Вашата тажна љубовна приказна

  • Креатор на темата Zona Pelucida
  • Време на започнување

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
А, може и да скратиме, пошо има само три варијанти на темава:
Го/ја сакам, но:

a) Не ме сака.
б) Не можеме да бидеме заедно ради моите/неговите, финасии и уше неколку разлози
в) Мртов/мртва е (мада тоа за некои не е претставува проблем)
 

almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13
Мојата тажна љубовна приказна е историска и долга. Ќе ви ја раскажам во текот на денот...
 
U

UnholY

Гостин
Се работи за девојчето од Норвешка.
Навидум филмска средба, траеше кратко, но остави печат во моево меко и крлшиво срце, нема да ја заборавам никогаш. ~Memories live in me forever~ :smir:

Бев од прилика почетокот на средно, кога на мајка ми и стигна писмо од нејзината пријателка Кари од Норвершка дека доаѓаат на гости, се немале видено од многу одамна, се запознале на конференција за филолози некаде во странство. Ми се јави мајка ми, дека Кари со Ингеборг (така се викаше <3) пристигнале во Скопје на Аеродром, па ги пречекале и доаѓаат накај дома. Јас како и по обичај не придавав значење на настанот, затоа што мислев дека се работи за постара фина госпоѓа која доаѓа на гости и најверојатно има повлечена и мирна ќерка која одвај ке чека да си отидат затоа што не разбира ништо и се наоѓа среде рурална мизерија наспроти Норвешка, а и беше летен период, за разлика од мрачните и ладни зими во Норвешка. :toe:

Пристигнаа дома, кога ја видов, крвта во мене започнува да замрзнува и циркулацијата за момент престана. Ги спуштив рацете надолу, започнав да движам наоколу за да го регулирам крвотокот. Пеперутките во стомакот беа неизбежни. Но тоа не беа пеперутки!!! :kesa: Јас како да имав стршени во мојот стомак. Таков пријатна возбуда, еуфорија и некоја позитивна анксиозност немав осетено до сега во мојот живот. Беше плава, бела како алпско млеко и имаше плави очиња налик на најубавите потоци од изворот на некој пејзаж. Тоа беше Ингеборг. Делуваше срамежливо, а тоа важи и за мене немој да мислите дека јас бев нешто подобар :pos2::kesa:. Мајка ми им стави кафе и ги послужи со торта, а бидејќи заборави да донесе прибор, тие самите станаа, отидоа до кујната и се послужија сами, таков им бил менталитетот, а мене тоа ме зачуди. Па бев се јавив по телефон кај другар ми, му реков, брат тука е девојката на мојот живот. ЈА САКАМ!!! Тој само се насмеа срдечно и ми рече дека сум бил луд. Ако лудоста подразбира најголема љубов, тогаш нека биде тоа!!!! :pipi:
По одредено време седење, заминавме на прошетка до Охрид да ги видат убавините на Македонија. Ги шетавме низ градот, а јас ја однесов Инги, да си купиме сладолед. Од преголема возбуда ми капна на блузата, а таа се насмевна и ми посочи со прстот. Јас така будалесто се насмевнав исто така и кога се погледнавме паднавме од смеа поради нашата моментална синхронизираност. И така шетавме се смеевме, си кажувавме вицеви, игравме зборовни игри и си кажувавме шеги за прекрасните училишни денови. Стварно била луда во школските клупи :pos2:. Откако помина денот, Кари и мајка ми заминаа во еден ресторан на вечера, а јас и Инги отидовме на плажата, да се напиеме по едно пиво, а јас со надеж дека ке ја почуствувам вистинската романтика бев премногу возбуден. Бевме таму, седевме и не чекав да дојде некој посебен момент туку веднаш ја бакнав и го оставив пивото настрана кое ми се истури на бермудите (патем тоа беа моите омилени розевите), а таа за момент прекина повторно смеејки се, изразувајки ја таа насмевка, најубава на светот. Имаше прекрасна фацијална експресија на нејзините емоции. И така ја поминавме ноќта галејки се и гушкајки се :back:. Кога мајка ми ми заѕвони и ми кажа дека треба да одиме, затоа што тие ке заминуваат, и бев гневен, иако знаев дека таа не е виновна. Сакав да ја убијам. Да ја киднапирам Инги и да живееме среќно целиот нашиот живот. Уште повеќе ме разочара фактот што таа делуваше некако ладнокрвно како да не и значеше љубовта која и ја пружив :(:( Седевме во колата за пат накај аеродромот, а таа ме гледаше и се смешкаше. Гледав некоја позитивност и задоволство во нејзините очи, а тоа се должеше на моето подарување на емоции. Бевме толку компатибилни. Кога стигнавме на Аеродромот и нашите родители чекаа да се разделиме ние само се гушнавме, а во тој момент го осетив целиот универзум со својата енергија како вртоглаво кружи околу нас, транспортирајки ги мокните сегменти на љубовта...И тогаш заврши се...Од тој ден сум закован и заробен во моето срце кое преставува кафез и ја чекам да се врати да ме ослободи...Спомените се најизмачувачки....Ја чекам сеуште...комуницираме по месенџер, но не е тоа што треба да биде...Љубовта нема да згасне никогаш....:back::(
 
U

UniqueGirl

Гостин
Па мојот живот на љубовното поле никогаш не бил богат, зачарувачки..
На последниот дејт добив невкусна понуда ја одбив и решив да се посветам во виртуелните води! Така малата јуникица стана кајганџика..
Одеднаш некои гласови оддекнаа од некаде:
Доколку си решена да се посветиш само и само во кајганџискиот виртуелниот љубовен свет треба да си СВЕСНА дека твојата љубов уште на самиот старт ќе треба да ја споделиш со НАЈМАЛКУ пет дебелки мешенца коа свршаваат пред пц, а тие редовно ќе ги хранат твоите потреби [читај репутација].
Си викам : - А така ли идело тоа? И потпишав. На почетокот сматрав дека добра солуција би било да ставам некој сексан аватар и некој кул енглески сленг кај тајтлот, али ај прво да изанализирам околинава..

Се деси шо се деси..и на моите врати тропна првата моја виртуелна љубов..
По неа уште една, и уште една и уште една..
Но, не.. Тоа не беше она вистинското..
Одвреме-навреме се вртев наоколу бев во тотална конфузија..
Користев некои генгста зборови така мошне интересни..Но недоличен речник ебаго..и ај си викам ќе си купам Вујаклија и нек буде шта буде..Но не, јас не гледав South Park и не го пратев докторчето Хаус..
Тогаш од никаде се појави ОН.
Ми изгледаше мошне атрактивно, интригантно како неговиот аватар така и неговата остра сајба, но во тој миг една реченица засекогаш остави траг во моето срце и ми заби нож во грлце..
Јас сакав да бидам џек, а он само ми рече
-Шетај мала, иди боље јади КЕКС!
Но не беше се така црно..се свртев наоколу кога се појави моето златно сонце кое ме згреа со своите топли и сончеви зраци..Ме обли со љубов кога ми беше најпотребна..
Но тоа беше маска! Позади таа маска се имаа скриено мал миљон на задни намери..тоа го бев сфатила кога ми пристигна оваа порака..


(17:10) Непознатиот ( да не реча икс): serce onoj vecer te sonuvav zimi se
(17:11) Марија: kakva bev?
(17:11) Непознатиот (да не реча икс): pa kaj sme se sretnale kaj sk, pa sme otisle u mojot stan, pa sum te rastural

Ова ја прели чашата..
Прво размислував со разум, а не со моево кревко срце..
Но потоа си реков..А да го послушам јас Никола, уосталом ние женските за тоа и служиме, тоа е и единственото што можеме да го понудиме..
И се предадов во моќта и немоќта на моево зајадливо тело..

Се надевам дека моите драги снегуљици нема да го однесат во неповрат моето љубовно патешествие, бидејќи ова е виртуелната реалност и како таква јас ја почитувам и ќе речам..

 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Она се заљубила, а он сакал да се боцка од позади. Паломите се на наша сметка.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Она се заљубила, а он сакал да се боцка од позади. Паломите се на наша сметка.
Не мешај баби и жаби... онај сакал да ЈА боцка од позади. Ако сакал да СЕ боцка, ич не ја тркалал, ќе си најдел дечко :kesa:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Не мешај баби и жаби... онај сакал да ЈА боцка од позади. Ако сакал да СЕ боцка, ич не ја тркалал, ќе си најдел дечко :kesa:
Да, али субјектот у причата е женското, така да ако он си најдел дечко, цело тажно преоѓа на женското. Он да сакал да ја боцка од позади, нема тука ништо тужно. :)
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Ах колку одамна се случи нашата прва средба...
Бев 12 годишен копиљ...
Тој прекрасен шарен пролетен ден сестра ми се врати од училиште...Јас седев дома и го преслушував моето ново CD од Guns n Roses.Мразев кога таа беше дома,ми го нарушуваше мирот што се обидував да си го создадам.Но не и тој ден.Го зедов CD-то што го држеше во раце и почнав да го разгледувам...Бев пред тоа слушнала за македонски бенд по име Архангел но не им давав толку големо значење...Но тогаш се разгори љубопитноста во мене.Сакав да ги слушнам.Нешто одвнатре ме тераше,нешто што неможам да си го објаснам.Самото име Архангел ми створи некој душевен мир и спокој.Секогаш сакав да уживам во нешто тивко и подносливо за уво.
Го ставив CD-то во DVD плеерот.
Прва песна-Милион долари...
О колку возвишено...Колку метафорично убава порака се крие во неа...Со кои емоции е само испеана...
Продолжив да ги слушам другите песни...
Наредна тогаш-Љубов или омраза...
Полека но сигурно Архангел почнаа да го завземаат местото на Guns n Roses во моето срце...Секој ден...Секое слободно време...Обожавав да го слушнам грдиот глас на Вртев но иако грд изобилува со длабоки чувства.
Почнав суштински да ги разработувам текстовите и секој ден се повеќе и повеќе да им се восхитувам.Станаа дел од мојот живот...Дел од моето секојдневие...Дел од мојот карактер се базира токму на овие мистериозни текстови кои во суштина зрачат со некоја топла душевна енергија.Секојдневно ги конзумирав како дрога неможејќи да живеам без нив.
Ништо не е како нив.Ништо не влијаело врз мене како нив.Секој еден збор е длабоко врежан во мојата меморија.Секој еден збор ми е нов патоказ во животот.
Секогаш кога некој ќе ме напушти ми остануваат верни.Остануваат за да ми ја покажат вистинската смисла на животот.Дека постои лошо...Постои и уште полошо...Но секогаш има барем малку надеж за било што и да се случи...Дека вистинската смисла на животот е издржливоста.
:wub::wub::wub::wub::wub:
 
S

StereoLove

Гостин
Oф леле која да ја раскажам приказна...сите ме болат еднакво.Не би сакала да се потсекам,болно е за мене:jaj:
Но ете ке раскажам една.

Бев втора година,цела гимназија знаеше колку се сакавме.Мислев дека беше совршен(се излажав).Искри летаа помегу нас,едноставно како да живеев во еден розов свет исполнет со љубов и разбирање.Но сепак не бевме заедно,за жал...помина една година,друга,трета а јас се повеке и повеке го сакав.Еднаш тој ми пријде и ми кажа дека ме сакал но дека немал храброст да ми каже.Тогаш бевме заедно...бевме во врска 3 месеци.И веднаш почнаа маките.Секогаш мораше да го има зборот ама...еднаш решив да разговарам со него за да ми каже една ужасна вистина.Вистина која ме погоди премногу.Не можев да поверувам во тоа што ми кажува.Дека неможел да биде со мене само заради неговите родители кои биле пријатели со моите,и дека ако се скараме и тие ке се скараат...ми изнакажа многу лоши работи кои ме погодија.Раскинавме.Го гледав со разни девојки и ми се насмевнуваше онака цинично.По некој месец дознав дека сме биле во роднинска врска,знаел а не ми кажал:tapp:Го преболував цела година.Ама тешко,постојано ми се вракаа чуствата.Како да го гледав секаде,како да ми беше влезен во кожа,постојано го сонував.Плачев постојано,а немав подршка ни од моите другарки.
Ако го заборавев за момент се наогаше некој кој ми го спомнуваше.И одново и одново и одново.Еден ден се разбудив отечена во очите од плачење.Отидов во неговото место на живеење и го побарав да ми каже зошто не сакал да ми каже.Го најдов со мојата најдобра другарка.Му се развикав го изврегав и од тогаш го немам видено,иако сме роднини.

Ова беше многу болно за мене.И последното разочарување ме болеше и се уште ме боли но не би сакала да се навракам.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Она се заљубила, а он сакал да се боцка од позади
Се случувало, морам да признаам. Воедно и најтажна љубовна приказна (до сега, се надевам дека нема да се случи втор пат ништо слично).

Штета, голема штета. Бевме сродни души.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Имам пишано на форум и што треба и што не, ама искрено избегнувам вакви заебани теми, ама сега пред легнување нема бегање.
Јас друг живот таа друг готово крај на пост.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Се случувало, морам да признаам. Воедно и најтажна љубовна приказна (до сега, се надевам дека нема да се случи втор пат ништо слично).

Штета, голема штета. Бевме сродни души.

Па во тоа е душо општата трагедија на женскиот род, што единствените мажи што мислат како нас и не разбираат го сакаат и истиот пол како нас. Нема правда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom