Вакцина - измама или не?

  • Креатор на темата Само Човек
  • Време на започнување

Измама ?


  • Вкупно гласачи
    57
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Во право си ако е рецесивен наследниот ген (како во овој случај) тогаш може како што велиш
И да е доминантен, пак ќе одат да изберат здрав хомозигот. Ако веќе правиш скрин со повеќе зиготи, глупо да е имплантираш хетерозигот, поради можност да ја продолжиш болеста на следната генерација.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Не помага за лечење рак. Ги ублажува болките да ама лечење јок.
Не, марихуаната не лечи рак, ама кога веќе го стави ова на оваа тема, дали сакаш да ти кажам што спречува рак? Висока смртност заради заразни болести.
:tapp:А да оставите некој кој е покомпетентен и поелоквентен да говори за лековитите дејства на канабисот, може? :sleep:

----------------------------------------------------------------------
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Темава отиде у ку*ац. Дечиња кои прочитале две статии на интернет и виделе по некое видео се сметаат покомпетентни да зборуваат за сложени заболувања отколку луѓе што учеле со години за тоа. Што ќе ни професии, денес секој е експерт за се, без разлика дали има две чисти од тоа што го зборува или не. Ма и да нема, ќе се избори и ако треба ќе те истепа за да ти докаже дека е во право. Толку од желбата за наобразба.

Мене ми било срам да зборувам, а и уште ми е, за нешто што не го знам. Сега како што гледам, не им е ни битно дали знаат нешто или не. Битно е да се шлапа. Толку глупости се изначитав во темава, што ми требаат два дена за да ги најдам сите неправилности и за да ги исправам. Само можам да речам, за греота луѓето што ќе ја прочитаат темава, и што ќе ги земат како факти некои од работиве пишани овде.
--- надополнето: 26 март 2012 во 23:37 ---
Темава отиде од вакцини до факти за исхрана...не е се само во омега 3 масните киселини (мада ленот содржи повеќе омега 3 помалку омега 6...а колку е тоа навистина битно во животот не знам). Има и многу други состојки во некои производи кои се исто така битни за организмот. Конкретно колку што знам лененото масло се користи како додаток во исхраната кај некои потешки болести.
Напротив, холестеролот е неопходен. Се она што се произведува во едно здраво тело не можеш да кажеш дека не е неопходно.

Ама ова нели е повеќе разговор за начин на исхрана, а не за вакцини.

И онака не ја бива темава, барем разбраниве луѓе нешто да си прокоментираме на неа. :)
Омега 6 се исто толку битни колку и омега 3. Само кај нас се форсира консумирање на омега 3 затоа што немаме таква навика да консумираме производи што содржат омега 3 а од друга страна консумираме премногу омега 6. Овие шесткиве ги има во свинско месо, сланинче, чварчиња и такви работи, кои ги консумираме секојдневно, дури и во поголеми количини од потребното. Омега 3 ги има во риба и рибини масла претежно, што кај нас ретко се консумира.

Затоа се форсира консумирање на вториве на сметка на првите. Но тоа во никој случај не значи дека едните треба да се изостават. Се си е убаво во умерени количини. Така и соодносот омега 3 наспроти омега 6 треба да биде некаде 50:50.
 
С

Само Човек

Гостин
еве нешто и за сложените заболувања
мило ми е што имаме експерти на форумов
--- надополнето: 28 март 2012 во 10:22 ---
еве специјалист интернист, да нее речам колега на вас разбраните
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Дај, тоа видеото со семки од кајсија, типот сериозно ти личи на некој кому може да му се верува? Од што е толку хуман ги продавал семките за дебел профит очигледно, штом го осудиле и е во затвор. Саде хуманисти ова алтернативниве "доктори".
И кај се доказите во сѐ ова?
Застанале пет души пред камера и тврдат нешто...
А "докторкава" не заслужува баш никаков коментар.
 
С

Само Човек

Гостин
Дај, тоа видеото со семки од кајсија, типот сериозно ти личи на некој кому може да му се верува? Од што е толку хуман ги продавал семките за дебел профит очигледно, штом го осудиле и е во затвор. Саде хуманисти ова алтернативниве "доктори".
И кај се доказите во сѐ ова?
Застанале пет души пред камера и тврдат нешто...
А "докторкава" не заслужува баш никаков коментар.
витамин б17 шо го има у семките незнам зошто медицината не го користи, овие другите ги стаив чисто за вакцините како да се избориш за да не се вакцинира детето твое(чисто информативно).Доктор Ernst T. Krebs го извадил б17 од семките и направил лек за рак, во тоа време Американскаа ФДА го уништила лекот под објаснување дека е отровен,но секој лек е отровен ако се зема премногу.
Искрено не ми е јасно зошто денешната медицина не извади чист Б17 витамин и да го дава барем на оние со рак на дробиви.И така хемо не им помага на тие со рак на бели дробови, но тоа е мое мислење
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.316
Поени од реакции
18.399
дај избришете ова срањава тука,ке прелажат некој па ке глуми бунтовник и нема да се вакцинира..коа ке закачи некоја глупост форумов ке му биде крив..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom