Се работи за девојчето од Норвешка.
Навидум филмска средба, траеше кратко, но остави печат во моево меко и крлшиво срце, нема да ја заборавам никогаш. ~Memories live in me forever~ :smir:
Бев од прилика почетокот на средно, кога на мајка ми и стигна писмо од нејзината пријателка Кари од Норвершка дека доаѓаат на гости, се немале видено од многу одамна, се запознале на конференција за филолози некаде во странство. Ми се јави мајка ми, дека Кари со Ингеборг (така се викаше <3) пристигнале во Скопје на Аеродром, па ги пречекале и доаѓаат накај дома. Јас како и по обичај не придавав значење на настанот, затоа што мислев дека се работи за постара фина госпоѓа која доаѓа на гости и најверојатно има повлечена и мирна ќерка која одвај ке чека да си отидат затоа што не разбира ништо и се наоѓа среде рурална мизерија наспроти Норвешка, а и беше летен период, за разлика од мрачните и ладни зими во Норвешка.
Пристигнаа дома, кога ја видов, крвта во мене започнува да замрзнува и циркулацијата за момент престана. Ги спуштив рацете надолу, започнав да движам наоколу за да го регулирам крвотокот. Пеперутките во стомакот беа неизбежни. Но тоа не беа пеперутки!!! :kesa: Јас како да имав стршени во мојот стомак. Таков пријатна возбуда, еуфорија и некоја позитивна анксиозност немав осетено до сега во мојот живот. Беше плава, бела како алпско млеко и имаше плави очиња налик на најубавите потоци од изворот на некој пејзаж. Тоа беше Ингеборг. Делуваше срамежливо, а тоа важи и за мене немој да мислите дека јас бев нешто подобар :pos2::kesa:. Мајка ми им стави кафе и ги послужи со торта, а бидејќи заборави да донесе прибор, тие самите станаа, отидоа до кујната и се послужија сами, таков им бил менталитетот, а мене тоа ме зачуди. Па бев се јавив по телефон кај другар ми, му реков, брат тука е девојката на мојот живот. ЈА САКАМ!!! Тој само се насмеа срдечно и ми рече дека сум бил луд. Ако лудоста подразбира најголема љубов, тогаш нека биде тоа!!!!
По одредено време седење, заминавме на прошетка до Охрид да ги видат убавините на Македонија. Ги шетавме низ градот, а јас ја однесов Инги, да си купиме сладолед. Од преголема возбуда ми капна на блузата, а таа се насмевна и ми посочи со прстот. Јас така будалесто се насмевнав исто така и кога се погледнавме паднавме од смеа поради нашата моментална синхронизираност. И така шетавме се смеевме, си кажувавме вицеви, игравме зборовни игри и си кажувавме шеги за прекрасните училишни денови. Стварно била луда во школските клупи :pos2:. Откако помина денот, Кари и мајка ми заминаа во еден ресторан на вечера, а јас и Инги отидовме на плажата, да се напиеме по едно пиво, а јас со надеж дека ке ја почуствувам вистинската романтика бев премногу возбуден. Бевме таму, седевме и не чекав да дојде некој посебен момент туку веднаш ја бакнав и го оставив пивото настрана кое ми се истури на бермудите (патем тоа беа моите омилени розевите), а таа за момент прекина повторно смеејки се, изразувајки ја таа насмевка, најубава на светот. Имаше прекрасна фацијална експресија на нејзините емоции. И така ја поминавме ноќта галејки се и гушкајки се :back:. Кога мајка ми ми заѕвони и ми кажа дека треба да одиме, затоа што тие ке заминуваат, и бев гневен, иако знаев дека таа не е виновна. Сакав да ја убијам. Да ја киднапирам Инги и да живееме среќно целиот нашиот живот. Уште повеќе ме разочара фактот што таа делуваше некако ладнокрвно како да не и значеше љубовта која и ја пружив
Седевме во колата за пат накај аеродромот, а таа ме гледаше и се смешкаше. Гледав некоја позитивност и задоволство во нејзините очи, а тоа се должеше на моето подарување на емоции. Бевме толку компатибилни. Кога стигнавме на Аеродромот и нашите родители чекаа да се разделиме ние само се гушнавме, а во тој момент го осетив целиот универзум со својата енергија како вртоглаво кружи околу нас, транспортирајки ги мокните сегменти на љубовта...И тогаш заврши се...Од тој ден сум закован и заробен во моето срце кое преставува кафез и ја чекам да се врати да ме ослободи...Спомените се најизмачувачки....Ја чекам сеуште...комуницираме по месенџер, но не е тоа што треба да биде...Љубовта нема да згасне никогаш....:back: