ВИП ги остави корисниците без мрежа!

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ВИП имаат најлоша мрежа, бидете искрени.
И јас сум на ВИП ама пред фактите и боговите молчат.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Тешките муабети што паѓаат во вторник во 2-3 сабајле па снемало мрежа. Да Вип ретко да немаат проблеми со мрежата, ама на поголемиот дел од корисниците и не им е баш нешто многу гајле кога знаат дека и онака имаат бесплатен муабет во Вип мрежата и иста цена кон сите други мрежи. Мислам дека ова второто повеќе тежи кога бираш мобилен оператор.
Чим мрежата паѓа во таа доба на денот во овој период на неделата сигурно вршат некое подобрување, јеби га, за разлика од другите оператори како на пример телеком, овие немаа наследено мрежа.
 

• Tαммι •

Гостин
ЈаС го преспав делот кога паднала мрежата и сега си имам ! (y)
Вип, не зае*авајте....имам бесплатни минути јас за користење -.-
 

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Ја па се чудам сабајлево, телефонов вика нема мрежа, идам на оператори бирам пак Vip MK ми вика не можеш да го избереш операторот :confused: Тоа до ВИП да ти било, а ја си мислев ми рикнал телефонот :)
--- надополнето: Aug 24, 2011 9:03 AM ---
Инсталираат нова импликација, остајте ги да си работат...

А и што толку сте се потресле, да не ве бара некој во 4 саат за жежок разговор?
I see what you did there (y)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Ууу доле влада.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Мене ова ми мириса на државен удар, незнам за вас.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Добро бе ве плаќа некој од т-мобиле за анти пропаганда или шо? Мислам за тие што отварате вакви теми.

Си има известување и извинување од ВИП за периодот кога намерно било вршено надградба на системот и мрежата и имало прекини во мрежата. Некаде целосно немало мрежа, некаде кратки прекини, некои пак еве пишале дека не ни приметиле воопшто.

Мрежата им е послаба од другите оператори ама прашање на време е кога ќе се израмнат.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
хахаха јас пак мислев до телефонот ми е, онака успана цела си викам кој ке го поправа сеа упичку матер :D
Ама океј и да им паднала нема веза, значи се слчува, не смееме одма да кривиме и да плукаме.
Вип ми одговара и не би мењала сега за сега за нишо на светов. Еве сега ке ја средат работата со мрежата и ке бидат комплетни. Да ми се живи и здрави, ми заштедија мноооогу пари :D:cuc:
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
ВИП ги остави корисниците без мрежа!

Веќе е добро познато дека мобилниот оператор ВИП постојано има проблеми со мрежата, која, како за чудо, знае магично да ја снема кога најмногу ви треба, но ова веќе ги помина сите граници.
На денешен ден, 24.08.2011 (среда), уште од 2 часот по полноќ, мрежата на ВИП целосно падна! Според она што можеме да го видиме и прочитаме по социјалните мрежи, а богами и да го искусиме и самите, мрежа нема речиси еден час!
До кога ли ќе трае хаосот што го предизвика ВИП и како ли ќе се оправдаат за овој неверојатен пропуст не знаеме, но она што со сигурност го знаеме е дека после ова ВИП ќе загубат многу корисници. Кои се вашите искуства?


извор
е добро де у 2 саат нокеска нема мрежа неколку саати се десило еднаш и сега ајде востание да кренеме...
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
пред неколку часа ова е поставено на нивниот фб профил:
Vip operator
Почитувани корисници, заради подобрување на квалитетот на услугите и проширување на расположливите капацитети, во ноќта помеѓу 23 и 24 август, беше извршена планирана надградба на системите во Вип оператор. Во текот на надградбата имаше прекин од времен карактер на дел од услугите на Вип оператор во одредени делови од Македонија. Од раните утрински часови, после завршување на надградбата, целиот комуникациски сообраќај се одвива редовно. Ви благодариме на разбирањето, Вип оператор

пред 3 часа ·
Ми се допаѓа
·
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Боже кревање галама, на плоштад ќе ги палат. Кај имаат осет луѓево, после 2 вршат работа, остануваат да средат уште се буните.

Мислев само кај мене било ама не. Ретардирани се нема што. Гарант ќе изгубат корисници.
Кого тоа ? Тебе ?
За што да ги изгубат? За тоа што се грижат да овозможат понормален сообраќај и подобра мрежа?
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Вип се најдобри, се убив од зборување, до сега од ноември имам 133 часа зборувано (и дојдовни и појдовни повици), а од дојдовните над 90% се од Вип. Мрежа ми паѓало само во тунел до сега, а ми менувало оператор на езерава наши. ВИП РУЛЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗ!
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Јас сум на вип но ноќеска не сум забележала дека има пад на мрежата.Не велам не на неколку пати сум останала без мрежа,но реално гледано моментално најдобри понуди имаат вип.Се убивме сите од зборување бесплатно или пак за одредена минимална цена.И не гледам зошто би изгубиле многу корисници...За два часа немање мрежа? А кај се останатите не знам колку часа поминати во бесплатно зборување?
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Епа сакате без пари да зборите 500 минути, и тоа си има своја цена..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom