- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.786
- Поени од реакции
- 5.061
Што значи прогласувањето епидемија на морбили на територија на цела држава?
ЗДРАВЈЕ16.04.2019 / 13:18
Комисијата за заразни болести денеска (16 април 2019 година) донесе заклучок да се прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела Македонија.
Епидемиологот, Владимир Микиќ, член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по одржувањето на состанокот на комисијата изјави дека прогласувањето на епидемијата е неопходно за да се спроведат дополнителни мерки за заштита на населението и намалување на бројот на новозаболени.
Д-р Владимир Микиќ, член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство
Донесени препораки и мерки за спречување на натамошно ширење на епидемијата се:
– Строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава;
– Забрана за посети во стационарни здравствени установи во целата држава;
– Почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за детски болести, и да се намали стапката на интра-хоспитално ширење на инфекцијата;
– Сите невакцинирани здравствени работници задолжително да бидат вакцинирани со две дози на МРП;
– На сите воспитувачки и наставнички од предучилишните установи задолжително да им се провери нивниот вакцинален статус и да се вакцинираат доколку не се вакцинирани;
– Да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 60 години;
– Да се организира два пати во неделата работа во две смени на Службите за вакцинација во рамките на Здравствените домови во целата држава, со цел полесна достапност на вакцинација на децата;
– Службите за вакцинација на неделно ниво да доставуваат податоци до ДСЗИ за деца кои не се јавиле на доставените покани за вакцинација.