Ватерполо: Грција - Македонија, Атина. (8:6)

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ватерполистите ветуваат максимум со Грција

Без измени во играчкиот состав македонската ватерполо-репрезентација в недела патува во Атина, каде што против домаќинот Грција во вторник го играат вториот меч од Светската лига. Селекторот Стеван Нонковиќ вчера го објави поширокиот список на репрезентацијата со 22 играчи, а оние 15 што ќе патуваат ќе се знаат в недела, кога ќе се собере тимот на базенот „Младост“ во Скопје.

- Не не' плаши фактот што ќе играме во Грција, ни што грчкиот тим е со подобар рејтинг од нашиот. Не се уплашивме ни од носителите на светската бронза -Хрватите во Скопје, па иако изгубивме, бевме рамноправни. Грчкиот тим ми е познат, со ист состав настапуваат на последните три-четири меча. Искусни се и квалитетни. Минимум што ќе направиме во Атина е да дадеме максимум - вели Нонковиќ.

Македонија во својот дебитантски настап во Светската лига со апсолутниот фаворит Хрватска во Скопје одигра 7-9, што предизвика позитивни реакции во ватерполо-круговите. Грција во нашата група на гостински терен изгуби од Русија со 6-9. На табелата први се Русите, пред Хрватска, Македонија и Грција.

Ова е прв настап на Македонија во Светската лига и трет настап на големи натпревари, по настапите на ЕП во Малага, и на СП во Рим. Костурот на македонскиот тим се состои од искусни странци со македонски пасош кои играат во европски лиги, а се' повеќе се вклучуваат и ватерполисти кои потекнуваат од Македонија.

Селекторот потенцира дека не очекува некој посебен резултат во светската лига и најави дека овие мечеви ќе бидат одлична можност за подготовка пред квалификациите за следното ЕП 2010, во Загреб.

На поширок список играчи се наоѓаат: голмани - Далибор Перчиниќ (Јадран Херцег Нови), Бојан Јаневски (Работнички), Дарко Недановски (Работнички). Бекови - Ненад Петровиќ (ВК Ниш), Небојша Милиќ (ВК Приморац), Димитар Димовски (Работнички), Анастас Белев (Работнички). Центри: Даниел Бениќ (Штурм 2000), Александар Арсовски (Работнички), Стефан Лошковски (Работнички), Игор Милановиќ (Работнички). Надворешни играчи - Владимир Кречковиќ (Салемо), Еди Бркиќ (Шибеник), Горан Крстоношиќ (Рома), Ненад Босанчиќ (ВК Ниш), Димитар Стојчев (Работнички), Кристијан Манасков (Работнички), Иван Вуксановиќ (Патра), Владимир Латковиќ (ВК Ниш), Мирослав Крстовиќ (Трестино), Мартин Пулејковски (Работнички), Марио Синадиновски (Работнички).


Извор: Дневник

Ранкингот според ФИНА:

2009 FINA World ranking

1 Serbia
2 Hungary
3 Spain
4 Croatia
5 USA
6 Montenegro
7 Germany
8 Australia
9 Romania
10 Italy
11 Greece
12 Canada
13 Russia
14 Slovakia
15 Holland
16 China
17 France
18 Brazil
19 Macedonia
20 Slovenia
21 Japan
22 South Africa
23 Turkey
24 NZL
25 Cuba

По одличното деби и малиот очекуван пораз од Хрватска, дали мислите дека нашите дечки ќе имаат шанса за првата победа на Македонија во ватерполо и тоа против нашиот јужен сосед? :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Македонската ватерполо-репрезентација утревечер во Атина против Грција (18.30 ч.) ќе го игра вториот натпревар во рамките на Светската лига. Во првото коло, ватерполистите загубија од силната Хрватска со 9-7, но оставија одличен впечаток, кој е основа за нескромните надежи во утрешниот меч. Притоа селекторот Стеван Нонковиќ за дуелот со Грција како изненадување ги подготвува четворицата нови репрезентативци кои не беа дел од мечот со Хрватска, Александар Арсовски, Небојша Милиќ, Горан Крстоносиќ и Ненад Босанчиќ. - Не одиме со бело знаме во Атина, не стравуваме од противникот иако има далеку подобар рејтинг од нашиот, исто како што не се уплашивме од екссветскиот шампион Хрватска со кого бевме рамноправен противник. Ние одиме да се надигруваме со еден силен и квалитетен тим, па ако се подобри нека го докажат тоа во базенот. Нашето изненадување ќе бидат новите имиња, кои се доволно квалитетни да ни донесат поволен резултат - вели Нонковиќ. Ова е дебитантски настап за Македонија во елитното натпреварување и желбите не се мегаломански, туку целта е репрезентацијата што подобро да се воигра за квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во Хрватска во идната година. Сепак, иако нема преголеми амбиции, дуелите меѓу Македонија и Грција отсекогаш го привлекуваат вниманието поради политичкиот спор за името. Речиси секогаш кога играле овие две репрезентации имало задни игри во поглед на притисоци од страна на јужниот сосед. Така, минатата година на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Пекинг, кои се одржаа во Орадеа, Романија, грчката делегација бараше македонските ватерполисти да ги соблечат бањарките на кои пишуваше МКД. Дел од репрезентацијата беше и Нонковиќ како помошник на тогашниот селектор Александар Крстоношиќ, но тој овојпат не очекува слични проблеми. - Се сеќавам на минатогодишните инциденти, но не очекувам да се повтори такви нешто и сега. Единствена забелешка може да имаат за нашите гаќички за капење на кои пишува МКД, но не верувам дека ќе имаме некои проблеми со тоа. Ние одиме да играме ватерполо, нас политиката не не интересира - вели Нонковиќ.

Време


Истиве проблеми ги прават на сите, и на нас ни правеа тогаш проблеми за тренерките со МКД на нив :nerv:

За пренос , би требало да има на Сител, ама ќе видиме, ништо чудо и да нема:(
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
749
Поени од реакции
54
Како што гледам според програмиве што ги имаат Сител и А1 нема да ја даваат. Може МТВ да не изненади или некоја друга. Кога можеа МТВ да даваат Катанија - Емполи за куп на Италија, зошто Грција - Македонија да не ја даваат?:nesum: Стварно штета ако не ја даваат ќе биде многу интересна за гледање.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ќе ги скршиме сред Атина!:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
Патриотските фантазии и го примивме во Полска на ЕвроБаскет и тоа јако.
Овде очекувам неизвесност и минимална нивна победа ама "нашиве" да дадат отпор.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Мора да удавиме минимум пола екипа!!!
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Eдни пишуваат 17.30 други 18.30 а трети 19.00,дали некој знае точно кога се игра натпреварот?
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Луѓе дајте некој линк ако најдете.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom