Вашата тажна љубовна приказна

  • Креатор на темата Zona Pelucida
  • Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па во тоа е душо општата трагедија на женскиот род, што единствените мажи што мислат како нас и не разбираат го сакаат и истиот пол како нас. Нема правда.
само така си мислиш :) се наоѓа по нешто чат-пат.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Би сакал да го искористам овој момент, за да ја споделам и со НЕА и со вас, нашата омилена песна.

Зар све ове године, теби ништа не значе,
мени су баш предуге, често ми се заплаче
зар све ове године
теби ништа не значе,
мени су баш предуге

како ми недостајаеш, само руку да ми даш
како ми недостајеш, дали знаааш

Се извинувам ако е офтопик, ама ми е ептен ова при срце.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ja би сакал да ми се врати девојката која ја запознав пред 14 години на летовање... залез на сонце, шум на бранови, никој на плажата...
Или барем да ми го врати новчаникот
 
Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Се работи за девојчето од Норвешка.
Навидум филмска средба, траеше кратко, но остави печат во моево меко и крлшиво срце, нема да ја заборавам никогаш. ~Memories live in me forever~ :smir:

Бев од прилика почетокот на средно, кога на мајка ми и стигна писмо од нејзината пријателка Кари од Норвершка дека доаѓаат на гости, се немале видено од многу одамна, се запознале на конференција за филолози некаде во странство. Ми се јави мајка ми, дека Кари со Ингеборг (така се викаше <3) пристигнале во Скопје на Аеродром, па ги пречекале и доаѓаат накај дома. Јас како и по обичај не придавав значење на настанот, затоа што мислев дека се работи за постара фина госпоѓа која доаѓа на гости и најверојатно има повлечена и мирна ќерка која одвај ке чека да си отидат затоа што не разбира ништо и се наоѓа среде рурална мизерија наспроти Норвешка, а и беше летен период, за разлика од мрачните и ладни зими во Норвешка. :toe:

Пристигнаа дома, кога ја видов, крвта во мене започнува да замрзнува и циркулацијата за момент престана. Ги спуштив рацете надолу, започнав да движам наоколу за да го регулирам крвотокот. Пеперутките во стомакот беа неизбежни. Но тоа не беа пеперутки!!! :kesa: Јас како да имав стршени во мојот стомак. Таков пријатна возбуда, еуфорија и некоја позитивна анксиозност немав осетено до сега во мојот живот. Беше плава, бела како алпско млеко и имаше плави очиња налик на најубавите потоци од изворот на некој пејзаж. Тоа беше Ингеборг. Делуваше срамежливо, а тоа важи и за мене немој да мислите дека јас бев нешто подобар :pos2::kesa:. Мајка ми им стави кафе и ги послужи со торта, а бидејќи заборави да донесе прибор, тие самите станаа, отидоа до кујната и се послужија сами, таков им бил менталитетот, а мене тоа ме зачуди. Па бев се јавив по телефон кај другар ми, му реков, брат тука е девојката на мојот живот. ЈА САКАМ!!! Тој само се насмеа срдечно и ми рече дека сум бил луд. Ако лудоста подразбира најголема љубов, тогаш нека биде тоа!!!! :pipi:
По одредено време седење, заминавме на прошетка до Охрид да ги видат убавините на Македонија. Ги шетавме низ градот, а јас ја однесов Инги, да си купиме сладолед. Од преголема возбуда ми капна на блузата, а таа се насмевна и ми посочи со прстот. Јас така будалесто се насмевнав исто така и кога се погледнавме паднавме од смеа поради нашата моментална синхронизираност. И така шетавме се смеевме, си кажувавме вицеви, игравме зборовни игри и си кажувавме шеги за прекрасните училишни денови. Стварно била луда во школските клупи :pos2:. Откако помина денот, Кари и мајка ми заминаа во еден ресторан на вечера, а јас и Инги отидовме на плажата, да се напиеме по едно пиво, а јас со надеж дека ке ја почуствувам вистинската романтика бев премногу возбуден. Бевме таму, седевме и не чекав да дојде некој посебен момент туку веднаш ја бакнав и го оставив пивото настрана кое ми се истури на бермудите (патем тоа беа моите омилени розевите), а таа за момент прекина повторно смеејки се, изразувајки ја таа насмевка, најубава на светот. Имаше прекрасна фацијална експресија на нејзините емоции. И така ја поминавме ноќта галејки се и гушкајки се :back:. Кога мајка ми ми заѕвони и ми кажа дека треба да одиме, затоа што тие ке заминуваат, и бев гневен, иако знаев дека таа не е виновна. Сакав да ја убијам. Да ја киднапирам Инги и да живееме среќно целиот нашиот живот. Уште повеќе ме разочара фактот што таа делуваше некако ладнокрвно како да не и значеше љубовта која и ја пружив :(:( Седевме во колата за пат накај аеродромот, а таа ме гледаше и се смешкаше. Гледав некоја позитивност и задоволство во нејзините очи, а тоа се должеше на моето подарување на емоции. Бевме толку компатибилни. Кога стигнавме на Аеродромот и нашите родители чекаа да се разделиме ние само се гушнавме, а во тој момент го осетив целиот универзум со својата енергија како вртоглаво кружи околу нас, транспортирајки ги мокните сегменти на љубовта...И тогаш заврши се...Од тој ден сум закован и заробен во моето срце кое преставува кафез и ја чекам да се врати да ме ослободи...Спомените се најизмачувачки....Ја чекам сеуште...комуницираме по месенџер, но не е тоа што треба да биде...Љубовта нема да згасне никогаш....:back::(
Абе ќе дојде :smir: не се секирај... колку години си имал тогаш а колку сега? се надевам дека ќе ти се врати :helou:

Ja би сакал да ми се врати девојката која ја запознав пред 14 години на летовање... залез на сонце, шум на бранови, никој на плажата...
Или барем да ми го врати новчаникот

Хахаха, ќе ти го врати... некогаш :baeh:
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Мојата некогашна среќна приказна почна со ЗЛАТО МОЕ а заврши тажно со МАМЕТО ТВОЕ! Но не нема да цимолам сега колку беше тажно. Било тажно па станало рамнодушно! Имало приказна! Убава и грда. Било поминало! Процес на созревање! Фино беше. Но не до толку за да тажам на темава! :uvo:
Идемо даље! :helou:
Ајт. :wink:
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
13
Поени од реакции
4
тажен

Можеби како постар и не ми е токму тука местото, но би сакал и некое туѓо мислење за она што ми се случува. Во брак сум 25 години, со две возрасни деца, сопруга која беше као под моја класа, но ја сакав и се оженив со неа. Како добро ситуиран отсекогаш мечтаев да имам сопруга достојна до мене, па затоа не жалев никогаш да дадам се од себе за мојата навостина голема љубов. Инаку таа отсекогаш е многу голем инат, и тоа ми претставуваше голема пречка за да и ги искажам моите бескрајни љубовни чувстава, а уште помаку да и признам дека никогаш не сум ја изневерил. А излегував, за инат, само колку да бидам као во некој типичен фалбаџиски машки прост свет. Секогаш кога ке ме нападнеше за некое излегување јас и кажував дека нема ништо, дека Господ ми е сведок и никој друг не ми треба, но таа тоа никогаш не го сфати. Во една прилика дури и признав дека не сум имал дрига, дека таа е единствената моја љубов, но таа и тоа не го сфати сериозно. Моја единствена желба или мерак беше да имам комуникација и ништо друго. Сега сме малку далеку од дома, јас сум како во некој затворен свет, така да користам интернет за да се движам во некој свет. Така и стапив во интернет контакт со многу жени од различни страни на светов. Токму тоа беше разлог да со мојата сопруга дојдеме повторно во расправија поради навистина банални причини, и да не комуницираме со денови. Конечно решив да проговорам и на нејзе и признав се, колнејќи се во нашите деца, и се истурив од плачење. Се исповедав пред време но не пред Бога, туку на мојата жена. Таа беше шокирана, и задоволна,..... но за кратко. Затоа што побарав да ми каже дали некогаш ме изневерила. За жал одговорот беше ДА. Ни помалку , ни повеќе , на 40 годишна возраст со две деца, израснати, таа ме изневерила со помлад од нејзе цели 17 години. СО ДЕТЕ. Оправдување, не сум и посветил доволно внимание, и за прв пат после мене почуствувала нешто за друго машко. Ми побара да и простам,....... И ПРОСТИВ, од Бога е. Но како да живеам со тоа. Кога сум веќе празен, кога мојата единствена надеж во мојот живот ме срамни со земја. Верувам дека ќе имам убави совети тука, од вистински и добронамерни луѓе. Ќ е завршам со нешто што го кажувам често последниве денови...ТЕШКО МЕНЕ
 
abeOstaviSe

Apathic
Член од
19 февруари 2009
Мислења
40
Поени од реакции
0

Страшна приказна :jaj:. Како што сватив од тебе, не си и посветил доволно внимание што од една страна си ја запоставил ( иако не си мислел нешто лошо) ама тоа ти е жена. Сакала да се почуствува повторно женствено и сакано па побарала авантура. Според мене излив на хормони. Ако сака да биде пак со тебе прости и.. Заради децата. Поздрав се надевам ти помогнав малце. Ајде и женски мислења.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom