Темава отиде у ку*ац. Дечиња кои прочитале две статии на интернет и виделе по некое видео се сметаат покомпетентни да зборуваат за сложени заболувања отколку луѓе што учеле со години за тоа. Што ќе ни професии, денес секој е експерт за се, без разлика дали има две чисти од тоа што го зборува или не. Ма и да нема, ќе се избори и ако треба ќе те истепа за да ти докаже дека е во право. Толку од желбата за наобразба.
Мене ми било срам да зборувам, а и уште ми е, за нешто што не го знам. Сега како што гледам, не им е ни битно дали знаат нешто или не. Битно е да се шлапа. Толку глупости се изначитав во темава, што ми требаат два дена за да ги најдам сите неправилности и за да ги исправам. Само можам да речам, за греота луѓето што ќе ја прочитаат темава, и што ќе ги земат како факти некои од работиве пишани овде.
--- надополнето: 26 март 2012 во 23:37 ---
Темава отиде од вакцини до факти за исхрана...не е се само во омега 3 масните киселини (мада ленот содржи повеќе омега 3 помалку омега 6...а колку е тоа навистина битно во животот не знам). Има и многу други состојки во некои производи кои се исто така битни за организмот. Конкретно колку што знам лененото масло се користи како додаток во исхраната кај некои потешки болести.
Напротив, холестеролот е неопходен. Се она што се произведува во едно здраво тело не можеш да кажеш дека не е неопходно.
Ама ова нели е повеќе разговор за начин на исхрана, а не за вакцини.
И онака не ја бива темава, барем разбраниве луѓе нешто да си прокоментираме на неа.
Омега 6 се исто толку битни колку и омега 3. Само кај нас се форсира консумирање на омега 3 затоа што немаме таква навика да консумираме производи што содржат омега 3 а од друга страна консумираме премногу омега 6. Овие шесткиве ги има во свинско месо, сланинче, чварчиња и такви работи, кои ги консумираме секојдневно, дури и во поголеми количини од потребното. Омега 3 ги има во риба и рибини масла претежно, што кај нас ретко се консумира.
Затоа се форсира консумирање на вториве на сметка на првите. Но тоа во никој случај не значи дека едните треба да се изостават. Се си е убаво во умерени количини. Така и соодносот омега 3 наспроти омега 6 треба да биде некаде 50:50.