Ние охриѓаниве вака, кисниме в езеро по цел ден на лето, малце к`пење и на Водици ќе имат (задолжително). Инаку јас карате тренирам трипати неделно и на сите кои сакаат да се занимаваат со некој спорт им го препорачувам, затоа што не е она што сите прво си го помислуваат - само тепање. Одлично е за развивање на самоконтрола и рефлекси, како и за стабилност на духот. Како и да е, изберете спорт којшто најмногу одговара на вашата конструкција, издржливост и темперамент:wink: Ако пак немате време за секојдневни тренинзи, правете барем некоја активна работа, се е подобро отколку дремење пред ТВ.