мале, земјоделието.

Свите моми мале, бело променети,
само мојта мале, живе бое носи.

Сви невести мале, поев маќидонски,
мојта Стојна мале, саде по енглесќи.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Ода на Овчеполието

Што ми омилело мале, овчеполието
овчеполието, мале, земјоделието.

Свите моми мале, бело променети,
само мојта мале, живе бое префериса.

Сви невести мале, зборив маќидонски,
мојта Стојна мале, пое по енглесќи.
Ovce_Pole-9, мора да признаеш, поубав коментар од ова - здравје :)
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Ода на Овчеполието

Што ми омилело мале, овчеполието
овчеполието, мале, земјоделието.

Свите моми мале, бело променети,
само мојта мале, живе бое носи.

Сви невести мале, поев маќидонски,
мојта Стојна мале, саде по енглесќи.
Добар си добар...но, би сакала да слушнам мислење од покомпетентнo лицe,без навреда:)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
А како поинаку?

Сонцето, како трага
прободено небо со куршум,
зраци што оставаат снага
да направиш
од себеси
од својата младост
р’шум.

Да посадиш дрво,
да напишеш писмо до светот,
да зачуваш сон во тегла,
да излезеш надвор од редот,
да не запазуваш рими,
ни е дна ш да не сл о гу ваш
Да искинеш изборни плакати
и наместо нив да залепиш
- плакета на Љубовта
- постер за концерт
- цртеж од детски рачиња,

Да замолкнеш кога Вардар пее
раштимана музика.
да прегрнеш некој драг
додека улицата стивнува.
Заблагодари се на насмевот
залепен за правливиот плоштад
за она што ти рекоа дека е твое
а е само заборавен град,

присети се.

Зошто, овде липите раѓаат ноти,
подиумите се врели од танцување,
небото мириса на ванила
и сите се експерти до неверување.
Но.

И да имаш 100
како дедо ми кога рече - "Ех, младоста е во духот
и никој не може да ти ја земе"
најди, начин,
да си го спасиш
сопственото време.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ој ти моме либерално со обравчиња полни,
Ти која се бориш за деца од Африка болни,
Тебе кој секој конзервативец те колни.
Дојди кај нас во село и повикај на револуција.


Дал за Бакуњин срцето твое се даде,
Дојди овде за Ријад да фаќаме џаде.
Таму жената тешко просперира,
И нема право да абортира.
Дојди кај нас во село и повикај на револуција.

Ој ти моме анархо што тревки само јадеш,
Дојди кај нас да почекаш рош-ходеш.
Да видиш како клетник капиталистички не цица,
И како права работнички се на ижица.
Дојди овде да направиме ултралевица.


Дал за Ерика Јанг и Кристева срце ти појде,
Зар не гледаш дека и од нив нема фајде.
Дојди ти овде во Чаир за жена була да батали,
И да почне Албанец нусе со орален да го пали.
Дојде овде и биди божица Кали.
 
A

AnFem

Гостин
Ој ти моме либерално со обравчиња полни,
Ти која се бориш за деца од Африка болни,
Тебе кој секој конзервативец те колни.
Дојди кај нас во село и повикај на револуција.


Дал за Бакуњин срцето твое се даде,
Дојди овде за Ријад да фаќаме џаде.
Таму жената тешко просперира,
И нема право да абортира.
Дојди кај нас во село и повикај на револуција.

Ој ти моме анархо што тревки само јадеш,
Дојди кај нас да почекаш рош-ходеш.
Да видиш како клетник капиталистички не цица,
И како права работнички се на ижица.
Дојди овде да направиме ултралевица.


Дал за Ерика Јанг и Кристева срце ти појде,
Зар не гледаш дека и од нив нема фајде.
Дојди ти овде во Чаир за жена була да батали,
И да почне Албанец нусе со орален да го пали.
Дојде овде и биди божица Кали.
:love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom