Вакцини (општа дискусија)

Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.291
Сестра ми од вакцина па ноќна смена во Ковид центар. Ни ден одмор, а температура качи вечерта како реакција. Среќа па наредни два дена слободна беше.
Незнам како е во Скопје, ама помаливе градови сеопшта мобилизација, секундарно здравство речиси и да нема. Страшно е, а луѓето се преморени...
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.115
Поени од реакции
10.444
Сликата што си ја пастирал е од едно друго време, триесети или четириесети години од минатиот век. Цигарите тогаш биле ин, и кокаин имало у кока колата ако не знаеше, кристал мет си можел да си купиш у аптека, а малце хероинче за болки. Али времињата се менуваат. Така да не можеш да ги поткрепиш твоите антиваксерски факти со оваа слика. Медицината еволуирала за 360 степени у овие 80 години и многу работи се промениле.
Те читале.
 
Член од
5 септември 2012
Мислења
136
Поени од реакции
21
Што бидна со втората пратка 20 000 дози на Спутник донација од Србија што треба да бидат за ревакцинација?
Пристигнати се, допрва ќе стигнуваат или ? До сега како што гледам никој не спомна за ова a на чичко ми му е закажана ревакцина на 26 април, не му е стигнато никакво известување...можно ли е да се стигнати а никој од медиумите да не извести (што би ме чудело бидејќи кај нас се известува и за 1000 вакцини донација) ?
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Можит некој да објаснит како ќе се прави масовна вакцинација без вакцини?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.430
Поени од реакции
9.148
Што бидна со втората пратка 20 000 дози на Спутник донација од Србија што треба да бидат за ревакцинација?
Пристигнати се, допрва ќе стигнуваат или ? До сега како што гледам никој не спомна за ова a на чичко ми му е закажана ревакцина на 26 април, не му е стигнато никакво известување...можно ли е да се стигнати а никој од медиумите да не извести (што би ме чудело бидејќи кај нас се известува и за 1000 вакцини донација) ?
Планирајте си да си одите во Србија пошто овде и да се пристигнати нема шанси да се организираат толку брзо.

Плус, ќе биди штета да ги пуштат во МКД за вакцинација пошто дел од нив гарант ќе завршат кај ојле-дојле (со врски) и тие што примиле прва доза ќе останат со прстот во уста за втората.

Мое размислување е да одите во Србија.
Автоматски споено мислење:

Можит некој да објаснит како ќе се прави масовна вакцинација без вакцини?
Како и што се набавија респиратори, како што се направи Клиничкиот центар, како што се доправи патниот правец кичево-охрид, како што... да продолжам?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972
Плус, ќе биди штета да ги пуштат во МКД за вакцинација пошто дел од нив гарант ќе завршат кај ојле-дојле (со врски) и тие што примиле прва доза ќе останат со прстот во уста за втората.
Ова можам да го потврдам, во моментов турбо се вакцинира со врски и затоа е хаос на пунктовите за вакцинација.

Така да поарно нека не даваат Мој термин, секако се чека со сати, а вакцини нема доволно.
 
Член од
17 април 2018
Мислења
21
Поени од реакции
10
Decki bil li nekoj da se vakcinira vo Bugarija vo KOMAK medical? Pred 5-6 dena e vesta niz mediumi pa ako bil nekoj da spodeli info od prva raka. Pozdravv
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.612
Поени од реакции
81.306
Многу неорганизирана е вакцинацијава за Ковид 19... Добивам вчера порака да ја вакцинирам мајка ми во Чаир во 19 часот. Денес ми се јавуваат ми викаат дојдете порано, до 18:30 работиме потоа сестрите одат на Ифтар. Прашувам кое време одприлика да дојдам, викаат кога сакаш 15, 16, 17 часот. ОК одам порано и што ќе видиш внатре :popce: гужва, нервоза, стари лица наад 70 години едвај стојат. СРЕЌА вакцинацијата оди брзо, али ептен ептен ептен е неорганизирано. Еве сега гледам слики и од Борис Трајкоски, и таму било исти курац...полесно е корона да фатиш по болнициве, отколку да те излечат од оваа болест.
 
Се глупираат со вакцинацијава. Ќе направат кластер.

Очигледно е дека се некадарни, ама сепак фураат да вакцинираат илјадници зацртани во нивните глави.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Филипче најави 250.000 дози Ј'н'Ј кај нас! Инаку, за ефикасноста на Ковид вакцините:

Очекувано беше да опаѓа, но не беше очекувано воспоставување диктатура при вакви резултати на вакцините.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Џ&Џ е најлошата вакцина што можеа да ја донесат... Да се надеваме дека ЕУ што поскоро ќе ја одобри вакцината на „Валнева“ - на што не знам колку е паметно да се надеваме дека баш бргу ќе се случи, затоа што е традиционална вакцина и не бара ревакцинирање секоја година до недоглед (нема пари во тоа).

„Валнева“ е европска биотехнолошка компанија која развива вакцина со инактивиран вирус, кој се добива со хемиска инактивација на жив вирус. Станува збор за традиционална технологија за вакцини, која се користи веќе 60-70 години, се базира на примена на воспоставени методи и е многу безбедна. Се користи во производството на повеќето вакцини против грип и многу вакцини за деца. Во моментот таа е единствената вакцина со инактивиран вирус против Ковид-19 која е во фаза на клинички испитувања во Европа.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Џ&Џ е најлошата вакцина што можеа да ја донесат... Да се надеваме дека ЕУ што поскоро ќе ја одобри вакцината на „Валнева“ - на што не знам колку е паметно да се надеваме дека баш бргу ќе се случи, затоа што е традиционална вакцина и не бара ревакцинирање секоја година до недоглед (нема пари во тоа).
Имаш да бираш "традиционални" вакцини. Синофарм и Синовак се баш тоа. Препораката за ревакцинацијата е три месеци после втора доза за сите лица кои ја примиле вакцината наспроти 6 месеци за лица над 65 години или лица со хронични заболувања/дополнителни ризици кај Фајзер, Модерна и АЗ.

Така да традиционалниве се на ниво на заштита на J&J, со тоа шо треба два пати да се боцкаш пред бустер.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Синофарм само со одење во Србија (што не сите го можат) а Синовак колку што знам повеќе нема на залиха.

Така да традиционалниве се на ниво на заштита на J&J, со тоа шо треба два пати да се боцкаш пред бустер.
Само ако судиш според ниво на антитела краткорочно гледано... Што е критериум според кој може (погрешно) да се заклучи дека буквално сите вакцини до сега се релативно бескорисни.

Имунитетот не е само моменталниот број на антитела, туку уште повеќе способноста на имуниот систем да ги произведе тие антитела во ситуација на потреба. Но кога на имуниот систем му презентираш само еден протеин, еден мал дел од вирусот, нормално е дека тоа нема да доведе до ситуација кога утре тој вирус ќе биде лесно и бргу идентифициран. И да, баш ова е ситуацијата со mRNA вакцините, па и со аденовирус вектор вакцните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom