Вакцини (општа дискусија)

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.867
... се вакцинирале, но навака се задолжителни нови вакцини како што е вакцината против Хепатит Б што новороденчето го добива веднаш после раѓање за 24ч, а за тој период му се дава и Вит К (каде никаде не се спомнува, па ниту мајката е запозната), дали некој воопшто размислил за интеракции меѓу нив, јас ДА, ама да другите... јок!

Прегледај го приврзокот 377005
да, но никаде никој не добива аутизам од вакцина за хепатит Б. Највеќе овие што искачаат на тв викаат дека детето им добило аутизам после неколку години.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
За ковид вакциниве не знам ....
Но за другиве вакцини мислам ако не се вакцинираш нема добро да направиш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.822
да, но никаде никој не добива аутизам од вакцина за хепатит Б. Највеќе овие што искачаат на тв викаат дека детето им добило аутизам после неколку години.
... како да објаснам, ако јадеме домат ништо нема да ни биде, ако пиеме млеко ништо нема да ни биде, ама ако во моментот јадеме и домат и пиеме млеко сигурно ќе не стрефне пролив, што сакам да кажам дека не е дека вакцината или Вит К е штетно да се примат ако се индицирани, да се разбереме, штетна е мешавината во исто време на двете, несоодветната јачина, несоодветнен лек за новородени, последиците можат да бидат видливи веднаш после месец два, но може и после две три години, секоја индивидуа приказна за себе, а може нема да бидне ништо од сето тоа, никој не знае однапред, но се работи строго по пропис, лекот е зезната работа, со две оштрици, сака прецизност и во дијагноза кога се дава и во јачина инаку е ќе биде отров за организмот, а за погрешно разбран пропис, па на мрсулаво бебче му се става вакцината, не оди така, чекајте малку, некоја недела, не е тоа дека нема да ја прими, ама не да ја прими со ризик на друга страна!
За ковид вакциниве не знам ....
Но за другиве вакцини мислам ако не се вакцинираш нема добро да направиш.
...еве вака сите размислуваат, „мора“ и готово, чекај малку „ќе се вакцинираме“ кога ќе има услови организмот да ја поднесе вакцината, а во моментот не е во состојба, тоа „мора“ ќе биде „не мора“ за некои новородени, за извесен период додека не се ојача, додека не се тргне тоа „физиолошко жолтило“, ако ти на такво „пожолтено“ бебче ќе му бабнеш и вакцината против Хепатитис Б, што ќе биде со јетрата, мозокот, кој ќе гарантира?!
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
. Вит К е антихеморагичен витамин, важен за синтеза на протеини (јетра) неопходни за коагулацијата на крвта, па од 1960 била воведена практиката да се дава витамин К кај новородените зошто го немале доволно, па неопходно било да се дава вештачки витамин за да се спречи можното крварење.
Од каде знаеш која количина е тоа доволно? Илјадници години, милијарди деца родени, во 1960 им текнало бебињата немало доволно К. Природата глупа е, заборавила на новороденчињата К во доволна количина.

Пандемијава се повеќе ми ги отвора очите.
Абе пандемијата.... нели имаше близок кој бил фолијаш како мене, тоа значи сме те заразиле и нема вакцина против таа зараза. Не дека па другиве вакцини штитат од зараза:




Интересно тврдење :


Ова звучи нереално, но технологијата е многу напредната, човекот е хакнат, па што да не:

Once you cannot make white blood cells…you’ll become dependent on boosters for life…like a Diabetic that needs insulin…
Автоматски споено мислење:

да, но никаде никој не добива аутизам од вакцина за хепатит Б. Највеќе овие што искачаат на тв викаат дека детето им добило аутизам после неколку години.
Види твојот идол што збори врска годините:
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.822
... све е во пораката и препознавање на вирусот ако истиот не мутира, давање на минимална доза на нештото да телото го препознае и побрзо го уништи во иднина доколку дојде во контакт со многу поголема концентрација.

...како би го објаснила тоа,
за да го препливам Мавровското Езеро за прв пат, треба да влезам во голема површина највероватна ладна вода (сеуште не знам), не знам што има под површината на водата што може да ме заглави, повреди при пливањето, оти ми е непознат терен, а и не знам кој ритам да го фатам за да можам да го препливам без да го форсирам телото и да останам без здив,

... затоа прво се запознавам со водата си префрлувам млазеви над моето тело да го запознам со температурата на водата, потоа внимателно го запознавам теренот во водата и кој е најбезбеден правец на пливање, влегувам во вода и пливам и ја запознавам струјата на езерските води и калкулирам ритам на пливањето со мавкање на рацете и нозете и дишењето.

...по една недела, две после тоа доаѓа Бафра на гости и ми објаснува дека ете му рекле дека е мачиј кашаљ да се преплива езерото и ми дава предизвикувачки предлог, иако тој самиот никогаш не влегол во водата на Мавровско Езеро. (предизвикот прифатен)

... моето тело влегувајќи во водата кое веќе го има искусено студенилото и е навикнато дека така треба да биде, без никаков термички шок, пливањето ми е полесно зошто знам каде се посилните струења и каде се можните препреки во езерото, а и ритамот не го префорсирам зошто веќе знам како и колку треба да се преплива езерото, додека Бафра, иако мушко, атлетско и пливачки настроен, првото влегување во студената вода му дава незгодна реакција на неговото тело термички шок, што по неколку испливани метри го зафаќа грч во ногата, за да после од префорсирано пливање остане биз здив во средина на езерото токму во силната струја на езерото кое ќе го однесе многу подалеку и мора да преплива уште толку растојание, за да одвај го преплива езерото само дека е спортски тип, ама пресисан и издишен каде го чека бијонс на другата страна од езерото, која многу полесно го преплива езерото зошто се има запознато со него порано, постепено и во „помали дози“.

- во приказнава, езерото е вирусот, бијонс се вакцинира, бафра не се вакцинирал, тоа е поентата на објаснувањето! :rolleyes:
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Пожелно е вакцина... Порано или покасно тоа ми беше муабетот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.867
... како да објаснам, ако јадеме домат ништо нема да ни биде, ако пиеме млеко ништо нема да ни биде, ама ако во моментот јадеме и домат и пиеме млеко сигурно ќе не стрефне пролив, што сакам да кажам дека не е дека вакцината или Вит К е штетно да се примат ако се индицирани, да се разбереме, штетна е мешавината во исто време на двете, несоодветната јачина, несоодветнен лек за новородени, последиците можат да бидат видливи веднаш после месец два, но може и после две три години, секоја индивидуа приказна за себе, а може нема да бидне ништо од сето тоа, никој не знае однапред, но се работи строго по пропис, лекот е зезната работа, со две оштрици, сака прецизност и во дијагноза кога се дава и во јачина инаку е ќе биде отров за организмот, а за погрешно разбран пропис, па на мрсулаво бебче му се става вакцината, не оди така, чекајте малку, некоја недела, не е тоа дека нема да ја прими, ама не да ја прими со ризик на друга страна!

...еве вака сите размислуваат, „мора“ и готово, чекај малку „ќе се вакцинираме“ кога ќе има услови организмот да ја поднесе вакцината, а во моментот не е во состојба, тоа „мора“ ќе биде „не мора“ за некои новородени, за извесен период додека не се ојача, додека не се тргне тоа „физиолошко жолтило“, ако ти на такво „пожолтено“ бебче ќе му бабнеш и вакцината против Хепатитис Б, што ќе биде со јетрата, мозокот, кој ќе гарантира?!
ти фолијашка си а не ги знаеш фолијашките муабети, нивните муабети не се дека секоја вакцина е штетна него таа што е за морбили. Демек одма штом ја добиваат децата на 6-7 години стануваат аутистични.
 
Член од
17 април 2023
Мислења
275
Поени од реакции
360
Za covid vakcinite sum skeptik i ne se vakcinirav bas poradi limitiranoto vreme za testiranje na vakcinite, a drugive vakcini sto so godini se vakciniraat lugje se pokazale kako uspesni, 99% uspesnost. Plus prasanje dali na tie deca kaj koi se razvil autizam i drugi anomalii se kako rezultat na vakcinite.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.315
Поени од реакции
4.702
Среќа што имаше доволно доброволни „лабораториски глувчиња“ во време на короната, па на нив да ја тестираат вакцината против ковид.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
во приказнава
Дај прикаски за возрасни, оваа ти е за деца, многу е без врска, нелогична и нормално со малку податоци.
све е во пораката и препознавање на вирусот ако истиот не мутира, давање на минимална доза на нештото да телото го препознае и побрзо го уништи во иднина доколку дојде во контакт со многу поголема концентрација.
Во сам старт си поставуваш ограничување со мутирањето. А ако мутира вирусот.... а зашто мутира вирусот... и еден куп други зашто, на кои нема да имаш прецизен и точен одговор, бидејќи основата ти се базира на целосно погрешен концепт. Докажано е дека Пастер си играл курташак со белешките, резултатите. Земи прочитај малку спротивни мислења, пологични ќе ти се работите.

Телото штом знае да препознае мала доза од "нештото", лесно ќе препознае и голема од тоа "нештото" така да глупост ти е ова, демек го вежбаме и учиме телото. Човечкото тело уште од почеток знае што е негово и како треба да се справува со работи кои би го нарушиле балансот.
Ко за религиозен верник, слаба верба во способностите на креаторот, ќе те пратат во пеколот :anco:

езерото е вирусот, бијонс се вакцинира, бафра не се вакцинирал, тоа е поентата на објаснувањето!
Врска поенти де види со овие што правиме:
Зашто има се повеќе случаеви на заболени и тоа баш вакцинирани против тие болести....





1682775223564.png

Со твоиве прикаски за деца, на овие верници ми личиш:
1682775499265.png

Не е опасно ако влезеш во зајачката дупка, нормално предлабоко да не отидеш:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.491
Види види имало и студија од 2011 година. Пандемијава се повеќе ми ги отвора очите.

A positive association found between autism prevalence and childhood vaccination uptake across the U.S. population

Gayle Delong.

Бог да ја прости, била економист, а не научник и била член на групата SafeMinds, општо позната по антивакс кампањи. Одамна е разоткриен нејзиниот "труд".





Информирај се од вистински извори


 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Информирај се од вистински извори
Тие вистински :pos:извори што велат кои се причините за толкаво зголемување на аутизам и за ц.ц.40% од децата што имаат посериозни заболувања во споредба со децата од пред 60-70г ...


Вистински извори:
1682779010929.png
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.867
Тие вистински :pos:извори што велат кои се причините за толкаво зголемување на аутизам и за ц.ц.40% од децата што имаат посериозни заболувања во споредба со децата од пред 60-70г ...


Вистински извори:
Прегледај го приврзокот 377034
ако не знаеше пред 60-70 години едно од три деца успевало да доживее полнолетство. Вие стварно врска немате бафра. Тешки небулози лупате.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
ако не знаеше пред 60-70 години едно од три деца успевало да доживее полнолетство. Вие стварно врска немате бафра. Тешки небулози лупате.
КАде тоа, во селата низ Африка ли .... :toe:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.867
КАде тоа, во селата низ Африка ли .... :toe:
овде нормално, пред вакцините и развојот на медицината за ситни работи луѓето иделе у вечна. Од 10 деца колку што праела една македонка на времето, едно 4-5 успевале да созреат и да створат фамилија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom