Ваша поезија!

С

Сатори

Гостин
She is abyss

The milk is taken with extraction from the burning womb
it tastes so sweet like a child's nay,
pours down slowly in the mouth of nature,
for it is Natura who is active and filled with thoughts of it's own,
a fetus is left to die in the dark,
she is only bottomless and guilty.

I have no reason to obey My Lord,
this convenience is no longer necessary,
the son has not been born,
it is a Devil's work, a craft made by the Witch itself,
the vagina does not what the show the light
for Natura to come out.

The Circle of the three is blasphemy father,
I want to hold and love my poor little brother,
she's not a eagle, but only a lion in disguise,
a woman with masks and trickery for the world to see
she's lost,
she's a dissolution to be.

Burn the Witch Milord, listen to your old mother,
so Natura will not have to rule without his father,
she's evil and corrupted,
blessed be the Lord,
the woman is a maggot feeding from the fruit of your ancestors
my protectors.

The milk is taken with extraction from the burning womb
it tastes so sweet like a child's nay,
pours down slowly in the mouth of nature,
for it is Natura who is active and filled with thoughts of it's own
while a fetus is left to die in the dark,
I am abyss.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Сон


Нацртан сон
никој не може да го избрише
од перницата
на која се лигавам
и останува сеќавање.
На морските миризби
разбушавена коса од спиење
ах,
колку пати ферментирам
од ноќ помината во пиење.

Сон, што те вози збеснато
а не се плашиш да седнеш на совозачко, зошто во него
друг е оној кој управува.
Тој е и сеќавањето,
што се заглавува.

Немој, не давај да си отиде
зачувај го
како пеперутка во тегла
млечен заб под перница.
Ќе никне нов
само ти живеј
и не буди се
од нашава приказна.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Чајанка



Песни,
ко кесички за чај
инстант уживање
Се разлеваат во твојата умствена вода
се топлиш од моето доживување.


За секоја настинка
патување
заборавена 50денарка во заден џеб
смислувам приказна
што има боја
и смирување.


Дојди ми на чајанка
да рецитираме.
Јас, својот живот продаден на реалноста.
Ти, твојот, уловен во полетување.


Ќе се изгориме, под јазик
лажичките ќе ѕвекнат на подот
(забавена снимка, и виолончело во заднина)
мртва е оваа песна веќе
штом допрела некаква површина...
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
На В. - птицата со скршени крилја

Одамна,
Љубовта го имаше Твоето име.
Одамна,
Вечноста беше надежта
Дека еден ден ќе постоиш.
Одамна,
Низ Тебе живееја
длабоки чувства и сеќавања...
А сега...
Само тага, тага и тага....
За татко ти,
Чии очи згаснаа
со твоето заминување....
За мајка ти,
Чија среќа што те имаше
Стана неподнослива агонија
Кога ја напушти...
И за тебе...
Која никогаш не дозна
Колку посакував да си моја!
Rest in peace little angel!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Сигнали


Овде
се менувам
и ме снемува
како скопскиве семафори
што денес збудалеа.
Во старките, чамци
пловам сигурно
знам, и да се свртам кога ми свиркаат ѓубреџии
лицето ми е сигурно.
Во експлозија
од еклер и музика
најдов Петар Пановска качулка
на животот
како од лижавче обвивка.
Им се јавив на стотина луѓе и нелуѓе
на сеќавањата им врзав сини панделки
(орден за храбро одржување на мојот неспокој)
и сега
си свиркам како пензионер
со рацете позади врткајќи клучеви.

Брадата, на нога потпрена
додека решавам здодевна крстозборка
мачилиште на гласните здодевачи
е мојата дупната фантазија
што како лажлив покрив.
Бледо си прокиснува.

Овде
ме има, па ме нема
убав е животов
кога можеш да го зауздаш во зборови.
Ех, можам
да продолжам со пејсажи од метежот денес
и од украдените,
случајни насмевки.
Ама не сакам.

Стоп.
 

The Wolf

I solve problems.
Член од
25 август 2010
Мислења
88
Поени од реакции
65
Sell your pockets to the old man
in the old vault full of old gold
for a dime, for a half, for a house.

Sell your lazy Sundays when the rain hits the roof tiles,
when the jazz takes your morning breath
and paints the air with beat.

Sell it all, sell it quick!
sell it all, sell it quick!
There's panic at the bear market.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Коридор

До мирисот на перницата
се бркаме
како Мерлин и верверицата
а, овде
не треба магија
ниту лага.

Само двајца
на ист кауч
и смрзната тага.

Модар патлиџан, место срце
водени очи, демек плачеме.
Среќни сме, што бевме тажни
и сега одново, веруваме.

Сакам да ти го покажам,
барем мојот видик
онаму кај што се спојуваат
боите и сомнежите
страста и стравот
кај што ништо не е онака како што изгледа.
Само затоа
заспивам
за да се разбудам повторно во сон,
и да дознаам.
Што сме јас и ти, навистина.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Редови

Играње, на несигурно тло
како во прастара паркет - фискултурна сала.
Можеме да си ја разгледуваме релацијата
како тазе среден нос
по хируршка интервенција.
Мојата сетилност
твоите интелектуалности
еден куп семоќни претпоставки
магични формули
тротоар што не не собира двајцата
(па јас се обидувам да се качувам на тоа издигнатото одстрана)
се како набилдано его пред искрена пијанка.

Затоа, бирам молк и спокој
чаша вино и музика што ми помага да се гушнам себеси
И веќе ми е здодевно
да се гадам од сопствените слабости
да делам она што е веќе поделено
пуштено во воздух и излебдено
можеби закачено на превисоки столбови.


И кога ќе се дотерам
и станувам повеќе жена, а помалку Ана,
не давам ни грам од она што ми остана
зошто знаеш
некогаш е полесно да си грд
одошто тврд
пред животот.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
The river of time has left every second of my life
I wish I can make it stop even just for a while,
I'm buried under my own thoughts.

My soul is deep in the tears of pain...
My heart sleeps in the arms of hope...
My pain is drenched in my tears...
My eyes are facing my worst fear...

And...And then I wait for a whisper in my ear
that, the one I am waithing for is somewhere near.
To know the feeling of your breath, has become my life’s bane.
Loving you is the only thing for which I am made .
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Утрински бит

Не сакам
да ме будат гаврани
насабајле разгракани од чудна возбуда
ниту идиотскиот аларм
со глупава мелодија
Сакам
да ме буди маж
со поглед и ерекција
допрена врска
со папок и сексуална тензија
чисто онака,
зошто тогаш животот е поубав.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Замаглување

Во тишина
изгребана од ксилофон
милион џезови
како мирис на цимет после љубов
ме протнуваат
низ врати и влезови
да допрам небо од свила
обвивки на кревет од прашања.
Дали сум, дали
твоја инспираторка?
Или само...
Поданик кој танцува
на твојот личен подиум
и замира
во погледот кога тонеш
со испиени соништа од умор...?
Најди го
Својот одговор.
Во моите очи.

Гледам.
Секогаш повеќе од другите.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Кармична приказна

Во летно машко кошулче
со риги во цветни бои,
со памучни црвени гаќи,
ѕирка целулитот,
а ти со насмевна го топиш.
Бушава коса,
голи стопала
кои го допираат ладниот паркет
а сепак ги чувствуваш
некаде на 3тиот облак.
Задоволно твоите очи
го гледаат неговото главче
потонато во премногу меката перница.
Сакаш само да гледаш,
и да ја стопиш
желбата дамнешна да го бакнеш на гради,
да го допираш неговиот ‘рбет
како да одиш по скали.
Со чаша црвено вино,
на собна температура,
разгален поглед,
толку есенска атмосфера
на оваа жештина.
Одеднаш неочекувана ширина,
ги покажува
своите очни белки
и твојот лик првично застанува
во снежната пустина на спокојот.
Да ја извади раката од зад плешки,
полна тупаница маргаритки,
мирисот да те понесе во пролет.
Сите годишни времиња аранжирани
во оазата меѓу цврстината
што се забележува во неговите раце.
Нека се враќа како бумеранг,
нека е карматично, суптилно...
Овојпат нека е поинаку од веќе познатото
karma can be a bitch.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Flesh

Отиде мислата
јабана.

Чуден сјај, закачен
на завесата.

Земи го во раце денот.
Не го пуштај додека не се стемни.

Од 2 до 22, работа.
Ќе смислам начин да се одбранам
(аикидо ме научија)
на некој можеби, двапати ќе помислам.

Играј додека спанаќот се вари,
бендот лаже дека љубовта е вечна.
Мислев дека ќе останам цврста.
Фино е, кога жената е течна.
(може да се скрие во процепите на паркетот
и другите да мислат дека ја газат
а таа е основа на секое откривање на стабилноста).
Отиде мислата.
Јабана.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Скокање со пречки

Рокабили чевел
малку ракија
нос кренат до небо
(имам таква тенденција)
да врзувам крај со почеток
надевајќи се на усни преданија
нема врска
се’ е минливо,
само не и заедничката главоболка.
Ќе отворам ресторан
и во него ќе правиме лажна боемска фела
а, да
ќе има онакви новајлиски колачи
за да ги пишуваат по весници без дозвола.
Си гугуткаме, о љубовнику мал.
Сив од досада
бел од политичка незрелост
посран од моите очекувања.
Ќе ти купам разгледници во боја
закачи ги на сушалната за алишта.

Како кугла од билјард
онаа, тажна и пакосна осмица,
црна боја во погледот
чека дупка за пад под верноста.
По трагите на птицата Годо
има уште многу да се чекори.
Да летаме, не знаеме.
Нема ни да научиме
се додека ги копаат улиците.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
38
Поени од реакции
4
оставаш лузна на срце што исплашено бие
од уморни очи гневна река без престан се лие
болка на душата тежи, цврсто спие
во очај, во црнила, љубовта полека гние

како крадец во ноќта тивко животот ми го земаш
сите насмевки ги убиваш зар ти чувства немаш
ме фрлаш во бунар без дно очајна и сама
ме газиш така не се однесува со една дама

ќе останеш сам со себе на крајот знај
часата ќе се преполни очите ке го изгубат својот сјај
душата и љубовта моја ќе трагаат по некој рај
ќе дојде ден кога на се и кога на тебе ќе ставам крај
 

Kajgana Shop

На врв Bottom