ВИДЕО: Еве како размислува момче пораснато од лезбејки

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
57
Ми изгледа како да мешаш права и обврски..

Ако маж и жена сакаат да склучат брак, без разлика дали се криминалци или најодвратни луѓе на светот или луди или болни пред умирање, државата ќе им издаде дозвола.
Ако двајца хомосексуалци (без разлика на пол), колку и да се нормални и богати и да не се феминизирани или butch (какви што уствари и се повеќето такви парови), државата нема да им дозволи да се венчаат.

Е тоа е класичен пример на дискриминација, бесмислени забрани за лица само заради тоа што припаѓаат на одредена група или заедница. Забрани мотивирани од предрасуди, најчесто произлезени од религиите.

Јас сум прилично либерален човек и живеам по она правило "live and let live", т.е. не ме интересира кој си, што правиш и како живееш се` додека не повредуваш некого (или себеси, во случај на ментална болест). Лично не се согласувам со многу работи (пр. како ултра-религиозните родители ги воспитуваат своите деца), ама никогаш не би го одзел правото на некого да си го живее животот како сака (со претходно споменатото ограничување). Идеално општество би било она во кое се` ти е дозволено (да, дури и работи како проституција и сите видови на дроги), се` додека не повредуваш други луѓе.
ке отидам малце оф топик ...баш ме интересира кое е тојот став кон поимот брак и што очекуваш од бракот?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
1, Кој се тие стереотипи не те разбрав?
2, Децата од хетеросексуалните семејства претежно си се свесни дека сексуалноста е интимна работа ...верувам дека ни мајка ти и таткоти исто како што и мајка ми и татко ми не се лапале пред тебе или па да имаат секс. И верувам дека никогаш не ти рекле како што ни мене не ми рекле сине немој да бидеш педер.
3, Непостојат друг вид на семејства од кои произлегуваат деца ни па било кое друго суштество
4, Сексуалните одредби и потреби немој да ги мешате со поимот деца!
5, Ако си направат нека си чуваат дете а ако сакат да посвојат нека застанат во редот и нека чекаат позади хетеросексуалните семејства кои неможат да имаат деца. И пред да ме прашаш зошто ке ти одговорам. Затоа што едните можат а немаат а другите неможат и немаат деца.
Мислам дека многу добро разбираш само ти се куца на тастатурата па многу го одолговлекуваш очигледното.
1. Стереотипите од типот „не смеат тие да имаат деца, ќе испаднат за никаде“, „лезбејките се супер педерите се за гасна комора итн.“..
2. Не ми ја сфати поентата за втората точка. Се работеше за тоа дека во глобала поединци од тука сметате дека доколку детето е од хетеросексуално семејство нема шанси да биде со некакви недостатоци дали психички или незнам какви. Дека нема шанси тоа да е криминалец туку тоа се препишува само за децата од истополните заедници. (пс. стрејт сум)
3. Како мислиш не постојат друг вид на семејства од кои произлегуваат деца?
4. Па никој не ги меша тие одредби и потреби. Сигурно лезбејките не му велат на синот „сине супер е ова, сакаме и ти да бидеш педер“ што не е случај кај нас со тоа што нашите родители ни велат „сине ти мора да се ожениш и да имаш деца“. :)
5. Се согласувам
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
ке отидам малце оф топик ...баш ме интересира кое е тојот став кон поимот брак и што очекуваш од бракот?
Не си надвор од темата, ова прашање е важно за да разбереш зошто мислам како што мислам.

Бракот е заедница помеѓу личности кои сакаат да ја формализираат својата врска, односно поврзаноста на емоционален, социјален, економски план. Нема "крајна цел" од типот на создавање потомство. Да имаше, истиот ќе им беше забранет на сите оние парови кои можат, а не сакаат деца, како и на оние кои и покрај тоа што знаат дека се неплодни, стапуваат во брак.

Претпоставувам според начинот на кој го имаш поставено прашањето дека твојот став е спротивен на мојот.
--- надополнето: Dec 9, 2011 1:56 PM ---
И, пред да продолжите со дискусија, сетете се дека има и граѓански брак (признаен од државни институции) и религиозен брак (признаен од религиозните институции). Во вториов вид хомосексуалноста е строго забранета (во зависност од религијата се смета и за грев), па со оглед на конзервативноста на предводниците и следбениците на религиите не верувам хомосексуалците да бараат признавање на нивната заедница во нивни очи. Ама, голем дел од религиозните закони и правила се денес нерелевантни, бесмислени и, да, дискриминаторски. Тоа е една од причините зошто денес повеќето држави се секуларни..
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Педери деца да одгледуват?? Шо правеме ако случано малото дете ги виде како си го пушат меѓусебе ? А тоа гарант ќе се деси, знаеме колку се глупи Јенките и западнио свет ..

Неќам ни да помислам шо ќе стане од тоа дете коа ќе порасне ...
Извини, ама ти ги гледаш татко ти и мајка ти ко ќе имаат односи?
 
lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
57
Мислам дека многу добро разбираш само ти се куца на тастатурата па многу го одолговлекуваш очигледното.
1. Стереотипите од типот „не смеат тие да имаат деца, ќе испаднат за никаде“, „лезбејките се супер педерите се за гасна комора итн.“..
2. Не ми ја сфати поентата за втората точка. Се работеше за тоа дека во глобала поединци од тука сметате дека доколку детето е од хетеросексуално семејство нема шанси да биде со некакви недостатоци дали психички или незнам какви. Дека нема шанси тоа да е криминалец туку тоа се препишува само за децата од истополните заедници. (пс. стрејт сум)
3. Како мислиш не постојат друг вид на семејства од кои произлегуваат деца?
4. Па никој не ги меша тие одредби и потреби. Сигурно лезбејките не му велат на синот „сине супер е ова, сакаме и ти да бидеш педер“ што не е случај кај нас со тоа што нашите родители ни велат „сине ти мора да се ожениш и да имаш деца“. :)
5. Се согласувам
1, Зарем некој на некој може да му забрани да нема свое дете?
2, Во ова поединци ако добро разбрав ме смести и мене па затоа ке си земам за право да ти појаснам.
- прво не се сеќавам дека некаде кажав таков став во кои ги поистоветив "лигавите" со "насилниците" ама нема везе ...како што крадецот не е под дифолт педер така и педерот и лезбејката не се под дифолт крадци ни па наркомани ни насилници ни мањаци па било што друго. И да се разбереме немам ништо против сексуалната определба на никој кој си ја смета за лична ствар и не крева галама поради тоа во јавност. За се друго сум против!
3, Може лошо се изразив ...децата се резултат на претходен секс (најчесто) помеѓу маж и жена, кои во иднина се нарекуваат мајка и татко а за големината на овие зборови приказната е таа што е и што на тебе и таквите како тебе им е проблем да ја разберат.
4, Во голем дел си во право ама во право се и тие кои ти го кажуваат тоа. Ако некој ти подарил живот и ако можеш ти да подариш некому живот зошто тогаш да не го направиш тоа. Или оправдувањето е сексуалната определба можеби? мамо тато ја сум педер и неможам да имам деца ке се лути педерот (дечкото) а многу го сакам ке ми раскине ако не :D ...тоа што ти посакуваат да се ожениш ти ко кажуваат така за да ти посакаат добро ...да најдеш личност со која ќе имаш љубов и разбирање и од што ке произлезе уште поголема љубов а тоа се нормално децата на кој и ти ке бидеш горд ако еден ден го направат истото.
 
Да, ги сфаќам моите ама тие мене не ме сфаќаат кога им викам дека за да најдеш голема љубов и да живееш среќно не ти е потребен брак :) Бракот е само глупа институција што ќе ти одземе нерви и пари доколку би сакал да го поништиш. Ја ко економист мислам дека и без брак може да се има убав живот со личноста што ја сакаш :D
 
lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
57
Не си надвор од темата, ова прашање е важно за да разбереш зошто мислам како што мислам.

Бракот е заедница помеѓу личности кои сакаат да ја формализираат својата врска, односно поврзаноста на емоционален, социјален, економски план. Нема "крајна цел" од типот на создавање потомство. Да имаше, истиот ќе им беше забранет на сите оние парови кои можат, а не сакаат деца, како и на оние кои и покрај тоа што знаат дека се неплодни, стапуваат во брак.

Претпоставувам според начинот на кој го имаш поставено прашањето дека твојот став е спротивен на мојот.
--- надополнето: Dec 9, 2011 1:56 PM ---
И, пред да продолжите со дискусија, сетете се дека има и граѓански брак (признаен од државни институции) и религиозен брак (признаен од религиозните институции). Во вториов вид хомосексуалноста е строго забранета (во зависност од религијата се смета и за грев), па со оглед на конзервативноста на предводниците и следбениците на религиите не верувам хомосексуалците да бараат признавање на нивната заедница во нивни очи. Ама, голем дел од религиозните закони и правила се денес нерелевантни, бесмислени и, да, дискриминаторски. Тоа е една од причините зошто денес повеќето држави се секуларни..
Баш напротив, сличен е и мојот став само ако несакам да имам деца зошто тогаш да влегувам во брак?
ако ти е за секс има партнери колку сакаш, ако ти е за пари почни нешто да работиш и ке ги имаш а ако е од љубов тогаш што има поубаво од свое дете со тој што го сакаш? И поентата тука е детето да го сакаш уште повеќе од партнерот и да му пружиш се што можеш и треба за ни малце да не се осети дека некој родител помалце или повеќе го сака или помалце или повеќе е на едниот а не на другиот. Ако го одвоиш од едниот родител веќе нешто му одземаш тоа е тоа
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
ако е од љубов тогаш што има поубаво од свое дете со тој што го сакаш? И поентата тука е детето да го сакаш уште повеќе од партнерот и да му пружиш се што можеш и треба за ни малце да не се осети дека некој родител помалце или повеќе го сака или помалце или повеќе е на едниот а не на другиот. Ако го одвоиш од едниот родител веќе нешто му одземаш тоа е тоа
Ама тоа е муабетот - и тие знаат што е љубов, па зошто да не смеат да имаат деца? Не станува збор само за посвојување деца од дом, туку и такви кои се зачнати преку вештачко оплодување, т.е. генетски материјал од еден или двајцата од парот + сурогат или една од жените од парот + "донација" од некој маж кој претходно го одбрале и се согласил (или банка).

И уште еден битен концепт кој противниците на овие права треба да си го разјаснат - дали родители се тие луѓе кои ги зачнале ("направиле") децата, или тие кои ги одгледале?
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263

На ова може да се постави прашање: дали детето што се сака да се посвои се посвојува ради исполнување на родителска должност или како потврда дека истополовиот брак функционира подеднакво исто како оној на различните полови?
И уште нешто, зборуваме за човекови права, нарушувања, скратувања... некој го прашува детето во каков брак сака да расте? Каде е неговото право на избор? Јунакот што ќе го даде на посвојување нема да си постави прашање како тоа дете ќе биде прифатено од околината подоцна, со оглед на копјата што се кршат и што дополнително ќе се кршат.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Истополовиот граѓански брак е нужна потреба прибидејќи колку и да ги игнорираме и сакаме или не сакаме да признаеме тквите луѓе постојат и се меѓу нас (авкорс). Граѓанскиот брак и формалниот потпис те исправува пред државата .Муабетов го крепам со вистинската приказна за двајца геј пипл од земјава наша широка, кои живеле многу време заедно ( некои 3-40 години), купувале заедно, ги остварувале своите соништа заедно, пенетрирале во суровата реалност заедно али се случило да едниот од нив почине. Знаете како му било на другиот? Сам, отфрлен, изгубен и отфрлен на улица ( како хипотетички така и буквално). Ќе прашате зашто, е затоа што се што постигнале у животот свој (заедно) стан, кола, имот, останати недвижини се било на името на тој што починал. Проблем свакако да да. Родителите на починатиов и неговиот брат со тужба се си присвојуваат. Приказнава ме научи да размислувам малку попрактично. Значи тие луѓе не бараат некој романтизам, едноставно сакаат да избегнат вакви и слични дешавки , да ги остават на мира и да се исти како останатиот " нормален " свет. И више ко сме кај нормалното зарем не мислите дека таа фобија од гејштинизмот е малку искомерцијализирана баналност. Прибидејќи се трудам да го живеам животот без предрасуди сакам да прашам, зарем се чуствувате загрозени од тие луѓе? Се плашите дека ќе ја расипат младинава? Вашите деца...? Не ве потсеќа ова на спалувањето на жените вештерки од минатото. Колку од вас што им судите сте се потрудиле да ги разберете? Да направите нормален муабет со нив ( под тоа подразбирам муабет кој нема да биде у стил: " А чекај сега кој на кого му го пуши? ") ? Битната ствар е дали можете да детектирате геј/лезбејка како год да е по физкус доколку самиот/ самата не ви спомене нешо? Дали, ( да не претерам али) добри 98% од денешнава ЛГБТ популација не потекнува од стрејт семејства?Колку од вас ја имаат погледнато Six feet under? Погледнете ја здолжително ( само за геј хејтери и предрасуди). Да сумирам, полот на родителите е најмалку битен во реализација на бил кој детски сон во јаве. Топлината на домот, подршката , сигурноста и љубовта пред се ,му овозможуваат да стане Човек во права смисла на зборот.
 
lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
57
Ама тоа е муабетот - и тие знаат што е љубов, па зошто да не смеат да имаат деца? Не станува збор само за посвојување деца од дом, туку и такви кои се зачнати преку вештачко оплодување, т.е. генетски материјал од еден или двајцата од парот + сурогат или една од жените од парот + "донација" од некој маж кој претходно го одбрале и се согласил (или банка).

И уште еден битен концепт кој противниците на овие права треба да си го разјаснат - дали родители се тие луѓе кои ги зачнале ("направиле") децата, или тие кои ги одгледале?
аре КОЈ МОЖЕ НА НЕКОЈ ДА ЗАБРАНИ ДА ИМА ДЕТЕ????????????????????
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
На ова може да се постави прашање: дали детето што се сака да се посвои се посвојува ради исполнување на родителска должност или како потврда дека истополовиот брак функционира подеднакво исто како оној на различните полови?
И уште нешто, зборуваме за човекови права, нарушувања, скратувања... некој го прашува детето во каков брак сака да расте? Каде е неговото право на избор? Јунакот што ќе го даде на посвојување нема да си постави прашање како тоа дете ќе биде прифатено од околината подоцна, со оглед на копјата што се кршат и што дополнително ќе се кршат.

Одговорот на твоето прво прашање е потполно ист со одговорот на истото прашање кое се однесува на традиционални, хетеро парови. Веројатно ти е јасно дека тој одговор зависи од луѓето во парот, без разлика на пол или сексуална определба.

А, одговорот на второто прашање е: децата немаат право на избор. Во првите (најчесто) 18 години од нивниот живот, или до оној момент кога ќе одлучат правно да се одвојат од семејството, за нив сите важни одлуки ги вршат родителите (/старателите), или во нивно отсуство - соодветните државни институции.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
738
Поени од реакции
705
И ке си седне тој така еден ден и кога ке размисли... Ем сирак сум роден па и педери ме посвоиле:tapp: да ти се плукнам у таков живот
 
A

AnFem

Гостин
Педери деца да одгледуват?? Шо правеме ако случано малото дете ги виде како си го пушат меѓусебе ? А тоа гарант ќе се деси, знаеме колку се глупи Јенките и западнио свет ..

Неќам ни да помислам шо ќе стане од тоа дете коа ќе порасне ...
Еднаш налетав на исповед на една лезбејка. Кажуваше како кога била мала, ги видела своите родитела како се сексаат. Чинот и изгледал грозен, го гледала татко и како жестоко навлегува во мајка и, и’ изгледало како да ја повредува. Се згрозила до степен да и станат одвратни сите мажи и потоа никогаш не успеала да биде со маж. Какви и да ти се родителите, не сакаш да ги видиш во таа состојба!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom