ВМРО

Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Не ми е јасно зашто мора да се расправаме со татариве околу нашиот идентитет. Не верувам дека некој македонец оди по бугарски форуми и се расправа со нив . Ние си го знаеме своето потекло и историја ,а тие цело време киснат по македонските форуми што докажува дека во побивањето на македонското си го бараат својот изгубен татарски.Глупиот поп мисли дека со копи , пасте од интернет на разни фалсификати е паметен и демек начитан :tapp: .Ова се копилиња одродени од својот народ , продадени души и сега сакаат со пропаганда да си ги исперат гревовите . Вистинските бугари не дремат по МК форуми и не ги интересира туѓиот двор . Секој втор изговор им е демек србите имаат некое влијание на нас . Јас до сега не видов србин на форумов да не убедува во нешто :toe:. И кај нив има болни идиоти кои го негираат постоењето на мк идентитет но тоа се сведува на група радикали кои освојуваат симпатии на делот неписмен српски народ за политички цели , не сум видел да малтретираат луге по форуми . Затоа не ми е јасна поентата зашто им правиме мерак да си ги лечат душите продадени по форумов , за нив е најдобро да ги одјебеме и игнорираме нека пукнат и нека се удават во нивната гомнарска измислена историја , затоа што таа им е сламката која ги дели од нивната вистина ,татарска .
 
B

Borg_Drone

Гостин
Па не пишува Шавуч, пишува ЧУВАШ..
Значи не знаеш да читаш, и ти после се правиш тука образован. :)

Не ми е јасно зашто мора да се расправаме со татариве околу нашиот идентитет. Не верувам дека некој македонец оди по бугарски форуми и се расправа со нив . Ние си го знаеме своето потекло и историја ,а тие цело време киснат по македонските форуми што докажува дека во побивањето на македонското си го бараат својот изгубен татарски.Глупиот поп мисли дека со копи , пасте од интернет на разни фалсификати е паметен и демек начитан :tapp: .Ова се копилиња одродени од својот народ , продадени души и сега сакаат со пропаганда да си ги исперат гревовите . Вистинските бугари не дремат по МК форуми и не ги интересира туѓиот двор . Секој втор изговор им е демек србите имаат некое влијание на нас . Јас до сега не видов србин на форумов да не убедува во нешто :toe:. И кај нив има болни идиоти кои го негираат постоењето на мк идентитет но тоа се сведува на група радикали кои освојуваат симпатии на делот неписмен српски народ за политички цели , не сум видел да малтретираат луге по форуми . Затоа не ми е јасна поентата зашто им правиме мерак да си ги лечат душите продадени по форумов , за нив е најдобро да ги одјебеме и игнорираме нека пукнат и нека се удават во нивната гомнарска измислена историја , затоа што таа им е сламката која ги дели од нивната вистина ,татарска .

Абе платеници се на Карагомнаров, им ветил некоја паричка само да шират пропаганди...
10 бугари ќе отворат јузери на повеќе форум и шират пропаганда бугарска.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Прван, по кој пат ќе отвораш нов јузер?!

Или баниран беше досега...:raz:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Ке ги цитирам Турците, она зло што ни го направи Егзархијата никој неможеше да го направи, мислам дека јасно ви е
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собраа шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – професор, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Aрсов – професор, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – професор, родум од с.Гуменџе, Ениџе Вардарско, основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Заклетвата на ВМРО
Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин"

Границите на Македонија

на прологот во Уставот на ВМРО, преработен на нејзиниот општ конгрес во 1925 г.​
Источната граница на Македонија почнува од устието на реката Места и оди по нејзиниот тек северно до над селото Бук; од таму продолжува низ областа Чеч, го следи водоразделот по Родопскиот венец од врвот Крушово на север и завршува на Колос Мусала.
Северната граница оди по Рила и Осогово до врвот Патерица; од таму продолжува кон запад по водоразделните височини меѓу коритото на Вардар и тоа на реката бугарска Морава, додека стигне до Скопска Црна-Гора, го следи нејзиниот срт до Качаничката клисура, продолжува по главниот Шарски венец и стига до Црни Дрим, северно од Дебар.
На запад Македонија се одделува од Албанија со планинскиот венец, кој оди на запад од Црни Дрим и Охридското Езеро, додека го опфати целиот нивни басен; границата го опфаќа и басенот на Преспанското Езеро, го следи водоразделот меѓу реката Девол и реката Бистрица и стига до Грамос планина.
Јужната граница оди по водоразделните планини меѓу басенот на реката Бистрица и тој на тесалиската река Сапатарија, стига до морето, го следи брегот на Бело Море до устието на реката Места.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Широкото ослободително движење што ја зафатило Македонија во 90-тите години од XIX век довело до формирање на тајна револуционерна организација. Иници.јативата за тоа ј припаднала на интелегенцијата. Македонските студенти во странство започнале да создаваат разни друштва во чија основа влегле револуционерните цели.


Од своја страна, тешките социјално-политички услови во земјата исто така придонесувале за спонтано создавање на групи, чија основна задача била самоодбрана од разните злосторници.
Во 90-тите години од XIX век скоро во сите делови на Македонија егзистирале организирани групи од селани за самоодбрана. Само во непосредната околина на Битолско имало неколку такви групи.
Постоењето на разните групи и кружоци и разните концепции за тоа каков облик и цел треба да ј се даде на идната револуционерна организација поттикнувале кон иницијативата за поставување основите на организација што ќе ги собере, ќе ги обедини расфрлените, распокинати сили, ќе ги потчини на една определена цел – ослободувањето на Македонија. Останувало само да се направи последниот чекор – обединувањето на националната сила на македонскиот народ во една општа револуционерна организација.
Во есента на 1893 година бил направен и тој чекор. На 23 октомври 1893 година (стар стил) во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собраа шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – професор, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Aрсов – професор, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – професор, родум од с.Гуменџе, Ениџе Вардарско, основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.


Основната тема на состанокот била идната политичка работа во Македонија и неопходноста од организирана општествена дејност во неа. По долгата дискусија, групата се конституирала како друштво со задача сите присутни да работат за неговото ширење меѓу своите познати. Ползувајќи се од условите што ги давал Солун како централно место во Македонија, во кој се собирале учители, еснафи, трговци, свештеници, за кратко време бил привлечен голем број на луѓе во новото друштво. И што е уште поважно, се дошло до сознанието дека во Македонија постојат услови за развивање на усилена револуционерна дејност. Охрабрени од тоа, во почетокот на 1894 година, пред Богојавление, организаторите по вторпат се сретнале во Солун за да ги определат целта, името и статутот на Организацијата.


По обемната дискусија во која дошле до израз погледите на секој поединец, најпосле, според тврдењето на И.Х.Николов, се поставиле следниве цели пред новата организација: да биде тајна и револуционерна; нејзината територија да ја сочинува Македонија во географските и етнографските граници, поради што ќе се вика внатрешна; во неа да членуваат лица што се родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност. Политичката цел на организираните Македонци била: автономија на Македонија, да се чува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните слободни држави.
На состанокот се решило еден од присутните, Петар Поп Арсов, да изработи проект на устав. Подоцна, кога овој Устав бил прифатен, се извршило и конституирање на новата организација. За претседател бил избран Христо Татарчев, а за секретар-касиер Даме Груев.


....Иван Хаџи Николов
Во договореното време на 23 октомври 1893 година, во петокот навечер, сите шестмина се собравме во живеалиштето на Христо Батанџиев. Јас ја објаснив целта на нашата средба дали не е време да се основа револуционерна организација, каква треба да биде нејзината тактика и нејзиното политичко верују, кои ќе има право да членуваат во неа, и какви треба да бидат нејзините односи со македонската емиграција што се наоѓа надвор од територијата на Македонија и сл.
Поставените прашања беа предмет на разгледување од нас шестмината, но најподробно и најопширно се искажа д-р Христо Татарчев. На крај дојдовме до следнава согласност: 1. Организацијата треба да биде тајна и револуционерна, 2. Нејзината територија ја сочинува само Македонија, во нејзинитре географски и етнографски граници, поради што ќе се наречува и внатрешна, 3. Во неа ќе членуваат лица родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност, 4. Политичкото верују на организираните Македонци е: автономија на Македонија и 5. Да се запазува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните словни држави....
За проширувањето на кружокот и за привлекување на сомисленици, на крај решивме секој еден од нас да ги посветува во ре волуционерната идеја своите најблиски луѓе во Солун и провинцијата....
На втората седница во јануари 1894 година предложив да ја прошириме Револуционерната организација меѓу интелегенцијата во цела Македонија, и за да го узнаеме нејзиниот менталитет и нејзиното расположение спрема ослободителното дело, при сеќавања да се изнесува прашањето за политиката на Егзархијата, како што постапив и јас при изборот на своите први другари, па оние што ќе се изнесат позитивно за егзархиската централистичка политика да се сметаат за ненадежни, а пак оние што ќе бидат за децентрализација на нашето црковно – училишно дело во Македонија – за надежни и да бидат посветувани во револуционерната идеја, при што да им се постави за задача секој во својот реон да формира кружок од испитани и борбени другари. Предлогот ми беше прифатен и на П. Арсов му се постави задача да напише брошура под наслов „Стамболовштината во Македонија“....
На една од наредните седници решивме во Солун да основаме неделно училиште, божем за неписмени и недостатно писмени, во кое ќе имаме можност да узнаеме за духот и гледањата на членовите, и потем тие да бидат посветувани во делото, та на таков начин да се прошири солунскиот кружок. За учители – раководители на неделното училиште ги одредивме Дамјан Груев и Лазар Димитров. Овој последниов и Тане Мурџев беа првите наши последователи во Солун. Програмата во неделното училиште се состоеше во: малку читање и сметање, а повеќе читање и раскажување за Француската револуција, за италијанското обединување, за Гарибалди и слично – воопшто прикажување за востанија и револуции.....По двомесечно функционирање, го затворивме неделното училиште.
На истата седница за претседател на Централниот комитет го избравме д-р Х ристо Татарчев, за благајник – Дамјан Груев....За постојан президиум ги избравме: д-р Христо Татарчев, Дамјан Груев и мене....Главната работа на нас двајцата (И.Х.Николов и Д.Груев з.м.) се состоеше во тоа да водиме шифрирана кореспонденција со провинцијата, и да организираме средби со нашите луѓе што доаѓаа од провинцијата во Солун.....


....Дамјан Груев
Во Солун ја поминав следната година, на работа во печатницата на Самарџиев. Тука се сретнав со свои стари другари: Поп Арсов, Андон Димитров (родум од солунското с. Ајватово, сега член на битолскиот суд); д-р Христо Татарчев, Хаџи Николов (од Кукуш), Христо Батанџиев (од Гуменџе, секретар на солунската општина?). Со нив ја обновивме старата идеја. Се згрупиравме, и сложно изработивме статут-правилник. Во неговата основа ги поставивме истите начела: барање да се примени Берлинскиот договор. Така тој статут беше оформен според образецот на статутот на Револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување. Девизата беше: примена на решенијата од Берлинскиот договор. Основавме тајна организација со „Централен комитет“, со разграноци, со членски вноски. Се предвидуваше полагање заклетва и сл. Во правилникот не се предвидуваше ништо за српската пропаганда,но имавме на ум, кога ќе се освести народот, да се оневозможат нејзините последици....


...Христо Татарчев

....На 23 октомври 1893 година дојде до првата средба на овој проширен круг луѓе, во одајата на книжарот Иван Хаџи Николов, во улицата Челеби – бакал. Присуствувавме јас, Груев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Андон Димитров (учител по турски јазик во гимназијата, ми се чини родум од с. Ајватово), Христо Батанџиев, (од Гуменџе), тогаш учител во основното училиште, потем секретар во митрополијата; тој загина заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 година (фрлен од Грците во морето). Само овие шестмина се бевме собрале. Тука веќе разменивме мисли за идната политичка активност, така да секој еден од нас ќе се труди да влијае врз други лица, и да ги привлекува за истата идеја, да се подготви организирана општествена дејност. Г рупата се конституира врз тие начела како друштво, без записник, и без да се избираат раководители сиреч претседател и сл.
На оваа средба не беше утврдена никаква формалност – заклетва или нешто слично, за да се сметаат членовите лично задолжени да дејствуваат за ослободителното дело. Меѓутоа, се разделивме со увереност дека ни претстои сериозна и тешка задача. Презедовме задолжување заедно да дејствуваме меѓу наши познати и секој еден од нас гледаше при погоден повод да го искористи престојувањето на учители, еснафи, свештеници и трговци во Солун, дојдени од провинцијата, за да агитира меѓу нив за идејата. Така помина до крајот на 1893 година. Во почетокот на 1894 година во време на празниците, пак споменатите шестмина се собравме пред Водици во живеалиштето на Андон Димитров (спроти куќата сега на браќата Дамјанови, бившиот бугарски пансион), за да го поставиме темелот на една револуционерна организација. Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидовме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротиставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи. Одринско, колку што се сеќавам, отпрвин не влегуваше во нашата програма, и мислам дека после беше дојдено до замислата и таа област да се вклучи кон автономна Македонија. Откако се согласивме за целта на нашата организација – на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записките“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт на нашиот статут. На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот. Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот – „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К.“. На други средби статутот беше дефинитивно примен, сe така од истиот тој состав на шестмината. Тогаш веќе, во согласност со усвоениот статут, беше конституиран првиот Централен комитет, при што мене ме избраа за претседател, а Дамјана Груев за секретар и благајник. Потем веќе започна практичното организирање на револуцијата, што тргна многу позабрзано....
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Штом сарафов и матов ги има на сликава јасно ми е :)
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
Dr Hristo Tatarcev e prv pretsedatel na tmro po poteklo od resen za zal denes gradskite vlasti ja srusija negovata kuka koj bese spomen obelezje na gradot pa taka sega nisto ne postoi vo taa kuka e odrzan i vtoriot sostanok na TMRO isto taka denes za zal i negovite potomci koi denes ziveeat vo bugarija se deklariraat kako bugari
 
B

Borg_Drone

Гостин
Dr Hristo Tatarcev e prv pretsedatel na tmro po poteklo od resen za zal denes gradskite vlasti ja srusija negovata kuka koj bese spomen obelezje na gradot pa taka sega nisto ne postoi vo taa kuka e odrzan i vtoriot sostanok na TMRO isto taka denes za zal i negovite potomci koi denes ziveeat vo bugarija se deklariraat kako bugari

А дали ти знаеш што направи Татарчев после Илинденското востание???
Слушам некако ептен го привлекла бугарската пропаганда, или???
 
Член од
8 јануари 2008
Мислења
57
Поени од реакции
1
А дали ти знаеш што направи Татарчев после Илинденското востание???
Слушам некако ептен го привлекла бугарската пропаганда, или???
А по време на Востанието не го ли е привлекла ? :toe:
 
Член од
8 јануари 2008
Мислења
57
Поени од реакции
1
Од спомените на д-р Христо Татарчев:

Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме врз автономија на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоединување на Македонија кон Бугарија“, затоа што увидувавме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротивставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше низ мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, дека ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи. Одринско, колку што се сеќавам, отпрвин не влегуваше во нашата програма, и мислам дека после беше дојдено до замислата и таа област да се вклучи кон автономна Македонија. Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи нацрт за нашиот статут. На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот - „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К.“. На други средби статутот беше дефинитивно примен, се така од истиот тој состав на шестмината. Тогаш веќе, во согласност со усвоениот статут, беше конституиран првиот Централен комитет, при што мене ме избраа за претседател, а Дамјана Груев за секретар и благајник. Потем веќе започна практичното организирање на револуцијата, што тргна многу позабрзано.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Znam de sto mi kazuvas toa.jas ti zboram za negoviot vnuk ne za nego.
I nemoj da ste pomislile na toa da gi stavate temelite na propagandata, zasto Sakir vojvoda ako e zatoa pak bese toj sto se borese za Nezavisna i Obedineta Makedonija i bese najstar clen na Asnom
 

Kajgana Shop

На врв Bottom